Во чест на Ацо Шопов, се одржа манифестацијата „Во чест на поетот“, а беа доделени и признанијата посветени на поетот. На неа беше промовирана книгата „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова – Чепишевска. Промотор на книгата беше Иван Антоновски. Во рамките на манифестацијата беше доделено и Признание за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Шопов. Признанието го добија Весна Мојсова – Чепишевска и ...

Организациониот одбор на Интернационалниот студентски конгрес по медицина објави дека се отворени пријавите за пасивни учесници. Конгресот, кој ќе се одржи од 15.05 до 17.05, претставува еден од најзначајните настани за млади идни здравствени професионалци во регионот, ќе овозможи присуство на бројни научни предавања, работилници и дискусии. Право на учество како пасивни учесници имаат сите заинтересирани студенти од Македонија и од странство ...

Користењето на вештачка интелигенција и популарниот ChatGPT е сѐ повеќе застапено меѓу младите. Најголем дел од нив, овие алатки ги користат за потребите на студиите и учењето. Но, прекумерното „потпирање“ на услугите на овие платформи, може и негативно да се одрази врз критичкото расудување и когнитивните можности кај младите. Сепак, правилното користење на ChatGPT комбинирано со традиционалните техники на учење, може да биде корисна алатка. ...

Универзитетот Харвард се најде во центарот на јавноста откако одби да ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, што резултираше со замрзнување на повеќе од 2,2 милијарди долари во федерални грантови и договори Business Insider. Харвард, САД Администрацијата побара од Харвард да укине програми за различност, еднаквост и инклузија (DEI), да забрани про-Палестински студентски групи, да ревидира политики за прием и да ...

Отворен и кариерен ден одржа УГД на платото пред Ректоратот во штипско Ново Село, споделувајќи со средношколците и компаниите информации корисни за оние кои одлучуваат каде ќе се здобијат со високо образование. Голем број на ученици од средните училишта од Македонија можеа да добијат информации од професорите и студентите на факултетите на УГД. Истовремено, на штандовите на четириесетина компании дознаа за можностите за работа по завршувањето ...

Студентски оброк за повеќе студенти најавува МОН, со законските измени со кои ќе се прошири опсегот на корисници. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат ...

Четвртото издание на „Отскочна даска“, настан во рамките на петтиот Скопски поетски фестивал се одржа воКафе книжарницата Буква во Скопје. „Отскочна даска“ е платформа што им дава простор на нови, млади автори да зачекорат на поетската сцена и да ја претстават својата поезија пред публика. По отворањето на конкурсот, беа избрани единаесет најдобри учесници: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски ...

Филозофијата, предмет што се изучува во последната година од средното образование, нуди клучни знаења за интелектуалните традиции и начините на разбирање на светот. Таа им овозможува на средношколците да развијат критичко размислување и да ги поврзат стекнатите сознанија со денешното време. Значењето на овој предмет се потврдува со растечкиот интерес кај учениците – секоја година сè повеќе млади се пријавуваат на натпревари по филозофија, при ...

По повод Светскиот ден на Паркинсоновата болест, разговаравме со доц. д-р Елена Јовева, невролог со долгогодишно искуство во третманот на ова хронично невродегенеративно заболување. Во ова исклучително интервју таа зборува за најновите научни достигнувања, значењето на раната дијагноза, како и за предизвиците и можностите што ги нуди здравствениот систем кај нас. Паркинсоновата болест сè уште не е излечива, но новите терапии, технолошки решенија ...

Дискриминација најчесто има поради етничка и родова основа, а потоа и поради политичко уверување, како и права од работен однос.. Етничката или националната припадност – најчеста причина за претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сумираните податоци за 2024 година покажуваат дека претставките најмногу се поврзани со правата од работен однос, пишува Порталб.мк. Најголем дел или 66 отсто од потврдените случаи се во ...

Безбедните и проверени локали, како и небезбедните, да бидат јавно објавувани, побара граѓанската иницијатива „Кој е следен“. Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата поднесе барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап. Како што појасни претставникот од иницијативата Умер Мухамеди, барањето е да има веб страна на која секој ќе може да го ...

Патувачки пропусници низ Европа за млади до 18 години нуди Европската Комисија, преку програмата DiscoverEU 2025, објави Министерството за образование и наука. -Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа, објави МОН. Право на аплицирање имаат ...

Денес, 7 април, светот го одбележува Светскиот ден на здравјето, под мотото „Моето здравје, моето право“, со цел да се потсетиме дека здравјето е основно човеково право-не привилегија. Светската здравствена организација (СЗО) ја нагласува важноста на пристапот до квалитетна здравствена заштита, чист воздух, здрава исхрана, безбедна вода и социјална поддршка. Но, паралелно со глобалните пораки, и ние како поединци сме повикани да преземеме лична ...

Студентите се соочуваат со проблеми со превозот и тоа оној меѓуградскиот, па дел од нив не ни имаат автобуски превоз од нивниот град до градот каде студираат, а дел немаат повратни билети или пак поевтини студентски билети. Од Универзитетското собрание на УКИМ, денеска на прес-конференција го повикаа министерот за транспорт и врски да овозможи достоинствен превоз за студентите, поздравувајќи ја неговата иницијатива за воведување поевтини и ...

Замислете свет каде секој звук е прегласен, секој допир е премногу силен, а зборовите често изгледаат како сложувалка што не се вклопува. Ова е реалноста за многу лица со аутизам – свет полн со убавина, но и предизвици што остануваат невидливи за другите. Аутизмот не е тишина, туку поинаков начин на комуникација. Не е осаменост, туку желба за поврзување на свој начин. Не е недостаток, туку уникатност што треба да се препознае. Секое дете што нѐ ...

Штип УГД тргнува во одбрана на титулата во Одбојкарскиот Куп на Македнија – финалниот турнир се одржува во Радовиш од 3 до 5 април. Одбојкарите на Штип УГД се враќаат на моментот кога практично започнаа еден извонредно успешен период на настапи во домашното првенство. Тоа секако е освојувањето на Купот на Македонија лани во Штип, со триумфиот над најголемиот ривал, Струмица. Годинава, завршницата на Одбојкарскиот Куп се игра во спортската сала ...

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот. Првото ...

Женскиот економски форум добива нов датум и ќе се одржи на 30 март во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода-Скопје. Настанот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот, со цел да ги информира и едуцира учесниците за финансиската писменост и заштитата од финансиски измами. Форумот ќе опфати панел-дискусии и интерактивни работилници, а на него ќе се обратат министерката за образование и наука-Весна Јаневска, ...

Иако граѓаните се сомневаат во објавените информации од медиумите, ретко преземаат мерки за проверка на нивниот кредибилитет и вистинитост. Ова го покажа истражувањето на јавното мислење „Практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го реализираше во текот на февруари Спроведувач на анкетата беше Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на ...

Во Црвениот крст досега се собрани над 54 милиони денари донации за настраданите во пожарот во Кочани. Откако ќе ги собереме сите потребни изјави за користење на лични податоци на повредените и нивните семејствата веднаш ќе пристапиме кон исплата на паричната помош, најави Саит Саити, генерален секретар на републичкиот Црвен крст. Тој на денешната прес конференција во врска со преземаните активности за поддршка на настраданите од катастрофата ...

Безбедносните стандарди во училиштата во Македонија се предмет на проверки, со цел да се подигне на повиско ниво безбедноста на учениците и вработените. Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, ...

Настанот во Кочани веројатно дека ќе остави големи и долги психолошки последици по многу луѓе, а директно и непосредно ќе ги погоди младите кои на било каков начин се поврзани со жртвите и повредените. Вклучување во колективни активности, пружање помош, и различни други активности поврзани со трагедијата можат да создадат чувство на личен придонес и да ја намали болката, велат психолозите. Благоја Лекоски На оваа тема разговаравме со психологот ...

Националниот младински совет на Македонија излезе со реакција во врска со трагичниот настан во Кочани. Потенцираа дека оваа незамислива загуба не е само лична трагедија, туку и страшен потсетник на реалноста која во оваа земја секојдневно живееме – реалност во која животот е несигурен, институциите не функционираат, а чувството на безнадежност станува сè подлабоко. Оваа трагедија не е еден изолиран случај. Таа е директен резултат на системскиот ...

Некои утра носат светлина, а некои само темнина. Денес беше едно од тие утра кога сонцето изгреа залудно, кога светот продолжи да се врти, но сè во него е во место. Денес, Македонија брои изгубени животи. Педесет и девет. Не, не бројки. Луѓе. Имиња. Насмевки. Синови и ќерки. Пријатели. Љубови. Млади души што требаше да живеат. Животот не прашува дали е прерано. Не застанува да даде шанса за збогум. Не чека да му кажеш на некој колку ти значи. ...

На 15 и 16 март во Скопје Сити Мол се одржува Саемот на образование, втора година по ред. Саемот има за цел да ги спои на едно место сите универзитети и академии во државата и истите да ги презентира пред средношколците и идните студенти. Покрај презентацијата на универзитети и академиите, во програмата на Саемот беа вклучени и бројни работилници со едукативен карактер, но и катчиња за анимирање на младите, кариерно советување, родителско катче, ...

Жртвите на сексуално насилство, но и институции, за жал не се запознати со постоење на центри за помош и поддршка на вакви жртви, иако тие центри се формирани во три града уште во 2018 година. Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство, беше соопштено денеска на средбата на Работната група која што се формираше во рамки на Министерството за здравство во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и ...

Задржувањето на мотивацијата за учење бара стратегија и дисциплина, но и малку креативност. Еве неколку начини како да останете мотивирани: 1. Поставете јасни и остварливи цели Наместо да си кажете „Ќе научам сè за оваа тема“, поставете конкретна цел: „Денес ќе совладам три клучни концепти.“ Големите цели поделете ги на помали чекори за да не се чувствувате пренатрупано. Photo by Thought Catalog on Unsplash 2. Направете рутина Најдете време ...

Лекарите живеат под ризик – физичките и вербалните напади врз нив се чести, Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз здравствените работници, служи како моќен потсетник. На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци ...

Законски измени за младински политики и младинско учество иницираа Коалцијата СЕГА и Националниот младински совет на Македонија. Националните мрежи на младински организации Коалиција на младински организации СЕГА и Национален младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа, денес го поднесоа Предлог текст на Закон за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики до пратениците од Клубот за младински ...

Испитните сесии се еден од нај стресните периоди за студентите, а анксиозноста што ја носат може сериозно да го наруши квалитетот на сонот. Несоницата станува чест проблем, а нејзините последици се рефлектираат врз резултатите на факултет и психолошката стабилност. Како студентите го доживуваат овој предизвик и што советуваат експертите? Автор: Илија Јанев Искуства на студентите во борбата со стресот Розе Јанковска вели дека оценките ѝ се од ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
42%
1011
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
50%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
36%
1012
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
4.68
72%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
72%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.2
49%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
45%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
7.72
71%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
84%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52