Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Шпанската полиција ја изврши најголемата заплена на кокаин досега на отворено море, пресретнувајќи брод што превезувал речиси 10 тони дрога скриена во пратка сол на пат од Бразил до Европа, соопшти полицијата денес. Операцијата резултираше со апсење на 13 лица кои беа пронајдени на бродот, а крајбрежната стража во Санта Круз де Тенерифе на Канарските Острови мораше да го одвлече бродот во пристаништето бидејќи на крајот остана без гориво, ...
Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го приведоа Ш.А. (54) од овој град, поради сомнение дека вчера го оштетил стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава за инцидентот биле преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, по што Ш.А. бил лишен од слобода. По целосно ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пристигна во Абу Даби, каде што на аеродромот го пречека шеикот Мохамед бин Хамад бин Тахнун Ал Нахјан, советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Вучиќ со тоа ја започна својата посета на Обединетите Арапски Емирати, за време на која ќе учествува на церемонијата на отворање на Неделата на одржливост 2026, а ќе одржи и средба со домаќинот на ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше истакнато пријателското партнерство меѓу двете земји, со посебен акцент на можностите за унапредување на соработката во областа на јавната администрација, реформските процеси и размената на искуства и добри практики насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и ...
Руското Министерство за одбрана денес објави дека целта погодена минатата недела во нападот со хиперсоничната ракета „Орешник“ била украинска фабрика за поправка на авиони, која била онеспособена. Украина и нејзините европски симпатизери го осудија рускиот ракетен напад и рекоа дека имал за цел да го заплаши Западот во исто време кога европските земји понудија војници за потенцијални повоени безбедносни сили во Украина. Во овој случај, Русија ...
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани. „Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон ...
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени. Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“. „Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И ...
Европската Унија може да го заштити Гренланд ако Данска го побара тоа, изјави денес европскиот комесар за одбрана, Андриус Кубилиус, предупредувајќи дека американското преземање на островот би значело крај на НАТО. Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторува дека на САД им е потребен Гренланд, автономна територија што е дел од Кралството Данска, тврдејќи дека постојното воено присуство на САД таму не е доволно. Членките на НАТО, Данска и ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од Социјалдемократскиот сојуз на прес-конференција, а се однесуваат на јавните набавки, се неосновани и дека станува збор за политички конструкции без докази. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани согласно Законот за јавни набавки, преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од ...
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан. Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго. Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра. Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и ...
Во германските болници по должината на швајцарската граница смртноста е поголема отколку во остатокот од Германија, поради медицинскиот персонал што заминува на работа преку границата, според студија објавена денес. „Смртноста во болниците по должината на границата е за 4,4 проценти повисока отколку во остатокот од земјата поради недостаток на медицински персонал, особено медицински сестри“, според студија на Центарот за европски економски ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени. До крајот на седмицата ќе се ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја ги оценија пријателските односи и одличната соработка меѓу ...
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега. Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат. Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со ...
Денеска, 12 јануари (понеделник), министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на обележјето кај Катлановско Блаце положија венец со свежо цвеќе во спомен на единаесетмината припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години ги загубија своите животи, враќајќи се од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Министерот Мисајловски по овој повод порача дека нивната мисија била ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска изјави дека Владата во Собранието поднела Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра, наменето за изградба на фискултурни сали, без да достави информации за висината на каматната стапка. Лукаревска оцени дека државата се наоѓа во финансиски тешка состојба и дека задолжувањето, според неа, оди во опасна насока. Таа посочи дека нема средства за зголемување на платите, за минимална плата ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ја критикуваше платформата „Икс“ на милијардерот Илон Маск поради ширење сексуално експлицитни deepfake содржини создадени со помош на АИ-чатботот Grok, пишува Политико. „Згрозена сум што технолошка платформа им овозможува на корисниците дигитално да ги ‘соблекуваат’ жените и децата на интернет. Тоа е незамисливо однесување. А штетата предизвикана од овие deepfake содржини е ...
Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот ...
Здравите врски бараат заедничка подготвеност за слушање, прилагодување и раст заедно, а ако не ги препознаете овие знаци, можеби нема да бидете вистински еден за друг на долг рок. Започнувањето врска никогаш не е лесно, па дури и кога ќе најдете некој со кого чувствувате силна хемија, тоа не гарантира долгорочен успех. Експертот за врски, Клер Рение, откри клучни предупредувачки знаци кои можат да укажуваат дека вие и вашиот партнер, и ...
Франција почна кампања за нова десетмесечна доброволна национална воена служба, а првите учесници ќе почнат со обука во септември годинава. Програмата, која во ноември ја претстави претседателот Емануел Макрон, е отворена за сите млади француски државјани, пишува „Ројтерс“. Службата е наменета за лица на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да придонесат за способноста на нацијата да се спротивстави во небезбедна средина, изјави на ...
Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на месната заедница во населба Драчево. Реконструкцијата опфаќа целосна санација на кровот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност. Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализационата мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит системи. Покрај надворешната обнова, ...
Иако неодоливо не привлекува харизмата и чувствителноста на овој мистичен воден знак, врската со нив понекогаш може да биде вистински предизвик. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете Шкорпиите и да уживате во интензивното и страсно возење што го нуди врската со некој роден под овој хороскопски знак. Зошто Шкорпиите имаат толку лоша репутација? Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни страни, но Шкорпиите ...
Скандинавските земји вчера одлучно застанаа во одбрана на Данска, спротивставувајќи им се на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд со сила доколку Копенхаген одбие да ја продаде територијата на САД. На конференциите на Исланд и Шведска, лидерите го осудија она што го нарекоа „прикриена реторика“ на Трамп, објави „Киев пост“. На годишната конференција „Народ и одбрана“ во Шведска, премиерот Улф ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека денеска остварил проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. Како што наведе Муцунски, на средбата изразил благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на ...
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес. Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во ...
Пејачката Џенифер Лопез се појави на 83-то доделување на наградите „Златен глобус“ и тоа во улога на водителка. За таа пригода, Лопез одлучи да облече креација која предизвика поделба на мислењата во светот, но исто така ја истакна секоја облина на нејзиното тело. Станува збор за транспарентен фустан од Jean-Louis Scherrer Haute Couture од колекцијата 2023 година, а е украсен со крој во стил на сирена, како и кафеави детали кои беа клучен ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има ...
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија. Илјадници домаќинства без струја Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 ...
Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика, истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата енергетска ...