Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак, и тоа пред телевизиските камери. Во мај, Шумахер ќе се ожени со својот партнер Етјен Бускет-Касањ, со кого е во врска од јули 2024 година, а целиот настан ќе биде претворен во телевизиско шоу. Двојката неодамна ја потврди веста за свадбата на Инстаграм, а поканите за тридневната маратонска прослава веќе се испратени. Сега е откриено дека свадбата ќе ...

Килијан Мбапе, еден од најдобрите играчи на денешнината, имаше интересно гостување во подкастот „The Bridge“. Неизбежна тема беше споредбата помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Асот на Реал имаше јасен одговор. „Роналдо е мојот идол, но само Меси е феномен. Тој човек едноставно може да прави што сака.“ Мбапе имаше можност да ја дели соблекувалната со Меси во Пари Сен Жермен речиси две години. „Таму беше и Нејмар, кој е технички ...

Американските и иранските преговарачи постигнаа напредок во денешните разговори и се приближија до прелиминарен договор за крај на војната, изјавија двајца американски претставници, објавува американскиот портал Axios. Двете сопернички страни, со посредство на Пакистан, Египет и Турција, се обидуваат да ги премостат преостанатите разлики и да постигнат договор пред да истече примирјето на 21 април. Пакистанска делегација предводена од ...

УЈП појаснува дека оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку законска обврска што постои со години. Објавени и податоци за контроли и доброволно пријавување. Управата за јавни приходи (УЈП) ги расчисти дилемите околу оданочувањето на приходите од странство, нагласувајќи дека не станува збор за нов данок, туку за доследна примена на веќе постоечките законски обврски. На брифинг со медиумите, од УЈП посочија дека обврската ...

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна, велат од „Стоп за Вардариште“. Од таму велат доколку не се стави целосен крај на загадувањето, ќе има блокади. „Доколку не се испочитува договореното, не се ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети дека членовите на Aлијансата ќе ѝ обезбедат на Украина 60 милијарди долари воена помош во 2026 година. Руте го објави ова денеска во Берлин, на отворањето на Контакт групата за одбрана на Украина, позната како Рамштајн формат. Се очекува членките на НАТО да ѝ обезбедат на Украина 60 милијарди долари воена помош оваа година, вклучувајќи средства од заеми од Европската унија. „Мора да се осигураме ...

Украина се соочува со критичен недостиг на противвоздушни ракети „Патриот“, а ситуацијата е многу лоша, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во исто време, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го нарече прекинувањето на помошта за Киев едно од „најгордите“ достигнувања на администрацијата на Трамп, објави „Еуроњуз“. За време на посетата на Германија, Зеленски вчера за националниот радиодифузер ЗДФ изјави дека ситуацијата со ...

Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за ТВ 2. Столтенберг го водеше НАТО од 2014 до 2024 година, период во кој беше вклучен и првиот претседателски мандат на Трамп, во кој американскиот претседател, исто така, се закани дека ќе се повлече од алијансата. „Тој се закани во 2018 година дека ќе ги повлече САД од НАТО. ...

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи, додавајќи дека 13 лица се ранети, а шест се во критична состојба. Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во покраината Кахраманмараш каде што се случи крвопролевањето, Чифчи рече дека нападот бил „личен“ инцидент. „Ова беше чисто личен напад извршен од еден од учениците, не е ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа Truth Social, со американското знаме во позадина. Тој напиша со објавата: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мене ми изгледа доста убаво!!!“, напиша Трамп. На сликата, која брзо се прошири на социјалните мрежи, Исус стои зад Трамп и го прегрнува, додека Трамп стои на ...

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбаил. Зборувајќи во Вашингтон на маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Клингбаил нагласи дека конфликтот веќе негативно влијае на германската економија, објави „Ројтерс“. Запрашан за официјалните владини прогнози што ќе бидат презентирани следната ...

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што претседателот му ја покажувал својата канцеларија. За време на обиколката, Маѓар го забележал поранешниот премиер, Виктор Орбан, на балконот од соседната зграда, седиштето на премиерот, како чита нешто. Потоа Маѓар се сврте кон камерата и ја коментираше сцената со зборовите: „Апсолутно ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на комисијата. На состанокот беше извршена размена на информации од заеднички интерес, при што се разговараше за можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите во насока на ефикасно и навремено спроведување на законските обврски на двете ...

Во два исклучително драматични натпревари, Атлетико Мадрид успеа да ја елиминира Барселона во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. По завршувањето на реваншот, играчите на Атлетико бурно го прославија пласманот во полуфиналето. Потоа тие се поздравија со навивачите и се упатија кон тунелот. Сепак, во тој момент, еден од нив се одвои од своите соиграчи и се врати кон трибините на „Метрополитано“. Играчот кој се врати да слави сам со ...

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Пекинг, според руските новински агенции. Лавров изјави дека посетата на Путин ќе се одржи во првата половина од годината, додека весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори, објави дека таа би можела да се одржи во ...

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани. Тие разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство. Во исто време, Савески го запозна Фидани ...

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен фаворит. Како дел од презентацијата на „Hisense“, за соработката со ФИФА во Цирих, освојувачот на Златната топка во 2001 година коментираше за проширениот формат на Светското првенство, логистичките предизвици и ги издвои играчите и репрезентациите на кои треба да се обрне внимание. Според ...

Грејната сезона во Македонија официјално завршува на 15 април, но снабдувањето со топлинска енергија може да продолжи и во наредниот период, најдоцна до 30 април, во зависност од временските услови и температурите. Според надлежните институции, од денес започнува таканаречениот преоден период, во кој испораката на парно греење не е континуирана, туку се врши според потребите и временските прогнози. Клучен фактор за тоа дали радијаторите ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони денес, велејќи дека повеќе не може да има ист однос со неа затоа што таа одбила да му помогне во врска со војната во Иран. „(Мелони) беше негативна. Секој што одби да помогне во управувањето со ситуацијата со Иран, ние повеќе немаме ист однос со таа земја. Само да знаете, Италија добива големи количини нафта од Ормускиот теснец“, рече тој во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот особен придонес во афирмирањето на самобитноста на македонскиот народ и за залагањето и активизмот за национално и социјално ослободување и создавање независна македонска држава. Во своето обраќање таа истакна дека постхумното одликување на Анастас Коцарев претставува чин на исправување на историската неправда, но и ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 15 април 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,28% и заврши на 9.958,53 поени, додека ОМБ остана непроменет на 130,11 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 20.066.011 денари, при што најголем дел од ликвидноста беше концентриран кај Комерцијална банка, а значајна активност имаше и кај НЛБ ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека главни приоритети на Европската Унија (ЕУ) се зајакнување на прекинот на огнот на Блискиот Исток и обезбедување непречен поморски сообраќај низ Ормускиот теснец, истовремено поддржувајќи ги преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Во изјава за „Ал Џезира“, Кошта изјави дека ЕУ има две клучни задачи, имено да го направи постојниот прекин на огнот во регионот ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција. Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната ...

Дали навистина може да се преживее со само едно евро дневно? Популарниот јутјубер Џош Ларкин од каналот The Burnt Chip реши да го тестира токму тоа – и резултатите ги оставија сите без зборови. Во обид да провери дали Пакистан навистина е најевтината земја за живеење, Ларкин отпатува во Карачи – најголемиот град, главното пристаниште и финансиски центар на државата. Таму, тој размени една британска фунта (околу 1,2 евра) за 400 пакистански ...

Семејството на Porsche GT го пречекува новиот член. 911 GT3 S/C им овозможува на љубителите на високовртежниот боксер мотор да уживаат во неговиот уникатен атмосферски звук дури и без фиксен покрив. Тој комбинира низа квалитети на добро познатиот GT3 кои веќе ги воодушевија купувачите на ексклузивните модели 911 Speedster и 911 S/T. За првпат, Porsche претставува 911 GT3 со целосно автоматски кабриолет покрив. 911 GT3 S/C, дизајниран ...

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, денес објави дека Иран влегол во преговорите со цел да го прекине конфликтот и да ги заштити своите права, вклучително и правото на збогатување ураниум, како и евентуално добивање воени репарации. Според „Ал Џезира“, Багеи додаде дека размената на пораки со Соединетите Американски Држави продолжува по враќањето на делегациите од Исламабад, но истакна дека Иран не ги ...

Скопје денес беше домаќин на висока меѓународна делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица, потврдувајќи ја својата посветеност кон зајакнување на европската културна соработка во пресрет на титулата Европска престолнина на културата 2028. На средбата присуствуваа градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна и Џозефин Хаге, како и вршителот на должноста амбасадор при Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау. ...

Американскиот рапер Кание Вест повторно се најде во центарот на вниманието, откако го одложи својот најавен концерт во Марсеј, Франција, под силен притисок од француските власти и јавноста. Настапот, кој требаше да се одржи на 11 јуни на стадионот „Велодром“, беше доведен во прашање откако францускиот министер за внатрешни работи најави дека ќе бара начин да го спречи концертот. Одлуката за одложување, како што самиот Вест соопшти на ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес, по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и Српската армија, изјави дека предложил создавање и усвојување на стратегија за роботизација и формирање на единица опремена со роботизирани платформи. „Денес, како врховен командант на српските вооружени сили, предложив развој и усвојување на стратегија за роботизација, формирање на единица на ниво на баталјон опремена со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1024
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.54
69%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1024
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.73
91%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.71
78%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.07
67%
1018
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
32%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.13
71%
1024
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
54%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
93%
1019
Currency

61.6317

Currency

52.5083

Currency

71.4439

Currency

37.7949

Currency

38.6382

Currency

67.2538

Currency

7.69482

Currency

0.70102

Currency

0.33562

Currency

0.52527

Currency

1.1633

Currency

0.5544

Калај

49.98

Платина

61536.53

Цинк

0.00

Паладиум

46779.34

Иридиум

253540.09

Бакар

11.85

Злато

146933.90

Алуминиум

3.48

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Сребро

2336.99

Родиум

321507.47