Белград
11ᴼ /
10ᴼ
На неполни две недели по локалните избори, на новоизбраните членови на Советот на Општина Гостивар им беа врачени уверенијата со кои се потврдува нивниот четиригодишен мандат. Документите им беа врачени од страна на Општинската изборна комисија на пригоден настан во салата во општината кадешто ќе се одржуваат седниците. „Му се заблагодарувам на градоначалникот Ваљбон Лимани што ни ги обезбеди сите услови за одржување на изборите, иако тоа е ...
Вчера (30.10.2025) во 13:00 часот полициски службеници од ПО Галате во Врапчиште го лишиле од слобода С.Ј.(51) од селото, а во 21:15 часот во ПС Гостивар сам се пријавил М.М.(32) од Чегране, во врска со претходна пријава дека организирале борби на кучиња во близина на Врапчиште. „Увид на лице место изврши екипа од ОВР Гостивар, при што биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело. С.Ј. и М.М. се задржани во полициска станица и по ...
Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра. Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за конфискација на имот. Едно лице е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава. ...
Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси еноксапарин (клексан) и надропарин (фраксипарин), кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. ...
Денеска е петок, 31 октомври 2025 година, 304-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 61 ден. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 10 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 13 часот и 56 минути, а нема да зајде ова деноноќие. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со облачни периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. ...
Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува ...
Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за ...
Многу луѓе мислат дека нема грешка: овошјето е здраво, полно со витамини и совршена ужина. Но, дури и со овошјето може да се претера. И додека можете да јадете зеленчук речиси без ограничување, овошјето треба да се консумира умерено, велат експертите. Еве како да препознаете дали јадете премногу од него. Често сте подуени Овошјето е богато со фруктоза, вид шеќер што телото не може секогаш лесно да го свари. Кај многу луѓе, вишокот фруктоза ...
Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени. Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања. Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата ...
СВР Тетово информира дека вчера (29.10.2025) во 15:50 часот на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(34) од гостиварско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба во обид“ казниво по член 236 од КЗ, пријавено истиот ден од М.С.(30) од Гостивар. Ф.И. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, наведува ...
Порака до жените редовно да вршат самопрегледи и да се грижат за своето здравје беше потенцирана вечерва на панел дискусијата која се одржа во Гостивар, по повод розовиот месец октомври посветен на борбата против карцином на дојка. Настанот го организираше хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ под мотото „Се грижиме, превенираме, делуваме“. „Оваа панел дискусија е посветена на жените борки, жените кои се борат со ракот на ...
Општинскиот огранок Националната Алијанса за Интеграција (НАИ) – Гостивар реагира по одлуките на Државната изборна комисија и Управниот суд, со кои беа одбиени нивните приговори за изборите во Гостивар. „По изборниот инженеринг и организираниот бојкот од страна на владејачките партии, кои вршеа притисоци и уцени врз граѓаните да не излезат на гласање, нивниот резултат беше минимален. Со само 21 глас разлика успеаја да го доведат целиот град до ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на дизел горивото. Ова е второ покачување на цената на дизелот неделава. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, и изнесува 70,00 ден/лит. Ќе важи од ноќеска на полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ...
Вчера (28.10.2025) во 12:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзината 16-годишна ќерка одредено време била психички малтретирана од нејзиното момче од Гостивар. СВР Тетово извести дека според пријавеното, тој ја следел и не ѝ дозволувал да комуницира со никого и да излегува од дома за да нема контакти со машки лица поради што нејзината малолетна ќерка имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување и ...
Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На граничен премин Блаце, како што соопшти денеска ...
Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се појави и во детската возраст, изјави проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија, ...
Дамките на тепих честопати можат да го уништат изгледот на вашиот дом и се вистинска главоболка за чистење. За среќа, постојат едноставни и ефикасни трикови што можете да ги испробате веднаш. Дамките од тепих можат да бидат фрустрирачки, но со неколку едноставни трикови, можете ефикасно да ги отстраните користејќи состојки што веќе ги имате дома. Еве неколку совети што можат да ви помогнат: Сол за апсорбирање на течности Ако истурите течност ...
Православната црква и верниците на 31 октомври и 1 ноември ја одбележуваат Митровденска Задушница – ден посветен на молитва за покој на душите на починатите. Гостиварското архиерејско намесништво ги информира верниците за распоредот на свештените лица на вечните почивалишта во Гостивар: „Дежурни свештеници во петок (31.10.2025) на старите градски гробишта ќе има од 10 до 14 часот, а на новите гробишта и најновата парцела во Млаки од 11 до 13 ...
Знакот @ денес го гледаме секојдневно – во е-пошта, на социјалните мрежи, во нашите кориснички имиња. Но, зад ова едноставно „мајмунче“, стои приказна стара илјадници години, која ги поврзува античките трговци со дигиталната ера. Од амфори до симбол на интернетот Иако @ изгледа како производ на современата технологија, неговото потекло води длабоко во античкото минато. Се смета дека потекнува од амфората — глинен сад кој старите Грци го ...
Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. -Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се ...
Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се ...
Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар. Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар. Отворениот ден, како што информираат од Министерството за ...
Во целиот рекански регион, Општина Маврово и Ростуше, утре пет и пол часа ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија. -Утре, 29 октомври, во период од 9:30 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите во реканскиот регион. Тоа поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар. Подрачјето на Река е дел од дебарското конзумно подрачје, ...
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР информира дека осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. „Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар ...
Силен земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4.2 степени. Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6.1 степен е ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за литар, ...
Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој се тврди дека од 2020 година речиси 4.500 луѓе биле сексуално злоупотребени од католички лица. Во извештајот се наведуваат изјави на жртвите, судски документи и медиумски извештаи. „Рете л’Абусо“ наведува дека поголемиот број од жртвите се помлади од 18 години односно 4.451 жртва била малолетна. Додека 4.108 жртви биле мажи, пет монахињи, ...
Научници од Универзитетот Монаш во Австралија спровеле истражување за начинот на кој отровните змии го напаѓаат и убодуваат својот плен. Поради нивната екстремна брзина, за снимање на нападите била потребна специјална камера што снима илјада кадрови во секунда. Истражувачите Силке Клеурен и Алистер Еванс, во соработка со колеги од Франција, ги проучувале движењата на 36 видови змии — од западни дијамантски ѕвечарки до смртоносни видови со груби ...
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...
Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. Меѓу приговорите три беа за Општина Гостивар, поднесени од Националната алијанса за интергација. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката ...