Изложба со наслов „Стопен град“ на Игор Сековски ќе биде отворена на 14 ноември 2025 (петок) во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот. Со проектот Стопен град, Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз ...

Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал на воздухопловните сили Фабиен Мандон, денес изјави дека се во тек подготовките на припадниците на вооружените сили на таа земја за можна војна со Русија, за што зборуваше и во својот говор пред пратениците во францускиот парламент, кога предупреди дека армијата мора да биде подготвена за можен конфликт со Русија во рок од три или четири години. Во интервју за „Квест Франс“, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој” со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести. „Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив. Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на контакт со ...

Фудбалерот на барселона, Ламин Јамал е повлечен од шпанската репрезентација за претстојните натпревари против Грузија и Турција. Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека одлуката е донесена во согласност со приоритетите на здравјето, безбедноста и благосостојбата на играчите. Во соопштението за медиумите на РФЕФ се наведува дека медицинскиот тим на националната селекција со изненадување и непријатност дознал дека во понеделникот, 10 ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје соопшти дека последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“ насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки награди на неколку ...

Германската влада има намера да ја зголеми својата поддршка за Украина на повеќе од 11,5 милијарди евра следната година, за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од руската агресија. Според податоците, овој износ е вклучен во предлогот на Министерството за финансии, кој ќе биде предмет на последната дебата за нацрт-буџетот за 2026 година во буџетската комисија на Бундестагот. Владини извори минатата недела изјавија дека дополнителните средства ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето на Лига Центар за учебната 2025/2026 година, додели 48 спортски стипендии на ученици од основните училишта во општината, како признание за врвните резултати постигнати во различни спортски дисциплини. Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година. Добитници се учениците што се ...

Турската фудбалска федерација (ТФФ), суспендираше повеќе од 1.000 фудбалери како дел од растечкиот скандал со обложување, вклучувајќи го и дефанзивецот на Галатасарај, Ерен Елмали. Елмали издаде соопштение за да ја објасни својата вмешаност во случајот откако беше отстранет од составот на Турција кој се подготвува за квалификациите за Светското првенство против Шпанија и Бугарија. 25-годишниот фудбалер изјави на Инстаграм дека пред околу пет ...

Вкусните тикви не се погодни само за деликатни десерти, туку се идеални и за нега на кожата. Кога ќе дојде есента и сезоната на тикви, топлите супи од тиква и вкусните пити често се на нашите трпези. Но, ви предлагаме да ја користите тиквата на поинаков начин оваа есен. Поради својот состав, тиквата има исклучително корисен ефект врз убавината. Содржи многу витамини – А, Ц и Е, кои се добри за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. ...

Израелскиот Кнесет усвои во прво читање закон со кој се воведува смртна казна за палестинските затвореници осудени за убиство на израелски граѓани. Законот го предложи пратеникот на Кнесетот Лимор Сон Хар Мелех, а предлогот сега оди на разгледување во комисиите пред второто и третото читање. Предлогот доби значително мнозинство гласови – 39 пратеници гласаа за него, додека 16 гласаа против. По гласањето, крајнодесничарскиот министер Итамар Бен ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на фабриката „Костал“ – Македонија, истакна дека е задоволен што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. „Сепак, станува збор за компанија што, генерално, е семеен бизнис со голема традиција. Моментно ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од речиси 3,5 милијарди ...

Еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Роберт Левандовски, се соочува со ненадејно пензионирање, по извештаите дека Барселона не е заинтересирана да го продолжи неговиот договор. Иако има 37 години и се соочува со повреди, поради што на теренот поминува помалку од предвиденото, искусниот Полјак е најдобар стрелец на Каталонците во Примера оваа сезона со пет гола. Доцните фудбалски години не го спречуваат сè уште да го прави она што го знае ...

Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, долго време гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот, а денес оваа 50-годишна жена привлекува внимание каде и да се појави – со својот беспрекорен изглед, но и со своите модни избори. Минатиот викенд, таа беше домаќин на гала вечера во Мадрид, каде што се појави во провокативна облека и уште еднаш нè убеди дека скратувањето на косата е целосен успех. Таа носеше црно боди ...

Се работи на утврдување на целесообразноста за спроведување нуклеарни тестови во Русија, но засега нема нови информации, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Засега, работата по ова прашање е во тек, во согласност со упатствата на рускиот претседател (Владимир Путин). Засега нема информации“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека Русија досега не добила никакви објаснувања од американските партнери ...

Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче. Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само ...

Миле Свилар, голманот на Рома и официјално најдобриот голман во Серија А, во минатата сезона, повторно ја одби поканата на тренерот Вељко Пауновиќ да игра за српската репрезентација. Иако дебитираше за Србија кога селектор беше Драган Стојковиќ Пикси, Свилар повеќе не сака да брани за Србија. Голманот, роден во Белгија, во март минатата година одлучи дека нема да одговори на повиците на поранешниот селектор Стојковиќ, а истата одлука важи и ...

Папата Лав XIV го носи Холивуд во Ватикан. Првиот папа од Соединетите Американски Држави, кој беше избран во мај за наследник на папата Франциск, ќе биде домаќин на голем број познати актери и режисери на 15 ноември. На списокот на гости се наоѓаат добитничката на Оскар Кејт Бланшет, ѕвездата од „Северанс“ Адам Скот, легендарниот режисер Спајк Ли, како и Крис Пајн и режисерот на „Лудиот Макс“ Џорџ Милер, објави USA TODAY. Меѓу гостите кои се ...

По рускиот напад врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса во текот на ноќта, дрон веројатно паднал на романска територија, потврди денес романското Министерство за одбрана. Инцидентот го означува најновото нарушување на воздушниот простор на НАТО во услови на повторени руски напади врз украинските пристаништа на Дунав, објавува The Kiev Independent. Округот Измаил, една од главните цели на нападот, се наоѓа веднаш преку ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да ...

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата. Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од ...

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, јавно го изрази своето незадоволство од комуникацијата со Манчестер Јунајтед, откако никој од клубот официјално не го информирал за природата на повредата на Бенјамин Шешко. Младиот напаѓач ќе ги пропушти клучните натпревари во квалификациите за Светското првенство против Косово и Шведска поради проблемот со коленото. Шешко се повреди, во саботата, во ремито против Тотенхем (2:2). Кек нагласи дека никогаш не ...

Србинот Петар Гочобија ја претставува Норвешка на овогодинешниот избор за Мистер Универзум, кој ќе се одржи на 21 декември, но неговите фотографии веќе ги преплавија социјалните мрежи. На официјалниот профил на The Mister Universe се наведува дека Петар е роден во Србија и има 22 години. За време на неговото претставување на тој профил, тој откри и дека токму ова е остварување на неговиот сон. Освен што е еден од кандидатите за најубав маж, ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми. Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. На прашањето дали се блокирани средствата од ИПАРД, Мицкоски одговори дека тоа не е точно, туку напротив дека е поздравена позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија. Тој додаде дека побарал да се ...

Светскиот број еден го „состави“ својот идеален тениски Франкенштајн – форхенд, бекхенд, волеј, менталитет… Суперталентираниот Шпанец, Карлос Алкараз, се етаблираше како член на водечкото дуо во белиот спорт, заедно со Јаник Синер. На Завршниот АТП мастерс во Торино, тој се бори со Италијанецот за место на тронот на крајот од сезоната, а слободно време, по победата над Де Минор во првото коло, го искористи за да создаде непобедлив тенисер. Ги ...

На 15 ноември, сабота, во 19:00 часот во Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на младите ликовни уметници, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува ...

Професор од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, разговараше со Н1 за ситуацијата во Украина. Максим Камењецки наведува дека настаните на фронтот се загрижувачки: „Со релативно нова тактика кога Русите се обидуваат да го направат она што го прават во Херсон, тие уништуваат град со цивили. Тие се обидуваат да ја пренесат оваа практика во други големи градови што не можат да ги освојат, во близина на фронтот каде што ...

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето „Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“ покажа дека: » Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните фактори не се доволни за да се ...

Зинедин Зидан, легендарниот француски фудбалер, би можел да се врати на тренерската работа. Кога неодамна се појави во Тулон на натпреварот на легендите и беше прашан кога ќе се врати на тренерската клупа, Зидан одговори: „Наскоро, се надевам“. Откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, Зидан е без работа, ги одби сите понуди. Неговото име постојано се поврзуваше со неколку големи клубови, вклучувајќи ги Пари Сен Жермен, Јувентус и ...

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан не е премногу вознемирена поради уште еден неуспех, со оглед на тоа што не го положи правосудниот испит. Сепак, таа рече дека ќе работи понапорно и ќе се подобри. Во меѓувреме, познатата старлета објави серија провокативни фотографии на Инстаграм на кои позира во бикини, враќајќи ги своите облини во центарот на вниманието. Серијата фотографии беа претежно снимки од забавата по повод 30-тиот роденден на нејзината ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
71%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.2
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
81%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.77
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
72%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Цинк

3.23

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44