Земјотрес со јачина од најмалку 5,3 степени, според првичните податоци, беше регистриран попладнево во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, што воедно е втор земјотрес од над пет степени во период пет часа, јави дописничката на МИА од Атина. Според кипарските медиуми, земјотресот бил меѓу 5,3 и 5,9 степени, бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Со ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, а по состанокот е потпишана Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Министерот Муцунски на заедничката прес-конференција со Де Грот во Владата по потпишувањето на документот истакна дека овој чин претставува значаен чекор во ...

Просечната годишна плата за полно работно време на вработените во ЕУ лани изнесувала 39.800 евра, што претставува зголемување за 5,2 отсто во споредба со 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба (Евростат). Меѓу земјите членки на ЕУ, највисока просечна годишна прилагодена плата за полно работно време била регистрирана во Луксембург во износ од 83.000 евра, по што следуваат Данска со 71.600 и Ирска со 61.100 евра. Од друга ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. -Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ...

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан. Меѓу актерите чие присуство се очекува се Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван ...

Од денеска белгиското Министерство за одбрана почнува со дистрибуцијата на покани до сите Белгијци на возраст од 17 години за доброволно отслужување на едногодишен воен рок. – Честитки! Следната година ќе наполните 18 години: Важна пресвртница и време кога ќе донесете одлуки за вашата иднина. Министерството за одбрана ви нуди единствена можност: Година на доброволна воена служба, се наведува во поканата што ќе биде испратена до речиси 130 ...

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт и врски Александар Николоски на панел дискусијата во ...

Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го повикува да ја разгледа идејата за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денеска неговиот кабинет. Против Нетанјаху веќе неколку години се водат три одделни судски предмети поради наводна корупција, а Трамп постојано бара негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, ...

Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност, истакна гувернерот Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на ...

Марин Ле Пен, лидерката на француската партија Национален собир, изјави дека нема да се кандидира за претседател во 2027 година освен ако апелацискиот суд не ја поништи нејзината сегашна забрана за избори, според бриселскиот Политико. Ле Пен, која веќе три пати се кандидираше за претседател, ќе се врати на суд на 13 јануари откако ќе поднесе жалба за пресудата за виновна по обвиненијата за проневера на средства од Европскиот парламент, што ...

Демонстрантите носејќи транспаренти на кои пишуваше „нашите шуми не се на продажба“ ги пробија безбедносните линии на разговорите за климата на COP30 во вторник вечерта во Белем, Бразил. Новинарите на Би-Би-Си ги видоа безбедносните сили на Обединетите нации како трчаат зад ред бразилски војници, викајќи им на делегатите веднаш да го напуштат местото на одржување. Од ООН изјавија за Би-Би-Си њуз дека инцидентот предизвикал полесни повреди кај ...

Обидите да се формира стабилна влада во Холандија изгледа дека западнаа во ќорсокак, бидејќи посредникот задолжен за собирање на партиите не успеа да предложи коалиција со парламентарно мнозинство. Речиси две недели по неочекуваната изборна победа на центристот Роб Јетен, посредникот смета дека 38-годишниот политичар треба да соработува со партија од десниот центар за да го трасира патот напред. Многу расцепканиот политички пејзаж во ...

Од 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, ...

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк., се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. -Да укажеме дека ...

По откажувањето на швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ од купување на меѓународниот бизнис на „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека не е задоволно од договорот, нарекувајќи ја компанијата руска „марионета“, Бугарија започна со спроведување мерки за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас. Бугарските власти спроведуваат инспекции и безбедносни мерки во рафинеријата за нафта Бургас на рускиот нафтен гигант Лукоил ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта сè уште е на дневен ред, и оти разговорите меѓу руската и американската делегација моментално се во застој по прашањето на украинските територии. Орбан истакна дека Унгарија до одреден степен е вклучена во преговорите меѓу американската и руската делегација. Тој во интервју емитувано на Јутјуб ...

Законот за финансирање на американската федерална администрација во екот на најдолгата блокада на федералната влада во историјата на САД денеска ќе биде испратен во Претставничкиот дом на усвојување, откако во понеделникот беше усвоен во Сенатот со 60 гласа „за“ и 40 „против“, објавија американските медиуми. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, пред два дена им порача на пратениците да почнат да се враќаат во Вашингтон што е ...

– Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека има обврска да ја тужи британската Би-Би-Си за погрешно претставување на неговите коментари пред нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. „Па, мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Дојде од земја која е наш сојузник“, рече Трамп во интервју со водителката на „Фокс њуз“, Лори Инграм. ...

Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста дека е реализирана втората распределба на средства од заедничката сметка за донации, која беше формирана по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму истакнуваат дека во согласност со принципите на целосна транспарентност, отчетност и правна усогласеност, сите пристигнати средства од оваа фаза се распределени исклучиво на лица кои беа директно погодени од трагедијата. ...

Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност. – ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или ...

HBO официјално работи на нова телевизиска адаптација на „V for Vendetta“, дознава ексклузивно Variety. Серијата ќе ја пишува Пит Џексон, номиниран за БАФТА за драмата Somewhere Boy, додека Џејмс Ган и Питер Сафран од DC Studios ќе бидат извршни продуценти. Проектот е во рана фаза на развој под покровителство на Warner Bros. Television и британската продуцентска куќа Wall to Wall Media. Иако HBO и DC сè уште не коментираат официјално, извори ...

Европската комисија го поздравува регулираното и инклузивно спроведување на локалните изборите во Косово во неделата и повикува на брзо потврдување и спроведување на изборните резултати, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Во однос на санкциите воведени кон Приштина поради ескалацијата на состојбите на северот од Косово, Хипер истакна дека Комисијата веќе презеде некои чекори за ...

Во сенка на војната и политичките тензии, израелскиот парламент усвои два контроверзни закони што го менуваат односот на државата кон правдата и медиумите. Едниот ја отвора вратата за враќање на смртната казна, другиот ѝ дава на владата право да замолчи странски медиуми без судска одлука. Одлуките на Кнесетот ја отвораат дебатата: дали Израел ја зајакнува својата безбедност — или ја губи својата демократија? Во еден од најконтроверзните ...

Шпанскиот напаѓач Ламин Јамал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Грузија и Турција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Медицинскиот персонал на шпанската репрезентација изразува изненадување и загриженост што на 10 ноември, денот на официјалниот почеток на тренинг кампот со репрезентацијата, фудбалерот Ламин Јамал беше подложен на инвазивна радиофреквентна процедура за лекување на непријатност во ...

Германија ќе ја зголеми помошта за Украина во 2026 година за три милијарди евра, со што вкупната поддршка ќе достигне повеќе од 11,5 милијарди евра,покажува најновиот нацрт-буџет подготвен од Министерството за финансии за последната расправа на Буџетскиот одбор на Бундестагот. Овие дополнителни средства, што ќе бидат издвоени за одбранбени цели, ќе бидат насочени кон набавка на артилерија, беспилотни летала, оклопни возила и замена на два ...

Обвинетиот за убиството на шест лица при напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург соопшти дека започнал штрајк со глад на вториот ден од неговото судење, кое се спроведува под високи безбедносни мерки. – Започнав штрајк со глад вчера. Планирам да трае три недели. Не очекувам физичка штета, изјави Талеб ал-Абдулмохсен во судницата. Претседателот на судскиот совет, судијата Дирк Штернберг, нагласи дека судењето ќе ...

Блокадата на исплатите од европската програма ИПАРД 3, вредна 128 милиони евра, го потресе македонското земјоделство и повторно ја отвори темата за корупцијата и слабите контролни механизми во институциите. Иако Владата инсистира дека станува збор за времен прекин со цел ревизија и заштита на легалноста на исплатите, дел од поранешните функционери и опозицијата предупредуваат дека суштината е суспензија која може да ги загрози илјадниците ...

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени. „Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.29
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Калај

46.91

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03