Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Кина ја тестира најголемата светска крајбрежна ветерна турбина, единица од 26 мегавати, во градот Донгјинг, во источната кинеска провинција Шандонг. Турбината, која се наоѓа во базата за тестирање и сертификација на опрема за ветерни електрани Донгјинг, е видлива од далеку и ги засени другите турбини на локацијата. Единицата, инсталирана кон крајот на август, е дизајнирана за крајбрежни операции, но тест прототипот е на копно. Според компанијата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за прекин на војната во Појасот Газа врз основа на неговиот план. Трамп нагласи дека постои можност да го посети ...
„Мицкоски и неговата банда, под превезот на лажниот патриотизам, донесоа ослабена економија, партизирана држава, плати кои стагнираат и цени кои дивеат. Мицкоски нема ниту чест, ниту љубов кон земјата и граѓаните. За него постојат само калкулации, спинови, лични амбиции и бизнис-зделки, истакна Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Прилеп. Филипче нагласи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат ...
Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, заедно со еден од неговите викарни епсикопи, Никола е во Русија и служат литургија со Рускиот патријарх Кирил, пишува Религија мк. Оттаму известуваат дека Литиргијата, на која учествува и Антониј, шефот на руската црковна дипломатија и уште неколку други архиереи на Руската црква е во манастирот Свети Сергеј Радоњишки, на Сергеов посед, близу Москва. „Заминувањето на Петар и Никола за Москва беше ...
Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од Независни заедно, професор Горан Марковски, остро реагира на фактот дека и по две недели од кампањата за локалните избори 2025 сè уште нема најава за телевизиски дебати меѓу кандидатите. „Изминува и втората недела од кампањата за Локалните избори 2025, а сѐ уште нема најава за ниту една дебата помеѓу кандидатите за градоначалник на Скопје. Чиниш се работи за избор на претседател на ...
Цената на златото првпат во историјата се искачи над 4.000 долари по унца (28,3 грама). Цената на унца злато за испорака во декември денеска се зголеми за 1,3 проценти и се тргуваше за 4.056,80 долари. Растот на цената на златото е поттикнат од зголеменото вложување на инвеститорите во злато, со цел да се заштитат од глобалната економска и политичка нестабилност. Златото традиционално се смета за безбедна инвестиција во нестабилни времиња. ...
Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, реагираат со соопштение СДСМ. Оттаму велат дека „последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните“. „До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни ...
На 8 октомври 2025 Месечината се движи низ Бик – знакот на стабилноста, трпението и сензуалното уживање. Денес, енергијата нè повикува да успориме, да земеме здив и да го почувствуваме секој миг. Бикот нè потсетува дека животот не е трка кон недостижен идеал, туку патека низ која треба да газиме со внимание, да го почувствуваме мирисот на есента, вкусот на храната и топлината на допирот. Под оваа Месечина, нашите емоции бараат сигурност и ...
Воз што превезувал воен товар излетал од шините во руската Ленинградска област по експлозијата рано наутро на 7 октомври, изјавил извор од украинското воено разузнавање (HUR) за Кијив Индипендент. Експлозијата се случила на делницата Строганово-Мшинскаја, предизвикувајќи локомотивата и неколку вагони да излезат од шините, според изворот. Операцијата наводно ја извршиле локални партизани, привремено парализирајќи го железничкиот сообраќај помеѓу ...
Нова флотила што пловеше кон Појасот Газа со храна и медицински материјали беше пресретната од израелските сили, пренесува Би-би-си. Флотата, составена од девет брода и 150 луѓе, беше запрена во меѓународни води, според Коалицијата „Флотила на слободата“ и „Тајдајд Мадлинс за Газа“, кои заеднички ја водат операцијата. „Уште еден залуден обид за пробивање на законската поморска блокада и влегување во борбена зона заврши безуспешно“, соопшти ...
Илегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико го достигнаа најниското ниво во повеќе од половина век, според федералните податоци до кои дојде Си-Би-Ес Њуз, американски партнер на Би-Би-Си. Во фискалната 2025 година, која опфати четири месеци од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, агентите на американската гранична патрола запреле 238.000 мигранти кои нелегално ја минувале јужната граница, покажуваат бројките на ...
Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, денеска предупреди дека нејзината партија ќе ја блокира секоја нова влада и повторно му предложи на претседателот Емануел Макрон да го распушти Парламентот или да поднесе оставка. -Ќе цензурирам сè. Престанете сега. Шегите траеја доволно долго, рече Марин Ле Пен. Таа додаде дека „величината, честа и моралот би го оправдале Емануел Макрон многу сериозно да ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел. „Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа ноќеска во телевизиска емисија. ...
Федералните работници кои се на принудно отсуство во текот на прекинот на работата на американската Влада можеби нема автоматски да добијат надомест, се наведува во нацрт-меморандумот на Белата куќа, во кој увид имаше Аксиос. Според документот, Белата куќа верува дека законот познат како Закон за фер третман на државните службеници (GEFTA) од 2019 година не гарантира автоматска исплата на заостанатите плати на вработените кои се на отпуст, освен ...
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што ќе се одржи во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската ...
Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија. – Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, ...
Спасувачите синоќа евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот. Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри регионот со обилни снежни врнежи. Во саботата цел ден паѓал снег ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, во дебатата на Телевизија 24 остро го адресираше проблемот со јавниот превоз во главниот град, истакнувајќи дека решението постои но е четири години закочено. „Решението за Град Скопје е дефинитивно БРТ системот,“ порача Шукова, посочувајќи дека станува збор за веќе подготвен проект со целосно обезбедено финансирање, кој не е реализиран поради незаинтересираност и ...
Без вода денеска ќе бидат корисниците од селата Батинци, Моране и Ново Село, како и улицата „Христо Татарчев“ во Припор, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради дефект на водоводна цевка Ф80мм. на улица 1 бб. во село Батинци денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:50 часот до завршување на работните активности. Без вода поради дефект на водоводна цевка Ф80мм. на ...
Во германскиот град Мајнашаф е во тек голема итна операција по инцидентот во индустриски погон што резултираше со ослободување на облак од гас, соопштија синоќа локалните власти. Четири лица се здобија со полесни повреди, соопштија властите на покраината Баварија. Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА. Облакот поминал и над ...
Четири лица загинаа откако се урна зграда во реновирање во центарот на Мадрид, објави државниот радиодифузер RTVE рано утринава, повикувајќи се на службите за итни случаи кои велат дека сите тела се пронајдени, пренесе ДПА. -Две тела беа пронајдени во урнатините доцна синоќа, речиси 10 часа по несреќата, изјави градоначалникот на градот, Хозе Мартинез Алмеида. Уште две беа пронајдени и извлечени кратко пред 3 часот утринава, објави RTVE. Четири ...
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт насловен „Кругови“. Како што се наведува во соопштението, концертот обединува музика на тројца автори кои со својот уникатен музички израз чинат неверојатна приказна. Централен дел од програмата на концертот ќе бидат четирите пиеси со истоимен наслов од композиторот и пијанист Дино Имери, но, како што велат, ќе бидат изведени и дела од македонскиот ...
Без струја денеска ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. – На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, ...
Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас, премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера вети дека ќе продолжи да ги остварува воените цели на Израел, јави ДПА. „Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија“, рече тој во изјавата што вчера беше цитирана од израелските медиуми. „Кој и да крене рака против нас добива невидени удари“, додаде тој, ...
Во соработка со дизајнерите и уметничките директори од Уметничкиот институт на Чикаго, компанијата PANTONE го претвори сивиот Сеул во вистинско уметничко платно за време на монсунската сезона. Проектот, наречен „Project Monsoon“, има за цел да внесе боја и радост на улиците на градот кога дождот го прекрива секој агол. Креативниот тим ги обоил улиците со хидрохроматска боја – специјален вид боја што од проѕирна станува шарена кога ќе се ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција ги презема првите чекори кон употреба на заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик. Неговата изјава дојде за време на состанокот на Организацијата на турски држави, кој се одржува во Азербејџан и беше емитуван во живо на неговиот профил на социјалните мрежи. Ердоган објави дека првиот чекор во оваа насока е направен со печатењето на оваа азбука на дело посветено на ...
На денешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски се обрати до Али Ахмети од ДУИ и му порача дека нивните политики ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци. Мицкоски рече дека нема да му одговара на Али Ахмети со неговата реторика. -Иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината во Валандово упати силен повик за масовна излезност на изборите на 19. октомври, нагласувајќи дека ова не е само изборна битка, туку борба за иднината на државата и за заштита на достоинството на сите граѓани. „На 19 октомври, овде во Валандово треба да се потврди дека политиката е алатка за подобар живот, а не сцена за пропаганда. Валандово во оваа слика е важна точка на отпор и надеж, порача ...
Низ платформите на социјалните медиуми кружат гласини дека огромна комета е на пат кон судир со Земјата, а некои корисници ја опишуваат како голема закана за човештвото. Други дебатираат како кометата – позната како 3I/ATLAS и откриена од телескопот ATLAS на НАСА на 1 јули – би можела да биде пренасочена од Земјата. Некои дури отидоа дотаму што ги истакнаа „вестите“ за воени движења и меѓународна координација за спротивставување на кометата пред ...
Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили (СДФ), поддржани од САД, генерал Мазлум Абди, денеска договорија сеопфатно примирје на сите фронтови во северна и североисточна Сирија. Мировниот договор веднаш стапува во сила. Неодамнешните судири помеѓу двете страни фрлија сенка врз значајниот договор потпишан во март помеѓу СДФ, предводени од Курдите и новата сириска Влада предводена од исламистите за ...