Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за членови на ...
Времето денеска (петок) наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе се спушти до 2 степени, а максималната ќе достигне 16 степени. Како што информира УХМР, за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени ...
Европската комисија денеска усвои одлука за воведување построги правила за издавање визи за руските државјани, што се објаснува како резултат на зголемените безбедносни ризици, саботажите и потенцијалната злоупотреба на визите. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас посочи дека ваквата одлука се носи во услови на најризична безбедносна средина во Европа во последниве децении предизвикана од руската ...
Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат испалтени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница, соопштија од Министерството за финансии. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со ...
Развивање здрави навики и редовна физичка активност се советите кои денес им беа пренесени на младите на предавање коешто се одржа во средното техничко училиште во Гостивар, по повод Светскиот ден на борбата против дијабетес, 14 ноември. Настанот го организираше здружението „When in Trouble“ со цел младите подобро да се информираат околу дијабетот, ризиците за неговата појава, како може да се превенира и слично. „Како здружение традиционално го ...
Светлосиниот дијамант „Мелон блу“ од 9,51 карат, поставен на прстен, е продаден за повеќе од 21 милион евра, на наддавање во Женева, Швајцарија, соопшти денеска американската аукциска куќа „Кристи’с“. Оваа луксузна уметност на природата со десетлетија ѝ припаѓала на Рејчел Ламберт Мелон (1910 – 2014) – позната и како Бани, американска хортикултурна инженерка, филантроп и колекционерка на уметнички дела, можеби најпозната по нејзиниот проект за ...
За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк(од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран ...
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, реагираше по објавувањето на конечните изборни резултати од Државната изборна комисија (ДИК), нагласувајќи дека законскиот рок за одржување на повторените избори во четири општини започнува од 29 октомври, а не од денот на конечното објавување на резултатите. Според него, од овој датум започнал да тече рокот од 60 дена за одржување на изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар ...
Државната изборна комисија попладнево усвои заклучок за конечност на резултатите од Локалните избори 2025 и заклучок за конечно завршување на изборите. Со објавување на конечните резултати од првиот и вториот круг, ДИК информира дека согласно чл. 31, Локалните избори 2025 заклучно со денес, 12 ноември се конечно и официјално завршени, и заклучокот стапува во сила на денот на донесувањето, беше речено на јавната седница на ДИК. Во однос на ...
Дефект во водоводната мрежа остави дел од Гостивар без вода. Граѓани од реон во близина на железичката станица, дел од ул.„Мара Угриноска“ и во текот на вчерашниот ден и утрово реагираа дека немаат вода. Според нивните кажувања чешмите им останале суви вчера наутро, вода дошло приквечер неколку часа, а потоа повторно снемало. Од ЈП „Комуналец“ велат дека причината е дефект во водоводната мрежа на чие санирање се работи. „Вчера во тој дел имаше ...
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница За граѓаните припадници на српската заедница За граѓаните припадници на ромската заедница За граѓаните припадници на влашката заедница ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги стартуваше мини подготовките за двата ноемвриски натпревари, контролниот дуел со Летонија в четврток во Скопје и завршниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, меѓу кои го нема повредениот Езџан Алиоски, додека во репрезентативниот табор се вратија Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан ...
Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ од Гостивар денеска потпиша нов меморандум за соработка со ЈОУДГ „Детска радост“, со што се продолжува проектот за покривање на трошоците за партиципација на деца од самохрани родители запишани во гостиварските градинки. Отворен е и нов јавен повик преку кој можат да се пријават дополнителни деца што ги исполнуваат условите за користење на оваа мерка. Повикот ќе трае 10 работни дена, ...
Во денешниот зафатен свет, способноста да се биде трпелив е поважна од кога било. Без разлика дали станува збор за мали секојдневни непријатности или големи животни предизвици, трпението може значително да го подобри менталното здравје, односите и целокупната благосостојба. Психолозите велат дека трпението е клучот за одржување рамнотежа и во тешки ситуации и во секојдневниот стрес. Со зголемување на вашата толеранција кон животните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија. -Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се неуспешни и потоа Владата ќе ...
Вчера (11.11.2025) во периодот од 20:00 до 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гостивар извршиле акциска контрола. „Притоа, во угостителски објект ул.„Илинднеска“, сопственост на И.Е.(52) од Гостивар, биле затекнати и приведени М.С.(31) од Албанија поради злоупотреба на туристички престој и Е.М.(37), исто така од Албанија, поради непријавен престој. ...
Воодушевувачки моменти од планински бескрај, единствени глетки на зајдисонца и изгрејсонца од висините и ред други природни убавини на македонските планини се прикажани во фото изложбата којашто вчеравечер беше отворена во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар. Бобан Китановски од планинарското друштво Трансверзалец успеал низ својот објектив да го раскаже 50-тото јубилејно поминување на првата македонска трансверзала Љуботен-Охрид, од над 200 ...
Од 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за ...
Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена самостојна изложба на дела од Емил Николовски насловена „Имагинација и реализам“. Пред љубителите на ликовната уметност беа поставени слики работени главно во техника масло на платно со карактеристичен авторски белег на имагинативен реализам. „Во моите дела го користам реализмот за да претставам сцени од мојата имагинација кои генерално се непостоечки. На пример, сцени од бајки, ...
Новиот состав на општинскиот совет на Гостивар ќе го има своето официјално оформување во петок, за кога е закажана конститутивна седница. Како што стои во Дневниот ред, по формирање на верификациона комисија и донесување одлука за верифицирање на мандатите на новите советници, ќе следува давање и потпишување на свечената изјава. Конститутивната седница ќе продолжи со одлуки за формирање на неколку комисии и тоа: Kомисија за финансии и локален ...
Буџетот на програмата за ретки болести треба да се зголемува како и во претходните години, бидејќи тоа е потребно за пациентите, апелираат од Здружението „Живот со предизвици“. Тие посочуваат дека буџетот се одредува на почетокот на годината и останува ист, испланиран е за постоечки пациенти и нема место за нови пациенти освен ако некој не почине. – Намален е буџетот на програмата за ретки болести и тоа не изненадува, бидејќи имаме нови ...
Кога станува збор за мед, тој не е само сладок додаток, туку е и многу корисен за телото – може да ги ублажи настинките, да го зајакне имунитетот. Сепак, важно е како го консумирате и со која храна го комбинирате, бидејќи во спротивно можете да направите повеќе штета отколку корист. Топол пијалок Иако медот често е засладувач за чај и други топли пијалоци, температурата на некои течности, како што се чајот или млекото, може да влијае на неговите ...
Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на ...
Празникот на градот, Денот на ослободувањето на Гостивар 18 Ноември, Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ќе го прослави со целовечерен концерт. Со овој концерт, друштвото ќе ја заокружи својата јубилејна сезона, односно годината во која одбележува 7 и пол децении постоење. Воедно ова ќе биде 783-ти настап пред домашната публика. „Настанот за првпат е целосно организиран во сопствена режија, без никаква институционална ...
Верувале или не, постојат некои сериозни придобивки од стареењето на кои не им се обрнува доволно внимание. Овие скриени придобивки од стареењето не само што можат да го променат начинот на кој го доживуваме процесот на стареење, туку и начинот на кој го живееме нашиот живот додека старееме. Ова не се само секојдневни придобивки. Ова се вистински трансформации кои можат да го променат нашиот поглед на стареењето. Треба да го направиме стареењето ...
Три тима од гимназијата во Гостивар влегоа во потесен круг за наградата од еден милион денари на националниот натпревар „Средношколец милионер“. Гимназијалците со своите бизнис идеи се пласираа меѓу најдобрите педесетина од вкупно 438 пријавени. Трите тима се UBV Sparks-Unspoken but Visible, кои претставија иновативната идеја за нараквица која ги менува боите во зависност од емотивната состојба за лицето кое ја носи, WowPopust – тим кој нуди ...
Либерално-демократската партија ќе предложи измени на Изборниот законик со кои ќе бара поверениците што Владата ќе ги назначи во општините во кои поради немање цензус не се избраа градоначалници, да не може да се кандидираат кога ќе бидат повторно организирани избори. – Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините ...
Ова е како пита, гибаница од карфиол, извонредно, вкусно и декоративно. Состојки: Подготовка: Исчистете го, измијте го и искинете го карфиолот на цветчиња. Додадете ги во врела вода околу 10 минути за да омекнат. Изматете ги јајцата, зачинете со сол и црн бибер, додадете ја павлаката и добро измешајте. Ако е премногу густа, додадете малку млеко. Извадете го карфиолот од водата, ставете го во намастен сад за печење и истурете ја смесата врз ...
Во натпреварот од 6. коло на кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, КК Гостивар загуби на домашен терен од МКК Куманово со резултат 65:79. Средбата се одигра вечерва во Спортската сала „Младост“ во Гостивар. Гостите од Куманово го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот, добивајќи ги сите четвртини (18:20, 17:21, 12:16, 18:22). Тимот на искусниот тренер Марин Докузовски ја потврди одличната форма и ја запиша петтата победа во сезоната. Кај ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на горивата. Според одлуката, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 74,5, односно 76,5 денари по литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар и ќе се продава по 72 денари ...