Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Барселона го освои Суперкупот на Шпанија со триумфот над Реал (3:2). Каталонците 16-ти пат го освоија Суперкупот, кој во формат на турнир веќе неколку години е игра во Џеда, Саудиска Арабија. Главната приказна од Ел Класико е потегот на Килијан Мбапе по натпреварот и однесувањето на младите играчи на Барселона, Фермин Лопез и Пау Кубарси. Реал ги доби медали за пласман во финалето, а играчите на Барселона формираа шпалир во чест на своите ...
Кендал Џенер долго време е мета на шпекулации за нејзината сексуалност, па затоа реши да стави крај на гласините и отворено проговори за тоа дека е „лезбејка“. „Постои цела оваа страна на интернет која мисли дека сум лезбејка“, рече таа во емисијата во која гостуваше, додавајќи дека најмногу ја погодува колку се лоши луѓето во коментарите. „Знаете што навистина ме мачи? Колку се лоши луѓето. Не е дека се со отворени раце, како, “Еј, ако си, ...
Возач на камион е уапсен откако со своето возило се поминал низ толпа антиирански демонстранти за време на големите демонстрации во населбата Вествуд во Лос Анџелес, соопшти локалната полиција, пренесува Си-ен-ен. Според противпожарната служба на Лос Анџелес, на две лица им е укажана медицинска помош на местото на настанот, но одбиле понатамошна медицинска помош. Полицијата потврди дека камионот удрил едно лице, но повредите биле полесни и не ...
„СДСМ со длабока загриженост ги следи контрадикторните сигнали што ги испраќа актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски. Додека официјално се изјавува дека Северна Македонија е стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, во срцето на владата седи Иван Стоилковиќ, вицепремиер и најблизок соработник на Мицкоски, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата“, ...
WhatsApp наскоро би можел да биде под поблизок надзор и потенцијални казни според Законот за дигитални услуги на Европската унија. Ова е затоа што WhatsApp Channels, функција за размена на пораки, достигна околу 51,7 милиони просечни месечни активни корисници во Европската Унија во првите шест месеци од 2025 година, надминувајќи го прагот од 45 милиони корисници што ја активира примената на правилата за DSA, објави Ројтерс. Според ...
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси 15.000 хектари шума, а стотици пожарникари и поддршка од воздухопловните сили се борат со пожарите. Ситуацијата е најлоша во покраината Чубут, каде што властите се сомневаат дека еден од најразорните пожари е намерно подметнат, објавува Примјер Портал. Најголемиот пожар, кој гори речиси една недела во планинскиот регион Чубут, уништи речиси 12.000 хектари грмушеста земја и автохтони и ...
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови. Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз. Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9 Според досегашните податоци со кои располага ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести. „Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink. Откако милијардерот помогна во ...
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ. „Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии. Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е ...
Серијата видеа објавени од Вахид Онлајн, ирански блогер и интернет активист познат по документирањето на протестите, прикажуваат голем број вреќи со тела во форензичкиот центар Кахризак, јужно од Техеран, по насилното задушување на протестите. Видеата, според изворите, покажуваат како телата се транспортираат во мртовечница со пикап камиони. На едно од видеата се појавува ознака на екранот на која пишува „број на фотографија… од 250“, што ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ...
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А. Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот ...
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2. Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги ...
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа. Врапчиште (излезност 32,37%) – Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа – Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа Гостивар (излезност 30,34%) – Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа – Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа Маврово Ростуше (излезност 28,51%) – Онер Јакуповски ...
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори ...
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1. Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер. Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку ...
Центарот за управување со кризи направи пресек на состојбата по врнежите на територијата на Македонија до 18:30 часот. Тетовски регион Тетово На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е ...
Владата на Иран соопшти дека воведува тридневна национална жалост во знак на почит кон лицата кои загинале во, како што ја нарекува, „битката на националниот отпор“ поврзана со актуелните протести, пренесе агенцијата Тасним. Според извештајот, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „длабоко потресен“ од загубата на човечки животи и ги повикал граѓаните да се приклучат на Маршот на националниот отпор, кој треба да се одржи утре, повикувајќи ...
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија. „Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне ...
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи. „МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во ...
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“. Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон ...
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто. По општини: – Врапчиште: 31,76 % – Гостивар: 28,22 % – Маврово и Ростуше: 28,04 % – Центар Жупа: 13,18 % Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа ...
Пилешката супа, со години сметана за домашен лек против настинка и грип, навистина може да помогне во побрзо закрепнување, покажуваат научни истражувања. Според систематски преглед на повеќе студии, лицата кои консумирале супа закрепнувале и до два и пол дена побрзо, а симптомите како затнат нос, болки во грлото и замор биле поблаги. Кај дел од испитаниците биле забележани и пониски нивоа на воспалителни маркери во крвта, што укажува на ...
Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили. Досега се извршени околу 10.000 апсења. И покрај националниот прекин на интернетот, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат снимки кои наводно ја прикажуваат состојбата на терен во Иран. Едно видео, за кое се тврди дека е снимено во источниот град Машхад, прикажува објект зафатен од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили. Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици ...
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А. Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута. Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но ...
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права. Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203. Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие ...
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи. По општини: – Врапчиште – 21,01% – Гостивар – 17,85% – Центар Жупа – 10,99% – Маврово и Ростуше – 18,60% Гласањето се спроведува на 215 избирачки места. Текстот ДИК: Излезноста до 15 ...