Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ливерпул на „Етихад“ со 3:0 во дербито на 11-то коло од Премиер лигата. По двата порази во минатогодишните судири, тимот на Пеп Гвардиола влезе во неговиот 1.000-ти натпревар во тренерската кариера како голем фаворит, и му донесе рутинска победа на јубилејот. Уште од првата минута беше јасно дека ова ќе биде вечер на „Граѓаните“ и Жереми Доку. Тој успеа да го искористи недостатокот на комуникација ...

Наскоро се очекува нова регулатива, со која ќе се воведе забрана за употреба на мобилни телефони во основните училишта, и за време на часовите и за време на одморите. Тотална забрана во основните училишта, олеснети правила во средните училишта „Можете многу наскоро да очекувате регулатива во училиштата што дефинитивно ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта, и за време на часовите и надвор од нив“, изјави Фукс за RTL. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social. Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА. Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“. Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира. „Досега напишани се десетици казни на неколку правни ...

Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава. „Од понеделник почнуваат да се ...

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот. „Последното затворање на вратата Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад ...

Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети. Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила. Во соседната Воронежка област, ...

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА. Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе. Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината ...

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на состојбата во СДСМ, нагласувајќи дека партијата е на „стаклени нозе“ и дека нема знаци на вистинска реформа. „Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. Од партијата додаваат дека претседателот на СДС, Венко ...

Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната. Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата. Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент. Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што ...

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека реалните економски податоци ги побиваат нивните тврдења за економски бум во земјата. „Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта ...

Многу корисници на Facebook ширум светот пријавуваат проблеми со популарната социјална мрежа. Is facebook down? — ally//🍿 (@allyyeon) November 6, 2025 Веб-страницата DownDetector евидентира пријави од корисници кои имаат проблеми со Facebook. Пријавите доаѓаат од различни делови на светот. Освен Facebook, и Instagram се соочува со проблеми со работата, како и социјалната платформа Bluesky. 🚨 #ÚltimaHora Usuarios reportan fallas en #Facebook ...

Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 ...

Sora, AI генераторот на видео на OpenAI, сега е достапен на Android преку Google Play Store. Sora е позната по својата способност да создава хиперреалистични видеа, комплетни со звук и импресивна физика. Без разлика дали станува збор за кучиња што бегаат од местото на сообраќајна несреќа или за оние смешни видеа со киропрактичари. Затоа, според OpenAI, ако можете да напишете нешто – можете да го гледате. Sora е достапна за преземање сега, но ...

Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата. Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции. Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања. Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата. -Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук. Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од ...

Google додаде ново AI Mode копче на својот прелистувач Chrome во најновото ажурирање, кое сега се појавува веднаш под полето за пребарување на паметните телефони. Функцијата моментално е достапна за корисниците во САД на iOS и Android уреди, а глобално воведување е планирано за 160 земји во наредните недели. Копчето е поставено над кратенките до често посетуваните страници, така што корисниците ќе можат да пристапат до него штом ќе отворат нов ...

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат дека од вкупната сума од 10.944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари. Средствата што се распоредени се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство. ...

Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија. Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот. „Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик. Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите ...

Последниве години сите зборуваат за утрински рутини. Луѓето се убедуваат дека успешниот ден зависи од тоа како се будиме: дали пиеме лимон вода, дали медитираме, дали стануваме пред изгрејсонце. Но, научните податоци зборуваат многу појасно од трендовите. Најважниот дел за стабилно утро не се случува наутро, туку навечер. Начинот на кој го завршуваме денот има директно влијание врз нервниот систем, хормоните, расположението и енергијата со која ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна. Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот му е ...

Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС. Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција. Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0. ...

Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба. Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини. ...

Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена во Крушево. Следат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид и 11 степени во Гевгелија и во Струмица, соопшти УХМР. Согласно количината на врнежи измерени во изминатите 24 часа заклучно до утрово 7 часот најмногу дожд наврнал во Охрид. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...

70-годишниот легендарен актер изгледаше опуштено во сив ансамбл, со очила за сонце и капа на главата, додека дишеше свеж морски воздух – и покрај тоа што се бори со сериозна болест. Во 2023 година, на Вилис му беше дијагностицирана дегенеративна состојба на мозокот, фронтотемпорална деменција. Иако се вели дека има значителни тешкотии во говорот, јасно е дека тој сè уште е многу подвижен. Неговата сопруга Ема неодамна изјави за ABC News дека ...

Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес. „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, ...

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА. – Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска. Поранешниот ...

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во октомври индексот на трошоците на живот забележал мала дефлација од 0,2% во споредба со септември. Тоа се должи на поевтинувањето на транспортот за 6,1%, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3%, како и на образование и култура за 0,1%. Индексот на цените на мало бележи слично благо намалување, на 98,7 поени. Сепак, ова благо месечно намалување не го менува годишниот тренд. Во однос на ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.72
90%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
82%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Злато

135056.24

Цинк

3.23