Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во втората половина од ноември три хороскопски знаци ќе почувствуваат награда од космосот – подобри финансии, напредок во работа и враќање на позитивната енергија која ја вложиле, пишува „Атма“. Бик Биковите по период на непредвидливи промени конечно влегуваат во фаза на стабилизација. Се наградува нивната доследност и трпение: можни се зголемени приходи, наплата на долг или нов деловен договор. Во односите добиваат признавање за својата ...
Авионот од типот „Пајпер“ (Piper), кој вечерва околу 17 часот се урна кај аеродромот „Биково“ во Суботица, не паднал за првпат – истото летало, регистрирано како YU-DPV, имало несреќа и пред три години, под речиси исти околности, дознава ексклузивно „Телеграф“. Вечерва, во леталото беа двајца членови на екипажот. Едно лице загина на лице место, додека другото во тешка состојба е пренесено во болница. Падот се случил за време на приодот кон ...
Фудбалската репрезентација на Малта направи првокласно изненадување и ја победи Финска како гостин во натпреварот од деветтото коло од Групата Г од европските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Со овој пораз, Финците ги загубија сите шанси за пласман на Светското првенство следната година. Натпреварот на Олимпискиот стадион во Хелсинки заврши со резултат 0:1 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Џејк Греч во 81-та минута. ...
Кина соопшти дека открила најголемо поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните повеќе од 70 години. Според податоците од Министерството за природни ресурси, рудникот за злато Дадонгоу, кој се наоѓа во североисточната покраина Лиаонинг, крие дури 1.444,49 тони докажани резерви, објавува Анадолија. Како што објави државниот весник Глобал Тајмс, рудникот веќе ја поминал проценката за економска профитабилност, со што се отвора патот за ...
Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда. Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој. Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па публиката можеше да ги види светските ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација. Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила атентат врз висок руски функционер, односно експлозија што требало да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе. „Федералната служба за безбедност спречи терористички чин планиран од специјалните служби на Украина против еден од највисоките функционери на руската држава кога тој го посетил гробното место на ...
Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава, соопшти Министерството за здравство. Делегацијата, составена од проф. д-р Лојд Вилијамс, асс. д-р Ник Гарсон и д-р Шина Сонг во рамки на ...
Азербејџанското министерство за надворешни работи денеска го повикало рускиот амбасадор за да му врачи остар протест, откако руска ракета го оштетила нивното амбасадско седиште во Киев. Според соопштението, ракета од типот „Искандер“ паднала во близина на зградата и предизвикала штета на објектите и службените возила, но нема повредени вработени, пренесе „Киев Индепендент“. Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и дрон-напад ...
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“. По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на двасетина ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека ќе побара од државниот обвинител Памела Бонди да ги истражи врските на сексуалниот престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници. „Ќе побарам од државниот обвинител Пам Бонди и Министерството за правда, заедно со нашите големи патриоти во ФБИ, да ја истражат вмешаноста и врската на Џефри Епштајн со Бил Клинтон, Лари Самерс, Рид ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека Унгарија ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката за забрана на увоз на руски гас. Будимпешта одлучи да го преземе овој чекор бидејќи смета дека одлуката на Унијата е нелегална и спротивна на европските вредности, пишува „Киев Индепендент“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности“, рече Орбан. Во октомври, Советот на ЕУ се согласи за постепено ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој претстојува во тридневна работна посета на Романија и Република Бугарија, ги посети припадниците на македонскиот контингент распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“. Во рамки на посетата во Романија, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓита Влад, вчера, 13 ноември, присуствуваше на Денот за ...
Египет се подготвува за голема транспортна трансформација со воведување на нова национална мрежа на брзи возови. Siemens Mobility ја претстави новата генерација на возови Velaro, прилагодени за пустински услови, со брзина до 250 км/ч, пишува CNN. Вкупно 41 ваков воз ќе бидат дел од мрежа долга 2.000 километри, развивана во партнерство со Arab Contractors и Orascom Construction. Железницата ќе има три линии што ќе поврзат голем дел од египетските ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот беше потврдена конструктивната и блиска соработка со САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО ...
На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот. „Од ...
Француската полиција рани маж вооружен со нож на железничката станица Монпарнас во Париз, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на француската престолнина, откако претходно беше објавено дека полицијата совладала маж познат по семејно насилство. Полицискиот службеник го употребил своето оружје против мажот, кој потоа се повредил со нож, објави канцеларијата во соопштение за медиумите. Полициски извор изјави дека мажот им се заканил на ...
Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година. Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за капитални ...
На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории. „Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан. Со ребалансот се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини. 37 советници гласаа ЗА, еден воздржан и еден против. Градоначалникот истакна дека ребалансот претставува прв значаен чекор ...
Утре наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде ...
Министерот за здравство на Романија, Александру Рогобете, објави дека Државната санитарна инспекција и контролното тело ќе спроведат административни проверки откога двегодишно девојче почина синоќа во стоматолошка ординација во Букурешт кога доживеа кардиореспираторен застој за време на интравенска анестезија. Романскиот министер изјави дека прелиминарните информации укажуваат на можно доцнење помеѓу моментот на срцев застој и повикот на бројот ...
На првата конститутивна седница на Советот на Општина Куманово, советниците за претседателка ја избраа Ивана Ѓорѓиевска. Советот на Општина Куманово, за мандатниот период 2025 – 2029 година, е составен од 31 член, од следните политички партии (субјекти): ЗНАМ – 7 члена, ВМРО ДПМНЕ – 6 члена, ДУИ – 5 члена СДСМ – 4 члена, ДПСМ – 3 члена, ВЛЕН – 3 члена, група избирачи ИП (Иван Петковски) – 2 члена и Левица – 1 член. На конститутивната седница ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз в понеделник, 17 ноември, за време на посетата насочена кон „повторно потврдување на посветеноста на Франција кон Украина“, објави денес Елисејската палата. Оваа деветта посета на Володимир Зеленски на Франција од почетокот на војната што Русија ја води од 2022 година „ќе овозможи повторно потврдување на долгорочната посветеност на Франција кон ...
Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ова што го зборувавме денеска, и ВМРО-ДПМНЕ треба да им даде одговорите на граѓаните за сите оние скандали коишто ги објавивме досега и допрва ќе ги објавуваме. ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за ...
Русија никогаш нема да ја заборави помошта на севернокорејската армија во опасните и тешки работи за деминирање во Курскиот Регион, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде на прес-конференцијата дека оваа работа продолжува и дека е опасна и тешка, пренесува ТАСС. „Нашите корејски пријатели ни помагаат многу и ние тоа многу го цениме“, рече Песков одговарајќи на прашањето како Кремљ гледа на севернокорејската воена помош во ...
Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се утврдени најмалку 10 случаи на непотребни кардиоваскуларни операции во приватни клиники. Ова е скандал без преседан за кој мора да има целосна одговорност, но начинот на првичната презентација на извештајот е скандалозен, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Имено, како е можно министерот Алиу да каже ...
Хеликоптер, кој полетал од Асти, се срушил доцна утрово помеѓу општините Касалромано и Изола Доварезе, во покраините Мантуа и Кремона. Според пожарникарите, во авионот бил само 56-годишен пилот, кој починал при падот. Тој бил исфрлен на неколку метри од местото на кое паднал хеликоптерот. Еден земјоделец забележал што се случило и го вклучил алармот. Безбедносните мерки и техничките прегледи на подрачјето се во тек. Надлежните органи ги ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства. „Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на ...
Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор. Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини ...