Државната изборна комисија денеска, на јавна седница со ждрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. На гласачкото ливче кандидатите ќе бидат распоредени по следниот редослед: 1.Стојанчо Радически – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2.Јовица Радески – Коалиција предводена од СДСМ 3.Душан Богдановски – група избирачи 4.Јакуп Усеини – коалиција ВРЕДИ 5.Арифе ...

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според донесената одлука на ДИК, Избирачкиот список се заклучува со вкупно 16.256 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список се запишани 15.798 избирачи, во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, се запишани 449 ...

Во пресрет на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, Државната изборна комисија потсетува дека болните и немоќните лица кои не се во можност да гласаат на своето избирачко место, треба навремено да поднесат известување до Општинската изборна комисија Брвеница. Крајниот рок за пријавување е 10 октомври, до 24 часот. „При пријавувањето е потребно да се достави: известување до ОИК и соодветен медицински доказ за болеста во ...

Според резултатите кои ги објави Државната изборна комисија, на вчерашните предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, најмногу гласови освои кандидатот од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радически, вкупно 2.945 гласови (38,89 %). По него е кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Аркин Јахиј со 2.152 гласа (28,45 %). Овие двајца кандидати влегуваат во вториот круг од изборите. За ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, вечерва одржа завршен митинг пред вториот круг од локалните избори, на кој упати пораки за заедништво, меѓуетничка почит и рамномерен развој на сите населени места во општината. Под мотото „Една Брвеница за сите“, Радичевски порача дека општината им припаѓа на сите нејзини жители, без оглед на етничката, верската или политичката припадност, нагласувајќи дека развојот не ...

Денес (31 октомври) се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. „Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на ...

27,81 отсто од запишаните гласачи во Општина Брвеница го оствариле своето право на глас до 13 часот, покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК). Според овие податоци, на гласање излегле околу 4.521 граѓанин од вкупно 16.256 запишани избирачи. Во споредба со првиот круг од локалните избори, излезноста во истиот период е повисока за 7,31 процентни поени, што укажува на поголема активност на гласачите. Гласањето се одвива во рамки ...

Европската комисија предлага нови правила за заштита на децата на интернет, со ограничувања за користење социјални мрежи, онлајн игри и одредени услуги со вештачка интелигенција. Предлогот го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во денешниот говор за Состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур. Според најавата, децата под 13 години не би имале пристап до социјалните мрежи, додека оние од 13 до 15 ...

Во Минхен денеска започнува 191. издание на Октоберфест, најголемиот народен фестивал во светот. На Терезиенвизе во следните 16 дена повторно ќе се соберат милиони посетители од Германија и од целиот свет, привлечени од баварската музика, традиционалните носии, храната, пивото и десетиците забавни атракции. Фестивалот годинава трае до 4 октомври. Традиционално, првото буре беше отворено во шаторот Schottenhamel, со што и официјално започна ...

Инфлацијата во еврозоната во септември достигна 3,8 проценти, наспроти 3,2 проценти во август, покажува прелиминарната проценка на Евростат. Тоа е највисоко ниво од септември 2023 година. Главниот двигател на растот се енергетските цени, кои во септември биле за 18,8 проценти повисоки од истиот месец минатата година. Во август нивниот годишен раст изнесувал 14,3 проценти. Поскапување има и кај храната. Инфлацијата кај храната, алкохолот и ...

Европа се соочува со нов бран социјални немири, откако во изминатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во повеќе земји, барајќи подобри животни услови, поквалитетни јавни услуги и решенија за растечките економски проблеми. Протестите во дел од градовите прераснаа во насилни судири со полицијата, палење објекти, вандализам и ограбување продавници. Најсериозна е ситуацијата во Франција и Италија, каде што властите се соочуваат со ...

Грција усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користење на социјалните мрежи. Новите правила треба да почнат да се применуваат од 1 јануари 2027 година, а целта е поголема заштита на малолетниците од ризиците во дигиталниот простор. Мерката е насочена кон ограничување на изложеноста на штетни содржини, интернет-насилство и прекумерно користење на социјалните мрежи, кои можат да влијаат врз сонот, концентрацијата и ...

Студентското движење во Србија, кое произлезе од масовните протести по трагедијата во Нови Сад, освои убедлива предност на предвремените парламентарни избори, покажуваат најновите проекции на Ипсос и ЦеСИД. Според проекцијата врз основа на 80,8 % од примерокот, листата „Студентите победуваат“ освоила 52,7 % од гласовите и се очекува да добие 140 пратенички места во српското Собрание, кое има вкупно 250 пратеници. Листата „Обединета Србија“, ...

Владите во сè поголем број земји ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за вонредни ситуации и во своите домови да обезбедат основни резерви од храна, вода и лекови за најмалку 72 часа. Препораките доаѓаат во период на зголемени безбедносни ризици, природни непогоди и закани од сајбер напади, кои можат да го нарушат нормалното функционирање на секојдневниот живот. Како што пишува Euronews во својата анализа, станува збор за промена во ...

Повеќе европски градови изминатиот викенд беа места на граѓански протести, на кои илјадници луѓе ги изразија своите барања и незадоволство од состојбите во нивните земји. Од Франција и Германија, преку Швајцарија и Италија, до Албанија, Полска и Португалија, граѓаните излегоа на улиците поради различни општествени, економски и политички прашања. Дел од собирите поминаа мирно, додека на одделни места дојде и до судири со полицијата и ...

Министерството за финансии објави јавен оглас за вработување на 11 државни службеници во различни сектори: буџет и финансиското работење, кадри за ИТ-безбедност, координација на владини и собраниски седници и др. Шест позиции се за помлади соработници, две за виши соработници, а огласени се и по едно работно место за соработник, раководител на одделение и самостоен референт. Најголем дел од позициите се во Секторот за буџети и фондови. Се ...

По летната туристичка сезона, која поради топлото време и продолжената туристичка активност го опфаќа и септември, во октомври е забележан пад на цените на угостителските услуги, пред сè кај ноќевањата. Според податоците на Државниот завод за статистика, збирно цените во угостителството се намалени за 1,8% во однос на претходниот месец, додека во групата ноќевања, цените се пониски за 9,9%. Кај храната и безалкохолните пијалаци пак, е ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади попладнево информираше дека денеска (5 ноември) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври. „Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од -1 до 12 степени. Според временската прогноза утре нѐ очекува исто така променливо облачно со сончеви периоди, а позначителни промени на температурата не се најавени. Во недела наутро времето ќе биде ведро и ...

Македонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд (7 и 8 ноември) сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од 09.11.2026 година (понеделник). Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, ...

Форумот за образовни промени поднесе тужба до Управниот суд против Министерството за образование и наука поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк, односно неусогласување на износот со годишната стапка на инфлација. Актуелно студентскиот оброк е 140 денари. Од Форумот посочуваат дека проблемот не е само во актуелниот износ, туку и во тоа што субвенцијата не ја следи инфлацијата, иако законската одредба предвидува ...

Државниот инспекторат за земјоделство информира дека наложи уништување на пратка од 19,3 тони јаболка, откако лабораториските анализи утврдиле присуство на пестициди над максимално дозволеното ниво. Пратката првично била извезена од Македонија во Република Бугарија, каде при инспекциски надзор била земена мостра за лабораториска анализа и било утврдено присуство на резидуи (остатоци) на пестициди во плодовите над максимално дозволеното ниво, ...

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за академската 2026/2027 година, со кој се воведува нов модел на распределба на државната финансиска поддршка. Пријавувањето започнува од 6 ноември, и ќе трае до 20 ноември. Со новиот модел се задржува вкупниот број од 3.000 стипендии, но се менува нивната распределба во три категории. Најголем дел, односно 1.200 стипендии, се наменети за студенти на ...

Две лица загинаа во поплавите што го погодија Истанбул, Турција по обилните дождови вчера (14 октомври. Поради природната катастрофа, локалните власти ја прекинаа наставата во сите јавни и приватни образовни установи за денес (15 октомври), а одредени категории вработени во јавниот сектор добија право на административно отсуство. Како што извества Hürriyet Daily News, едната жртва е 14-годишно момче кое добило струен удар откако стапнало во ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината, задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за ...

Во секојдневието често се обидуваме да бидеме силни, да ги завршиме сите обврски, да им помогнеме на другите и да не покажеме кога ни е тешко. Понекогаш се насмевнуваме и тогаш кога сме тажни, затоа што мислиме дека мораме да изгледаме добро и силно пред другите. Но, не мора секогаш да бидеме добро за да бидеме вредни, ниту мора да ја криеме тагата за да изгледаме силни. 10 октомври е Светски ден на менталното здравје. Потсетник да ги ...

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. „Во текот на ...

Вчера (25.08.2026) во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишиле од слобода М.Б.(61) од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Околу 19:30 часот полициски службенции ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица, соопшти СВР Тетово од каде најавуваат ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, ...

Општинската организација на Црвен крст Гостивар во пресерт на новата учебна година ќе спроведе акција за донирање на училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства. Како што информираа од организацијата, акцијата ќе се одржи на 31 август (понеделник), во периодот од 10:00 до 14:00 часот во центарот на градот. „Секој може да придонесе со донација на тетратки, моливи, пенкала, боички, фломастери, гуми, острилки, линијари, ранци, книги ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
95%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
63%
1031
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 2ᴼ
1.1
77%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76