Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани преку завршно видео обраќање во кампањата за Локалните избори упати повик до граѓаните со право на глас да не се двоумат да го искористат, при што истакна: „Гостиварци мои!Кампањата заврши. Одлуката е ваша. Ве поканувам оваа одлука да ја изразите со вашиот глас во недела. Сите вие што имате право на глас, искористете го без двоумење! Колку повеќе ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми во завршното обраќање од кампањата ги повика граѓаните да го искористат своето уставно право да гласаат и како што рече да ја изберат иднината на својот град. „Дали денес сме подобро отколку пред осум години кога размислуваме за отпадот, кучињата скитници, корупцијата, економијата и перспективите за нашата младина?. Време е за вистинска промена и за лидер кој работи за ...

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, од вкупно 309 кандидати за градоначалници низ Македонија, само 32 се жени, што претставува само 10,4 отсто. Ова ја отсликува ниската застапеност на жените на највисоките позиции во локалната власт и покажува дека во повеќе од две третини од општините нема ниту една жена кандидат за градоначалник, соопшти денеска Националниот совет за родова рамноправност (НСРР). Од НСРР изразуваат ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде се одвива имунизацијата против грип на населението и тој прими вакцина. -Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги повикувам ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај на телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител ...

Во пресрет на „Локалните избори 2025“ Министерството за внатрешни работи соопшти дека континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. „Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност ...

Времето денеска (петок) ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 9 до 12. Според прогнозата на УХМР, во сабота времето ќе биде променливо ...

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во ...

СВР Тетово информира дека вчера (15.10.2025) во 23:50 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате лишија од слобода 44-годишник од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека околу 20:00 во домот физички ја нападнал нивната малолетна ќерка, при што ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по целосно ...

Американската компанија „Опен-АИ“, создателот на „Чет-ГПТ“, најави дека во декември ќе понуди верзија на својот четбот со содржина ориентирана кон возрасни корисници. Според изјавата на извршниот директор Сем Алтман, новитетот ќе биде достапен за верификувани возрасни и ќе вклучува материјали како еротика, во рамките на принципот „третирај ги возрасните корисници како возрасни“. Со оваа промена, „Чет-ГПТ“ ќе се приближи до конкурентите како ...

ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска упатија повик за отворање на сите премини во Појасот Газа за да се овозможи испорака на повеќе хуманитарна помош, откако ќе стапи на сила прекинот на огнот. -Според информациите што ми се достапни, не сите премини во Газа се отворени за хуманитарна помош. Ова е главниот проблем во моментов и ова е она што хуманитарните работници, вклучително и Црвениот крст, го бараат во последните часови, ...

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на ...

Најголемата вредност на пашканатот лежи во неговата ниска калорична вредност, високата содржина на витамин Ц и богатството на минерали, но и во неговите исклучителни лековити својства, кои се потврдени и во народната медицина и во современите истражувања. Витамини, минерали, низок ГИ: Пашканатот е погоден и за луѓе со висок шеќер во крвта Листовите од пашканат се особено богати со витамин Ц. Дури и мала количина може да обезбеди до 50 проценти ...

Денеска почна имунизацијата против сезонски грип во Гостивар, која се спроведува во просториите на гостиварската епидемиолошка служба од подрачното одделение на Центарот за јавно здравје. За ризичните групи обезбедени се бесплатни вакцини, а закажувањето се врши преку апликацијата vakcinacija.mk и матичните лекари. „Од утрово почнавме со вакцинација, интерес има. За денес се закажани 120 лица, од кои половината веќе дојдоа и примија вакцини. Со ...

Во рамки на предизборната кампања за Локалните избори 2025, СДСМ вечерва одржа централен митинг во Гостивар. „За Гостивар немаме кандидат за градоначалник, но имаме нешто еднакво важно, чесна, посветена и силна листа за советници. Некој ќе каже, немаат кандидат за градоначалник, зошто сега советничката листа е важна. Затоа што советот на општината е срцето на локалната демократија, таму се носат одлуки за секојдневниот живот на граѓаните, таму ...

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар почна изведување на ортопедски операции во ортопедски оддел. За таа намена обезбедена е и опремена нова хируршка сала според современи стандарди. „Денеска е историски ден за гостиварската болница и за сите граѓани на нашиот регион. За првпат овде започнуваат операции на ортопедскиот оддел, што е огромен чекор напред во здравствената заштита што ја нудиме на нашата заедница. Со отворањето на овој ...

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, и почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми, денеска во центарот на градот ги претстави петте главни ветувања со кои, како што рече, ќе се определи новиот правец на развој на општината. Петте ветувања што ги претстави Адеми се: „Чистење од корупција – воспоставување транспарентна и професионална општинска администрација, дигитализација на процесите и замена на партиските вработувања со стручни кадри. Чистење од отпад – итно ...

Средношколци од сите делови на државата до 26 октомври можат да се пријавуваат за главната награда за најдобрата бизнис идеја во Македонија – „Средношколец милионер“. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта, кои можат да се пријават самостојно, во пар или во тим до шест члена. Од „Бреинстер“ информираат дека стотици средношколци од сите делови на државата веќе ја пријавиле ...

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска беше во Гостивар, на увид во градежните работи на ул„Мара Угриновска“ во делот каде се врши реконструкција со средства од владиниот повик за поддршка на општините. „Драго ми е што проектот за поддршка на локалната самоуправа се одвива добро. Имаме сериозна поддршка за Општина Гостивар, од првиот повик минатата година вкупната ...

Секојдневниот живот денес вклучува постојано префрлување помеѓу различни дигитални платформи и апликации – од читање и испраќање е-пошта, известувања, видео повици, до следење на училишните и личните обврски користејќи го вашиот телефон или компјутер. Таквиот постојан тек на прекини и транзиции помеѓу мислите и апликациите го исцрпува мозокот бидејќи не е еволутивно прилагоден за брзо префрлување на фокусот од еднo на другo. Иако лесно можеме да ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (13.10.2025) во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 69 годишниот гостиварец С.Т.. -Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан” со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под дејство на ...

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна ...

Членот на музичкото дуо ДНК, Владимир Блажев – Панчо, почина денеска по долгата борба со тешките повреди здобиени во пожарот што се случи на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Смртта на Панчо ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде информираа дека ќе биде издадена наредба за обдукција, имајќи предвид дека постапката за него беше привремено прекината поради неговата здравствена состојба. – Длабоко сочувствуваме до ...

Иако не можете целосно да спречите појава на настинка, постојат начини да ги ублажите симптомите и да го скратите времетраењето на болеста. Обидете се да пиете топла вода со лимон и мед, одмарајте се доволно и останете топли и суви. Кога ќе ги почувствувате првите знаци на болест, лековите и исхраната богата со хранливи материи исто така можат да помогнат. Во просек, возрасните настинуваат два до три пати годишно, а секоја трае околу седум дена. ...

Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската конференција ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за ...

На 12 октомври 2025 година, околу 19:50 часот, на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ѓ.М.(24), С.Т.(39) и Р.Т.(19), сите од Гостивар. СВР Тетово соопшти дека претходно, во 15:00 часот, во ОВР Гостивар, А.Т.(43) од Гостивар пријавила дека по семејна расправија настанала физичка пресметка, при што нејзината ќерка Ј.Т. се здобила со тешки телесни повреди, потврдени во гостиварската ...

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.24

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Калај

40.11

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88