Загриженоста дека кинеската Влада би можела да има пристап до податоците на корисниците преку апликацијата за кратки видеа ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, ја поттикна американската влада да донесе закон за забрана на оваа платформа, освен ако не се продаде на купувач однапред одобрен од неа. Откако претседателот Бајден го потпиша законот со кој на БајтДенс му се дава рок од една година да се откаже од ТикТок, ...

Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, е повод Народната банка (НБ) и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, да го објават Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент во финансиската сфера. Крајниот рок за доставување на творбите е 18 октомври 2024 ...

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, а населението сѐ почесто се дијагностицира со овие заболувања. Иако, кардиоваскуларните заболувања почесто се среќаваат кај постарата популација, сепак и младите не се исклучени од дијагноза. По повод овогодинешниот светски ден на срцето кој се одбележува секоја година на 29 септември, со мотото “Користете го срцето за преземање на акција“ се дава важност за превенција и спречување ...

Италија со закон ќе им овозможи на училиштата да отпуштаат ученици поради лошо поведение, за да ги заштити наставниците од агресивно однесување. Италијанскиот парламент усвои закон со кој на наставниците и професорите им се дозволува да отпуштаат ученици поради недолично однесување. Целта на новата мерка е да се заштитат воспитувачите од агресивно однесување на учениците. Фото: On Call internationalo blog Воведувањето оценки за успешност им ...

ИКС ја објави публикацијата „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“, за младинското медиумско ангажирање. Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот, значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. ...

Радиостаниците и нивниот опстанок беше една од темите на научно истражување на проф. д-р Јорданка Галева од правниот факултет и м-р Игор Стојанов од Одделот за радио и ТВ при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Двајцата истражувачи најпрвин направиле сеопфатна анализа на медиумскиот пазар, а воедно и студија на случај за националното радио Канал 77 кое, според нив и според статистичките податоци од АВМУ, има значаен раст поради промената на ...

„Во ист ритам“, кампања за подигање на јавната свест за родовото насилство започна ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација. Сите млади треба да имаат еднакви услови за учење, изразување и личен раст. Тогаш тие можат да ги ослободат своите потенцијали и да придонесат кон градење на посилно и поинклузивно општество. Нивната уникатност не треба да биде причина за дискриминација, туку за почит и поттик за заеднички напредок. Важни се вредностите ...

Келн е најголемиот град во германската покраина Северна Рајна- Вестфалија и четвртиот најнаселен град со 1,1 милиони жители. Иако со повеќе знаменитости, Катедралата во Келн е на прво место за посетителите на градот. Изградбата на катедралата започнала уште од 1248 година , а финалниот продукт се добива во 1880. Над 600 години траела изградбата на највисоката катедрала во Германија со готски елементи. Нејзината висина се проценува на дури 157 ...

Научниците од Македонија се најдоа во рекорден број на листите на Стенфорд за највлијателни и најцитирани светски научници, и покрај се помалата поддршка на науката во државата. По се изгледа во Македонија важи правилото-колку помала поддршка, толку поголеми резултати. Иако во Македонија не се финансираат било какви проекти од областа на науката веќе 20-тина години по ред, а од 2021 година нема скоро никаква поддршка за наука, на листите на ...

Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година. Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации на chevening.org/apply. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери. Апликантите мора да имаат реална и остварлива идеја со која ќе создадат ...

Министерството за образование и наука известува дека Американската амбасада го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“. Програмата е спонзорирана од Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Во повикот МОН наведува дека „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ...

Објавен е третиот циклус од програмата „Супер училишта“, која е поддржана од Европската комисија и Германското сојузно Министерство за економска соработка и развој, а се имплементира од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Станува збор за програма на размена, која овозможува нашите ученици да стекнат нови искуства и да запознаат различни култури и и да спроведат заеднички ...

Македонија ќе биде домаќин на 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2024) која од 20 до 26 септември ќе се одржува во Охрид со учество на ученици од државите од Балканот, но и пошироко од Европа. Македонија ќе ја претставуваат осуммина ученици од неколку македонски градови. Најмладиот натпреварувач е деветто одделение, шестмина се средношколци, а единствената девојка меѓу нашите натпреварувачи е штотуку завршена средношколка и од идниот ...

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање. – Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме, стои во соопштението од „Студентски отпор“. Оттаму посочуваат дека оваа академска ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. МВР и денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. – Сите капацитети на Министерството ...

15 септември е меѓународен ден на демократијата. Колумна Демократијата е збор што често се споменува како синоним за правда и слобода. Се смета за највисока форма на општествено уредување, каде гласот на народот е водилка, а секој граѓанин има право да одлучува за иднината на својата држава. Но, дали навистина денес го применуваме тоа што демократијата го ветува или нејзината идеална форма постои само на хартија? Photo by Fred Moon on Unsplash ...

На 13 и 14 Септември, Општина Штип ќе биде домакин на третиот фестивал за млади пијанисти “Golden Piano Talents“ кој претставува уникатен и значаен музички настан и кој за кратко време привлече огромен интерес во светската пијанистичка фела. За тоа говори и фактот дека на претходните две изданија на фестивалот во Штип настапија околу 70 пијанисти од: Италија, Германија, Монголија, Израел. Полска, Чешка, Унгарија, Холандија, Шпанија, Романија, ...

Во време кога менталното здравје на младите станува сè позагрижувачка тема, училишните психолози алармираат дека многу ученици се борат со анксиозност, депресија и други предизвици за кои ретко се зборува отворено. Недостигот на едукација и поддршка во училиштата често ги оставa младите без простор за споделување и помош. Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, што ја спроведува граѓанската организација „Младите можат“, не само што ја ...

АРНО (Асоцијација за развој на нови опции) го отвори петтиот RISE повик за поддршка на млади социјални претприемачи . Сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за животната средина и за луѓето, да аплицираат на RISE повикот со своите тимови најдоцна до 20-ти септември преку пополнување на пријава. Преку програмата младите можат да добијат парична поддршка од 2500 евра, обуки, менторство и поврзување со млади од регионот. Сите кои се ...

Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, со масовното иселување на нашето население надвор од земјата, веќе се појавува т.н. вишок на наставници иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Затоа Владата уште во предизборната програма направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес, изјави денеска ...

Родителите секогаш за мачат да ги „стават во ред“ децата со зависноста од мобилните телефони, но самите не се пример за тоа. Додека училишните власти и родителите се занимаваат со забраната за употреба на мобилни телефони во училиштата, внимание треба да се посвети и на другите места каде што мобилните телефони се користат (и прекумерно се користат), пред се во домот. Терапевтите кои работат со тинејџери редовно слушаат од своите клиенти дека ...

Учениците со попреченост во средното образование ќе добијат образовни асистенти, објави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерката најави дека се подготвуваат измени во законите за основно, средно и средно стручно образование, кои ќе вклучуваат обезбедување асистенти за средното образование, нешто што досега не беше воведено. „Законот ќе биде разгледан наскоро, потоа ќе следи процедура за одобрување од Владата и ...

ФРЛЗ (Фондација за развој на локалната заедница) од Штип го организираше „Младински Форум 2024“. Ова е второ издание на Форумот, на кое се презентираа резултатите постигнати во втората година од реализацијата на проектот „Направи разлика“. Членови на „Младински банки“ ги споделија успешните приказни, искуства и достигнувања, со акцент на нивната работа, обуките кои ги проследиле, стекнатите вештини, настаните за прибирање средства и ...

По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот. – Нашата обврска и наша работа е по констатирањето на позитивен случај, да дадеме препораки на семејството за изолација. Но, за ...

Граѓанската организација „Младите можат“ ја започнува кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите на возраст од 14 до 18 години. „Целта е да понудиме конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат учениците, но и да им порачаме дека треба отворено да зборуваат за стресот, анксиозноста, меѓуврсничкото насилство, градењето доверба. ...

Кога станува збор за начинот на учење, мислењата на студентите се поделени. Дел од нив избираат да учат во своите соби и домови, но и голем дел преферираат да ги користат студентските читални како место кое им нуди поголема тишина и комфорт при учењето. Но, дали студентските домови и читалните го задоволуваат капацитетот да им овозможат место на сите студенти во градот? Библиотекарката Сузана Стојанова од НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“-Штип вели ...

Генерацијата Z очајнички сака долгорочни врски наместо краткотрајни авантури или врски за една вечер, покажа новото истражување. Истражувањето спроведено од д-р Џастин Лемилер за Институтот Кинси на Универзитетот во Индијана покажува дека тинејџерите и оние малку постарите имаат изненадувачка опсесија со традиционалната романса. Околу 81 отсто од испитаниците на Gen Z сонуваат за тоа. „Авторот на студијата д-р Џастин Лемилер рече: „Добро е ...

Третата женска конференција, која се одржа неодмна во Скопје, промовираше голем број на успешни Македонки кои преку својот пример сакаат да покажат дека и покрај големите пречки, сепак е возможно да се постигне целта. “Да се биде жена не е најлесно, но е најубаво бидејќи знаеш дека не постои нешто што ти како жена не можеш да го направиш“-вели Ана Дукоска основач на здружението Јас сум жена. На Третата женска глобална конференција организирана ...

Според најновиот Индекс на активна транспарентност за 2024 година, институциите во Македонија продолжуваат напредуваат во однос на проактивното објавување информации. Извештајот, објавен од Центарот за граѓански комуникации, покажува дека просечната активна транспарентност на општините и министерствата се зголемила на 80%, што претставува раст од 4 процентни поени во однос на претходната година. Овој индекс е резултат на сеопфатно истражување ...

Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Фото: Мета.мк Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската Влада за ова прашање. Во документот, ...

Скопје

2ᴼ/2ᴼ
4.12
65%
1013

Белград

4ᴼ/3ᴼ
2.78
60%
1009

Софија

1ᴼ/0ᴼ
2.57
74%
1014

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
4.23
57%
1012

Љубљана

4ᴼ/1ᴼ
1.54
91%
1002

Атина

20ᴼ/18ᴼ
4.92
51%
1008

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
1.54
76%
1011

Подгорица

7ᴼ/6ᴼ
1.54
61%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4431

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $