Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Културно информативнит центар – Скопје влезе во нова приказна со нов проект во своето портфолио кој има интенција да стане традиционален. Овој пат тоа е „Културен амалгам“ – фестивал кој се реализира во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Во својата основа патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во ...
Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува сè ...
Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со ...
Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација. Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба, истакнуваат ...
Јавното претпријатие „Лајка“ почнува кампања за подигање на свеста и рушење на предрасудите за кучињата питбули. Кампањата насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање“ е со цел да се смени општествената перцепција за оваа раса на кучиња и да се покаже дека сепак тие се лојални и подготвени за љубов, а не за насилство. Во рамки на кампањата ќе бидат објавени фотографии со питбулите сместени во ЈП „Лајка“. Веруваме дека секое животно ...
Македонската репрезентација запиша значаен успех на Европското првенство во е-спорт 2025, кое се одржа од 9 до 13 јули во Приштина, Косово, со учество на 24 национални тимови во трите дисциплини: Dota 2, Counter-Strike 2 Open и Counter-Strike 2 Women, информираа од Македонската е-спорт федерација. Од таму дополнуваат дека највпечатлив резултат постигна Dota 2 селекцијата на Македонија, која ја освои титулата европски првак, победувајќи ја ...
Дуња Иванова, дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија избрана од селекторот Емил Цветанов, оваа недела се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински Маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Патеката со должина од 73 км и висинско искачување од 1600 метри ја измина со вкупно време од 4 часа и 21 минута и ја обезбеди титулата на вицешампионка зад победничката Мануела Муресан од ...
Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест. Според издадените одобренија за градење, предвидената ...
Во КСП Центар Јадро денеска во 20 часот се отвора изложбата на уметницата Алекс Клоуз од Канада насловена “Twisting Figment”. „Twisting Figment“ е изложба што се осврнува на процесот на преиспитување на она што сте мислеле дека „го знаете“. Станува збор за откривање на илузиите што сте ги имале, превртување на сопственото разбирање, како и за процесот на градење на сопствената интуиција за навигација низ тешки и „непознати терени“. Тоа е процес ...
Ова попладне, жителите на Радишани беа сведоци на грозоморен чин на насилство – кутре, старо неполни два месеци, брутално беше удрено со клоца од страна на поединец чие однесување не може да се нарече ништо помалку од монструозно, објави Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на својот фејсбук профил. Тие велат дека кутрето, родено на улица од мајка белгиски овчар, било повредено до таа мера што итно било пренесено во ветеринарна ...
Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска-за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“. На оваа неовообичаена промоција, ќе зборува проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на “captatio benevolentiae” со “Второ колено”– Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара и Пеце ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на ...
Реакција на ЈП Лајка по изјавата на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје , Орце Ѓорѓиевски, во која вели дека претпријатието не е ефикасно во справување со проблемот со бездомни кучиња: Како претпријатие формирано и предводено од тим на активисти со повеќе од деценија исклучиво волонтерско искуство во областа на хуман третман и решавање на проблемот со бездомни кучиња – искуство кое произлегува од лична, ...
Националниот џез оркестар на 14 јули во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт со Дони МекКаслин, еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов. Името на Дони МекКаслин (САД) стои зад едно од најзначајните музички изданија на 21 век – Blackstar, последниот албум на Дејвид Боуви, на кој токму МекКаслин беше една од клучните креативни сили што ...
Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, беше отворена синоќа во амфитеатарот на Спомен костурница во Неготино, како плод на соработката на Младински образовен форум (МОФ) и „Ековита” од Неготино. Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. – Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, ...
Проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на „Кинотека“, информираат од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 година, по сценарио и во режија на Славко Јаневски, „Твојот роденден“ од 1961 година, по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ, ...
Фестивалот на нов европски филм – „Бич филм фестивал Охрид“ (Beach Film Festival Ohrid), што веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да започне официјалната програма, информираат организаторите на настанот. Во соработка со Гете-институт – Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филмови. Секоја вечер ...
Иницијативата „Битола на точак“ започува во 2014 година, а дури по 11 години Битола конечно влегува на мапата на вело – градови, добива велосипедски патеки. „Еден од првите посериозни состаноци кога започнавме ни беше во СВР, каде што ни го презентираа баш овој проект, уште тогаш, дека е одобрен и потпишан, но ете колку години требаше застапување за да го видиме реализиран“, вели Виктор Илиев од иницијативата „Битола на точак“. „Битола станува ...
Поради планирани прекини утре (2 јули) шест часа без напојување со електрична енергија ќе биде речиси цел Дебар и неколку населени места. Во периодот од 8 до 14 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во град Дебар, освен дел од населба „Венец” и околината на Дебарското Езеро. Без струја ќе биде и село Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарско Бањи-Цапа, во истото село, како и граничниот премин „Блато”, информираа од Регионалниот ...
„Од #MOБ за Скопје“, гала концерт ќе се одржи на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ). Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од ...
Општина Дојран промовираше ново видео „Дојран… тишина што гласно зборува“, кое ве пренесува директно таму, во Дојран, со сите сетила. Тоа не е класичен туристички водич туку интимна аудиовизуелна приказна, која го прикажува Дојран со емоција, од агол кој ретко го гледаме – човечки, мирен, длабок, соопштија од Агенцијата „Ефектива“ која го изработи видеото во соработка со Општина Дојран и Јавното претпријатие „Тауријан“. Видеото ја спојува ...
Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...
Во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, вечер ќе биде отворена изложба на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и ...
Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...
По прв пат во Тетово се одржува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Натпреварите се играат на градскиот плоштад овие три дена од 25 до 27 јуни. Покрај македонската репрезентација учествуваат уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија. Ова е еден од најдобрите моменти па да се организира еден ваков спорт и од самиот интерес на граѓаните на граѓаните на Тетово излегува дека ова ќе ...
Џејмс Кук ја редефинира уметничката моќ на една стара машина, претворајќи ја машината за пишување во инструмент за визуелно раскажување – спојувајќи прецизност, ограниченост и скриена смисла. Она што почнало како едноставен експеримент, денес е полноправна уметничка кариера што комбинира архитектура, носталгија и текст во типографски ремек-дела. View this post on Instagram A post shared by James Cook Artwork (@jamescookartwork) Како студент по ...
Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на 2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2024 година било за 2.6 % повеќе во однос на претходната година. Според ...
Утре започнува 7. издание на „Златна рамка“ со тридневна фестивалска програма. Ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: Јордан Симонов, истакнат филмски актер, Роберт Јанкуловски, директор на фотографија и Алисија Ферро, истакната филмска работничка. Во текот на трите фестивалски денови, „Златна рамка“ ќе биде ...
Јавното претпријатие Лајка алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат, велат од Лајка. Според нив оваа појава, покрај тоа што претставува ...
Оние што успеаја да вкусат барем еден залак од понуденото богато програмско мени, преполно со светски специјалитети, многу добро знаат дека ова не беше само „уште едно издание на OFFest“, велат организаторите на фестивалот кој траеше од 5 до 8 јуни на три сцени, во Националната опера и балет и во МКЦ. Организаторите испраќаат благодарност во прв ред на артистите: Драган и Ратко Даутовски, Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Maria ...