Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Компанијата OpenAI објави дека ќе воведе нови алатки за родителска контрола во ChatGPT, во услови на зголемени дебати за влијанието на вештачката интелигенција врз менталното здравје на младите. Во објава на својата страница, компанијата наведува дека функциите се наменети да им помогнат на семејствата во поставување здрави правила за користење на четботот. Родителите ќе можат да ги поврзат своите сметки со оние на своите деца, да ограничат ...
Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост –СЦДП (CRDP) денеска објави дека најмалку 21.000 деца во Појасот Газа страдаат од некаков вид инвалидитет како резултат на војната меѓу Израел и Хамас која тарее речиси две години. Околу 45.500 деца претрпеле „повреди поврзани со војната“, додава комитетот на ОН составен од експерти кои се состануваат двапати годишно во Женева. ЦРДП истакнува дека Израел мора да спроведе посебни мерки за ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко ...
На 2 септември 2025 година во 17:05 часот во ОВР Гостивар, 19-годишниот Џ.Ј. од село Добридол пријавил дека истиот ден околу 15:30 часот во угостителски објект во селото, негов сограѓанин Ј.М. со употреба на сила му ги одзел клучевите од патничко возило „Рено Твинго“ со тетовски регистарски таблички. Според пријавата, осомничениот потоа противправно го одзел возилото и го продал во отпад за стари возила. По преземените мерки на полицијата, ...
Кандидатот за градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани и носителот на листата за советници Ваљдет Џафери од Национална алијанса за интеграција, денеска ја имаа својата прва заедничка активност врзана со претстојните Локални избори. Тие беа во обиколка на централното подрачје на градот, која ја организираа женските форуми и подмладокот на партиите. „Поминавме низ централниот дел на градот, разговаравме со еснафот и со граѓаните. Ги прашавме за ...
Модриот патлиџан е богат со антиоксиданси и штити од ризик од срцеви заболувања. Суровиот модар патлиџан е нискокалоричен, па затоа може да помогне во слабеењето. Се одгледува низ целиот свет и е познат главно по својата виолетова боја, но се појавува во многу форми и бои. Подолу кои здравствени придобивки ги имаме од модриот патлиџан. Помага во контролата на тежината Модриот патлиџан, поради неговата ниска содржина на јаглехидрати, може да игра ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми, преку соопштение излезе со критики кон актуелната локална власт и кон најавите за идни проекти од страна на в.д. градоначалникот и кандидат за нов мандат, Ваљбон Лимани. Во реакцијата проектите како реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиновски“, изградба на нов мост кај судот, уредување на центарот на градот, подземна гаража кај општината и реквалификација на градскиот парк ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија предлогот ...
Извршниот одбор (ИО) на СДСМ на седница даде согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државава за претстојните локални избори. Членовите на ИО донесоа одлука Оливера Ливриниќ да биде кандидат за градоначалник на општина Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија, Благој Илиев за општина Конче. Кандидат за градоначалник на општина Кратово ќе биде ...
Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната. – Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија ...
Четириесет и двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да се управуваат општините европски, партијата сега чекори кон историска победа на локалните избори закажани за 19 октомври, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари. На крајот на четвртата година од претходните локални избори ...
Висар Адеми, денеска официјално поднесе кандидатура за градоначалник на Општина Гостивар во Општинската изборна комисија. Тој претходно најави дека ќе влезе во трка за градоначалничкото место како независен кандидат. „Зад мене не стои партиско лого, ниту ме придружува партиски лидер, туку граѓаните се со мене. Не се кандидирам само за да победам на изборите, туку за да го трансформирам Гостивар во подобро место.“, изјави Адеми, кој е ...
Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија за МИА. ДИК, како што посочуваат од Комисијата, има одлична соработка со сите релевантни институции ...
Соработката меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ во рамки на новата коалиција Национална алијанса за интеграција за Гостивар веќе беше најавена, а сега почнаа и првите поофицијални состаноци на двете политички страни околу Локалните избори. Вчера беше одржана координативна средба меѓу високи претставници на партиите на локално ниво на која се разговарало за предизборните активности и листата со кандидати за советници со која ќе настапат заеднички на ...
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...
Вчеравечер свечено беше отворено 64-тото издание на Меѓународниот поетски фестивал-Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата почна со палење на Фестивалскиот оган и читање на антологиската Т`га за југ на Константин Миладинов, а продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“, на кое настапија поети од различни меридијани и култури, пренесувајќи ја својата поетска мисла во градот на мостовите. Во духот на традицијата, претходно во Паркот ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска предупреди дека човештвото се соочува со избор меѓу мир и војна, додека ја предводеше најголемата воена парада во историјата на Кина. На свеченоста во Пекинг, одржана по повод 80-годишнината од поразот на Јапонија во Втората светска војна, почесни гости беа рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. На плоштадот Тијананмен пред повеќе од 50.000 гледачи, Си порача дека Кина ...
Еден од најопасните делови на Атлантикот, сместен помеѓу Флорида, Порторико и Бермуда, е предмет на неверојатни теории, од улогата на вонземјаните во исчезнувањето на бродовите до теории со други димензии кои „голтале“ авиони и луѓе во оваа област. Сепак, некои експерти тврдат дека причината за сите овие бродоломи има логично објаснување – океанографот д-р Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон верува дека решението не е во сферата на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР. Денес владее сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина. Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3. Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка ...
Вчера (1.09.2025г.) во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово. СВР Тетово информира дека тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар. Кај него биле пронајдени предметите и биле вратени на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...
Добриот ноќен сон е клучен за целокупното здравје, поддржувајќи сè, од когнитивната функција и регулирањето на хормоните до метаболизмот и имунолошкиот систем, велат експертите. Но, ако не се чувствувате добро одморени и сте немале добар ноќен сон, тоа не значи дека следниот ден е залудно потрошен. Не мора да се предавате на заморот, но можете да преземете неколку едноставни чекори за да ви помогнат да ја вратите енергијата, да останете присутни ...
Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен ...
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, ќе го пропушти остатокот од Европското првенство поради руптура на тетивата и заминува во САД на рехабилитација, соопшти Кошаркарската федерација на Србија. Богдановиќ ја заработи повредата на натпреварот против Португалија во второто коло од групната фаза. Во координација со неговиот клуб, Лос Анџелес Клиперс, одлучено е тој да се врати во САД и да започне подготовка за новата ...
Согласно член 2, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 150/21, 251/22, 91/23, 30/24 и 74/25), износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува во согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година. Последен пат, висината на сумата за субвенционираниот оброк се промени во 2023 година од 120 на ...
Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно спогодбата со Министерството за образование и наука, каде ќе се зголемат платите кумулативно ...
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес беше во посета на Лакавица, кадешто во текот на летниот распуст беше извршена реконструкција на објектот на основното училиште „Единство“. „Денес го посетивме основното училиште „Единство“ во селото Лакавица, каде што одблиску ги видовме инвестициите што беа направени за време на летото-речиси целосна реконструкција на објектот за да се обезбедат подобри услови за учениците. Исто така, ...
Основното училиште „Единство“ во Гостивар ги дочека учениците во новата учебна година во подновено руво. Изминатиот период во училиштето се реализираа неколку зафати за подобрување на условите за настава и работа. Извршена е комплетна замена на подот и поставени со нови прозорци. На првиот училишен ден во посета на училиштето беше градоначалникот Ваљбон Лимани, кој на првачињата им посака среќа и им подели подароци. „Им посакувам среќа и многу ...
Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот ...