Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК. ...

Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство. Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство. Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку). ...

Популарните кукли Лабубу би можеле да се појават на филмското платно во иднина, а компанијата Сони пикчерс оваа недела склучи договор за развој на филм базиран на чудовишта со заби, пренесува Холивуд Репортер. Филмот е во рана фаза на развој и сè уште не е одлучено дали ќе биде играна или анимирана верзија, пренесува Ројтерс. Куклите Лабубу, кои ги продава кинескиот Поп Март, станаа глобален феномен оваа година, а во јавноста ги носеле познати ...

Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи. „Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за ...

По силниот ветер и обилните врнежи кои ги донесе олујата Клаудија, долж брегот на Даблин се појави необично големо количество морска пена, особено во регионот на Лохшин. Метеоролозите објаснуваат дека станува збор за природен феномен што настанува кога морската вода богата со органски материи се разбранува, а ветерот ја нанесува пената кон копното. Sea foam in Loughshinny North Dublin today shared by a follower living there 50 years and has ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на спринтот на Големата награда на Валенсија во шампионатот Мото ГП. Второто место го освои асот на КТМ, Педро Акоста, а подиумот го комплетираше Фабио Ди Џанантонио, ас на тимот ВР46. Раул Фернандез ја помина целта на четвртото место во Тракхаус, а по него следеше Марко Бецеки од Априлија. Италијанецот ја имаше пол-позицијата, но по лошиот старт „падна“ на шестото место. Шестото место му припадна ...

Повеќе од 20 лица се повредени по силни експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти. Индустриската локација се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата, објави АФП. Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола. ARGENTINA | A powerful ...

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд. Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој ...

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади. „Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што ...

1990-тите требаше да бидат крај на една ера. Конвенцијата од Отава, Канада од 1997 година позната и како Договор за забрана на мини, симболизираше верување дека војните во Европа и мините што ги оставиле зад себе припаѓаат на минатото. Но кога делегатите се собраа во Загреб за конференцијата „Преиспитување на Конвенцијата од Отава 2025“ на 10-11 ноември 2025 година, стана јасно дека историјата се повторува. Разговорите не беа академски туку ...

Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со бизнис секторот продуцира кадар што му е потребен на стопанството. Тој систем постојано се надградува и неодамна се формирани седум регионални центри за стручно образование и обука, а паралелно фокусирани сме и на развој и промоција на неформалното образование и обука меѓу повозрасната популација за да продолжиме да го намалуваме јазот помеѓу понудата и ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните. Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија. „Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска. Таа посочи ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема привилегирани фирми и селектирани должници. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ сите се еднакви пред законите и законите се еднакви и исти за сите. Владата ги одржува во постојана и нагорна кондиција платите, пензиите и инвестициите, а паралелно ги намалува дефицитот и јавниот долг. Со оваа Влада нема еднократни приходи и вонредни такси. Владата ...

Доминик Ливаковиќ (30) е блиску до враќање во Динамо во зимскиот преоден рок. Ливаковиќ сака да се врати во Динамо, а и клубот сака легендата повторно да застане на голот. Извори блиски до клубот наведуваат дека договорот е блиску до завршување, со оглед на тоа што постои взаемна волја. Ова лето, Ливаковиќ отиде на позајмица во Џирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кого има договор до летото 2028 година. Двата и пол месеци по ...

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?“, праша денеска на прес-конференција, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Министерот Алиу ...

Најдобриот стрелец на финската фудбалска репрезентација Тему Пуки (35) го одигра последниот натпревар за репрезентацијата. Тој немаше среќа да се збогува со победа, згора на тоа, Финците доживеаа прилично непријатен пораз од Малта на домашен терен (0:1), но дури ни таков неуспех не го засени најемотивниот момент на натпреварот. Солзите на Тему Пуки на крајот од натпреварот беа, без сомнение, најсилниот впечаток со кој неговите сонародници го ...

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби ...

Петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија донесе нова димензија на билатералната енергетска соработка, истакнувајќи ја важноста на регионалната стабилност и сигурноста на снабдувањето со енергија. Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет, на која се потврдија ...

Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026. Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во образованието. Бојковска посочи ...

Кина денеска ги повика своите државјани да не патуваат во Јапонија поради зголемените тензии меѓу двете земји околу Тајван, откако Токио наговести можна воена интервенција за одбрана на островот, за кој Пекинг тврди дека има право, во случај на кинески напад. Големите кинески авиокомпании најавија целосен поврат на средствата за летови за Јапонија резервирани до крајот на годинава. Ова е реакција на претходната изјава на премиерката на Јапонија, ...

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат. Тие ја запознаа со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот ...

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се вчера се одржа во Скопје. ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра, износ кој според најавите на Владата нема да се менува до март 2026 година, освен законското усогласување кое, според ССМ, нема да биде поголемо од 1.600 денари. Од ССМ потсетуваат дека земјите во регионот веќе донеле одлуки за значително зголемување на минималната плата. „Косово, минималната плата се зголемува од 350 ...

Ветераните Стеф Кари од Голден стејт Вориорс и Џејмс Харден од ЛА Клиперс, ги обележаа синоќешните натпревари во НБА купот. Голден Стејт Вориорс ги победија Сан Антонио Спарс со 109:108 во натпреварот од НБА Купот. Тој постигна 49 поени со 4 скока и 2 асистенции, а шутираше 16/26 од поле, односно 9/17 за три поени и 8/8 од линијата за слободни фрлања. Тој стана најстариот кошаркар што некогаш постигнал најмалку 46 поени во два последователни ...

Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој. На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски ...

По минувањето на тајфунот Калмаеги, на брегот на плажата во округот Тан Тхан во градот Хој Ан повторно се појавија остатоци од дрвен брод долги повеќе од 17 метри. Станува збор за брод што првпат беше откриен во 2023 година, но за кратко повторно беше покриен со песочни наноси. Овојпат морето ги исфрли во подобра состојба од очекуваното, предизвикувајќи голем интерес кај археолозите и јавноста. Археолошките процени укажуваат дека бродот ...

Иако Серж Гнабри игра брилијантно оваа сезона во Баерн Минхен, постојат големи шанси да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Причината е возраста, но и неговиот договор, кој истекува во јуни 2026 година, па од јануари ќе стане слободен да преговара со потенцијални идни клубови. Први во редот да го земат Гнабри без обештетување се Ливерпул и Јувентус. „Билд“ пишува дека Баерн не сака да ја продолжи соработката со германскиот ...

Апликацијата Viber лансира функција базирана на вештачка интелигенција која ја сумира содржината на веб-страницата директно во разговорите. Корисниците ќе можат веднаш да стигнат до главните точки на статиите или веб-страниците без да ја напуштат тековната комуникација. Покрај AI резимеата на линкови, корисниците можат да добијат концизни прегледи на споделената содржина директно во Viber – без разлика дали станува збор за долг текст, блог, ...

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци. Донесена била одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. „На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати ...

Новата услуга го оживува духот на некогаш мегапопуларниот Vine и им нуди на корисниците можност да се изразат преку кратки клипови. Основачот на Twitter, Џек Дорси, повторно влегува во светот на кратки видеа, овој пат како поддржувач на нова платформа наречена diVine, која го оживува духот на некогаш мегапопуларниот Vine. Новата апликација носи архива на оригинални видеа од Vine и им овозможува на корисниците да креираат свои клипови во ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
91%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
93%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
64%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
84%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
90%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Калај

40.48

Злато

135056.24