Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сè повеќе карикатури што ги прикажуваат корисниците низ призмата на вештачката интелигенција има На Instagram, WhatsApp, LinkedIn и платформата X. Нов тренд поврзан со ChatGPT ги преплави социјалните мрежи во последните недели, но експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека безопасната забава може да има сериозни последици. Експертите предупредуваат дека вештачката интелигенција може да собере доволно податоци за убедливо да се ...
Кога млад лекар ќе ја добие својата диплома, не се поставува прашањето „каде ќе се вработам?“, туку „дали да заминам во странство кон подобра иднина?“. Работните услови кои ги нуди системот се причина на сѐ поголем одлив на млади и амбициозни лекари кои сакаат да го усовршат своето знаење, но не можат да ја остварат својата визија во Македонија. Владимир Панев е млад лекар кој дипломирал медицина во Македонија, но кратко по дипломирањето се ...
Нов студентски правобранител избраа студентите на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, тоа е Антонио Василев. Антонио е студент на Музичка Академија , но вели дека иако доаѓа од Музичка Академија, отсекогаш имал интерес за застапувањето на правата на студентите и подобрување на студентскиот стандард. Антонио Василев „Во текот на студирањето се соочив со ситуации во кои сфатив колку е важно некој да ги слушне и насочи студентите кога се ...
Јас сум Даница, а ова е мојот став: Во Македонија високото образование последниве денови се мери. Се мери со нов закон, со нови бодови, со нови критериуми, со нови табели. Се мери толку многу што човек би помислил дека конечно сме ја нашле формулата за квалитет. Само што никој не знае каде е метарот. Слушај ја целата колумна и со заклучен телефон: Колку сантиметри тежи еден професор? ...
Фитнес и физичка активност – сè повеќе млади денес се свртуваат кон нив, но според младиот лекар Иван Ристов, кој паралелно работи и како фитнес тренер, проблемот не е во желбата за вежбање — туку во пристапот. Наместо здравје и долгорочна превенција, дел од младите се фокусираат исклучиво на брз визуелен ефект, често правејќи сериозни грешки што можат да остават последици. Иван Ристов Кој е твојот пат — како одлучи истовремено да бидеш и ...
Европската унија од 2 август 2026 година започнува со примена на клучните обврски од Законот за вештачка интелигенција (AI Act), првата сеопфатна регулатива во светот што ја уредува употребата на системи базирани на вештачка интелигенција, соопшти European Commission. Регулативата беше усвоена во 2024 година и формално стапи на сила на 1 август истата година, по објавувањето во Службениот весник на Европската унија, како Регулатива (EU) ...
Љупче Михајлов и Марија Анчева се најдобрите спортисти на Штип за 2025, програсени на традиционалната свечена манифестација. Титулата на спортист на годината припадна на Љупче Михајлов, член на Карате клуб-Штип, додека за најдобра жена-спортист за 2025 беше прогласена Марија Анчева , член на ракометен клуб „Астибо“. За Љупче ова признание претставува мотивација за уште поголеми успеси и понатаму. Додека, за Марија ова претставува потврда за ...
Банкарскиот сектор во Македонија сè поинтензивно се насочува кон младата популација, нудејќи специјални пакети со пониски или нулти трошоци, дигитални услуги и дополнителни поволности за студенти и млади до 30 години. Целта, според експертите, е рано вклучување на младите во финансискиот систем и градење долгорочна лојалност. Photo by Stephen Phillips – Hostreviews.co.uk on Unsplash Според финансиски аналитичари, заедничка карактеристика ...
Нова концепција за гимназиското предлага МОН , откако минатогодишниот предлог предизвика многу реакции и забелешки. Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки. МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна ...
Корупцијата не е апстрактна „политичка тема“ — таа е реалност што ја обликува иднината на твоето образование, работни можности, правичноста на судовите и довербата во институциите. Ако младиот човек во Македонија сака фер пристап до работа, здравство и услуги — тогаш разбирањето на корупцијата и туркањето на системот напред е обврска а информирањето за нивото на корупцијата е клучно во процесот кон подобро општество. Што покажува CPI 2025? ...
Младински образовен форум (МОФ) објави отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачката академија за млади, програма насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети на младите и нивно активно вклучување во општествени процеси. Повикот е отворен за млади од сите региони на земјата, со цел создавање мрежа на млади истражувачи кои ќе работат на теми од значење за младите. Програмата се реализира во рамки на регионалниот ...
Регулативата за “deepfakes”, злоупотреба на вештачката интелигенција за креирање на фотографии со сексуално експлицитни содржини се заострува. Велика Британија воведува строги закони против злоупотребата на вештачката интелигенција по порастот на фотографии генерирани од вештачка интелигенција, таканаречени „deepfakes“ – сексуално експлицитна содржина создадена без согласност на луѓето прикажани во нив. Британците со тоа добиваат еден од ...
Според новата законска регулатива што ја подготвува Министерството за образование и наука, студентите кои студираат на најдобрите 100 светски универзитети со државна стипендија, како и најуспешните студенти во Македонија, ќе имаат приоритет при вработување на државните универзитети. Оваа новина беше соопштена на прес-конференција од министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ги презентираше клучните измени од трите ...
Компанијата на Илон Маск, Neuralink, што развива мозочно-компјутерски импланти (BCI), веќе го прошири својот клинички програм на 21 учесник ширум светот — многу повеќе од почетните 12 случаи – и најави масовно производство на уредите во текот на 2026 година. Од 2024 година, кога почнаа испитувањата на луѓе, примателите на имплантот покажаа дека можат да управуваат компјутери, курсори и дигитални уреди со мисли — без физичко движење. ...
Во јавноста често се појавуваат вести за „револуционерни“ лекови против рак, особено кога станува збор за експериментални терапии тестирани кај животни. Како онколог, д-р. Игор Стојковски повикува на внимателен оптимизам. „Ова се вести што даваат надеж, но најодговорно е да се следат клиничките испитувања кај луѓе пред да зборуваме за ‘нов лек’ во секојдневна пракса“, нагласува докторот, објаснувајќи дека патот од лабораторија до болничка ...
Дипфејк фотографии од голи луѓе масовно се шират на Telegram, безбедна апликација за пораки, објави британскиот The Guardian. Не можете да ѝ кажете на вештачката интелигенција дека не сакате да ве фотографира без облека или да ѝ забраните да ве снима во вашите најинтимни моменти. Голотијата е нова закана што се шири на интернет, насочена претежно кон жените. Милиони луѓе стојат зад креациите направени со напредни алатки за манипулација со ...
Европа сè почесто се соочува со екстремни временски појави кои до пред неколку години се сметаа за исклучоци. Поплави, свлечишта, топлотни бранови и шумски пожари во различни делови на континентот укажуваат дека климатската криза прераснува во секојдневен безбедносен и инфраструктурен ризик. Image by Freepik Свлечишта и поплави во јужна Европа Во јануари годинава, јужна Италија беше погодена од серија обилни врнежи кои предизвикаа сериозно ...
Најавите дека во Македонија се разгледува можноста наставните часови да се скратат на 30 минути ја отворија дебатата за реалната состојба во училниците. Иако официјална одлука сè уште нема, самата идеја укажува на подлабок проблем со кој образовниот систем сè потешко се справува – намалената концентрација кај учениците. Наставници од основното и средното образование со години укажуваат дека учениците сè потешко одржуваат внимание, особено на ...
Оптимизација на училишната мрежа може да биде решение за проблемите со прекумерен број на наставници, изјави министерката за образование Весна Јаневска. Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација ...
Владата најави ново задолжување од 40 милиони евра кај германската Кредитна банка за обнова (КфВ), со цел продолжување на проектот за енергетска обнова на студентските домови и образовните објекти. Предлог-законот е на дневен ред на денешната собраниска седница. Со овие средства ќе се финансира втората фаза од Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација, кој веќе се спроведува во дел од студентските домови низ земјава. Освен домовите, во ...
Почетокот на годинава донесе повеќе случаи на семејно, сексуално и партнерско насилство, кои беа причина и за реакција од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство. Во реакцијата се потенцира дека јануари се наметнува како алармантен месец, со низа тешки случаи на семејно, партнерско и сексуално насилств. Тие јасно покажуваат дека родовото базирано насилство во Северна Македонија не е исклучок, туку длабоко вкоренет ...
Францускиот парламент направи голем чекор за заштита на децата од прекумерна употреба на телефони и социјални мрежи. Пратениците усвоија закон со кој се забранува користењето на социјални мрежи за лица под 15 години. Францускиот претседател Емануел Макрон Предлог законот, поддржан од претседателот Емануел Макрон, беше усвоен со 130 гласа „за“ и 21 „против“ по долга ноќна седница. Сега тој треба да помине уште низ Сенатот пред да стане ...
Фотографиите, текстовите, видеата и аудио материјалите што беа создадени целосно или делумно со помош на алатки за ВИ станаа секојдневие. Содржините креирани со вештачка интелигенција го преплавија интернетот во последните неколку години. Како што расте употребата на вештачка интелигенција, така расте и нејзината злоупотреба, а на многумина им е тешко да разликуваат што е вистинско, а што лажно. Во најголем број на случаи, нема јасно ...
Најновите податоци од извештаите на Евробарометар откриваат парадокс кај популацијата од 15 до 24 години: социјалните мрежи се нивен примарен извор на информации, но довербата во нив е на историски најниско ниво. Извори на вести: Социјалните мрежи доминираат, довербата изостанува Според извештајот за медиуми, 85% од младите користат социјални мрежи како примарен извор на информации на дневна база. Сепак, само 21% од нив изјавиле дека целосно ...
Европски квиз на пари – едукативен проект на Европската банкарска федерација ќе се одржи и оваа година, за ученици од средноите и основните училишта. До 23 февруари трае пријавувањето на учениците од основните и средните училишта кои се заинтересирани за учество на годинешниот меѓународен натпревар – Европски квиз на пари. Јавниот повик го објави Македонската банкарска асоцијација, која овој едукативен проект на Европската банкарска ...
МВР ги информира граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“ континуирано се евидентираат и санкционираат сообраќајни прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите. Од Министерство за внатрешни работи појаснуваат дека системот “Безбеден град“ автоматски регистрира пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, неправилно запирање и паркирање, како и учество во сообраќај со ...
Присуството на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Црна Гора, во последните неколку години, доби нова, поинтензивна и политички чувствителна димензија. Преку низа билатерални договори, преференцијални аранжмани и најави за големи инвестиции, ОАЕ стана еден од највлијателните надворешни економски актери во земјата. Во центарот на тој процес денес е Мохамед Алабар, глобално познат инвеститор, основач на компаниите „Емар Пропертис“ и „Игл Хилс“ ...
Жестока дебата во јавноста предизвикаа деновиве новите правила што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги воведува за инфлуенсерите. Некои од креаторите на содржини реагираат дека со обврската за регистрација и плаќање надомест од 0,5 отсто, се загрозува слободата на говор и дека нивната работа неоправдано се изедначува со класичните медиуми. Некои од нив сметаат дека е срамно што државата сака да им наплаќа за нешто ...
Во време кога младите секојдневно се прашуваат дали образованието што го добиваат навистина е квалитетно, Агенцијата за Квалитет на Високото Образование објави отворен повик за избор на странски експерти кои ќе ја проверуваат работата на универзитетите и студиските програми во Северна Македонија. Повикот е објавен со цел да се формираат , како што се вели во повикот, експертски комисии за надворешна евалуација на високообразовните институции ...
Новата Стратегија за образование 2026–2032 има за цел да создаде поквалитетен и поинклузивен национален образовен систем, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска на јавна дебата одржана на Филозофскиот факултет во Скопје. Според Јаневска, документот носи неколку клучни промени кои директно ќе влијаат врз учениците, наставниците и студентите. Фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, поголема ...