Европа треба да продолжи да ја поддржува Украина и покрај актуелниот скандал со корупција, изјави финскиот претседател Александар Стаб во интервју за агенцијата АП. Стаб истакна дека Владимир Зеленски мора што поскоро да се справи со обвинувањата за поткуп и проневера. Сепак, финскиот претседател ги повика европските лидери да размислат за зголемување на финансиската и воената поддршка за Киев. Стаб, исто така, изрази сомнежи за можноста за ...

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската полиција, непозната група им го блокирала патот и им ги оштетила возилата со метални шипки, кршејќи прозорци и ретровизори, пишува Вијести.ме. Навивачите го пријавиле инцидентот во полицијата во Цетиње, но наводно не можеле прецизно да ја идентификуваат точната локација на нападот. Полициската управа ...

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска, во саботата навечер, соопшти ирската полиција, објави Скај њуз. Трагедијата се случила кратко по 21 часот во Гибстаун, Дандалк, кога „фолксваген голф“, во кој патувале петмина пријатели на ноќно излегување, се судрил со „тојота ленд крузер“. Сите петмина патници во „голфот“ загинале на местото на настанот. Жртвите биле Клое ...

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина на административната линија со Косово, вчера околу 15 часот, објави вечерва Радио-телевизија на Србија (РТС), а пренесе Данас.рс. Инцидентот се случил во подножјето на брдото Шоп, каде што вооружената група испукала 15 истрели во правец на патрола на српската армија. Според РТС, во таа прилика било погодено куче кое ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај) · во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар) · во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош) · во периодот од 01.00 до 13.00 часот ...

Фудбалерите на ДР Конго се квалификуваа за интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство, откако ја победија Нигерија во финалето на африканскиот плејоф во Рабат.. Во финалниот меч од плејофот, Конгоанците ја победија Нигерија по изведувањето пенали. По 120 минути, резултатот беше 1:1, а Конго потоа славеше по шест серии пенали со 4:3. Конго има шанса по прв пат да настапи на планетарната смотра под ова име. Тие учествуваа во 1974 година ...

Норвешките фудбалери го потврдија своето место на Светското првенство, со убедлива победа од 4:1 во Милано над Италија. Норвешка во голем стил ги мина овие квалификации, со максимален учинок од осум победи и гол разлика 37:5. На „Азурите“ им беше потребна победа од 9:0 на „Сан Сиро“ за првото место во Група И. И покрај водството, не освоија ниту еден бод. Исто како во Осло, во јуни, кога Норвешка победи со 3:0. Избраниците на Столе Солбакен ...

Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз. Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба. Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година. Алкараз и покрај поразот ...

Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот. Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та ...

Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, отворено зборуваше за најголемиот предизвик што го забавува развојот на вештачката интелигенција, а тоа не е недостатокот на чипови. Според Надела, главниот проблем е енергијата, односно недостатокот на инфраструктура што би можела да поддржи сè помоќни системи со вештачка интелигенција. Во заедничко интервју со Сем Алтман, раководителот на OpenAI, Надела истакна дека Microsoft има напредни чипови ...

Apple интензивно работи на план за многу брзо заменување на својот извршен директор, Тим Кук, веќе во 2026 година. Доколку информациите за претстојната замена на Тим Кук се точни, Apple би влегла во нова ера, можеби најголемата транзиција од заминувањето на Стив Џобс во 2011 година. За 13 години на чело на компанијата, Кук ја претвори Apple во финансиска машина: приходите се дуплираа, а пазарната вредност порасна од 350 милијарди на над 2,5 ...

Платформата на Google за генеративна вештачка интелигенција Gemini, полека, но сигурно ја намалува пазарната предност на ChatGPT. Пазарот на генеративна вештачка интелигенција се менува побрзо од кога било, а според најновите податоци од аналитичката компанија Similarweb, Google Gemini станува сè посериозен конкурент на ChatGPT. Само минатата година, ChatGPT беше речиси апсолутен лидер со дури 86,6% од целиот интернет сообраќај меѓу платформите ...

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Горан Ангеловски во градскиот парк во Скопје го одбележаа Светскиот ден на жртвите во сообраќајот, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија своите животи на патиштата. Директорот Јанев истакна дека нашите сообраќајници секојдневно се неми сведоци на трагедии кои зад себе оставаат болка, празнина и ...

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната циркулација ќе „се сруши“ во втората половина од месецот, носејќи студено време и снег низ Соединетите Американски Држави и Канада, додека последиците за Европа засега се помалку јасни. Поларниот вртлог е еден вид „чувар на студот“, кој го држи во поларните региони додека е силен. Меѓутоа, ...

Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија. Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин. Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во ...

Експертите предупредуваат дека примањето слика, без никакви кликови, било доволно за напаѓачите да ја преземат контролата врз уредот. Безбедносните истражувачи од компанијата Palo Alto Networks Unit 42 открија нова шпионска кампања која користела обични фотографии како оружје за напад на одредени Samsung Galaxy телефони. Малверот, наречен „Landfall“, искористил ранливост во системот за обработка на слики на Samsung, дозволувајќи им на напаѓачите ...

Наталија Ходемчук, вдовицата на Валериј Ходемчук, првата жртва на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, почина во Киев од тешките повреди здобиени за време на масовниот руски напад во ноќта меѓу 14 и 15 ноември. Државната агенција за управување со забранетата зона соопшти дека Ходемчук (73) била тешко повредена кога дрон погодил станбена зграда во реонот Троешчина, при што нејзиниот стан целосно изгорел, пренесува „Киев ...

Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа. Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер. Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување. „Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, ...

Русија ќе го зголеми данокот на додадена вредност (ДДВ) од 20% на 22% од 1 јануари, како дел од мерките за стабилизирање на државниот буџет по забавување на економијата. Владата прогнозира дека ова ќе донесе дополнителни 1 трилион рубли (10,8 милијарди евра) во државните приходи, откако економијата порасна само 1% во 2025 година, по раст од над 4% во 2023 и 2024 година. Промените ќе ги погоди и малите и средни бизниси. Во моментов, компании со ...

Федералната антитерористичка агенција на Индија го уапси Амир Рашид Али од Кашмир, кој е обвинет за заговор со наводниот бомбаш-самоубиец Умар Ун Наби, жител на Пулвама, за експлозијата во Делхи минатата недела. При нападот загинаа осум лица, а најмалку 20 беа повредени. Националната истражна агенција соопшти дека Али дошол во Делхи за да го олесни купувањето на автомобилот користен како „импровизирана експлозивна направа“. Запленети се и други ...

Марко Бецеки, возачот на Априлија, победи на трката за Големата награда на Валенсија, последна ваа сезона во Мото Гп шампионатот. Второто место му припадна на Раул Фернандез (Трекхаус Априлија), а трет заврши возачот на ВР46, Фабио ди Џанантонио. Априлија прв пат по 2023 година ги освои првите две позиции во трка, во Мото Гп шампионатот. Марко Бецеки, возачот на Априлија кој ја освои пол-позицијата претходниот ден, победи по шести пат во ...

Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во Леви, Финска. Победа во Леви му припадна на Лукас Пињеиро Братен. Победи со вкупно време 1:50,72, со што му го донесе на Бразил првиот триумф во скијање во историјата. Еден од најдобрите слалом скијачи на денешницата, Клемент Ноел, стигна до второто место со време од 1,51:03. Сепак, вистинкс асензација приреди домашниот репрезентативец, Едуард Халберг. Беше 29-ти на стартот, на крајот ...

Случајот со смртоносното труење на германското семејство во Истанбул станува сè помистериозен. Во саботата во болница биле примени уште двајца туристи од истиот хотел, а полицијата уапсила уште тројца осомничени поврзани со употреба на хемикалии во објектот. Според информациите од обвинителството, уапсени се сопственикот на хотелот, синот на сопственикот на фирмата за дератизација и вработениот кој бил задолжен за прскање со хемикалии. Вкупниот ...

Тотенхем повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, објавува шпански „Ас“. Кубо, чија откупна клаузула е 60.000.000 евра, повторно е на листата на желби на Тотенхем, но барем засега нема информации дека клубот испратил конкретна понуда. Арсенал и Атлетико Мадрид покажаа интерес за јапонскиот репрезентативец, но мадридскиот клуб не е подготвен да ја активира клаузулата, што би можело да му користи на Тотенхем. ...

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ беа нанесувани на нашата држава, кажа денеска на прес-конференција Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „По завршувањето на локалните избори и конституирањето на општинските совети, исклучително сум горд што Унијата на млади сили уште еднаш се потврди како силен генератор на нови кадри и политики ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово. За неа, неспорно е дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот. „Време е да ги следиме инспиративните примери ...

Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата. „Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги вклучив ...

„Магичниот пресврт – ‘Што научи?’ или ‘Што доби?’“ беше темата на денешната панел-дискусија што се одржа во Куманово, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука. Панелистите зборуваа за важноста оценките да не се доживуваат како крајна и единствена цел, туку како алатка што го следи и охрабрува напредокот на учениците. Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена ...

Некои луѓе природно шират топлина и позитивна енергија, каде и да се појават. Нивното присуство опушта, поттикнува насмевки и внесува мир во секојдневните ситуации. Во астрологијата се издвојуваат неколку знаци кои ја имаат таа способност да им го подобрат расположението на другите, дури и кога не се свесни за тоа. Овие луѓе зрачат со оптимизам и лесно ја наоѓаат посветлата страна на работите. Според ѕвездите, токму припадниците на овие знаци ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
92%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Никел

473339.37