Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Семејството на Тоше Проески јавно се огласи по најавите за концертот „Тоше засекогаш – музика која живее“ (Toše Forever – Glazba Koja Živi), кој е закажан за октомври во Сплит, предупредувајќи ги обожавателите да не бидат доведени во заблуда. Во соопштението, кое на социјалните мрежи го објави сестрата на Тоше, Дора Проеска, а го сподели и нејзиниот син Кристијан Ристески, се наведува дека семејството не стои зад овој настан и дека ...
Фолк пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се големи и страсни љубители на луксузни бродови, а по неколку години, оваа сезона ја заменија и својата јахта. Семејството веќе со години го поминува поголемиот дел од летото на раскошната јахта, која стана нивна омилена оаза за одмор. Но, оваа година ја смениле и јахтата и сега новото пловило, кое е поголемо од претходното, дури е и именуван по Брена. Инаку, тие на Јадранското ...
Македонската манекенка Моника Црнокрак летните горештини ги замени со престој во планина, каде што ужива во одмор со својот долгогодишен партнер Виктор. Со серија фотографии објавени на Инстаграм, таа им овозможи на своите следбеници да ѕирнат во атмосферата од нивното романтично патување. Парот престојува во модерна планинска куќа со големи стаклени површини и поглед кон природата, а дел од амбиентот го сочинуваат винтиџ када поставена во ...
Контроверзниот српски рапер Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, се огласи по петицијата со која повторно се бара забрана на неговите настапи во Црна Гора, оценувајќи дека иницијативата доаѓа од мал број луѓе и дека нивните ставови не го претставуваат мислењето на мнозинството. „Добро кажавте, поединци не ме сакаат. Тоа се нивни лични фрустрации затоа што се неуспешни во животот, па на овој начин се обидуваат да ги лекуваат. Границата на ...
Виктор Живојиновиќ има нова љубов, а станува збор за Александра Гашиќ, девојка која не е дел од јавната сцена, но привлече внимание по објавите на социјалните мрежи. Синот на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, по долгата врска со Софија Спасојевиќ, извесен период беше сам, а сега ја потврди врската со Александра. Таа се занимава со разубавување на жени, односно е професионална шминкерка. Александра на Инстаграм ја следат речиси 50.000 луѓе, а ...
Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ за првпат јавно се огласи по повод раѓањето на синот на нејзината ќерка Анастасија и откри дека е пресреќна поради новата улога – улогата на баба. Цеца заминала од Србија поради настап во Црна Гора, а новинарите ја затекнале на аеродром. Расположената пејачка кратко разговарала со медиумите и не ја криеше радоста поради доаѓањето на внукот. „Ви благодарам. Не постои поголема радост, јас сум богата жена. Нема ...
Од вчера (16 јули), македонската публика има можност да го погледне најновото остварување на режисерот Кристофер Нолан, филмот „Одисеја“. Во продолжение ви пренесуваме некои од најинтересните досега откриени факти за снимањето на филмот. Нолан не сакал митот да изгледа како фантазија Нолан сакал светот на „Одисеја“ да добие физичка тежина и публиката да сфати колку патувањето по море можело да биде застрашувачко за луѓето кои немале карти, ...
Згодната актерка Нина Сеничар (40) може да се пофали со нереално тело по двете породувања. Покрај квалитетната и редуцрана исхрана, таа редовно тренира, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Нина сподели видео од час по пилатес. Таа се одлучи за пилатес кадилак – уред кој се состои од хоризонтален кревет над кој има метални шипки со разни додатоци – пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висеше актерката. Патем, актерката живее ...
Пејачката Емина Јаховиќ одлучи да ги помине летните денови подалеку од градскиот метеж, а за одмор го одбра Гочек, ексклузивно одморалиште во близина на Фетхија, кое се смета за една од најлуксузните дестинации на турскиот брег. Емина сподели серија фотографии од одморот на социјалните мрежи, кои покажуваат дека ужива во опуштената атмосфера колку што е можно повеќе. Таа поминува време со својата сестра Сабина и децата. На едната фотографија, ...
Пејачката Северина Вучковиќ, како и многу други, одлучи ова лето да го помине слободното време на море. Таа одлучи да го помине одморот на Корчула во посебно друштво. Нејзиниот син Александар исто така одмара со неа, а пејачката сподели дел од приватните моменти од нивниот одмор заедно со своите обожаватели. На објавените фотографии, мајката и синот позираат насмеани и прегрнати покрај морето за време на зајдисонце, а Северина накратко во ...
Пејачката, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзиус веќе 30 години привлекува внимание во јавноста, и поради својата кариера, но повеќе и поради приватниот живот. Иако Нивес и нејзиниот поранешен сопруг Дино Дрпиќ се разделија одамна, пејачката во интервју за „Шоубаз“ изјави дека тие негуваат врска заснована на почит и заедничка грижа за своите деца. – За мене отсекогаш било природно некој што обележал важен дел од вашиот живот, а особено некој ...
Турскиот актер Бурак Озџивит, најпознат на публиката како Бали-бег од серијата „Сулејман Величествениот“, повторно е во центарот на вниманието. Причината не се новите улоги или деловните успеси, туку неговиот изглед забележан на фотографии од семеен одмор кои покренаа лавина од коментари. Актерот е фатен додека уживал на одмор во Бодрум со своето семејство. На фотографиите што брзо се проширија на интернет, Озчивит е на плажа со сопругата, ...
Откако на граничните премини на Европската Унија за државјаните на земјите што не се нејзини членки почна да се применува новиот и значително построг систем на контроли, познат како ЕЕС (Entry/Exit System), ниту познатите личности не се поштедени од долгите колони и непријатностите. Во таква ситуација се најшол и босанскохерцеговски актер, режисер и музичар Бранко Ѓуриќ Ѓуро, кому новата процедура „му го кренала притисокот“. Новите европски ...
Водителката Сања Савеска, позната како домаќинка во популарното дневно шоу „Брза кујна“ на Сител, покрај тоа што сака да готви, ја сака модата, а откри и дека сака спорт и дека ги следи и натпреварите од Светското првенство во фудбал. Пред големото полуфинале помеѓу Франција и Шпанија водителката на својот профил на Инстаграм направи забавна игра со нејзините следбеници. Стави опција за гласање „за кого навивате вечер?“. Крајниот резултат ...
Бизнисменот Трифун Костовски деновиве престојува во Ровињ, Хрватска, каде што заедно со својата партнерка Јасна Петков Костовска го прославува нејзиниот 52. роденден. Јасна на социјалните мрежи сподели повеќе фотографии од нивното патување, како и порака во која им се заблагодари на пријателите за честитките по повод роденденот. „52. Еден преубав незаборавен ден… Ви благодарам на сите прекрасни драги пријатели за прекрасните мисли и желби… ...
Горан Булатовиќ Манза, тапанар и еден од основачите на легендарната српска рок-група „Партибрејкерс“, почина на 67-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја соопшти самиот бенд преку објава на својата официјална фејсбук-страница. „Партибрејкерс“ се простија од својот долгогодишен член со кратка и емотивна порака, нарекувајќи го Манза неповторлив и заблагодарувајќи му за сè што оставил зад себе. Бендот „Партибрејкерс“ е основан во 1982 година ...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ станаа родители на момче. Гордата мајка се породила вчера, на 15 јули во Шпанија, а семејствата Ражнатовиќ и Гудељ ќе го прослават овој важен настан заедно. Родителите на момчето му го дале името Илијан, а на социјалните мрежи ја објавиле иста фотографија и ист напис. Anastasija i Nemanja Gudelj postali roditelji dečaka. pic.twitter.com/OAE4lF50T8 — Likeaboss (@Instastory88) July 16, 2026 „Илијан Гудељ. ...
Понекогаш најголемите животни промени не започнуваат со големи одлуки, туку со едно едноставно прашање: „Дали може поинаку?“ Одговорот на тоа прашање ја одвел Марина Петровска на пат исполнет со учење, личен развој и нови можности. Денес, со долгогодишно искуство како велнес-консултант и ментор, таа ја споделува својата приказна и причините поради кои верува дека секоја жена заслужува можност сама да ја гради својата иднина. „Во последните ...
Поранешна водителка, модел, една од најпознатите просветни работници кај нас, професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ е активна на социјалните мрежи. Таа важи за една од најубавите жени од нашата јавност и доказ дека понекогаш убавната и мудроста одат заедно. Алексиќ редовно е дел од медиумите како еден аналитичар за важни и општествени прашања, посебно на теми поврзани со младите. Таа никогаш не ја ...
Пејачката Сузана Гавазова сподели радосна семејна вест, откривајќи дека нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиц станал дедо, откако неговиот син Емил добил син. Гавазова среќната вест ја објави на социјалните мрежи, каде што не ја криеше радоста по повод приновата во семејството. „Ни дојде уште една голема радост! Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син! Среќата е неопислива, срцата ни се полни со љубов и благодарност. Имаме прекрасен повод за ...
Во изминатиов период, јавноста зборуваше за врската помеѓу Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ. Таа сè уште не се огласи за тоа прашање, што не е изненадувачки со оглед на тоа што ретко зборува за својот љубовен живот, но се огласи на Инстаграм и покажа дека отишла во Париз. Џејла од градот на љубовта сподели фотографија каде позира во црно тесно здолниште и кратка маица, што го откриваше нејзиниот стомак. Целата модна комбинација ја истакнуваше ...
Пејачката Нина Бадриќ летните денови ги минува на островот Хвар, каде што поседува камена куќа, а со своите најнови фотографии повторно го привлече вниманието на следбениците на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Nina Badrić (@badrich) Таа објави серија фотографии од одморот, меѓу кои и неколку направени на плажа, каде што позира во едноделен костим за капење. Нејзиниот изглед предизвика бројни позитивни ...
Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, привлекува големо внимание од јавноста и е многу активна на социјалните мрежи. Таа сега сподели спомен од одмор и покажа каква фигура имала пред двете породувања. Мина објави фотографија од плажа каде позира со грб кон камерата, а нејзините облини се во прв план. – Мало потсетување на периодот кога не тежев 30 кг со креветот – напиша таа во описот. Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, ...
Неда Украден со години е едно од омилените гостински имиња во жирито на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, каде што редовно доаѓа на покана од Жика Јакшиќ. Нејзиното присуство секогаш е добро прифатено од публиката, па со текот на времето стана неизоставен дел од секоја сезона. Иако многумина мислат дека нивната соработка прераснала и во блиско пријателство, пејачката откри дека нивниот однос се темели пред сѐ на меѓусебна почит. „Приватно ...
Хрватската телевизиска водителка Николина Пишек повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со својот моден избор за време на престојот во италијанскиот град Пиза. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од патувањето, а покрај романтичната летна комбинација, најмногу коментари предизвика луксузната чанта од модната куќа „Ермес“, чија вредност достигнува речиси 6.000 евра. View this post on Instagram A post shared by Nikolina ...
Пејачката Јелена Карлеуша откри дека непосредно пред снимањето на спотот за песната „Мата Хари“ доживеала незгода, при што скршила коска на шаката. Во гостувањето кај Огнен Амиџиќ, таа раскажа дека повредата ја добила откако паднала од својот плакар. „Ја скршив шаката, односно една коска во шаката. Паднав од плакарот. Не носев лонгета затоа што морав да снимам“, изјави Карлеуша. Таа му се заблагодари и на својот пријател Жељко Митровиќ, кој, ...
Ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се породи. На свет донела момче, а бременоста успешно ја криеала од јавноста девет месеци. Анастасија се породила во Шпанија, каде што веќе неколку години живее со својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудељ, Двајцата долго време сакаа да станат родители, а сега нивната најголема желба се оствари. Како што дознава српски „Телеграф“, мајката и синот се чувствуваат добро, а и ...
Пејачката Сека Алексиќ пред неколку години јавно застана во одбрана на луѓето кои на летување одат со сопствена храна, не изнајмуваат лежалки и се обидуваат да заштедат дел од семејниот буџет. Секоја летна сезона на социјалните мрежи повторно се отвора темата за таканаречените „туристи со домати“, а поединци ги исмеваат оние што носат храна од дома или престојуваат на плажа со сопствени пешкири наместо да плаќаат лежалки. По тој повод, Сека ...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ преку социјалните мрежи се пожали на штетата што, како што тврди, настанала поради градежните работи во улицата Сокобањска. Таа на Инстаграм објави видео од дворот на својот дом, кој е поплавен, покажувајќи дека ископот пред влезот е полн со вода. Според неа, поради проблемот се појавиле и пукнатини на цевките во ѕидот од куќата. CECA NAJJAČA pic.twitter.com/1bMSFfaVFn — bg222gcz (@bg222gcz) July 14, 2026 ...
Српската пејачка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ имаат голема причина за славење. Имено, Вељко денес слави роденден, а неговата сопруга јавно му испрати емотивна честитка. „Среќен роденден на нашиот татко“, напиша кратко пејачката. На фотографијата може да видиме како Вељко се држи за шипка, додека неговите синови ги држат неговите нозе. Патем, Сека и Вељко се сметаат за еден од најхармоничните парови на српската сцена, и ...