Вчера (7.03.2026) во 20:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода П.Б.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека, додека се движеле со патничко моторно возило во Гостивар, физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка, информира СВР Тетово. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Вчера (7.03.2026) во 20:10 часот во Гостивар, полициски ...

Вчера (6.03.2026) во 22:20 часот на патот Тетово-Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Горно Седларце, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е малолетник и го управувал возилото без положен ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. „Од кривичната пријава како и од ...

Вчера (6.03.2026) во 14:20 часот во Врапчиште, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле З.А.(51) од селото. „Тој се сомничи дека во текот на 2025 година на неговата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, тој го оштетил нејзиното патничкото возило, ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов работнички протест на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција во Работничкиот дом, посочи дека ваквата одлука за продолжување на синдикалната борба на улиците доаѓа по, како што рече, игнорирањето и ...

Вчера приквечер на вториот петок од Велигденскиот пост, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското намесништво, во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар отслужи Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. По отслужувањето на втората статија од Акатистот Митрополитот г. Јосиф кон верниот народ се обрати со пригодна беседа на која меѓудругото ...

Неколку месеци од одржувањето на Локалните и на повторените избори за градоначалник, ангажираните во избирачките одбори на подрачјето на Општина Гостивар сѐ уште не го добиле надоместокот кој законски им следува. Изминатите денови до нашата редакција пристигнаа реакции од повеќе граѓани кои биле дел од Избирачките одбори со прашање до општината кога ќе им бидат исплатени хонорарите што ги изработиле како во текот на деновите од изборниот ...

Ентомолозите проценуваат дека на Земјата постојат помеѓу 24.700 и 26.000 видови пчели, но значителен дел од нив сè уште не се научно опишани. Досега науката регистрирала околу 21.000 видови, што значи дека уште 4.000 до 5.000 видови остануваат да бидат откриени. Според научниците, со сегашното темпо на истражување ќе бидат потребни 32 до 45 години за да се опишат сите постојни видови. Пчелите (Anthophila) имаат клучна улога во опрашувањето на ...

Времето денеска (петок) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 16 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи утре (сабота) ќе преовладува претежно сончево време со максимална дневна темепратура до 16 степени. Во недела променливо облачно, на одредени места со услови за слаб локален ...

Во услови на нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток и размена на напади во регионот, вниманието на меѓународната јавност повторно е насочено кон ракетниот арсенал на Иран и неговите воени капацитети. Анализите на безбедносните експерти се фокусираат на дострелот на иранските балистички ракети, кои претставуваат еден од клучните елементи на воената стратегија на земјата. Според јавно достапни податоци и инфографика објавена од ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (6 март) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година. Поради тоа забележлив е метеж пред дел од банките и банкоматите од кадешто граѓаните ги подигнуваат парите. „Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за ...

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на здравството деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, а министерот за здравство Азир Алиу денеска ги претстави новините во законското решение. „Со ова законско решение се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој ...

Управата за јавни приходи информира дека за скенирани фискални сметки во четвртото тримесечје од 2025 година, на трансакциските сметки на 521.263 корисници на апликацијата МојДДВ исплатени се вкупно 917.518.916 денари по основ на поврат на ДДВ. Од УЈП напоменуваат дека во моментов 4.966 корисници кои имаат скенирано фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира. „Апелираме до сите ...

Повеќе од 10 години во руиниран објект на Институтот за јавно здравје во Скопје се чувале околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето и безбедноста на луѓето. Станува збор за отпад создаден при лабораториски анализи: исцедоци од различни тестирања и хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Дел од материјалите биле лесно испарливи и запаливи, што значело потенцијална опасност од хаварија. ...

Еден натпревар беше доволен да ја промени судбината на тикет со потенцијална добивка вредна над 2.000.000 денари. Дуелот Реал Мадрид – Хетафе го одреди исходот и за многумина ваква ситуација би значела само едно – тикет „за малку“, без утеха и без поврат. Но не и во Евротип. Со користење на клуб картичка и Cash Back опцијата, приказната не мора да заврши со разочарување. Дури и кога еден натпревар ќе ја промени насоката на целиот тикет, ...

Вчеравечер на 60 годишна возраст во Гостивар почина Благојче Трпевски, поранешен пратеник во македонското Собрание и поранешен член на Советот на Општина Гостивар. Трпевски беше градежен инженер, магистер по технички науки од областа на градежништвото, при Градежниот факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, а работеше во Јавното претпријатие за државни патишта. Од Општинската организација на СДСМ Гостивар, чиј член беше и ...

На листата на планирани прекини на електричната енергија во следниот период се наоѓаат улици и делови од подрачјето на Гостивар. Како што известуваат од Електродистрибуција прекините се поради работи на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Планирани прекини: 6 март од 9 до 15 часот: ул.„Браќа Блажевски“ и ул.„143“ 9 март од 9 до 15 часот: ул.„Браќа Блажевски“, „Никола Тесла“, „Душко Поповиќ“, „Ристо Оџаклиески“, „Раде ...

Секој месец истата приказна: доаѓа платата, сметките се плаќаат, ќе купиме нешто со изговор „само ова“, па уште нешто ситно и одеднаш сме на средина од месецот со тенок паричник. Според статистичките податоци најмногу пари одат за храна, домување и режиски сметки. Тоа се основни потреби. Но, токму тука често трошиме повеќе отколку што мислиме и повеќе отколку што реално ни е потребно. Секојдневно кафе/пијалок во локал Ако секој ден плаќате ...

Заврши реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски“ во централниот дел на Гостивар, проект кој опфати уредување на коловозот и интервенции во подземната инфраструктура. Станува збор за улица со должина од околу 250 метри, каде покрај асфалтирањето, извршени се зафати и на атмосферската канализација и водоводните цевки. За време на реализацијата на овој проект, за прв пат е поставена и мрежата Геогрид, современа технологија која се користи ...

Ноќеска во 01:40 часот после полноќ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода П.Б.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот, ја оштетил покуќнината и на родителите им упатувал закани со остар предмет, информира СВР Тетово. Полицијата информира и дека во 05:40 часот наутро во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.А.(24) од гостиварско, ...

Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди два кандидата кои продолжуваат во процедурата за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Членовите на Комисијата со која претседаваше пратеничката Дафина Стојаноска, заменик претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го прифатија предлогот на пратеникот Беким Ќоку, кандидатите Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово и ...

Вчера (4.03.2026) во 18:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Гостивар. „При контрола во патниот сообраќај на ул.„Иво Лола Рибар“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал во спротивнa насока и по преземени мерки било констатирано дека Ф.А. го управувал возилото и без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено и по ...

Денеска (04.03.2026), во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровела акциска контрола на подрачјето ОВР Гостивар со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Како што информира МВР, при контролата изречени се вкупно 59 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив шест за измината важност на сообраќајната ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...

„Податоците покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години во Македонија користат некаков тутунски производ. Ова е највисок процент забележан досега.“, алармира Министерството за здравство од кадешто додаваат дека потребата на тутун кај младите останува сериозен јавноздравствен предизвик. Последното истражување што го спроведе Институтот за јавно здравје покажа користењето електронски цигари кај учениците двојно се зголемило ...

Државните резерви на нафта и нафтени деривати се стабилни и обезбедуваат сигурност во снабдувањето за граѓаните и стопанството, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Од таму, посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на меѓународните нафтени пазари и можните геополитички ризици. Агенцијата за задолжителни нафтени резерви МАКОРА континуирано ги следи и одржува државните резерви со цел да се обезбеди ...

Ретка астрономска појава вечерва на небото: Целосно помрачување на Месечината, познато и како „крвава Месечина“. За време на целосното помрачување, Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината, така што нашата планета ја блокира директната сончева светлина. Дел од светлината сепак минува низ атмосферата и ја осветлува Месечината со црвеникав зрак, што ја прави да изгледа „крваво“. Според проекциите, целосното помрачување веројатно нема да ...

Блискиот Исток се соочува со значително дипломатско повлекување на САД поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Американските власти започнаа евакуација на дипломатски персонал и на дел од своите државјани од повеќе земји во регионот. Според информации од Стејт департментот, веќе се затворени неколку амбасади и најмалку една конзуларна служба, а наредено е повлекување на дел од дипломатскиот персонал и нивните семејства од шест земји. ...

На денешната седница на Собранието на Република Македонија беа избрани новите заменици министри за одбрана и образование, Адмир Шабани и Дритон Сулејмани. Новоименуваните заменици министри дадоа и свечена изјава со кој асе обврзуваат дека ќе ги извршуваат своите должности со интегритет, професионализам и во согласност со Уставот и законите на земјата. Шабани и Сулејмани се кадар на Коалицијата Вреди. Тие во Собранието беа изгласани со 71 глас ...

Вчера (3.03.2026) во 21:23 часот на регионален пат Гостивар – Градец, во Топлица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Џ.К.(63) од Добридол, гостиварско. „При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Џ.К. со патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
60%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
90%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97