На Универзитетската клиника за очни болести изминатиот период успешно биле реализирани 16 трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Оваа посета на експертите од САД претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги ...

Учениците во Македонија ќе се запознаваат со ризиците од употреба на мало и лесно оружје преку кампања на ОБСЕ за подигнување на јавната свест која почна денеска. На почетниот настан во Скопје се обрати министерката за образованеи и наука, Весна Јаневска, која меѓу другото истакна: „Кога училишната средина е мирна и хармонична, фокусот на учениците е насочен кон резултати од учењето. Младите го развиваат натпреварувачкиот карактер преку ...

Вчера (23.03.2026) во 18:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар.“, извести полицијата. По наредба ...

ОКТА соопшти дека го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април годинава и дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24-ти март 2026 година. „Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода ...

Во Општина Гостивар, успешно е реализиран проектот за реконструкција на локалната улица во село Балин Дол, со вкупна должина од 1.427 метри, информираа денеска од Владата на Република Македонија. „Проектот опфати поставување нов тампон, асфалтирање, уредување на банкини и нивелирање на шахтите, со што се обезбедува поквалитетна и безбедна патна инфраструктура за жителите. Со реализацијата на овој проект се унапредува мобилноста на локалното ...

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за ...

Едноставен појадок од само три основни состојки станува сè попопуларен меѓу спортистите и луѓето кои се грижат за здравата исхрана. Станува збор за таканаречениот „Budwig“ појадок, кој комбинира посно сирење, ладно цедено ленено масло и мелени ленени семки. Овој рецепт го носи името на германската биохемичарка д-р Јохана Будвиг, која се занимавала со истражување на улогата на есенцијалните масни киселини, особено омега-3, во здравјето на ...

Во Евротип, и кога ќе промашиш – можеш да добиеш. Во класичното обложување, правилата се строги – еден промашен натпревар значи изгубен тикет. Без разлика дали си погодил 5, 10 или 20 натпревари, исходот е ист: заминуваш без добивка. Но, не и во Евротип. Токму Евротип ја менува играта и ја редефинира логиката на обложувањето. Наместо „сѐ или ништо“, овде постои и трета опција – да добиеш, дури и кога не е сѐ погодено. Реален пример го ...

Општина Гостивар извести дека утре (вторник) ќе започнат работите за продолжување на реконструкцијата на булеварот „Браќа Ѓиновски“ на левата страна од влезот во Гостивар. Според најавата, работите ќе се одвиваат од кружниот тек кај раскрсницата со ул. „Седек Костовски“ до раскрсницата со ул. „Шуматовска“. „Во текот на изведбата на работите, сообраќајот ќе се одвива со редуциран режим. Ве повикуваме да ја почитувате привремената сигнализација ...

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детална контрола на боледувањата на вработени во МВР со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив, има неправилности во издадените боледувања (околу 37 отсто), односно околу 100 боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни (околу 20 отсто). Ова денеска го соопшти ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, која ќе важи од полноќ (24 март 2026 година). Според одлуката, дизелот поскапува за 3,5 денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети. Со тоа новите малопродажни цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 денари, Екстра лесно масло за домаќинство – 92,00 денари, а мазутот ќе ...

СВР Тетово информира дека вчера (22.03.2026) во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од полицијата. СВР Тетово информира дека вчера (22.03.2026) во 12:45 ...

Вчера (22.03.2026) во 17:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека настанал пожар во помошен објект (штала) во двор од куќа во Голема Бањица, гостиварско, сопственост на Ф.Ш.(70). Објектот целосно изгорел, а биле зафатени и три бандери, сопственост на ЕВН – Македонија. Повредени лица нема, а попожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, информира СВР Тетово. Извршен бил увид. Вчера (22.03.2026) во 17:05 ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во остиварскиот регион ќе биде во интервал од 3 до 12 степени. Утре (вторник) нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во среда ќе ...

Светскиот ден на поезијата се одбележува секоја година на 21 март, ден посветен на зборот, ритамот и тишината што зборува меѓу стиховите. Овој ден е прогласен од UNESCO во 1999 година, со цел да се поттикне читањето, пишувањето и изучувањето на поезијата, како и да се зачува нејзината уникатна улога во културата и општеството. Поезијата не е само уметност, таа е начин на гледање, чувствување и преживување. Таа ги надминува јазичните и ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) во сообраќајни контроли на патиштата низ земјава биле регистрирани 1699 сообраќајни прекршоци. Од нив 476 биле за непочитување на пропишаната брзина на движење. МВР соопшти дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, ...

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи дека донесена е и одлука за прогласување на кризна состојба на ...

Ноќеска 30 минути после полноќ во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. Полицијата наведува дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Ноќеска 30 минути после полноќ во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода ...

Вчера (21.03.2026) во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријавил дека бил измамен од А.И. за сума од 2700 евра. „Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола. Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту ...

Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела спречи увоз на околу 50 тони небезбедна храна на граничните премини. На Ќафасан бил запрен увоз на 27 тони говедско мелено месо од Парагвај, бидејќи потекнувало од објект кој не е одобрен од АХВ и не ги исполнувало безбедносните стандарди, што претставува ризик за здравјето на потрошувачите. Дополнително, забранет бил и увоз на 22 тони ореви од Казахстан поради несоодветно означување и ...

Ги пренесуваме последните настани регистрирани во полицискиот билтен на гостиварското подрачје врзани со сообраќајот: На 21.03.2026 во 23:00 часот во Гостивар на ул. „Боге Велјаноски“, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Л.Ф.(22) од Чегране, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Питарница“, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал, ...

Вчера (20.03.2026) во 18:00 часот на патот Тетово – Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ф.(40) од Ѓурѓевиште. „При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Г.Н. нема возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде се слават Четириесете Севастиски маченици, Младенци. Утрово во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и надлежниот Митрополит ...

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен ...

Дали конечно е откриен Banksy, човекот (или можеби групата) зад некои од најпознатите улични дела, графити низ светот? Иако не е официјално потврдено, повторно има силни тврдења дека идентитетот на Banksy е откриен. Истрага на Reuters тврди дека Бенкси е Robin Gunningham, човек од Бристол. Наводно, тој подоцна го сменил името во „David Jones“ за да остане анонимен. Но, Бенкси никогаш не го потврдил својот идентитет. Неговиот адвокат ги ...

Денешницата е напната од утро до мрак. Парадоксално, никогаш не сме имале повеќе алатки за олеснување на животот, а никогаш не сме биле поуморни и постресни. Причините за оваа напнатост се повеќеслојни. Брзината на живот, постојаната изложеност на информации, несигурноста, како и притисокот „да се биде продуктивен“ создаваат состојба во која мозокот речиси никогаш не одмора. Дури и кога телото мирува, мислите продолжуваат да трчаат. Но, ако ...

Смислата за хумор не е само талент, таа е комбинација од искуство, интелигенција, емпатија и храброст. Најчесто, најсмешните луѓе не се оние со најлесен живот, туку оние кои научиле да го гледаат светот од повеќе агли и да изберат да се насмевнат. Што вели психологијата, кои луѓе најмногу развиваат смисла за хумор и како општеството ги гледа? Еден од најчестите профили на луѓе со силен хумор се оние кои искусиле предизвици, загуба, стрес, ...

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се празнува на 20 март (петок), во Гостивар се одржа координативна средба меѓу претставници на гостиварското Муфтиство и Министерството за внатрешни работи, со цел навремено преземање мерки за зачувување на јавниот ред и мир за време на празничните денови. Средбата се оствари меѓу Муфтијата Х. Сабахудин еф. Зендели и референтите на Муфтиството, Берат Абдули, независен инспектор за ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (18.03.2026) во 23:40 во ОВР Гостивар, Е.Н.(47) од Неготино полошко, пријавила дека во периодот од 15.03.2026 до 18.03.2026 од нејзиниот дом во два наврати биле одземени пари. „Според пријавеното, одземени се околу 3.000 евра, пари кои ѝ биле доделени од верници за помагање на семејства на кои им е потребна помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, информираат од полицијата. СВР Тетово соопшти ...

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што и формално ја презеде функцијата. Савески во изјава за медиумите ги повика јавните обвинители да продолжат со извршување на своите законски обврски, нагласувајќи дека секој обвинител постапува самостојно по предметите. „Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по предметите. Заедно со нив сигурен ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.11
66%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
66%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.01
79%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.13
88%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.24
82%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.82
98%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
39%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.28
64%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.88
58%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
57%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
61%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.77
100%
1017
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.4348

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Алуминиум

3.39

Паладиум

40284.89

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Бакар

12.75

Злато

134937.98

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Сребро

2121.92

Калај

53.40