Белград
12ᴼ /
11ᴼ
На државава и се потребни 56 години за да го стигне европскиот просек во однос на стандардот и условите на живеење, покажува извештајот подготвен од страна на осум организации од Западен Балкан којшто е фокусиран на приближување на земјите од регионот кон Европската унија. Сепак, постојат многу фактори кои можат да го забрзаат овој процес, но за тоа е потребно да се завршат работите дома, односно да се спроведат клучните реформи коишто ќе дадат ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 4 до 17 степени. Според метеоролошката прогноза, утре (вторник) ќе владее облачно време, додека во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе биде постудено со максимална дневна температура од 15 степени. Во четврток и петок времето ќе биде сончево, а дневната ...
Според првичните официјални податоци кои ги објави Државната изборна комисија, излезноста на Локалните избори во Општина Гостивар изнесува 33,31%, што покажува дека цензус од една третина (33,33%) од изборите за градоначалник не е исполнет и тоа за само дваесетина гласа. Во ваков случај законот предвидува повторување на целиот изборен процес, а изборите треба да бидат распишани во рок од 60 дена. Во меѓувреме Владата именува повереник за вршење ...
Во Општина Врапчиште не се постигна потребниот цензус од една третина гласачи за избор на градоначалник и изборите ќе се повторуваат. Таму, кандидатот на НАИ, Исен Шабани освои 6.050 гласа, додека Мехмет Сефери од Влен 467. Излезноста е 25,18%. За советници не е потребен цензус. Според објавените податоци од ДИК во општина Врапчиште, резултатот од гласањето за избор на советници е следен: НАИ 5.050 Влен 632 ДПТМ 762 Советот на Општина Врапчиште ...
Салото на стомакот не е само естетски проблем – тој често е поврзан со хормоните, стресот и начинот на живот. Иако нема брзо решение, малите и конзистентни промени во дневните навики можат да донесат видливи резултати. Клучот е во рамнотежата помеѓу исхраната, вежбањето и одморот, што експертите го нагласуваат како основа за здраво губење на маснотиите. Еве неколку навики што би можеле да придонесат за губење на маснотиите на стомакот. Редовни ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври ...
Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има ...
Државната изборна комисија утрово ги објави првичните резултати и освоени мандати на гласањето за советници. Според податоците од ДИК, во Гостивар листата на НАИ освои 12.750 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 4.982, Влен 3.127, ДПТМ 2.665 и СДСМ 1.169 гласа. Останатите партии кои имаа свои советнички листи за гостиварскиот совет добија помалку гласови од минимумот и не влегуваат во Советот. НАИ има 12 советнички места, ВМРО-ДПМНЕ има 5, Влен 3, ДПТМ 2 и СДСМ ...
Според податоците на Државната изборна комисија во Општина Маврово Ростуше не е постигнат цензус на денешните локални избори. Правото на глас го искористиле 30,31% од вкупниот број на избирачи, додека цензусот е третина-33,33%. Изборите за градоначалник ќе се повторат. На изборите во оваа општина има 10.568 граѓани со право на глас, од кои гласале 3.203. Неважечки се 131 ливче. Кандидатот на Коалицијата предводена од СДСМ, Анес Ахмети освои ...
МВР информира дека вчера (18.10.2025) во 16:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.К.(44) од с.Леуново, гостиварско и О.Б.(43) од гостиварско Долна Бањица поради основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. „Подоцна, со судска наредба извршен е претрес во домот и други помошни простории каде живее О.Б. во Долна Бањица, при што се пронајдени и ...
Ова се резултатите од гласањето за членови на Советот на Општина Гостивар кои ги објави ДИК, со досега обработени 87% од избирачките места: ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА 1,23% 288 НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ 45,88% 10.771 Коалиција предводена од СДСМ 4,53% 1.063 ЛЕВИЦА 2,30% 539 КОАЛИЦИЈА ВЛЕН 11,29% 2.651 Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 19,33% 4.537 ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од НАИ, Ваљбон Лимани го оствари правото на глас на гласачко место во ОУ „Единство“ при што даде изјава за медиумите. „Го искористив правото на глас заедно со моето семејство. Се надевам дека секој што има право на глас ќе излезе и ќе гласа и со тоа нашиот избор ќе биде појасен. Верувам дека ќе имаме мирна атмосфера и коректни избори и на крајот нека победи најдобриот. Се надевам дека ќе заврши сѐ ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Себаедин Даути по остварување на правото на глас на гласачко место во селото Равен, изјави: „Го искористив моето граѓанско право на глас, тоа е уставно и демократско право. Денес е голем ден за граѓаните на Гостивар. Сите масовно да излезат и самоволно да одлучат за својот глас, без притисоци, од срце. Да го дадат гласот за иднината, доброто и перспективата на Гостивар. Денес ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми утрово го искористи своето право на глас на гласачко место во ОУ „Исмаил Ќемали“ по што изјави: „Ова е многу убав ден за Гостивар. Синоптичарите рекоа дека ќе биде врнежливо, но гледаме дека времето е убаво. Сите граѓани да излезат да гласаат, затоа што со моќта на гласот, ќе одлучат кој ќе ги води во следните 4 години. Тоа е демократијата. Да посакам среќен ден, се надевам ...
Според податоците кои ги објавува Државната изборна комисија, во Општина Гостивар до 15 часот на гласање излегле 17.350 лица, што е 20,95% од вкупниот број на избирачи. Како што истакнаа од ДИК на прес конференцијата попладнево, до сега нема пристигнато приговори за неправилности на избирачките места и гласањето на Локалните избори тече непречено. Во Општина Гостивар гласањето се одвива на 121 избирачко место, кадешто право на глас може да ...
Вчера (18.10.2025) во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје. „Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен.“, ...
Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките ...
Читањето и другарувањето со книгите е од големо значење за човековиот живот и развој и особено е важно да се негува од детска и млада возраст. Ова беше потенцирано на денешната работилница наменета за средношколци, која се одржа во просториите на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, под наслов „Зошто книгите се наши најдобри пријатели?“ „Читањето книги има позитивно влијание, особено од психолошки аспект, личниот развој, развојот на ...
На територијата на Општина Гостивар утрово во 7 часот почна гласањето за Локалните избори 2025, потврдија за Gostivarpress.mk од Општинската изборна комисија. Според информациите од ОИК, со исклучок на едно избирачко место во Србиново, сите останати избирачки места биле отворени навреме и гласањето се одвива непречено. „На избирачко место во село Србиново има технички проблем и се работи на негово отстранување“, известија од ОИК Гостивар. Во ...
Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање ...
Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Во Избирачкиот список се запишани 1 832 415 избирачи кои треба да гласаат на 3474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница 147. отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџaл Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, Адис ...
Глобалниот прехранбен гигант „Нестле“ објави дека во следните две години ќе отпушти околу 16.000 вработени ширум светот, како дел од сеопфатна програма за реструктурирање насочена кон зголемување на оперативната ефикасност и намалување на трошоците. Од вкупниот број, приближно 12.000 отпуштања се однесуваат на административни и професионални позиции, додека остатокот ги опфаќа работните места во производството и во синџирот на снабдување. ...
Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, ...
Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 ...
На Локалните избори граѓаните гласаат за членови во Советот на општината и за градоначалник. Според Законот за локална самоуправа, надлежности на Советот се: Законот ги определува следните права и должности на членовите на советот: (1) Членовите на советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на советот и на неговите постојани или повремени комисии. (2) Членовите имаат право на седницата на советот да даваат ...
Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Градот Скопје вкупната бројка ...
Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор. Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба ...
Заврши изборната кампања за Локалните избори 2025 и на полноќ почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври. Правилата за изборен молк важат од 18 октомври, заклучно со 19:00 часот на 19 октомври. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета ...
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Левица, Дарко Грујоски во завршната објава од изборната кампања подвлече: „Педесет илјади иселени, град претворен во руина, град преполовен во број на жители. Пријатели, роднини и соседи чии лица веќе не ги гледаме и гласови не ги слушаме, освен преку социјални мрежи. Беда и сиромаштија… Тоа е сликата од нивната „грижа“ за нас во овие 30 години. Зошто Левица? Затоа што Левица е пркос, а не занес. Левица ...