Министерството за одбрана објави јавен оглас за прием на 7 подофицери во Армијата на Република Северна Македонија, од воздухопловно-техничка служба, во чин водник. Новите подофицери ќе бидат распоредени во Воздухопловниот ВИНГ во Командата за операции, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Според условите, на огласот може да конкурираат државјани на Северна Македонија со завршено средно образование од машинска или електротехничка струка, ...

Дизел горивото од ноќеска е поевтино за 2,5 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намали за два денари. Одлуката вчера ја донесе РКЕ, а стапи на сила од полноќ. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 70,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 77 денари за литар. Од РКЕ посочуваат дека ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повод најавените продажни „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. -Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат ...

Фадил Џелили по официјалното добивање на решението од Владата, денеска стапи на функцијата повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот на Општина Гостивар. Во својата првата изјава од градоначалничкиот кабинет во општината подвлече: „Дојдов како делегиран претседател на општината во едни тешки услови и времиња со една цел функционалноста на општината да продолжи, да нема застој и обврските што ги има општината спрема ...

Повереникот назначен од Владата на Република Северна Македонија, Онер Јакупоски, денеска официјално стапи на функцијата повереник на Општина Маврово и Ростуше. Јакупоски започна со извршување на работните задачи и надлежности кои произлегуваат од оваа позиција, најавувајќи дека ќе биде насочен кон зголемување на ефикасноста и квалитетот во работењето на локалната самоуправа. Како приоритети, Јакупоски ги наведе зајакнувањето на ...

Денеска е четврток, 27 ноември 2025 година, 331-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 34 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 11 часот и 58 минути, а ќе зајде во 22 часот и 37 минути. Според прогнозите времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во ...

Во полициски контроли спроведени изминатите два дена на гостиварското подрачје за непрописно паркирање биле казнети триесетина возачи, додека пајак службата подигнала дваесет автомобили оставени на места забранети за паркирање. Според податоците од СВР Тетово во вторник (25 ноември) полицијата во Гостивар санкционирала 10 возачи, а исто толку непрописно паркирани возила биле подигнати со специјалното возило „пајак“. Дента за други видови ...

Ден откако Владата донесе одлука за именување на Фадил Џелили за повереник во Општина Гостивар, в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани направи средба со општинската администрација и кабинетот и од утре нема да доаѓа во градоначалничкиот кабинет. Вели дека сѐ уште не е пристигнат официјален документ од Владата за вчерашната одлука, а кога ќе го добијат ќе поднесат жалба до Уставниот суд. „Денес нема пристигнато никаков службен документ околу ...

КК Гостивар оствари значајна победа со 89:86 над КК Пелистер во рамки на 8. коло од Супер лигата, резултат кој доаѓа во најважниот момент за тимот и претставува успешно деби за новиот тренер Александар Петровиќ. Гостиварци одиграа дисциплиниран и борбен натпревар, покажувајќи поинаков пристап и поголема енергија на теренот во споредба со претходните кола. Домашниот тим водеше во најголемиот дел од мечот, но Пелистер до самиот крај остана ...

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и ...

При преземање на мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во Добридол, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се ...

Министерството за финансии (МФ) денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. -Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5 проценти, а рочноста на ...

Кога вашиот паметен телефон пристапува до интернет, тој избира помеѓу два света: фиксни Wi-Fi мрежи или мобилни податоци. Иако крајниот резултат изгледа ист, веб-страницата што се вчитува или пораката што се испраќа, технологијата, трошоците и влијанието врз хардверот на вашиот уред се сосема различни. Разбирањето на оваа „невидлива битка“ е клучно не само за намалување на вашите месечни сметки, туку и за продолжување на траењето на ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата. -Во постапката е утврдено дека на ...

Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во целата земја важи предупредување за жолта фаза во однос на врнежите. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, од утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе ...

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 160 седница едногласно ги усвоија Предлог упатство за увид во избирачкиот список и јавниот повик за увид во избирачкиот список од страна на граѓаните во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, каде што на 11 јануари ќе се повторат Локалните избори за избор на градоначалник. Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко рече дека рокот за објавување ...

Владата на денешната седница именуваше повереници во четирите општини во кои не беше постигнат цензус на Локалните избори во октомври. За повереник во Општина Гостивар поставен е Фадил Џелили, адвокат по професија. Во Маврово Ростуше за повереник е назначен Онер Јакуповски, во Врапчиште-Буњамин Кадриу, додека во Центар Жупа-Аријан Ибраим. Согласно законските одредби поверениците ги извршуваат задачите и должностите во надлежност на ...

Првиот пациент со малиген меланом од Србија веќе е во Москва за да ја прими новоодобрената вакцина против рак со mRNA. Професорот д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки од Крагуевац, кој воспостави соработка со професор Сергеј Бољевиќ во Москва, ја потврди таа информација за Нова.рс и истакна дека пациентот ќе започне со терапија во наредните недели, што ќе трае речиси пет месеци. Пред неколку дена, руското Министерство за ...

Уште во првата недела од повикот околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер во износ од 15.300 денари, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Како што соопштуваат од Министерството, Андоновски на гостување во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, се осврнал на проектот наменет за студенти којшто го предводи Министерството за дигитална трансформација во соработка со други институции и нагласил ...

Постојат луѓе кои поседуваат навистина фасцинантна способност – штом еднаш ќе видат некого, речиси никогаш повеќе не го забораваат неговото лице. Може да поминат години од првата средба, но тие и понатаму ќе го препознаат човекот без ни малку двоумење. Овие луѓе се познати како „супер препознавачи на лица“, а истражувањата покажуваат дека нивниот талент не е нешто што се учи со вежбање, туку претежно вродена способност. Како изгледа тоа во ...

Утре почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден ...

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Ремзи Мифтари од Гостивар, кој има правосилна затворска казна од 10 години за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци во 2019 година, кога загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Според информациите, гостиварскиот суд пред неколку дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на Мифтари за спроведување на казната во Идризово. Полицијата не го затекла на адресата ...

Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштение од партијата на пензионери. „Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување се уште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни ...

По обилните дождови кои ја погодија целата територија на Албанија, поплавени се околу илјада домови и над 1500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани се стотина семејства, оштетени мостови а регистрирана е и една жртва. Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби при Националната агенција за цивилни вонредни состојби, го објави прелиминарниот преглед на ситуацијата. -До сега најпогодени се регионите ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Ако барате брз, нутритивно богат и заситувачки десерт или ужина што ќе ви даде енергија во текот на денот, овие домашни протеински плочки се одличен избор. Подготвени од природни состојки, богати со здрави масти, растителни влакна и витамини, тие се идеални за оние кои сакаат нешто вкусно, а сепак здраво. Комбинацијата од овесни снегулки, јаткасти плодови и мед создава совршен баланс меѓу слатко, крцкаво и неодоливо кремасто. Дополнително, ...

На 23 ноември 2025 година, околу 10:30 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ѓ.А. (55) од селото Беловиште. Тој бил затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, од каде одзел пари, информираат од МВР. Според полицијата, лицето се сомничи дека во изминатите шест месеци извршил неколку тешки кражби во верски објекти на подрачјето на Гостивар. Осомничениот е ...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија што ќе ги испита околностите и институционалното постапување за повеќе трагедии во земјата: пожарот во дискотеката во Кочани, пожарот во модуларната болница во Тетово, несреќата на „Дурмо турс“ во Ласкарци и несреќата на „Беса Транс“ во Бугарија. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека иницијативата ја поддржале 77 пратеници и дека целта не е ...

Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија, раководена од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. . Сите наставници од овие училишта учествуваа во дефинирање и на Декларацијата за пристапување и заедничко дејствување, каде се обврзаа дека во училиштата ќе се негува принципот на ненасилна и отворена комуникација, без дискриминација по ниту една основа, се наведува во соопштение на „Меѓаши“. Водени од вербата ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 11 степени. Од вторник до сабота, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
58%
1006
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
81%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.11
91%
1015
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
70%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
36%
1003
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.58
78%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72

Сребро

3663.67

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Калај

49.78

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51