Новата песна на миленикот на генерацијата Зет, Јанг Дади, само што излезе и веќе стана хит. Пејачот важи за еден од најзабавните артисти на нашата сцена. По „Лидија“ која сè уште не излегува од глава, Дади овојпат пее за мамините синови. Музиката и текстот на песната „Син на мама“ се дело на Дади, оригинално, штосно и забавно. Тој пее за митот или вистината (одлучете сами) дека постојат мажи коишто и по адолесенцијата, засекогаш остануваат ...

Додека многумина во текот на летото бараат совршено место за одмор, српската пејачка Илда Шаулиќ (47) одлучила да ужива во шармот на Јадранот. Ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ споделила глетки од морската авантура, а особено внимание привлекла фотографијата на која позира на јахта опкружена со морето. На објавената фотографија Илда позира во бело бикини, насмеана, додека друштво на море ѝ прави нејзината кума Јелена. Фотографијата е направена ...

Таа важи за една од најубавите водителки кај нас. И во шестата деценија од својот живот Ирена Спировска засенува многу свои помлади колешки со својот стас и убавина. Водителката ја гледаме редовно на телевизиските екрани, но овие денови е на одмор и заслужено ужива. Таа облечена во преубав лелеав комплет во бела боја позира на палубата. „Убавиот Скијатос“, напиша Спировска на објавата. И навистина овој грчки остров кој е вистински рај и ...

Раперот Вук Моб ги изненади своите следбеници со признание дека со години се бори со изразено месечарење. Тој вели дека речиси секоја ноќ несвесно се движи низ домот, преместува предмети, крши работи и понекогаш завршува на места на кои воопшто не се сеќава кога ќе се разбуди. „Имам нешто многу интересно. Некои знаат, а некои можеби не знаат дека сум многу активен месечар. Секоја вечер кога ќе заспијам, почнува вистинска журка низ куќата. ...

Истрагата за тешката сообраќајна несреќа во која на 11 март годинава во селото Белотиќ, кај Владимирци, загина Драган Лазиќ (32), родениот брат на фолк-пејачот Дарко Лазиќ, продолжува со нови процесни дејствија. Осомничениот возач В. К. (62), за кого се сомнева дека ја предизвикал несреќата, е пуштен од притвор, а судот му ја одзел возачката дозвола како привремена мерка. Од Основното јавно обвинителство во Шабац потврдија дека на В. К. му е ...

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ отворено зборуваше за разводот од Тони Бијелиќ, за поддршката што ја добила од своите деца, но и за периодот кога поради хуманитарната турнеја останала без приходи. Таа откри дека последната турнеја целосно ја посветила на хуманитарни цели, поради што цела година не заработила ниту едно евро. „Последната турнеја ми беше хуманитарна. Еве, да кажам, една година не сум земала ниту еден динар! Односно, не сум земала ...

Весна Петрушевска-Бејби на Инстаграм сподели дека непознати сторители го отвориле нејзиниот автомобил во Дебар Маало. Актерката, во нејзин препознатлив стил, со доза сарказам и хумор раскажа дека иако уредно си платила паркинг, некој очигледно решил да ѝ испрати „порака“ дека паркирањето не ѝ е силна страна. „Ако сакате да се паркирате во Дебар Маало, нема проблем. Јас се паркирав уредно, си платив паркинг-место и, верувале или не, на ...

Лепа Брена и нејзиниот син Виктор Живојиновиќ објавија на социјалните мрежи дека го изгубиле своето милениче. Нивниот папагал одлетал од семејниот дом на Бежанијска коса, а тие понудија награда за секој што ќе помогне да се пронајде. Виктор се огласи на мрежите, а Брена ја сподели истата објава. – Изгубена птица на Бежанијска коса. Ве молиме секој што ќе ја види или ја најде да нè контактира. Има награда за секој што ќе ја пронајде или ќе ...

Контактните програми на македонските канали не престануваат да изненадуваат. Многу често од овие јавувања произлегуваат гафови и смешни моменти коишто стануваат вирални. Овој пат, вниманието ни го привлече момент којшто се случи пред неколку дена на Канал 5 телевизија, во рамките на утринската програма. Познатиот водител Роберт Јанков во разговор со еден од гледачите коишто му се јави слатко се изнасмеа. Гледачот го праша дали ја видел ...

Свадбата на инфлуенсерката Тамара Калиниќ и нејзиниот партнер, бизнисменот Филипо Тиеста, која со денови беше една од главните теми на социјалните мрежи, изгледаше како вистинска бајка. Младенците се заколнаа на вечна љубов во прекрасниот амбиент на езерото Комо, опкружени со најблиските членови на семејството и пријателите. Романтичната атмосфера, внимателно избраните детали и раскошната декорација направија овој посебен ден да изгледа ...

Актерка Силвија Стојановска на Фејсбук сподели фотографија на која таа е заедно со нејзиниот покоен сопруг, легендарниот актер Ненад Стојановски. На фотографијата, направена пред повеќе години, двајцата се насмеани и видно расположени на прослава. Без дополнителен опис, актерката избра токму оваа фотографија да ја постави како своја насловна, потсетувајќи на незаборавните заеднички мигови со човекот кој остави неизбришлива трага во ...

Неуморните раце на 88-годишната баба на пејачката Евгенија Здравевска, позната како Зарина Првасевда направиле рај од нејзиниот двор. Зарина сподели многу убаво видео на коешто се гледа колку е вредна нејзината баба Бока. Иако како што вели пејачата на видеото целото семејство ја тера да одмара и да ужива, таа не ги слуша и постојано нешто си чепка, си копка низ дворот. Посадила домат, ајварки, јаготки… Зарина ѝ вели зошто не си одмара, зошто ...

Пејачката Сенидa Хајдарпашиќ, попозната како Сенидa, искрено проговори за својот приватен живот, музичката кариера и периодите кои ја обликувале како личност. Таа вели дека отсекогаш сакала да ги спојува, на прв поглед, неспоивите работи – емоцијата, суровоста, гламурот, балканскиот дух и современиот звук. Според неа, токму тоа ја прави автентична и ѝ овозможува да остане верна на себе, без да се прилагодува на туѓите очекувања. Иако на ...

Фитнес инструкторката Ана Стојанова повторно ги насмеа своите следбеници, овојпат со кратко и духовито видео снимено за време на престојот во Грција. Таа заедно со фотографот и свој близок пријател Филип Пашоски отпатува на југот, каде што, покрај одморот, работеше и на создавање нови содржини за своите онлајн програми. Во видеото, Ана најпрво позира во плиткото море облечена во смарагднозелени танга бикини, а потоа следува реакцијата што, ...

По ослободителна пресуда донесена од Општинскиот кривичен суд во Загреб, Северина им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, каде што за првпат реагираше на исходот од постапката против неа по обвиненијата за наметливо однесување кон Љиљана Клингер и Гордана Буљан Фландер од основното училиште Пејачката објави серија објави на Инстаграм, коментирајќи ја судската одлука, но и околностите што доведоа до целиот случај. „Правдата ...

Српската пејачка Марија Шерифовиќ го живее животот до максимум. Пејачката дефинитивно стигнала до фазата од животот кога може сè да прави како што сака, а како што можете да видите, тоа го комбинира многу добро. Концерти, па одмор, па концерти, па одмор, па најубавите моменти со синот Марио. Марија сега отишла на уште едно патување во друштво на својот син, но и на своите пријателки. Пејачката споделила моменти на уживање на плажа и во ...

Планинарката и алпинистка Илина Арсова повторно испиша ново поглавје во својата планинарска кариера, искачувајќи ги врвовите Јанапача (5.460 метри) и Чопикалки (6.354 метри) на Андите. По враќањето од експедицијата, таа на Фејсбук сподели емотивен осврт за искуството, кое го опиша како „вистинска храна за душа“. „Се обидувам да најдам зборови да опишам барем дел од овие нови незаборавни доживувања од Андите, кои ми се огромна инспирација ...

Хрватската глумица Ена Беговиќ, која пред 26 години го загуби животот во сообраќајна несреќа е родена на 8 јули 1960 година во Трпањ, на полуостровот Пељешац, како прва ќерка на Никола и Терезија Беговиќ. Важеше за една од најомилените загрепски актерки, а името го добила по својата баба Мандалена. Нејзиниот татко, кој починал во 1989 година, бил службеник и претседател на месниот одбор, додека мајка ѝ Терезија работела како продавачка во ...

Ана Ивановиќ не сакала да го пропушти овогодинешниот Вимблдон, а со своите следбеници го споделила и стајлингот посветен специјално на овој турнир. Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ многу често привлекува внимание кон себе со објавите на социјалните мрежи, а кога се појавува на некој од големите тениски турнири, секогаш ги воодушевува своите следбеници. Уште по разводот од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, Ана ...

Српската пејачка Гота Тржан денеска го слави роденденот, а малкумина знаат колку години има пејачката. Таа денеска го слави 52-от роденден, а првата честитка пристигна од нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, кој во моментот учествува во реалното шоу „Елита“. Гоца Тржан изгледа беспрекорно, и како што еднаш истакнала, морала да се откаже од некои работи. Пејачката постојано нагласува дека е голем гурман и дека сака да поминува време во ...

Водителката и поранешна пејачка Ана Севиќ во мај одбележа пет години брак со сопругот Даниел Недељковиќ, со кого се венча далеку од очите на јавноста. Двојката судбоносното „да“ го изговори во 2021 година на интимна церемонија, а веста за венчавката Ана ја сподели со јавноста дури еден месец подоцна. Во моментот кога стапиле во брак, тие веќе биле родители на ќерката Сена, па одлучиле истиот ден да го одбележат и нејзиното крштевање. ...

Познатиот рапер Марко Маринковиќ познат како Слаткар јавно проговори за тоа дека не му е чудно што е мета на критики, и оти е навикнат на „хејт“. „Јас сум навикнат да не сум им по ќеф, уште од почетоците на мојата кариера сум изложен на лоши коментари. Еве, се сеќавам кога го издадов првиот албум и концертот закажан за Охридско лето во 2009 сакаат да ми го откажат. Паметам се собираа потписи за тоа“, се присетува пејачот. Слаткар вели дека е ...

Само два дена откако ја предводеше свадбената церемонија на Тејлор Свифт и Тревис Келси, холивудскиот актер и комичар Адам Сендлер повторно се најде во центарот на вниманието. Овојпат поради необичен телефонски повик до локалната полиција на островот Нантакет. Сендлер не се јавил поради опасност или итен случај, туку затоа што сакал да дознае каде во близина може да одигра партија кошарка, пишува „Ју-ес-еј тудеј“. По прославата на Денот на ...

Речиси три децении по снимањето на спотот за песната „Иди док си млад“, фотографот и режисер Дејан Милиќевиќ откри интересен детаљ што со години останал незабележан. Милиќевиќ, кој соработувал со голем број музички ѕвезди од регионот, раскажа дека во спотот на Светлана Цеца Ражнатовиќ се провлекла грешка што речиси никој не ја забележал. „Во тој спот постои една грешка. Случајна е, но навистина не сум нормален… Дрвосечачот, наместо да ја фрли ...

Водителка Искра Канзурова остро реагираше на социјалните мрежи по објавувањето на понуда за организиран трофеен лов на дивокози во Македонија. Канзурова сподели фотографија од реклама во која се нудат ловни аранжмани во реоните на Маврово и Јасен, по цени од 2.500 до 3.500 евра, а во објавата го изрази својот револт кон ваквиот вид туризам и односот кон дивите животни. „Да се навратам на тоа колку си малер да се родиш овде. Еве колку во пари ...

Амра Џеко, манекенка и претприемачка, заедно со сопругот, фудбалерот Един Џеко, и нивните деца ужива на летен одмор во Дубровник. По неколкуте недели поминати во САД, каде што Амра беше најголемата поддршка на Един за време на Светското првенство, семејството одлучи да се одмори на југот на Хрватска. Амра на Инстаграм објави серија фотографии од нивниот престој – од вечерна прошетка низ улиците на Дубровник со Един, до моменти покрај морето и ...

Општинскиот кривичен суд во Загреб донесе првостепена пресуда со која пејачката Северина Вучковиќ е ослободена од обвинението за наметливо однесување кон Љиљана Клингер, директорка на основното училиште што го посетува нејзиниот син, како и кон Гордана Буљан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца. Одлуката била донесена во петокот, а судот утврдил дека во текот на постапката не биле презентирани доволно докази кои ...

Хрватската ријалити-ѕвезда Лаура Пргомет, позната по учеството во шоуто „Господин Совршен“, доби притвор во траење до 30 дена по инцидентот што се случи во кафуле во дубровничката населба Лапад. Портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, Перо Милоглав, за „Дубровачки дневник“ изјави дека судијата за претходна постапка го прифатил предлогот на Општинското државно обвинителство и ѝ одредил притвор поради сомнение дека сторила две кривични ...

Ксенија Николова сподели дека доживеала непријатна незгода во својот дом, откако поради дефект на вентил од бојлерот бил поплавен тоалетот, а штета била предизвикана и на вратата, ѕидовите и плафонот. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од поплавениот простор и откри дека чекале водоводџија, а покрај тоа што ја опиша настанатата штета, сподели и дека од целата ситуација извлекла важна животна поука. „Цел тоалет поплавен, чекаме ...

Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина заедно со синот Стефан и ќерката Емилија уживаат на море. Марина на Инстаграм сподели фотографии на кои се гледа како ги поминуваат деновите во опуштена атмосфера. Сопругата Марина му е најголемата поддршка на пејачот Даниел Кајмакоски, кој пред неколку месеци беше киднапиран на паркинг во Белград, откако двајца мажи му се заканиле со пиштол и го присилиле да влезе во нивниот автомобил. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
4.93
33%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
52%
1012
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.37
38%
1012
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
5.88
40%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.84
34%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
46%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
3.13
43%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.26
67%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.75
80%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
41%
1009
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
36%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.0
56%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

71.9957

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Сребро

1904.32

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Калај

54.05

Кобалт

56.29

Платина

51987.76

Бакар

12.76

Родиум

263636.12

Паладиум

40220.58

Злато

131467.62

Рутениум

53852.50