Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи. „Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски. Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“. Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во ...
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим. Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли. Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач. Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“. Foto/ ...
На 83-то доделување на наградите „Златен глобус“ во Беверли Хилс присуствуваше и познатата Кејт Хадсон, една од омилените во Холивуд, која блесна на црвениот тепих на престижниот настан во гламурозен фустан од Армани. Интересно е што фустанот не е дел од колекцијата за претстојната сезона, туку моделот датира од 2007 година и е специјално модифициран за Кејт Хадсон за оваа посебна пригода. Станува збор за тесен фустан направен од сребрена ...
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата. „Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата. Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО). ...
Швајцарски адвокат и неговата сопруга поднесоа кривични пријави против францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ поради карикатура за смртоносниот пожар во барот во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија. Во пожарот што избувна на новогодишната ноќ, загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во петокот, на денот на жалост, „Шарли Ебдо“ објави карикатура на која се прикажани двајца изгорени скијачи со натпис „Les brûlés ...
Милан се соочи со голем проблем откако новиот напаѓач, Никлас Фулкруг (32), кој пристигна во клубот во катуелниот преоден рок, како позајмен од Вест Хем, се повреди. Германскиот напаѓач го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што е значаен удар за тимот. Според првите проценки, Фулкруг ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Повредата се случи во неговиот трет натпревар за Росонерите. Тренерот Масимилијано Алегри ...
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави галерија од фотографии од патувања што ја одбележаа нејзината последна година на „Фејсбук“. „Патувањата отсекогаш биле важен дел од мојот живот“, напиша таа, додавајќи дека патува толку често што се шегува со пријателите дека со постојано купување нови куфери, „плаќа кирија“. Како еден од нејзините последни професионални ангажмани минатата година, таа го издвои лансирањето на ...
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и ...
За време на обиколката на фабриката на „Форд“ во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп се налути на едно лице во толпата. Видеото го прикажува Трамп, додека шета низ производствениот погон, како му покажува среден прст на некој што му вика. Белата куќа соопшти дека тоа бил „соодветен одговор“. „Апсолутен лудак неконтролирано извикуваше навреди во целосен излив на бес, а претседателот даде соодветен и недвосмислен одговор“, рече ...
Најмалку 22 лица загинаа кога градежен кран падна врз воз во движење во Тајланд, соопшти тајландската полиција. Според извештаите, 79 лица се повредени, од кои осум имаат сериозни повреди. „Инцидентот се случил додека се работело на изградба на брза железничка линија. Градежен кран се срушил врз воз што доаѓал од Бангкок“, изјави Тачапон Чинавонг, началник на полицијата во покраината Након Рачасими, јавува Би-Би-Си. Државната железница на ...
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието. На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања. СДСМ одби да учествува на средбата. ...
Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека ги прекинува врските со три меѓународни организации, вклучувајќи две агенции на Обединетите нации, откако САД се повлекоа од 66 глобални тела минатата недела, објави Euronews. Министерството додаде дека министерот за надворешни работи Гидеон Саар, исто така, наредил преглед на континуираната соработка на Израел со неодреден број други организации. Во соопштението на Платформата X се ...
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...
Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот Гренланд. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, е домаќин на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд и на државниот секретар на САД, Марко Рубио, а фокусот на дискусијата е иднината на најголемиот остров во светот, пишува BBC. Доналд Трамп изјави дека ја сака земјата и дека ќе ја земе „со лесни или тешки средства“, а по неговата ...
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...
За време на обиколката на фабриката на „Форд“ во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп се налути на едно лице во толпата. Видеото го прикажува Трамп, додека шета низ производствениот погон, како му покажува среден прст на некој што му вика. Белата куќа соопшти дека тоа бил „соодветен одговор“. „Апсолутен лудак неконтролирано извикуваше навреди во целосен излив на бес, а претседателот даде соодветен и недвосмислен одговор“, рече ...
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава ...
Ерфан Солтани, еден од илјадниците демонстранти уапсени во Иран минатата недела, се соочува со непосредна егзекуција откако беше осуден на смрт само неколку дена по апсењето минатиот четврток, според извештаите на Би-Би-Си, АФП и Амнести Интернешнл. 26-годишникот беше уапсен во Карај, град на северозападниот раб на Техеран, во екот на протестите и непосредно пред исклучувањето на интернетот. Сервисот на Би-Би-Си разговараше со еден од ...
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0. Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити. Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан преку учество во промотивен спот. Во видеото, покрај Вучиќ се појавуваат уште десет политичари, меѓу кои и премиерите на неколку земји и крајно десничарските лидери од Германија и Франција, објавува порталот Нова.рс. Thank you for your support! @MorawieckiM, @RobSchneider, @GiorgiaMeloni, @predsednikrs, @MLP_officiel, @matteosalvinimi, ...
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс. Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи. Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година. Би можело да ве ...
Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД. Изјавата на Јенс-Фредерик Нилсен, дадена на заедничка прес-конференција со данската премиерка, е најсилната порака од полуавтономната данска територија откако американскиот претседател Доналд Трамп го обнови својот план за нејзина анексија, објави Би-би-си. Трамп тврди дека САД треба да го „поседуваат“ Гренланд за да се ...
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник. Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната. „Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение. Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во ...
Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени на „несоодветно допирање, навреди и понижување во атмосфера на контрола и постојано вознемирување“. Обвинувањата беа објавени по тригодишна истрага, објавува „Гардијан“. Жените, куќна помошничка и физиотерапевт вработени во вилите на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите, тврдат дека наводните напади ...
Франција евидентираше повеќе умрени отколку родени во 2025 година за прв пат од крајот на Втората светска војна, со што се намали нејзината долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската Унија, покажаа официјалните податоци. Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе, а се родиле 645.000 бебиња, бројка што постепено се намалува од пандемијата на коронавирусот. ...
Родителите на 24-годишната Сијан Панин, келнерка која загина во пожар на новогодишната ноќ во барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за прв пат јавно проговорија за последните моменти од животот на нивната ќерка и околностите на трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Сијан Панин била една од вработените во барот каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ. Според досега познатите информации, младата жена во ...
Сириското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека неговите безбедносни сили разбиле ќелија на ИСИС и ги уапсиле нејзините членови во предградие на Дамаск. „Членови на терористичка ќелија на ИСИС беа уапсени во градот Џадидат ал-Шибани во долината Барада, предградие на Дамаск“, изјави извор од министерството за Сириската арапска новинска агенција (САНА), без да даде дополнителни детали. Американски војници убиени во претходна ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше ...