Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ги нападна Папата Лав и НАТО во серија објави на неговата социјална мрежа Truth Social. Во една од објавите, тој побара од некого „ве молам да му кажете на Папата Лав… дека е апсолутно неприфатливо Иран да има нуклеарна бомба“. Трамп, исто така, тврдеше дека иранските власти убиле „најмалку 42.000“ демонстранти во последните два месеци. Во друга објава, тој ја повтори својата веќе добро позната ...

Доналд Трамп рече дека војната со Иран е „многу блиску до крај“, повторувајќи слични тврдења што ги даде во последните недели. Во најавата за интервју за Фокс Бизнис, кое е закажано да се емитува оваа среда, американскиот претседател исто така рече дека Техеран е „очаен“ да постигне договор, објавија странските медиуми. „Мислам дека е блиску до крај. Да, мислам, мислам дека е многу блиску до крај“, изјави Трамп за Фокс. Потоа додаде: ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени. Времето во наредните ...

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата на „јорганџиите“ (2:0). На „Метрополитано“, Атлетико ја преживеа пред сè катастрофалната игра на Клемон Ленгле, кој беше виновникот за двата гола. На крајот пресуди голот на Адемола Лукман во 31-та минута. Барселона го стигна минусот од „Камп Ноу“ за само 24 минути. Во четвртата минута, ужасна реакција на Ленгле, ...

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и со вкупен резултат 4:0, во полуфиналето ќе игра против Баерн или Реал. Натпреварот го реши Усман Дембеле со два гола во второто полувреме. Меѓутоа натпреварот го обележа повредата на Уго Екетике во 31-та минута. Напаѓачот за кого Ливерпул минатото лето на Ајнтрахт му плати 90 милиони евра, се повреди без контакт со ...

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи Атлетико со 2.1 во реваншот, но „јорганџиите“ со вкупен резултат 3:2 изборија место меѓу најдобрите четири екипи во Европа. По натпреварот, кој беше исклучително интензивен, со силно темпо, тренерите Диего Симеоне и Ханси Флик рекоа дека се горди на своите фудбалери. „Поминаа 14 години и искрено, гледам тим ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Слот направи двојна замена на полувремето, при резултат 0:0, а еден од играчите што влезе беше дефанзивецот Џо Гомез, кој го замени Џереми Фримпонг. Сепак, по малку повеќе од 20 минути игра во второто полувреме, односно во 67-та минута, Слот одлучи да го извади Гомез од игра. Тој беше заменет од младиот ...

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја мине Барселона. Каталонците победија на „Метрополитано“ со 2:1, Атлетико се пласира во полуфиналето благодарение на победата 2:0 во првиот меч во Барселона. Воде Каталонците со 2:0 по само 24 минути игра. Катастрофалните грешки на Клемон Ленгле ги искористија Ламин Јамал и Феран Торес. Предноста на Атлетико, во двомечот, му ја ...

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со 2:0. Дбата гола ги постигна Усман Дембеле. ПСЖ стана првиот француски клуб кој стигна до три последователни полуфиналиња од елитното натпреварување. Ливерпул се обиде да го надомести дефицитот, поткрепен со гласна поддршка од трибините, но ПСЖ беше прв што сериозно се закани. Усман Дембеле имаше добра шанса, ...

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на холокаустот. Барнеа нагласи дека мисијата на неговата агенција во Иран е далеку од завршена, објави The Times of Israel. „Им обезбедивме на воздухопловните сили прецизни разузнавачки информации, што им ...

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав XIV како „историска и голема грешка“. Зборувајќи со странски дописници во Мадрид, Дијаз нагласи дека ваквите коментари покажуваат „непочитување“ кон поглаварот на Католичката црква и поглаварот на Ватикан, пренесува Анадолу. Трамп во неделата на својата социјална мрежа Truth Social го критикуваше папата ...

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема пресвртница во односите меѓу Италија и Израел, пристигна првата реакција од израелските власти. Израелското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Италија да го суспендира договорот за одбрана нема да влијае на безбедноста на Израел. Претходно, италијанската премиерка Џорџија ...

Синот на поп-ѕвездата Бритни Спирс, Џејден Џејмс Федерлајн, повторно се појави во јавноста, и тоа за првпат откако неговата мајка доброволно замина на лекување во рехабилитациски центар. Неговото појавување веднаш привлече големо внимание, особено поради актуелната ситуација во која се наоѓа пејачката. Џејден, кој има 19 години, бил забележан во Лос Анџелес во опуштено издание додека излегувал по пијалак, што е едно од ретките негови ...

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор на кој Давидовата ѕвезда беше заменета со нацистичка свастика. Беркович го обвини Израел дека е „нов Трет рајх“ и дека извршил геноцид во Газа, пишува Notes from Poland. Беркович е член на Конфедерацијата (Konfederacja), крајно десничарска опозициска група која има 16 од 460 членови во долниот дом на ...

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не се сметаат себеси ниту за жени ниту за мажи. Доколку законот биде усвоен во финскиот парламент, секое лице ќе може слободно да избере дали да се регистрира кај државните органи како жена, маж или како трета опција. Граѓанската иницијатива „Постоиме“ собра повеќе од 55.000 потписи, што е доволно за финскиот ...

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес Црвениот крст. Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) соопшти дека пратката влегла во земјата во недела, додека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) ја доставил својата помош вчера, објавува Euronews. Конвојот камиони, кој тргна од турската престолнина ...

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување со јагулата, документ кој има за цел заштита и обновување на оваа важна врста за екосистемот и регионот. Според Хоџа, планот предвидува конкретни мерки за мониторинг и долгорочно управување со јагулата, со цел зголемување на нејзиниот број и зачувување на природната рамнотежа. Тој истакна ...

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк пост“. Изјавата доаѓа додека разговорите продолжуваат тивко откако американската делегација ги заврши маратонските преговори минатиот викенд без да постигне договор. „Видете, работите се движат, но, знаете, доста бавно“, рече Трамп во телефонски разговор. „Работите се движат, но не мислам дека нашиот состанок ќе се одржи ...

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата. Командата на американските сили (Centcom) објави дека повеќе од 10.000 лица од морнарицата и воздухопловните сили учествуваат во операцијата, заедно со повеќе од десет воени бродови и десетици авиони. Според нивните тврдења, шест трговски бродови ги послушале наредбите на американските ...

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „’Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни ...

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат тензијата во Ормутскиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 3,67 долари пониска цена од вчера за 95,69 долари. На американскиот пазар, беше за 5,89 долари поевтина и изнесуваше 93,19 долари. На почетокот на неделата, пазарите беа ...

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени. Следува ...

Неколку од најголемите имиња на светската музичка сцена ќе бидат примени во „Рокенрол куќата на славните“ за 2026 година, откако беше објавена официјалната листа на нови членови. Меѓу нив се Фил Колинс, покојниот Лутер Вандрос, британскиот бенд „Оејзис“ и соул-џез дивата Шаде, заедно со уште неколку влијателни музички имиња. Покрај нив, дел од новата генерација примени уметници се и „Ајрон мејден“, Били Ајдол, Квин Латифа, како и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, велејќи дека со отфрлањето на експлоатацијата на нафта од Северното Море, Европа останува без клучен извор на енергија. „Европа очајно има потреба од енергија, а Велика Британија одбива да ја отвори нафтата од Северното Море, едно од најголемите нафтени полиња во светот. Трагично! Абердин треба ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. „Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...

Газираната вода често се смета за поздрава алтернатива на соковите и засладените пијалаци, но експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз организмот не е секогаш еднозначно и зависи од повеќе фактори. Во основа, газираната вода е обична вода во која е растворен јаглерод диоксид, што ѝ дава карактеристични меурчиња. Нутритивно, таа е речиси идентична со обичната вода – секако, доколку не содржи додаден шеќер или вештачки ...

Во моментов нема недостиг на гориво во Европската Унија, но наскоро би можело да се појави проблем со снабдувањето со гориво за авиони, изјави денес портпаролката на Европската Комисија. „Во моментов нема докази за недостиг на гориво во Европската Унија, но во блиска иднина би можеле да се појават проблеми со снабдувањето, особено за гориво за авиони“, изјави портпаролката Ана Каиса Итконен на прес-конференција. Таа додаде дека рафинериите ...

Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судски органи и обвинителства за потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека за Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на ...

Цените на горивата во Македонија од ноќеска на полноќ се намалуваат, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за пониски максимални цени. Дизелот поевтинува за 2,5 денари по литар, додека бензините ќе бидат поевтини за 1,5 денари, што значи просечно намалување од околу 2,73 проценти. Според новата одлука, максималните цени од 15 април ќе изнесуваат: бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 82 денари по литар, Еуросупер ...

Понатамошната ескалација на војната во Иран може да предизвика глобална рецесија, да предизвика зголемување на инфлацијата и нагло опаѓање на финансиските пазари, предупреди Меѓународниот монетарен фонд. Во сè понестабилна средина, фондот со седиште во Вашингтон соопшти дека економската штета од конфликтот на Блискиот Исток постојано се зголемува и ги намали своите прогнози за раст за 2026 година врз основа на досегашното влијание на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
57%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
46%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
70%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
80%
1027
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
59%
1029
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
75%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
33%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
29%
1020
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
51%
1024
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
37%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
93%
1020
Currency

61.6317

Currency

52.5083

Currency

71.4439

Currency

37.7949

Currency

38.6382

Currency

67.2538

Currency

7.69482

Currency

0.70102

Currency

0.33562

Currency

0.52527

Currency

1.1633

Currency

0.5544

Кобалт

45.39

Калај

49.78

Рутениум

52180.66

Цинк

0.00

Сребро

2363.77

Бакар

12.05

Иридиум

253540.09

Злато

147595.33

Паладиум

48611.93

Родиум

323115.00

Платина

63594.18

Алуминиум

3.48