Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата Стејт департмент. Стејт департментот на социјалната мрежа „Икс“ наведе дека ќе ја суспендира обработката на имигрантски визи за 75 земји чии мигранти, според наводите, користат социјална помош од американските даночни обврзници во неприфатливо висока мера. За суспензијата на обработката на визите ...

Компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје бара јавно извинување од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во рок од 24 часа, поради, како што наведува, јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации изнесени од претставниците на оваа партија на прес-конференциите на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ. Во однос на обвинувањата за склучени договори со општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата објаснува дека станува збор за ...

Украинскиот парламент денеска го именуваше младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се обидува да поттикне иновации со цел зајакнување на армијата во предизвикувачка фаза од речиси четиригодишната војна. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров брзо да ги спроведе одлуките за заштита на украинското небо, зајакнување на снабдувањето на фронтот и воведување дополнителни ...

На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски. Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка ...

Во североисточниот дел на Тајланд, околу 9 часот по локално време, кран падна директно врз воз во движење, при што возот излетал од шините, а неколку вагони биле згмечени, од кои еден се запалил. Во моментот на несреќата во возот имало 171 патник. Меѓу повредените има едногодишно дете и лице на возраст од 85 години, а седум лица се во критична состојба. Локалните медиуми јавуваат дека кранoт подигал голем бетонски елемент кој паднал врз возот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата е подготвена да настапи на парламентарни избори кога и да се одржат – годинава, следната година, па дури и на редовните избори во 2028 година. Филипче посочи дека работа е на премиерот да каже што мисли, но оцени дека, поради, како што рече, катастрофалното водење на државата, убеден е оти ќе има предвремени парламентарни избори. Според него, не е важно дали изборите би се одржале на ...

Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да свика предвремени општи избори, изјави во среда генералниот секретар на нејзината владејачка партија. Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија, за новинарите по состанокот со премиерот ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога општеството ќе биде зрело за тоа. Филипче истакна дека слободната волја на граѓаните и фер изборите не смеат да бидат предмет на политички пазар, нагласувајќи дека се неопходни суштински реформи по европски стандарди, особено во областа на правосудството. Според него, дури кога реформските закони ќе ...

Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон. „Доколку суверенитетот на една ...

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека партијата се залага за една изборна единица со изборен праг од пет проценти и со отворени листи. Во однос на иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката, односно Пржинската влада, Ахмети рече дека е потребна дополнителна консултација со Европска унија и Соединети Американски Држави, како коавтори на моделот. Во ...

Администрацијата на Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент. Според извештајот, меѓу погодените земји се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд. Фокс њуз јавува дека со дописот до американските амбасади им се наложува да ги одбиваат визите во согласност со постојниот закон, додека Стејт ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по завршувањето на лидерската средба изјави дека, изненадувачки, за првпат станувало збор за конструктивен состанок, на кој начелно било договорено до крајот на пролетта, односно до јуни, да се донесе нов Изборен законик. Како што рече Апасиев, на средбата се дискутирало за различните модалитети на изборниот модел – воведување една изборна единица, со или без изборен цензус, како и за можноста за отворени ...

Почнувајќи од 14 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во нова, изобилна ера на животот. Астролошкиот транзит на Меркур во опозиција со Јупитер го истакнува дисбалансот помеѓу очекувањата и реалноста, покажувајќи каде плановите биле премногу расфрлани или ветувањата биле нереални за долгорочен напредок. Овие астролошки влијанија поттикнуваат помудро донесување одлуки бидејќи откриваат што е одржливо на долг рок. Ова создава ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески. На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со ...

Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби. Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се ...

„По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ“, извести преку социјалните мрежи, Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Струмица. „Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, ...

Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде. Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири. „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“ „Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото. „Сите денеска присутни се согласивме. Имаше сугестија од еден од присутните да се направи консултација со меѓународната заедница. Но, генерално сите се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран. Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад. „Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој ...

Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило ...

Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си. Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. ...

„Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE)“. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на средбата со Жоао Коста, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја. – Постојано ...

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика за повторно преземање на контролата врз Гренланд, инсистирајќи дека островот им е потребен на САД „заради национална безбедност“. Во објава на социјалните мрежи, тој тврди дека „НАТО треба да ни го отвори патот за да го добиеме“ и предупреди: „Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи!“, пишува Гардијан. „Воено, без огромната моќ на ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. „Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува ...

Прославената манекенка Синди Крафорд (59) и нејзината ќерка, исто така позната убавица, Каја Гербер (24), беа на заедничка забава пред доделувањето на наградите „Златен глобус“. Мајката и ќерката пристигнаа модно усогласени и никогаш не ги симнаа насмевките од лицата, а нивната неверојатна сличност и убавина повторно беа главна тема на тој дел од светот. Каја избра тесна црна тоалета со длабоко деколте, која ја комбинираше со црни салонки, ...

Министерството за економија и труд денес ја презентираше Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030, стратешки документ кој ја дефинира насоката за развој, конкурентност и отпорност на малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија во наредните години. Малите и средни претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија, сочинувајќи околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи ...

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денес изјави дека Европската Унија не треба да чека американскиот претседател Доналд Трамп да преземе мерки против иранскиот режим и дека Брисел треба да го зголеми притисокот врз Техеран. Таа за „Јуроњуз“ рече дека иранскиот режим е без сила и дека деновите на диктаторот ќе завршат во 2026 година. Според неа, санкциите треба веднаш да се воведат, а Корпусот на Исламската револуционерна ...

Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит. Исто ...

Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен. Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1005
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1006
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.83
100%
1005
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
8.23
62%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
3.09
96%
1003
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
84%
1004
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Цинк

3.25