Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила. Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. ...

Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29). Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки. Сепак во последната четвртина постигна ...

Мила Кунис и Ештон Кучер се вратија на црвениот тепих по четири години, период во кој нивниот јавен имиџ драстично се промени. Познатиот пар, кој со години не се појавувал заедно на вакви настани, изненади со доаѓањето на 83. доделување на Златните глобуси. Иако долго време не уживаат наклонетост од јавноста, актерите и сопружници се погрижија нивното појавување да не помине незабележано. Мила носеше фустан без прерамки со цветен дезен, ...

На 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка и најстарата жива Еврејка по потекло од Битола, која го преживеа Холокаустот и до крајот на животот верно го чуваше споменот на битолските Евреи, јави битолската „Тера“. Рејчел Нахмијас е родена во 1917 година во Битола. Во 1943 година се спасила од депортација во нацистичките концентрациони логори, откако била сокриена во багажникот од автомобилот на тогашниот албански ...

Американското претставништво за Иран ги повика американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека немирите низ земјата продолжуваат да ескалираат. Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно место. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на Иран по копно преку Ерменија ...

Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам. Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во ...

Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа. Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“). На црвениот тепих се појави во друштво на сопругот, музичарот ...

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти. Според Трифонов, проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично ...

Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“. Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години. Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени. Овој ...

Бруклин Бекам во последно време е во фокусот на светските медиуми откако одлучил да го прекине контактот со своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, со цел да го заштити своето ментално здравје. Според Мирор, Бруклин испратил правно писмо во кое побарал родителите во иднина да комуницираат со него исклучиво преку адвокати и да престанат со директен контакт. Негов пријател изјавил дека објавите на родителите на социјалните мрежи, во ...

Руската амбасада на Кипар вчера соопшти дека минатата недела починал еден од вработените во амбасадата, додека локалните медиуми наведуваат дека причината за смртта била самоубиство. Во соопштението на амбасадата се наведува дека вработениот, идентификуван само како А. В. Панов, починал во четврток, а неговата смрт е опишана како „длабока лична трагедија за семејството и најблиските“. Дипломатската мисија не ја наведе причината за смртта, ...

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија. „Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ќе ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација. „Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“. Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на ...

Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови. Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег. Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, ...

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава. Со законот, на претседателот Доналд Трамп би му се дале овластувања да започне преговори со Кралството Данска и да преземе чекори за анексија или стекнување на територијата. Фајн изјави дека е „во интерес на целиот свет“ САД да воспостават суверенитет над Гренланд и дека ...

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица. Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ...

Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг. Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста и дека Гренланд и Данска треба да одлучат за иднината на островот, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да им припадне на САД. Коментарите на Вадефул следеа по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, во услови на зголемени тензии околу намерите на Вашингтон кон ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени. До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно ...

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничка средба, тие соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во плановите на ЕУ, пренесе Актуалити.ск. „Задачата на тројцата највисоки уставни функционери е да ...

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сѐ потешко да „опстои“ како самостојна држава. Молдавија, земја со околу 2,4 милиони жители сместена меѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руско хибридно дејствување, вклучувајќи кампањи на дезинформации и манипулации со избори, пишува ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром) · од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште). Фото: pexels Текстот Без струја делови од Аеродром и Сопиште е превземен од МАКФАКС. Би ...

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири. Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“. „Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, ...

Полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во кое Реал го победи Атлетико Мадрид (2:1) беше засенето од инцидентот меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор. Вербалниот конфликт меѓу Диего Симеоне и Винисиус продолжи и по натпреварот, а медиумите шпекулираа дека Симеоне му рекол на играчот на Реал дека „Перез ќе го продаде“. Тоа беше само најважниот момент, бидејќи Симеоне му дофрлал на Винисиус за време на натпреварот во обид да го испровоцира. ...

Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија. „Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од ...

Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42). Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона. ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно. „Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите. Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата. „Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука да го отпушти тренерот Чаби Алонсо. По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона (3:2), раководството на „кралскиот клуб“ одлучи дека е време да се раздели со стручњакот кој ова лето пристигна во клубот од Баер Леверкузен. Во официјалното соопштение, кое беше издадено по овој повод, не ги наведоа причините за таквата одлука, иако е јасно дека одреден период никој не е задоволен од ...

Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници. -Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
79%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.12
86%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
93%
1005
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
95%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
51%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
78%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
70%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Злато

159231.39