Кандидатите за градоначалник на Општина Гостивар и носители и претставниците на советничките листи попладнево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Чинот го организираше Општинската изборна комисија, со цел учесниците во изборниот процес официјално да се обврзаат за почитување на етички и морални стандарди во кампањата. Претседателот на ОИК Гостивар, Газменд Јашари ги поздрави присутните, нагласувајќи дека му претставува посебно ...

На 26 септември 2025 година во 18:15 часот, на регионалниот пат Ресен-Охрид, во близина на селото Косел, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 66-годишен жител на селото Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел. Возилото било запрено и исклучено од сообраќај, а со малолетникот е извршен ...

Истражувачи со помош на компјутеризирана томографија виртуелно го реконструираа искривениот човечки череп „Јунксиан 2“, стар еден милион години, пронајден во провинцијата Хубеи во Кина. Новата анализа, објавена на 25 септември во списанието Science, покажува дека черепот не му припаѓа на homo erectus, како што долго се сметаше, туку е поблиску до „Змејскиот човек“ (homo longi) и мистериозните Денисовци. Наодите укажуваат дека homo longi, ...

Цената на златото порасна за 1,2 отсто и првпат во историјата ја надмина вредноста од 3.750 долари по трој унца, што соодветствува на околу 120.600 американски долари за килограм, покажуваат податоците од берзата. Според тргувањето на Комекс, фјучерсите за злато со испорака во декември 2025 година се зголемени за 45,22 долари, односно за 1,22 отсто, достигнувајќи 3.751,02 долари по унца. Истовремено, децемвриските фјучерси за сребро бележат раст ...

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан… Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Наоѓањето ...

Киселите краставички се незаменлив дел од салати и сендвичи, а богати се со минерали, влакна, протеини и витамини Б12, Б6, А и Ц, и имаат многу малку маснотии, што ги прави идеални за подготовка дома. На што треба да обрнете внимание кога ги киселите краставиците? Најпрво треба да се одбере видот на краставичките и нивната големина т.е да не бидат преголеми. Пред да започнете со самиот процес на киселење, треба да направите некои подготвителни ...

Секое годишно време има свој посебен шарм – и секој од нас има барем една сезона во која се чувствува најубаво. Некој живее за летните плажи и долгите денови, друг не може да ја замени есенската магија, трет ја сака свежината на пролетта, а има и оние кои вистински ја ценат тишината и белината на зимата. Но, дали сте знаеле дека токму тоа кое годишно време ви е омилено може многу да каже за вашиот карактер, енергија и начин на живот? Зимата – ...

Изминатите денови на подрачје на Гостивар беа евиднтирани неколку кражби на возила, а нов случај е регистриран вчера (26.09.2025г.). Како што соопшти СВР Тетово во 13:25 часот во ОВР Гостивар, 33 годишниот гостиварец В.Ќ. пријавил дека му било одземено патничко моторно возило ,,фолксваген кеди” со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица ,,101″ кај автолакер за поправка и со клучеви на брава. Полицијата наведува дека се ...

Авто школата „ДЕЛТА“, која успешно работи во Гостивар и има значаен придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот, воведе обука и полагање за категориите A2 (мотоцикли до 35 kW) и BE (приколки над 750 кг). Со ова проширување, школата го зголемува спектарот на услуги за идните возачи. Новите категории опфаќаат: Категорија A2 – управување со мотоцикли со или без бочна приколка, со номинална моќност до 35 kW и сооднос на моќност и маса кој ...

Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи, ова беше истакнато во изјави за МИА од експерти учесници на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area), што денеска се одржува во Скопје, во организација на здружението „Судска медицина“, заедно со Институтот за судска медицина. Професор доктор Златко ...

Облаците се секојдневна појава на небото, но ретко размислуваме колку се важни за животот на Земјата. Тие не се само убави форми што ја разубавуваат глетката, туку и клучен дел од климатскиот систем. Со својата структура, висина и густина, облаците имаат моќ да ја ладат или загреваат планетата. Ниските облаци, како кумулусите и стратусите, имаат силен ефект на ладење. Тие одбиваат голем дел од сончевата енергија назад во вселената и истовремено ...

На 25.09.2025 во 10:30 часот во Неготино полошко, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате го привеле Ф.Т.(56) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418-а став 3 од Кривичниот законик, соопшти СВР Тетово. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. ...

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше забрането платено политичко рекламирање во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на земјата. Пред Уставниот суд, на прес-конференција, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни партии ...

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Северна Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК. Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на ...

Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде интервал од 14 до 22 степени. Утре (сабота) ќе владее претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и ...

Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет од денеска ќе бидат санкционирани. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од денеска стапуваат ...

Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон претставува кривично дело. Членот 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ во пракса значи дека овие ...

Составот на Советот на Општина Гостивар 2021/2025 година денеска ја одржа последната седница, со што го заокружува својот четиригодишен мандат. Педесеттата проштална седница, освен за вообичаената работа и носење одлуки, беше искористена за завршни обраќања. „Четири години, колку се долги, толку се и кратки. Како денес да беше, паметам кога во 2021-ва почнавме со првата седница, тогаш јас бев претседавач на Советот. Верувам дека најмалку што ...

Со годините, акумулираме мудрост и драгоцени спомени, но стареењето често носи промени во меморијата. Можеби ви треба подолго време за да научите нови вештини или понекогаш не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите. За среќа, науката покажа дека одредена храна може да обезбеди моќна поддршка за мозокот и да му помогне да работи со полна сила. Една од најдобрите ужини за оваа намена е крцкава и се состои од само една Подолу, причините ...

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 01.08 – 31.08.2025. Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток). Според податоците од УЈП, до вчера од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржува 137-та седница на која со жрепка се утврдува единствена листа на кандидати за локалните избори 2025, во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции. Претставници од парламентарните политички партии, коалиции учествуваа на жрепката по азбучен редослед. Прва на гласачкото ливче од партиите и коалициите ќе биде Искуство за успех, под број два Движење ЗНАМ, За наша Македонија, трета ...

Четириесетина кривични дела помалку се евидентирани на подрачје на ОВР Гостивар во првата половина од годинава, за разлика од лани истиот период. Од друга страна се бележи зголемување на делата од економски криминалитет. Овие податоците беа презентирани во извештајот за работата на ОВР Гостивар за првите шест месеци од 2025-та, кој беше усвоен на денешната седница на општинскиот Совет. „Во прво полугодие од годината имаме намалување на кривични ...

На 24 септември 2025 година, во периодот од 09:30 до 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола за откривање на лица кои вршат јавен превоз без соодветна документација. При контролата, на улица „Браќа Ѓиноски“ биле затекнати пет патнички возила марка „Форд“ со гостиварски регистарски таблички, управувани од М.Ј. од с.Врапчиште, Х.Х. од с.Сенокос, А.Б. од с.Сенокос, Ќ.А. од Гостивар и А.Х. од с.Врапчиште, кои ...

Општина Гостивар соопшти дека поради изведување на градежни работи за асфалтирање на делницата Вруток – Речане, во наредните три дена (25, 26 и 27 септември), во периодот од 6:00 до 18:00 часот, патот ќе биде затворен за сообраќај. „Се молат жителите и корисниците на овој пат во текот на овој период да користат алтернативни патишта. Бараме разбирање и трпение до завршувањето на работите на овој важен проект за жителите и посетителите!“, стои во ...

Кога ќе завршиме со вкусен оброк, најчестата прва мисла е одмор и релаксација. Многумина веднаш замислуваат удобна фотелја или кауч и момент на целосен мир. Сепак, токму тогаш организмот започнува да ја складира енергијата што не ја користи, а тоа на долг рок може да доведе до вишок килограми, замор и здравствени проблеми. Иако теретаната и спортот се најпознатите начини за согорување калории, постојат и активности што често ги изведуваме без да ...

„Гостивар не смее да живее со политички маркетинг и проекти само на хартија. Гостивар има потреба од лидери кои го одржуваат зборот, работат транспарентно и обезбедуваат секое евро да биде инвестирано во висинскиот развој.“, нагласи на денешната прес конференција независниот кандидат за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми. Тој претстави неколку приоритети од програмата на својата предизборна кампања: „Прво, младите во Гостивар да бидат ...

Изминатите денови забележлива е загрижувачка и жална слика на Вардар во Гостивар. Во поголемиот дел, особено поширокиот, реката е речиси пресушена, оставена на по некоја капка вода и камења. Безводниот Вардар ја извади на површина и ниската еколошка свест, па по коритото може да се види разновиден отпад, од цели ќеси и вреќи со ѓубре, пластични амбалажи, кутии, обувки… Граѓаните алармираат и реагираат за лошата состојба на реката. Стравувајќи ...

СВР Тетово информира дека вчера (23.09.2025 година) во 14:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Мајор Чеде Филиповски“ го лишиле од слобода Г.О.(49) од Равен, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело кражба, пријавена на 19.09.2025 година од М.А.С.(30) од Гостивар. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата. Исто така ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, изнесува 45 276 денари и е за 10.5 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државнииот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Образование за 15.0 % и Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.8 %. ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Паладиум

45879.12

Сребро

1837.41

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Бакар

10.76

Иридиум

145787.60

Калај

40.11

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88