Екипи на зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнале со активностите за чистење снег и фрлање сол на сите булевари и критични точки во градот. Од ЈП „Улици и патишта“- Скопје денеска соопштија дека е интервенирано со фрлање 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје. – Се чистеа првите снежни наноси ...

Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство. Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне со повеќепати наградуваниот филм „Мала Англија“ (2013, 2h12) на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки режисери, ...

Во Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, Љубов и Војна“ која е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција. Изложбата е организирана од Фондацијата за отворено општество која е меѓу првите фондации кои ја поддржале Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава и кога новооснованата украинска демократија имала потреба од зајакнување. Во изјава за Трн.мк извшрната директорка на ...

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на почетокот ја истакна целата хронологија на случувањата по ова прашање и за одржаната 16-та вонредна седница на Советот каде се расправаше. -По ...

Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година. За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. Предложениот Буџет на ...

На македонскиот поштенски пазар првпат се воведени пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време во рок од 72 часа. Во Скопје се веќе поставени на седум локации, а во Битола на една. – Оваа иновација им овозможува на корисниците да изберат локација на пакетомат која ним најмногу им одговара, за пратката да извршат уплата преку електронско банкарство (доколку имаат обврска за ...

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос. Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, ...

Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров ...

Барателите на азил во нашата земја се соочуваат со голем број на предизвици кои значително го отежнуваат нивниот престој во нашата држава. Еден од клучните предизвици е тоа што тие не можат да пристапат до пазарот на труд и да засноваат работен однос во текот на нивната постапка за признавање на право на азил. Неможејќи самостојно да си обезбедат средства за егзистенција но и финансиска стабилност за нив и за нивните семејства, тие често ...

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје. П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање на вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. – Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. – Наполнете канти, кофи или големи садови со ...

Во Скопје на плоштадот Македонија е поставена Божиќната пештера, известуваат од Бадникови Поворки. Тие велат дека ова е највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот. Пештерата е создадена од вајарот Зоран Тошески и неговата сопруга Македонка како и цел тим на волонтери. А, скопските општини и градовите низ Македонија веќе започнаа со подготовки за претстојните Бадникови поворки, најмалите ги изработуваат ѕвезди и ја ...

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е ...

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ (Društvena pravila) – песна создадена во соработка со македонскиот виртуоз на гитарата, Влатко Стефановски. Видеото е снимено во Скопје и зрачи со урбана естетика, којашто заедно со стиховите на Миа, поттикнува на размислување за општествените норми. Режијата е на Ива Чаиса од „Кроатија рекордс“ (Croatia Records), а зад камерата се најде и нашиот Александар ...

Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации. Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 ...

Родители на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и жители на Аеродром утрово одржаа мирен протест пред училиштето со барање да се реши проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Каранѓелески“ и „Коста Новаковиќ“. Тие велат дека е сериозно загрозена безбедноста на учениците, родителите, жителите во оваа област, но и на останатите учесници во сообраќајот. Поради големиот број сообраќајни незгоди на улицата „Васко Карангелески“, во близина на ...

На завршниот настан на овогодинешната кампања „Денови за донирање“ се прославија достигнувањата и учеството на повеќе од 3.000 граѓани и компании во активности во рамки на кои беше донирана вредност во износ од над 3.000.000,00 (три милиони) денари. Донациите сѐ уште се пребројуваат, а поддршката и средствата се наменети за граѓански организации со значајно влијание. Со кампањата се поддржува и донаторскиот фонд на Конект кој годинава доделува ...

Балканот, според многумина, е „татковината“ на дивоградбите и веќе никој од ова поднебје не се изненадува, на пр., од надградени тераси коишто се среќаваат скоро на секој чекор, пишува порталот „Крстарица“. Во таа смисла, се посочува новото такво „архитектонско чудо“ – своевиден „пентхаус“, поточно стан којшто некако „виси“ до врвот од зграда, снимен во соседна Бугарија. Според познавачите, покрај очигледните естетски пропусти, тука се ...

Легендарен киоск, стар над 100 години, којшто се наоѓа на улицата „Клаиќева“ во Загреб, Хрватска, доби нов изглед. Трафиката, имено, сјае од стари разгледници со луѓе собрани пред загрепската катедрала во народна носија, плоштадот „Бан Јелачиќ“, коњи пред катедралата… За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома. „Испишани или не – тие се вредни сведоштва на ...

По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, денеска беше промовирана онлајн-играта „Навигатор“ – интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права. Платформата е креирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус во нашата земја, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации и Министерството за образование и наука, и во соработка со гејминг здружението ...

Здружената иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД денеска во Скопје организира протестен марш „За чист воздух“. Протестот започнува во 16 часот пред Министерство за животна средина и ПП, продолжува преку Собранието и завршува пред зградата на Владата. -Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност ...

Младиот студент – истражувач Матеј Милосиевски од студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет (МФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со неговиот колега Андреја Поповиќ од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), создадоа уред за рециклирање отпад од полиетилен терефталат (PET) во филамент за 3D печатење. Милосиевски, во соработка со менторите доц. д-р Маја Аначкова и доц. д-р Симона ...

– Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар. Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава за медиумите дадена по координативната средба изјави дека новите ...

Европскиот аудиовизуелен сервис ЕБС објави видео разгледници од главните градови на земјите кандидати за членство во Европската унија од Западниот Балкан, меѓу кои и од Скопје. Во речиси петминутното видео за Скопје, меѓу другите, се презентирани снимки од тврдината Кале, плоштадот „Македонија“, Камениот мост, портата „Македонија“, Кривичниот суд, скопската чаршија, улицата „Македонија“ и Бит пазар. Покрај од Скопје, објавени се и видео ...

Dancers United оваа година одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност. Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19:00 часот. Во танцовата претстава „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе ...

Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“ пуштени се во употреба велосипедска и пешачка патека на кањонот Матка. На вчерашната промоција присуствуваа градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели, Бен Нупнау, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Фехри Селами од ЗИП Институт и претставници на организации и планинарски клубови. Од Општината велат дека овој проект ја подобри туристичката инфраструктура не ...

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“. Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312. Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 259, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 225, Скопје со 184 и Кувајт (Кувајт) со индекс ...

Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божиќни базари, коишто не се само места каде што можете да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку и вистински мали „земји на чудата“. Стразбур, Франција Во град во источна Франција се наоѓа најстариот божиќен базар во земјата. Тој постои од 1570 година, а денес вообичаено го посетуваат два милиони луѓе секоја година. Овде, не е само Божиќниот базар што вреди да се ...

Центарот за современи уметности САС со нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“ . „ Вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во РСМ односно во неколку клучни институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да функциоинираме ...

ЈП Лајка испрати соопштение со кое апелира до граѓаните да не ги напуштаат малите кучиња пред нивната врата, потсетувајќи дека според според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, напуштањето домашни миленици е забрането. „Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП Лајка не смее да ги прифаќа кучињата ...

Со концертот насловен „80 години – Љубов“, в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав МАлер. Како солист ќе настапи нашиот пијанист со блескава ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.09
70%
1023
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65