Гостивар утрово се буди во бело. Паѓа снег со среден интензитет и веќе почнува да се формира снежна покривка. Според метеоролошката прогноза врнежните ќе продолжат повремено во текот на денот, а ќе владее доста студено време со максимална температура од 1 степен. Снежни врнежи има и во останатите делови од земјава. Пообилни се на запад каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до ...

Според метеоролошките прогнози времето утре (среда) ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во наредните денови следува ...

Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има и на средбата меѓу ...

МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки кои им пристигаат на мобилните телефони, мејловите и социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач „MVR-SC“, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат ...

Новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани денеска официјално го започна својот четиригодишен мандат на чело на општината. На своето работно место до градоначалничкото столче дојде придружуван од сопругата и трите ќерки, претседателот на Советот Ваљдет Џафери, соработници, сопартијци, а пред општината пак се случи кратка церемонија со пречекување и честитки од поддржувачи и администрацијата. Градоначалникот даде ветување ...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката, бензините „Евросупер БС-95“ и „Евросупер БС-98“, како и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за 1,5 денар по литар, додека „Евродизелот“ поскапува за 2 денари. Новите цени ќе изнесуваат: „Евросупер БС-95“ – 72 денари за литар „Евросупер БС-98“ – 74 денари за литар „Евродизел“ – 66,5 денари ...

Во Гостивар денеска по 12 пат од возобновувањето на традицијата, се организираше градско одбележување на големиот православен празник Богојавление Водици. За верниците од православна вероисповед празникот има големо духовно значење и секоја година манифестацијата во Гостивар носи заедничка радост и сплотеност. Како празник на духовното прочистување, Водици потсетува на важноста на верата, смирението и заедништвото, како и на потребата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди денеска дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“. – Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social. Тој наведува и дека ...

Државна лотарија изминатата година ја потврди својата улога како голем поддржувач на културата и спортот во Македонија. Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествената одговорност, компанијата ја демонстрира својата посветеност кон заедничкото добро и ја зајакнува својата позиција како активен член на општеството и партнер во неговиот развој. Преку одговорно приредување игри на среќа за граѓаните над 18-годишна возраст, ...

Македонската машка ракометна репрезентација одигра херојски натпревар против фаворизираната Португалија и освои бод по драматично реми 29:29 во второто коло од групната фаза на Европското првенство 2026, на дуелот одигран во Хернинг. Иако Македонија во второто полувреме заостануваше со пет голови разлика, избраниците на Кире Лазаров не се предадоа и со борбена игра и голем карактер успеаја да се вратат во мечот и да избегнат пораз. Во ...

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почна второто полугодие. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. -Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното ...

Крстот од водите на Вардар на Богојавеление-Водици во Гостивар годинава го извади Бобан Симјановски. Тој ја имаше најголемата среќа меѓу момчињата кои учествуваа во обичајот на фаќање на крстот во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник, кој масовно се чествува во Гостивар. Од верниците, кои и годинава ги имаше во голем број беа упатени честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба. Организациониот одбор му подари ...

Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -6 до 3 степени. Според Управата за хитрометеоролошки работи (УХМР), утре (вторник) преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински и дневни температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се ...

На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. -Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран навремено од страна на медицинскиот тим ...

„Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот, ќе го прати здравје и среќа во текот на целата година“. Во продолжение најсреќните учесници кои во изминатите години го извадија светиот крст. 2015 година По пауза од 70 години на возобновувањето на традицијата во Гостивар, Дарко Лавдинов во 2015 го послужи најмногу среќа и го фати светиот крст. 2016 година Од триесетината гостиварци кои скокаа по крстот во Гостивар, Горан Божиновски имаше ...

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска (24:36), македонската машка ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство 2026. Противник е селекцијата на Португалија, а дуелот се игра во Хернинг со почеток во 18 часот. Португалија во првото коло оствари победа над Романија со 40:34 и влегува во дуелот со улога на фаворит. Португалците на последните големи натпреварувања бележат добри резултати – на ...

Ноќеска во 2:38 минути после полноќ на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничкото возило „pасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (47) од Тетово. По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. Претходно, во 21:30 часот, во Жеровјане, општина Боговиње, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, сопреле патничко ...

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство, а противник е домаќинот и актуелен светски ракометен лидер Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена престојуваат во Данска, каде што во вторникот го одиграа и последниот контролен натпревар пред почетокот на шампионатот, во кој славеа победа против екипата на Митјиланд. Ова е ...

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, во акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа ...

Вчера (16.01.2026) во 13:00 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода Г.С. (32) од гостиварско село, по претходна пријава од неговата 27-годишна сопруга дека подолг период вршел психичко малтретирање врз неа, а на 13.01.2026 година околу 22:00 часот во нивниот дом во Гостивар, во присуство на нивните две малолетни деца, и се заканувал со остар предмет, соопшти СВР Тетово. Лицето било задржано во полициска станица за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, Крушево и Стража до 50 метри, Маврово до 40 метри, патен правец Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри и на патниот правец Тетово – село Лисец до 30 метри, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Како што информира Министерството за здравство, според јавноздравствените стандарди, пушењето е ...

Денеска е сабота, 17 јануари 2026 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 348 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 9 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 14 часот и 58 минути. Денеска е сабота, 17 јануари 2026 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 348 ...

Победникот на повторените избори во Општина Гостивар, Ваљбон Лимани попладнево го прими уверението за градоначалник од Општинската изборна комисија, со што официјално стапува на градоначалничката функција. Уверението му го врачи членот на ОИК Гостивар, Славче Димоски на свеченост која комисијата ја организираше во општинската сала. Новоизбраниот градоначалник во оваа прилика нагласи дека ова е голема одговорност пред граѓаните на Гостивар и ...

Вчера (16.01.2026) во 13:00 часот во ПС Гостивар 34 годишниот гостиварец С.А. пријавил дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. СВР Тетово извести дека се преземаат ...

Во Бигорскиот манастир утрово со утрена литургија и царски часови со изобразителна за Светото Богојавление почнаа богослужбите за големиот православен празник Водици. Бигорски го објави целосниот распоред на боголужби во наредните денови до Богојавление: Распоред на Богослужбите Петок (3/16 јануари) 6:30 Утрена богослужба 8:00 Царски часови со изобразителна за Светото Богојавление (според црковниот типик овој ден не се служи Божествена ...

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измените на медиумската законска регулатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата. Како што соопштуваат од АВМУ, со измените на медиумската легислатива од јули ...

Пластичните предмети со текот на времето ја губат својата оригинална белина. Столици за тераса, апарати за домаќинство, рамки за прозорци – сите тие минуваат низ истата трансформација. Белите површини постепено ја добиваат таа неубава жолтеникава нијанса што ги прави да изгледаат запуштени без разлика колку редовно ги чистите. Зошто се случува ова? Ултравиолетовите зраци на сонцето ги разградуваат хемиските врски во пластиката. Комбинацијата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1018
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.26
93%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1011
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Цинк

3.37

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Злато

159322.70