Денвер рано утрово загуби од Чикаго на домашен терен со 127:130. Ниту тројниот ефект на Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 18 скока и 13 асистенции не беа доволни Нагетс да го избегнат поразот. На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Кливленд – Милвоки 118:106 Детроит – Индијана 127:112 Њу Орлеанс – Оклахома 109:126 Минесота – Далас 120:96 Торонто – Шарлот 110:108 Мајами – ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедени докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. -Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко, ...

Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во словачките градови за да протестираат против Владата на левичарскиот националистички премиер Роберт Фицо, јави ДПА. Демонстрациите беа одржани по повод 36-годишнината од Кадифената револуција против комунистичкиот режим на тогашна Чехословачка. На протестите повикаа опозициските партии и групите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и иницијативата „Мир за Украина“. Организаторите соопштија дека до ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку министри од Кабинетот синоќа ги осудија новите напади од страна на радикалните израелски доселеници на окупираниот Западен Брег. Нетанјаху рече дека мала екстремистичка група е одговорна за насилството и дека таа не го претставува поширокото население на доселеници. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека „еврејските бунтовници“ ѝ штетат на државата Израел и предизвикуваат штета ...

Папата Лав XIV синоќа упати критики за она што го опиша како недостиг на политичка волја кај некои земји во справувањето со глобалната климатска криза. „Она што не успева е политичката волја на некои“, рече тој во видео порака на почетокот на одлучувачката последна недела од Конференцијата на ОН за климата (КОП30) во Бразил. Тој го пофали напредокот постигнат според Парискиот договор, потпишан пред 10 години, и нагласи дека не е проблемот со ...

Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечер од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот „Благоја Милевски“ ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот. Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската ...

На седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе започне спроведувањето на интервјуа на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот ...

Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата денска ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави синоќа претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Филипче соопштува дека на вчерашната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори. – Пратениците на СДСМ и ...

Театарот „Чекори“, сабота 22.11 2025 во 20 часот, во Makka bar, ќе ја изведе претставата „ЕХО НА ЗАБОРАВОТ”. Автор на претставата е Ирем Генишел Бешкоска. Играат: Михаил Митевски Иван Делиманов, Никола Кузманоски, Јована Гаврилоска, Никола Димевски, Маја Ѓурчевска, Валентин Видовиќ. „Ехо на заборавот“, е модерна трагедија што ја истражува темата на менталното здравје, идентитетот и општествената стигма преку приказната на млад геј маж што ...

Федерален магистратски судија во Вирџинија оцени дека можно „владино несовесно постапување“ може да го компромитира кривичниот процес против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Во 24-странично образложение, судијата Вилијам Фицпатрик нареди на обвинителството итно да ѝ ги достави на одбраната тајните записници од заседавањето на големата порота. Според Фицпатрик, постојат „фактички засновани индиции“ дека работата на обвинителите – ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека е подготвен да има „приватен“ разговор со својот американски колега Доналд Трамп. Мадуро ја даде изјавата откако Трамп рече дека е подготвен да се сретне со венецуелскиот лидер и покрај тоа што САД распоредуваат флота воени бродови во Карипското Море како дел од нивната операција против трговијата со дрога. -Во САД, секој што сака да разговара со Венецуела може да разговара со нас ...

Палестинската милитантна група Хамас ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека таа не ги исполнува политичките и хуманитарните барања на Палестинците. „Резолуцијата наметнува механизам за меѓународно старателство врз Појасот Газа, што нашиот народ и неговите фракции го отфрлаат“, објави групата на Телеграм. Мировниот план на Трамп, ...

Долниот дом на парламентот на Канада синоќа ласаше со тесно мнозинство за да го поддржи првиот буџет предложен од владата на премиерот Марк Карни, со што се избегна заканата од предвремени избори за помалку од една година. Пратениците гласаа со 170 гласови спрема 168 за да го усвојат предлогот што му овозможува на Долниот дом да започне со разгледување на буџетот. Иако треба да се гласа повеќе во наредните месеци, резултатот од вчера покажа ...

Советот за безбедност на ОН синоќа усвои резолуција со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп. Тринаесет членки гласаа за предлогот на САД, кој предвидува и меѓународни сили за помош во стабилизирањето на прекинот на огнот. Русија и Кина беа воздржани, јави ДПА. Групата седум (Г7) водечки демократии неодамна се залагаше за мандат од Советот за безбедност за да се обезбеди брза имплементација на ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат ...

Малку холивудски ѕвезди можат да се пофалат со богата соработка со толку многу великански имиња како Леонардо ди Каприо. Во кариера подолга од три децении, 51-годишниот оскаровец играл рамо до рамо со речиси секоја значајна фигура во филмската индустрија. Но, како што открива, само едно име стои највисоко на неговата лична листа. Првиот филмски пресврт – и првиот идол Пред светот да го запамети по улогите во „Што го мачи Гилберт Грејп“ и ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази надеж дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027 година, оценувајќи дека последните неколку месеци беа обележани со одлуки што претставуваа пресвртници во војната. – Што се однесува до мене, останувам подеднакво решен да го постигнам овој мир. Мислам дека мора да продолжиме да го зголемуваме притисокот, како што го правиме тоа преку санкции и борба против руската фантомска флота, ...

Денес Месечината патува низ мистичната и продорна Скорпија, внесувајќи моќна емоционална енергија, способност за трансформација, јасни внатрешни увидувања и желба да се ослободиме од она што нè кочи. Марс и Нептун создаваат суптилен аспект кој носи интуитивно дејствување, ненадејни одговори и речиси магнетска привлечност кон одредени луѓе или идеи. Денот е идеален за храброст, искреност, посвета и длабока концентрација. ОВЕН Денот пред тебе, ...

Холивудската академија синоќа му ја додели Почесната награда на Том Круз, едно од најпрестижните признанија што ги доделува филмската индустрија. Настанот се одржа на 16. издание на Academy Governors Awards, во партнерство со Rolex, каде актерот беше чествуван како „кинематографска сила“, чија посветеност кон приказната, ризикот и искуството во кино-сала го обликуваа модерното филмско време. Академијата нагласи дека кариерата на Круз ...

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови. „Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И ...

Владата планира историски најголемо задолжување, експлозија на каматни трошоци и драстично кратење на капитални проекти, предупредува СДСМ. Економијата влегува во изборна година без развојна стратегија. Предлог-буџетот за 2026 година отвори жестоки критики поради рекордното задолжување, највисокото досега плаќање камати и падот на капиталните инвестиции. Според СДСМ, Владата креира популистички и фискално неодговорен документ кој ја турка ...

Советот на ЕУ денеска во крајна инстанца ги одобри измените на Регулативата за механизмот за суспензија на безвизниот режим за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза кога патуваат во Шенген зоната, со што на Унијата ќе и се овозможи побрза и поенергична реакција во ситуации на злоупотреба на ваквиот режим или ако тој им штети на нејзините интереси. Со измените на ЕУ и се овозможува суспензија на безвизниот режим за трета земја, ...

Државната изборна комисија (ДИК), по распишувањето на повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше за 11 јануари, денеска го усвои Роковникот за изборните дејствија. Претседателот на ДИК Борис Кондарко објасни дека изборните дејствија се исти, но дека роковите се скратуваат за пет дена освен за изборната кампања која ќе трае 20 дена. Согласно Роковникот изборите за градоначалник ќе се ...

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради, како што истакнуваат во соопштението: „непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата“. „Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, ...

Во интервју за подкастот Arlene Is Alone, Софи Грегоар Трудо првпат отворено проговори за врската на поранешниот канадски премиер Џастин Трудо со пејачката Кејти Пери и за тоа како се справува со вниманието што следи по нивниот развод во 2023 година. „Луѓе сме, работите нè допираат“ Иако водителката Арлин Дикинсон директно не го спомена името на Кејти Пери, алудираше на „јавната природа на сè што Џастин прави“ по разделбата. Софи одговори со ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во ...

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги сподели своите емоции по победата на АТП финалето во 2025 година синоќа во Торино. Во финалето, вториот тенисер во светот го победи првиот светски рекет Карлос Алкараз со 7:6 (7:4) и 7:5. – Прославувајќи го овој трофеј на крајот од годината по толку интензивни последни неколку месеци – за мене, нема подобар начин да се заврши сезоната. Беше многу тежок и интензивен натпревар. Мора да играте најдобро што ...

По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Италијанската фудбалска репрезентација синоќа загуби од Норвешка со 1:4 на домашен терен. Франческо Еспозито го постигна единствениот гол за домаќините, додека Ерлинг Халанд (два гола), Антонио Нуса и Јерген Штранд Ларсен ги постигнаа головите за ...

ЕДС инфо поинт

43 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.68
90%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
996
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Алуминиум

3.07