Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државниот удар во Киев во 2014 година, поддржан од западните сојузници на Украина. Тој додаде дека ги цени напорите на ...
Почнуваат обуките за наставниците, кои од второ полугодие во секој предмет ќе ја применуваат и ќе ги учат учениците за вештачката интелигенција. Во моментов ќе се обучува репрезентитавен примерок на наставници од едно училиште, по што овие наставници понатаму ќе треба да ја прошират мрежата за обучување на наставниците, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска од Општина Кисела Вода, каде што одговараше на прашања, за ...
Сите сакаме кожата да ни остане мазна и затегната што е можно подолго, но брчките се појавуваат со текот на времето. Сепак, дерматолозите велат дека постојат едноставни и изненадувачки трикови кои можат да го забават овој процес и да го направат лицето да изгледа посвежо и помладо. Не станува збор за скапи третмани, туку за мали навики кои навистина можат да помогнат со помалку формирање брчки – од положбата во која спиете, до кремот што го ...
Лиметата е цитрусно овошје познато по својата зелена кора, сочна пулпа и кисел вкус. Помала и позаоблена од лимоните, расте на зимзелени грмушки или дрвја високи 4-6 метри, со ароматични лисја и миризливи цветови. Покисела и посвежа од лимоните, лиметата е омилена во кулинарскиот свет за подобрување на вкусот на пијалоци, јадења, салати и коктели. Иако има помалку витамин Ц од лимоните, таа е богата со антиоксиданси и фитонутриенти. Лиметата ...
Новата 2025/2026 учебна година денеска започна навреме и без поголеми проблеми во сите основни и средни училишта на територијата на Општина Гостивар. Претходно, училишните раководства ги извршија потребните подготовки за непречен старт и одвивање на образовниот процес, како генерално чистење и дезинфекција на објектите. Први септември секогаш е највозбудлив и најрадосен за дечињата кои тргнуваат во прво одделение. Според податоците од Секторот ...
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 12 до 30. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре (вторник) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се искаќи до 34 степени. Во среда ...
Училишното ѕвонче денеска го означува почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ...
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа околу 500 лица, а над 1.000 се повредени, објави државната авганистанска телевизија РТА. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на Министерството за информации изјави за ...
Американскиот производител на автомобили „Форд“ повлече речиси 500.000 возила во САД поради проблем со системот за сопирање, соопшти денеска Националната управа за безбедност на сообраќајот (НХТСА). Повикот за повлекување се однесува на теренецот „Форд Еџ“ произведен помеѓу 2015 и 2018 година, како и на луксузниот „Линколн МКХ“ од периодот 2016-2018 година. Според официјалниот извештај, можното пукање на цревото во системот за сопирање на ...
Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија, стои во соопштението на Левица. „ДПМНЕ ја користи тезата за растот на реалната плата од 6,7% како доказ дека наводно народот живее ...
Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир ќе трае до 14 септември. Покрај Тампере, градови и земји домаќини се: Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска). Ова е трет пат четири земји да бидат организатори на ЕП и тие автоматски се квалификуваа за завршниот турнир. Дебитант на Европските првенства е Кипар, а титулата ја брани ...
Утре (1 септември) почнува учебната 2025/2026-та година. Изминатиот период низ основните и средни училишта на територија на Општина Гостивар беа извршени подготовки и зафати за успешен старт на новата учебна година. Како што оценуваат од општината, училиштата подготвено ги очекуваат учениците и првото училишно ѕвонче. „Пред почетокот на новата учебна година, основните и средните училишта на општината се дезинфицирани и подготвени за 1 септември. ...
Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места. Силниот ветер предизвика и материјална штета. Според досегашните информации во невремето нема евидентирани повредени лица. Паднати кровови од згради има во Чаир, во Ѓорче ...
Жедта е обично јасен сигнал дека на вашето тело му недостасуваат течности – ако сте се потеле многу или едноставно сте пиеле многу малку во текот на денот, неколку голтки вода ќе ја изгаснат. Сепак, што ако сте жедни цело време, без разлика колку вода пиете? Не треба да ја игнорирате постојаната жед, бидејќи таа може да биде резултат на посериозна медицинска состојба што го нарушува балансот на вода или сол во телото. Ако пиете доволно вода и сè ...
Шеќерот, или глукозата, е еден од главните извори на енергија во телото, но премногу шеќер или премногу честото консумирање може да има негативни последици по здравјето. Шеќерот почнува да влегува во крвотокот во рок од неколку минути по јадењето и обично се елиминира од телото во рок од два до три часа, иако точното времетраење зависи од неколку фактори и варира од личност до личност. Кога јадете или пиете нешто што содржи шеќер, вашиот ...
Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во Кавадарци, смета дека темата со тоа дали ќе има или нема да има учебници од оваа година ...
Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е „злото“, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Таравари. „Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДС го гледале неговиот блок како посакуван ...
На 76 годишна возраст почина доајенот на македонското новинарство од Гостивар, Киро Кипроски. Блиски пријатели, роднини, сограѓани и колеги се простуваат од него преку социјалните мрежи со оддавање почит кон неговиот лик и дело. Кипроски со новинарство се занимаваше над пет и пол децении. Првите чекори ги направил во „Наша просвета“, а како средношколец и студент соработувал со „Млад Борец“ и „Студенски збор“. Работел за „Нова Македонија“, ...
Алијансата за Албанците потенцира дека злото на ВРЕДИ не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ, порачува во пишано соопштение до медиумите Крилото на Таравари на Алијансата за Албанците. „Со нивните антиалбански политики, овие партнери секојдневно го користат и експлоатираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците. ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување за дестабилизација на времето. УХМР нагласува дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладне, во текот на ноќта и утре претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана ...
Центарот за управување со кризи информира дека има активни шест пожари, а четири се под контрола. Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште каде гори сува трева, кај селото Копаница во општина Сарај каде исто така гори сува трева, како и кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане. Активни пожари има и во велешко кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско поточно кај ...
Минатата недела Управата за јавни приходи (УЈП) спровела вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани ...
Со Предлог на буџетот на Собранието на Република Македонија за 2026 година, кој денеска помина на Буџетскиот Совет на Собранието, планирани се 677.300.000 денари за платите и надоместоците на плати за вработените, пратениците и функционерите во Собранието. Предлог-буџетот на Собранието треба да ја добие поддршката на пратениците на пленарна седница. -По потпрограми планирани средства за следните намени – за Потпрограма 20 за реализација на ...
Во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1 процент во одделот Телекомуникации, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во истиот период, информира ДЗС, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0, 7 проценти. Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7 проценти, ...
Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде имплементиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава. Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар. Информираше дека измените во законот за безбедност во ...
Времето денеска (петок) ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 15 до 34 степени. Викендов нѐ очекува дестабилизација на времето. Утре (сабота) попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на ...
Хируршките интервенции за намалување на висината стануваат нов тренд во турските клиники, една од водечките дестинации за медицински туризам во регионот, објави телевизијата СиЕнЕн-Турк. Според весникот „Поста“, Турција е сè попопуларна за естетски операции за намалување на висината, особено меѓу жени кои својата висина ја сметаат за недостиг или имаат различна должина на нозете.Турските клиники нудат процедури во кои, со скратување на фемурот и ...
Сите се плашиме да станеме таа личност – онаа од која другите страдаат, а не онаа што ја очекуваат со нетрпение. Вистината е дека сите ние сме биле во таа улога понекогаш, најчесто несвесно. Психологијата покажува дека луѓето знаат како да ја сокријат непријатноста со убави зборови, но телото и малите сигнали честопати го кажуваат спротивното. Овие знаци се мали, речиси незабележливи. Тие се гледаат со половина секунда задоцнување, во насмевка ...
Утрово на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света Литургија во Лешочкиот манастир. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: „Денешниот празник, на некој начин е продолжување на чествувањата и прославувањето на Воскресението на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Затоа, светата Црква не тагува, туку се радува. Се ...