Од утринава зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјата, односно на река Коселска, река Сатеска, река Ресенска и на останатите помали реки и суводолици во регионот каде се можни локални излевања на реките и појави на заезерување на водата. Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолиците, а исто така и во Струшкиот регион каде се можни локални излевања и појави на заезерување во Струшкото ...

Јанис Адетокумбо ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која треба да се истакнат дебаклот на Денвер на домашен терен и пресвртот на Оклахома против Мемфис. Милвоки Бакс во Лос Анџелес ги победија Лејкерси со 105:101. Јанис Адетокумбо му овозможи на својот тим да победи откако во 39 секунди имаше неколку клучни реакции. Гркот на 39 секунди до крајот, при нерешен резултат, му удри „банана“ на Леброн Џејмс, а откако Портер погоди две ...

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите вечерва и утре и да ги окупираат централните делови на градовите. Тој ги повика и работниците во транспортниот, нафтено-гасниот и енергетскиот сектор да организираат национален штрајк. Во пораката до демонстрантите, Пахлави ја пофали нивната „храброст и издржливост“ во изминатите денови. „Ве молам сите вас ...

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија. „Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во ...

Мароко го победи Камерун со 2:0 во петокот вечерта и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Ден по натпреваротм најмногу се зборува за судијата Беид Дахане, кој сериозно го оштети Камерун. Интересно, тој не требаше да биде првиот судија на овој натпревар. Головите за Мароко ги постигнаа Брахим Дијаз во 26-та минута и Исмаел Саибари во 74-та минута, но двете одлуки донесени од судијата во текот на овој натпревар, двете при ...

Необичен настан го обележа натпреварот во НБА лигата, меѓу Орландо и Филаделфија. Искусниот судија Бил Кенеди се повреди и го напушти натпреварот во инвалидска количка. Несреќата се случи кон крајот на првата четвртина, кога 59-годишниот судија следеше брз контранапад на Севентисксерс. Во еден момент почна да куца, а потоа се повлече зад кошот на домашниот тим, каде што седна и побара медицинска помош. Натпреварот беше веднаш прекинат, а ...

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како големи и сѐ уште се активни. Над 19.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија, јавуваат локалните власти. Пожарот кај Лонгвуд во централната Викторија сега опфаќа површина од 142.421 хектар. Портпаролката на Државниот контролен центар оцени дека состојбата во тој регион е „многу динамична“, додека силниот ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот. Кочани и Штип Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни ...

Антивладините протести во Иран се проширија во најмалку 16 градови низ земјата, јавува Би-Би-Си. Последните немири се регистрирани во градот Захедан, на истокот на земјата, во близина на границата со Пакистан. Поради прекинот на интернетот и ограничената комуникација, точниот обем на протестите тешко се утврдува. Протестите траат од 28 декември и се оценуваат како најраспространети немири во Иран во последните години. Демонстрантите ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно се закани со преземање на Гренланд, порачувајќи дека САД ќе го сторат тоа „на полесен или на потежок начин“, без оглед на ставот на Данска. „Ќе преземеме нешто во врска со Гренланд, им се допаѓало тоа ним или не, затоа што ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд, а ние не сакаме Русија или Кина да ни бидат соседи“, изјави Трамп, одговарајќи на новинарски прашања. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа. „Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по ...

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон. Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед. „Што ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми. ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на ...

Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја. Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за ...

Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик. Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија. Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра. Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола. Би можело да ве интересира Маркус Рашфорд се чини дека ги се ...

Додека 2025 година беше обележана со протести на локалните жители против масовниот туризам низ цела Европа, од Канарските Острови па натаму, 2026 година се чини дека носи сосема поинаков тренд. Наместо да се борат против туристите, многу земји сега активно ги покануваат, особено оние кои бараат попристапни пакети и подобра вредност за парите, пишува „Дејли Меил“. Низ Европа, Северна Африка и Азија, сè поголем број земји инвестираат во ...

Со трансферот на Антоан Семењо од Борнмут, вреден 72 милиони евра, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој потрошил повеќе од две милијарди евра за засилувања, во само во еден клуб. Оваа сума во Манчестер Сити, Гвардиола ја потроши за нешто помалку од една деценија. Шпанецот е без сомнение еден од најголемите тренери на сите времиња и многумина веруваат дека ги надминал достигнувањата на своите современици и ...

Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр. Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб. Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница. Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во ...

Северина се пофали со фотографии од скијање на Instagram. „Моите деца скијаат, а тетка ми од Германија и јас сме на поминување 😂“, напиша таа покрај фотографиите направени во Австрија, поточно во Кицбил. Северина избра бел комбинезон, кој го комбинираше со чизми во земјени тонови. На главата носеше бела крзнена шапка, а преку рамото имаше црна чанта од Ив Сен Лоран. Поврзани вести Би можело да ве интересира Северина се ...

Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд. Пелагониски регион Битола Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја. Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река. Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање. ...

Франција ќе го одложи овогодинешниот самит на Г7 за да избегне преклопување со големиот спектакл на борби планиран во Белата куќа на 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп, на 14 јуни, објавува „Политико“, повикувајќи се на двајца функционери запознаени со планирањето. Собирот на лидерите на најмоќните економии во светот првично беше закажан за 14-16 јуни во Евиан-ле-Бен, Франција, на брегот на Женевското езеро. Сепак, ...

ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ. „По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во ...

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија ја опишаа употребата на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ од страна на Русија во западна Украина како „ескалирачка и неприфатлива“, според резимето од нивниот повик објавено од канцеларијата на британскиот премиер, Кир Стармер. Стармер разговараше за ситуацијата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Русија употреби ракета со ...

Денеска е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци, в0 индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Првата светска војна. По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно ...

Жак Морети, сопственик на барот Le Constellation во Кранс-Монтана, каде што 40 млади луѓе ги загубија животите, а 116 други беа повредени во пожар на новогодишната ноќ, е уапсен. Неговата сопруга Џесика Морети е ослободена по сослушувањето. Одлуката за негово апсење ја донесе обвинителството во Сион поради ризик од бегство, јавуваат италијанските медиуми. Морети, француски државјани од Корзика, беа сослушани утрово во Сион по обвинение за ...

Иако Венко Филипче едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на партиската фотелја, велат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Од таму истакнуваат дека со загриженост ја следат реториката и однесувањето на Венко Филипче. „Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на Соединетите Американски Држави од дури 66 меѓународни организации, според оценките на кинеските аналитичари, претставува тежок удар врз глобалниот систем на управување, а истовремено отвора и можности и предизвици за Кина. Додека набљудувачите предупредуваат на долгорочни последици за американското лидерство и создавање вакуум на моќ во клучни области како климата и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.1
92%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1007
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.36
66%
1007
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
83%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Цинк

3.25