Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во Дубаи раскажа за бруталното задушување на протестите, тврдејќи дека припадниците на Револуционерната гарда „ги застрелале сите во глава“, пишува Скај њуз. „Беше војна“, беа зборовите што ги употреби една млада Иранка за да ги опише сцените што ги видела на улиците на Техеран. Проверката на настаните во земјата стана ...
Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31). Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен. Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина. 39-те поени на 27-годишниот ас Лука ...
На 5 август, под отворено небо, Дупер за првпат ќе застанат на сцената на Античкиот театар во Охрид. Ова е прво појавување на Дупер на најсимболичната летна сцена во Македонија. Дупер носат автентичен урбан израз, силни текстови и емоција што директно комуницира со публиката. 5 август, „Антички театар“ – Охрид. Прв концерт на Дупер на оваа сцена. Картите се веќе пуштени во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК ...
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски. „Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата. Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и ...
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава ...
Кубанската државна телевизија вчера наутро го емитуваше во живо враќањето на останките на 32 кубански државјани кои загинаа во американските воздушни напади врз Венецуела за време на операцијата рано наутро на 3 јануари, насочена кон апсење на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро. Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, покриени со кубанското знаме. Со години, Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, која пак ја ...
Фудбалерот на ПАОК, поранешен репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен, како гостин во емисијата „Другата страна на медалот“, одговарајќи на бројни прашања, мораше да се потсети на финалето на Светското првенство што го играше со Хрватска против Франција во 2018 година. За потсетување, Хрватска, во Москва, го загуби тоа финале со 2:4. Светската титула ја освои Франција. „Никогаш не го гледав тој натпревар, ги гледав само резимеата и ...
Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски го најави новиот материјал. Неговиот нов албум „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Head High”. Песната ...
По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден. „За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник. Сите заинтересирани ...
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати. Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека ...
Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни, се најде во центарот на голем скандал, американското обвинителство го гони за учество во широка шема за местење натпревари во НЦАА и кинеската лига, за што наводно зарботил 200.000 долари. Антонио Блекни е меѓу 20-те обвинети во голем скандал со местење кошаркарски натпревари кој, според обвинителите од Филаделфија, траел од септември 2022 до февруари 2025 година и вклучувал натпревари на НЦАА и ...
Мате Римац, познатиот претприемач и основач на „Римац Автомобили“, ја претстави својата нова девојка на јавноста, додека беа заедно на музички настан во Загреб, а фотографите ги фатија како се држат за раце. Римац се разведе од Катарина Ловриќ кон крајот на 2024 година и оттогаш го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста, но со овој потег стави до знаење дека е во нова љубовна врска, па многумина се прашуваат која е новата избраничка ...
Со оглед на продолжениот викенд и претстојниот голем верски празник Богојавление – Водици, се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот. Поради зголемената фреквенција на возила, како и можните неповолни временски услови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во ...
Ливерпулл наводно е подготвен да предизвика „земјотрес“ на фудбалскиот пазар со историска понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам. Англискиот клуб смета дека 22-годишниот играч од средниот ред може да биде темел на иднината на клубот. Барем засега, како што тврди „Фихајес“, Реал нема намера да го продаде Белингам. На Енфилд веруваат дека на тимот му е потребен генерациски лидер кој ќе доминира во средниот ред во следната деценија. Џуд ...
Ако барате мирис што остава впечаток, буди емоции и никогаш не излегува од мода, одговорот е ист со години, па дури и експертите едногласно се согласуваат. Во светот на парфемите, каде што трендовите се менуваат побрзо од годишните времиња, само неколку мириси успеваат да го задржат статусот на безвременски класик. Еден од нив е YSL Black Opium – парфем кој беше избран за најдобар женски мирис на сите времиња од страна на меѓународните модни ...
Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната ...
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори. Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница. Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел ...
Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година. За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото Кралство. Иванов се обрати на ...
Алваро Арбелоа не се прослави на своето деби на клупата на Реал Мадрид. Великанот беше елиминиран од Албасете во осминафиналето на Купот, но младиот тренер се чини дека е подготвен да му понуди на тимот нешто ново додека ја извршува функцијата привремен тренер. Арбелоа, според „Марка“, сака да ги смири страстите во соблекувалната и ќе го послуша она што го бара Федерико Валверде. Имено, Уругваецот јасно кажал дека не сака да игра како десен ...
Златан Ибрахимовиќ и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер имаат двајца синови, 19-годишниот Максимилијан и 17-годишниот Винсент. И двајцата тргнале по стапките на татко им и играат фудбал. Ибрахимовиќ неодамна, во подкаст, откри дека се трудел да ги воспитува така што ќе бидат одговорни и самостојни. „Бевме во Беверли Хилс… Не го кажувам ова за да испаднам важен, туку навистина така постапував. Децата одеа на училиште, а сите имаа ...
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC — Rapid Report ...
„Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија“, велат од Левица. „Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на ...
OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve. Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и ...
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа. Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни. Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во ...
Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција. Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат нови странски инвестиции во енергетскиот сектор, изјави Родригез во говорот пред Националното собрание на јужноамериканската земја. Таа објави дека мерките ќе овозможат инвестиции во нови нафтени полиња, во полиња каде што никогаш немало инвестиции, како и во оние ...
Поради случена сообраќајна незгода, од 23:32 до 02:30 часот, патниот сообраќај на патен правец Р1101 и А3 крак Битола-Прилеп беше во прекин во двата правци. Од 02:30 часот, сообраќајот е пуштен за сите видови возила и истиот нормално се одвива, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска ...
Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп, велејќи во подкаст дека е изненаден што претседателот на САД е сè уште жив со оглед на количината на она што тој го нарече „отров“ што ја внесува секој ден. Кенеди беше гостин во подкаст воден од Кејти Милер, сопруга на заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер. Кога го прашаа кој има „најлуди навики во ...
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Времето во наредните денови Во деновите од ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба; · во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден; · во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина ...