Грција ќе вложи 24,6 милиони евра во целосна надградба на граничниот премин Евзони – Богородица, со цел да се олесни движењето на патници и возила и да се намали времето на чекање. Проектот, кој официјално стартува на 12 август 2025 година и треба да заврши до крајот на 2027 година, предвидува подобрување на инфраструктурата, патната мрежа и условите за пасошка и царинска контрола. Грчките власти нагласуваат дека преку Евзони годишно поминуваат ...

На гостиварското подрачје сѐ уште трае трендот на намалување на бројката на деца во училиштата. Училишните клупи се се‘ попразни, ученици има помалку. Секоја година, Советот на Општина Гостивар гласа за одлука со која дава согласност да се формираат паралелки во училиштата со помалку од 24 ученици, што е пак законскиот минимум. Тоа се однесува и на основните и на средните училишта. Ваква одлука беше донесена и на вчерашната седница на Советот. ...

Вчера (22.08.2025г.) во 12:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(48) од Гостивар, патничко возило „пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р.(38) од Република Србија и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(67) од Скопје. Во несреќата ...

Жените од руралните средини се столбот на земјоделското стопанство, но нивната улога и труд не се доволно вреднувани и ценети. Секојдневно се исправени пред бројни најразлични предизвици, за чие надминување неопходна е поголема поддршка од институциите и заедницата, како и зголемување на јавната свест за проблемите и препреките со кои се соочуваат. Ова се дел од заклучоците кои беа истакнати на манифестацијата „Да ја продолжиме традицијата“ која ...

На гостиварското подрачје сѐ уште трае трендот на намалување на бројката на деца во училиштата. Училишните клупи се се‘ попразни, ученици има помалку. Секоја година, Советот на Општина Гостивар гласа за одлука со која дава согласност да се формираат паралелки во училиштата со помалку од 24 ученици, што е пак законскиот минимум. Тоа се однесува и на основните и на средните училишта. Ваква одлука беше донесена и на вчерашната седница на Советот. ...

Викендов на небото ќе се појави ретка астрономска појава позната како „црн месец“, што се случува на секои две до три години. Според пресметките, феноменот ќе го достигне својот врв на 22 август 2025 година во 06:00 часот по македонско време, додека втората фаза на младата месечина ќе настапи на 24 август во 08:06 часот. „Црн месец“ е популарен термин кој означува втор млад месец во ист календарски месец. За разлика од полната месечина, кога ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2025 година изнесувала 45.468 денари, што претставува зголемување од 8,4 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Според податоците, најголем пораст на платите е забележан во секторите образование за 14,7 проценти, здравствена и социјална заштита за 12,7 проценти и рударство и вадење камен за 12,2 проценти. Намалување на просечната нето-плата во ...

На 21 август 2025 година во 14:40 часот, во СВР Тетово 79-годишна жителка пријавила дека била измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, таа била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа и се здобила со тешки повреди, поради што била потребна итна операција. Жената, верувајќи во приказната, парите ги фрлила од својот балкон на ...

Секоја година гостиварските градинки бележат голем интерес од родителите за упис на дечињата, што доведува до создавање на долга листа на чекање. За да се одговори барем на дел од барањата и потребите, установата е принудена да презема мерки за проширување на групите. За таа цел, денеска на седница на Советот на Општина Гостивар беше дадена согласност за зголемување на бројот на деца по групи. Како што информираше директорката на градинките, ...

Гостиварскиот Совет на денешната седница ги усвои Плановите за вработување во Општина Гостивар, Јавните претпријатија „Комуналец“ и „Русино“, како и во Јавната установа „Детска радост“ во чиј склоп се градинките. Како што беше појаснето, согласно законските одредби годишните планови за вработување треба да се донесат и усвојат од Советот до 1 септември. „Во планот на Општина Гостивар, според систематизацијата предвидени се две работни места, ...

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство. Операцијата беше во ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 14 до 29 степени. Утре (сабота) во западните делови од земјава ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе ќе услови опаѓање на дневната температура до околу 25 степени. Во недела, исто така ќе биде ...

Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Вкупните депозити на домаќинствата во јули ...

Од денеска до 18 август во Галичник ќе се одржи 36. Ликовна колонија Галичник 2025. Организаторите на Ликовната колонија информираат дека тема на годинашното издание е Постмеморија – Одек на тишината, инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации. ...

Минатата недела (од 11 до 17 август), Управата за јавни приходи спровела вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите биле реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена ...

Во текот на жешката сезона најчестата грешка што ја прават возачите е неправилната употреба на климатизацијата во автомобилите. Експертите предупредуваат дека само една лоша навика може сериозно да ја зголеми потрошувачката на гориво, да го забрза абењето на деловите и да предизвика скапи дефекти. Во продолжение шест клучни совети за да избегнете непотребни трошоци и да го продолжите животниот век на вашиот клима уред. Вентилирајте го ...

На 20 август на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 83 прекршоци, од кои 31 возач (16 во Тетово и 15 во Гостивар) за непрописно паркирање, а 11 возила (9 во Тетово и 2 во Гостивар) биле подигнати со специјално возило „пајак“. Покрај тоа, биле евидентирани и санкционирани уште 52 други видови сообраќајни прекршоци (27 во Тетово и 25 во Гостивар). СВР Тетово ...

Општина Кичево, според деталната родова анализа изготвена во рамки на проектот „Гласот на жените од руралните средини“ на Здружението на жени фармери „Моја фарма“ Гостивар, се соочува со сериозен недостиг на родово сензитивен пристап во своите програмски документи и активности. Анализата покажува дека ниту една од главните општински програми – за локален економски развој, социјална заштита или за еднакви можности – нема воспоставено систем на ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше (кај село Церово). Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на Церово горат нискостеблеста ...

Бројот на неухранети деца во Појасот Газа од март годинава е зголемен за три пати, покажуваат податоците на ОН објавени вчера. Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци-УНРВА (UNRWA), вчера на X внапиша дека „само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети“. „Ова не е природна катастрофа. Ова е глад предизвикан од човекот што може да се спречи“, рече Лазарини. Бројките на УНРВА се ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци ...

Од 2026 година во Турција станува задолжително поставувањето на надворешни и внатрешни камери, уреди за следење и аларм-копче во сите регистрирани возила, согласно измените во законот објавени во турскиот „Службен весник“, пренесува ТРТ Хабер. Според регулативата, изготвена од Управата за копнен сообраќај, роковите за примена на мерката варираат во зависност од годината на производство на возилата. За возилата произведени меѓу 2023 и 2025 ...

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес – еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување – објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите кај возрасните луѓе. ...

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ АЛФА, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи дека за овој инфраструктурен проект државата доби грант од Европската Унија со кој наскоро ќе започне изработката на физибилити студии. -Ние вчера на седница на Влада прифативме грант од 5,3 милиони евра, кој што е доделен од страна на ...

Владата апелира до сите државни институции да го пријават бројот на службените возила во Регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел да се спречат евентуални злоупотреби во текот на кампањата за локалните избори. Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска истакна дека сите институции имаат обврска да ги достават податоците. Таа потсети дека досега во Регистарот се пријавени 1916 возила и увери дека ќе се ...

Општина Гостивар информираше дека во сабота (23.08.2025 година), ќе започнат градежните работи за изградба на улицата „Панче Поповски“, на делницата која се протега од објектот на „Гетро“ до крстосницата со улицата „Беличица“, кај градскиот пазар. „Поради изведувањето на овие работи, упатуваме апел на сите граѓани однапред да ги отстранат своите возила од оваа зона, со цел да се овозможи непречено и безбедно реализирање на градежните ...

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е 25 август 2025 година. До денеска, како што наведуваат, само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска. УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до ...

На 19 август 2025 година во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на село Сретково. Според пријавата, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(54) од Охрид, излетало од коловозот и удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Ј.(52) и сопатникот С.Ј.(25), додека со телесни повреди се ...

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација, активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и градежни активности главно за ...

Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство. „Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68