Македонија се најде меѓу 50-те земји во светот со најголем број фудбалери кои настапуваат во странство во последните пет години, покажува најновиот извештај на CIES Football Observatory, еден од најрелевантните меѓународни центри за фудбалска статистика. Според анализата што го опфаќа периодот од 2020 до 2025 година, 182 фудбалери родени во Македонија играле надвор од државата, од кои 180 настапувале во европските лиги. Со оваа бројка, ...

Од полноќ започна предизборниот молк пред повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, кои ќе се одржат во недела (11 јануари). За време на изборниот молк е забрането: јавно претставување и промовирање на кандидати, одржување митинзи, собири и други јавни настани со изборна содржина, објавување и споделување пропаганден материјал, платено политичко рекламирање во медиумите. Медиумите се должни да ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани вечерва ја заокружи предизборната кампања за повторените избори со завршен митинг. Во своето обраќање тој кажа дека оваа кампања била најуспешната во Гостивар до сега и упати благодарност до граѓаните, своите соработници и семејството. „Од срце ви благодарам за поддршката и за идејата на оваа Алијанса. Добро е што сме денеска тука, обединети, со радост и чувство на голема ...

На полноќ завршува изборната кампања за повторените избори за градоначалник в недела на 11 јануари во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк ќе трае до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација денеска се дистрибуираат до Општинските изборни комисии, а оттаму ќе бидат подигнати од ...

Цените на угостителските услуги во месец декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 3,5 проценти, објави денеска Државен завод за статистика. Во однос на ноември-декември 2025 година, цените не бележат промени на месечно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година, во периодот од јануари до декември, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти во споредба на истиот ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година. – Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска можат ...

Вчера (8.01.2026) во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј.(30) и И.Н.(30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција, соопшти СВР Тетово. Извршен бил увид од јавен обвинител и полициска увидна екипа. Вчера (8.01.2026) во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено ...

Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2 463 677 171 денари или 39 993 684 евра. Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46%), Италија (18,7%)и Косово (8,8%). Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од минус пет до четири степени. Утре (сабота) ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. ...

Согласно членовите 132, 132а и 133 од Изборниот законик, на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари, не е потребен цензус за излезност, односно минимум една третина од запишаните гласачи. За избор на градоначалник доволно е еден од кандидатите да добие повеќе од половината гласови од излезените избирачи (50% + 1 глас), правило што важи и за општина Центар Жупа, каде што учествува само еден кандидат. Доколку ниту еден ...

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу гостиварските села Форино и Тумчевиште е тешко прооден, информираше утрово Центарот за управување со кризи. Од таму додаваат дека за состојбата се известени Општина Гостивар и Полициската станица Чегране. Според информациите од ЦУК, забележано е излевање на Лакавичка река во Мало Турчане и на Сушичка река во Горна Бањица. За настаните се известени надлежните институции и службите за итно ...

Зимата може да биде особено тешка за оние чии тела се постојано ладни. Чувството на треска и пецкање во прстите може да ги направи секојдневните активности мачни, а понекогаш загревањето на вашиот простор едноставно не е доволно. За среќа, постојат докажани стратегии кои можат да ви помогнат да останете топли и пријатни, дури и кога надвор е смрзнувачко. Во продолжение практични начини да се загреете ако постојано ви е ладно. Внесете доволно ...

Регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип во периодот од 29 декември и 4 јануари, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти, покажуваат ...

Подземни паркинзи на неколку локации, подземен премин во центарот, рекреативни зони, простори за културни настани, детски катчиња се дел од проектите коишто денеска ги презентираше кандидатот за градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани. „Презентираме конкретни проекти кои имаат за цел да го трансформираат Гостивар во функционален, зелен и отворен град за сите, каде модерната инфраструктура коегзистира со рекреативни и културни простори. ...

Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија. Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и подароци, Државна лотарија сака да дополни магија во празничниот период и да подари дополнителни можности за радување, со многу дружење, смеа, музика и радост за љубителите на интернет игри на среќа, но и за сите над 18-годишна возраст. Во рамките ...

Изборната кампања за повторените избори за градоначалници во четири општини во Македонија влегува во завршна фаза. Кампањата трае до утре (9 јануари) на полноќ кога ќе настапи предизборен молк што ќе биде на сила до крај на гласањето, во недела во 19 часот. Кандидатите ги користат последните денови за интензивни активности на терен, со цел да ја придобијат довербата на граѓаните. Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Национална алијанса ...

За два сантиметра се зголемени нивоата на Преспанското и Дојранското Езеро во однос на вчерашниот ден, а покачување од еден сантиметар е измерено кај Охридското Езеро. Како што информира УХМР, зголемувања на водостоите бележат и реките, некои дури и двојно, па и тројно повеќе од вчера измерените вредности. Водостојот на Црна Река кај Новаци утрово во 7:30 часот бил 270 сантиметри, а вчера изнесувал 78, Вардар кај Велес денеска е 140 ...

Поради врнежи од снег утрово во 05.15 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на ...

По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. По пријави преку 112, евидентирани се излевања на реката Вардар ...

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Нациналната алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани во рамки на предизборната кампања денеска со својот тим беше на средби со граѓани и во посета на локални мали бизниси. Тој подвлече дека ваквите средби се важни за да се слушне гласот на народот и оцени дека добиваат позитивен фитбек од граѓаните: „Денеска сме во градското подрачје во директен контакт со граѓаните и со малите бизниси за да слушнеме ...

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Возљубени празникољупци, Еве, повторно стоиме пред тајната на Божик – пред тајната на Божјото доаѓање на земјата. Кога човештвото и сиот свет беа обвиени во гревовна темнина, Бог не остана ...

Утрово, на празнувањето на големиот православен празник на Христовото Раѓање-Божик, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Божествена Златоустова Литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Верници од сите возрасти ја исполнија црквата заедно да се радуваат и да го слават рождествто на спасителот Исус Христос. На литургијата беше прочитано и Божиќното послание од Архиепископот на МПЦ-ОА г. г. Стефан, ...

Вчера (6.01.2026) во 21:35 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари” ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција. „Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен” со ...

По повод големиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф упати честитка до верниците од Тетовско – гостиварската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија. „Браќа и сестри, дозволете ми од мое лично име и од името на чесното свештенство, на сите верници на Тетовско-гостиварската православна епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране, 21 литар на метар квадратен, по што следуваат Тетово, 19, Попова Шапка, 17, Маврови Анови, 11, Охрид, 6, Крушево, 5, Лазарополе, 3, Берово, Претор и Пожар, 2, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Тополчани еден. Управата за хидрометеоролошки работи УХМР информира дека не се регистрирани минусни утринси температури. Измерени се 0 степени на Попова Шапка, 3 Kрушево, Лазарополе и Mаврови Анови, 6 ...

Гостивар утрово пулсираше во духот на православната традиција за празникот Бадник, предвесник на Христовото раѓање. Во овогодинешната бадникова поворка се вклучија голем број на деца од различни возрасти, кои заедно, со песни и насмевки, пренесоа пораки на љубов и сплотеност и внесоа светла, позитивна атмосфера низ гостиварските улици. Најмладите и годинава го одржаа симболот на континуитетот и важноста празниците да се слават заедно, со ...

Вчера (5.01.2026) во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од Врапчиште, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира СВР Тетово. Исто така, вчера во 13:25 часот во ОВР Гостивар е пријавено ...

Денеска (05.01.2026) околу 08:50 часот, на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И. (35) од селото Вруток. Тој се сомничи дека во утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што биле одземени парични средства. Од МВР информираат дека кај лицето биле пронајдени и одземени дел од украдените пари. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно ...

Православните верници денеска го одбележуваат Бадник, денот пред Божик, очекувањето на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ангелите за раѓањето на Христа Спасителот. За добрата ...

Управата за јавни приходи започна пилот-примена на системот е-Фактура, како дел од дигиталните реформи во јавните финансии и даночната администрација. Системот треба да овозможи подобра даночна усогласеност, поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија. Во пилот-фазата се тестира АПИ интерфејсот кој ќе овозможи бизнис-софтверите директно и автоматски да разменуваат е-фактури со платформата на УЈП. Техничката ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.26
93%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51