
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



По години на високи профити, германските производители на автомобили моментално се во надолен тренд. Германскиот производител на автомобили BMW со седиште во Минхен известува за пад на профитот по неговите рекордни резултати во годините по коронавирусот. Покрај слабеењето на продажбата во Кина, BMW се соочува и со многу други проблеми. Во фискалната 2024 година BMW заработил 7,7 милијарди евра по оданочување, што е за 37% помалку од претходната ...
Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство на РСМ успешно организираше настап на реномираниот меѓународен саем “Food Expo Greece 2025”-Атина што се одржа во периодот од 8-10 март во Атина, Грција. На саемот како изложувачи учествуваа осум македонски извозни компании од земјоделско-прехранбениот сектор: 1) „Соко Горица“-Скопје, 2) „Алтера фуд“- ...
Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за целиот увоз на челик и алуминиум во САД стапија на сила денеска предизвикувајќи брза одмазда од Европа. Акцијата на Трамп за поголема заштита за американските производители на челик и алуминиум значи царини од 25% за сите увозни метали и ги проширува давачките на стотици производи направени од метали, од навртки и завртки до сечила, булдожери и лименки со сода. Европската комисија реагираше ...
Во текот на изминатата 2024 година од Македонија бил извезениблизу 126 илјади тони свеж зеленчук во вредност од 87,5 милиони евра. Остварените приходи од продажба на зеленчук во странство лани бележат пад од 8% во споредба со 2023 година, додека извезените количини се помали за 3,2%. Увозот на зеленчук, пак, лани достигна 36,3 милиони евра, годишен раст од 17%. Лани во земјава биле увезени 53 илјади тони свеж зеленчук, за 16% повеќе отколку во ...
Кина, некогаш профитабилна земја, произведува значително помал профит. Покрај тоа, постојат трошоци за реструктуирање. Тоа се одразува и на заработката на Фолксваген. Одборот на директори на компанијата сака да се откаже од дел од својата повеќемилионска плата. Секој вработен ќе добие бонус од речиси 4.800 евра. Производителот на автомобили Фолксваген, кој се соочува со повеќе проблеми, забележа пад на профитот во 2024 година поради зголемените ...
Царините ризикуваат да го втурнат светот во голема депресија како онаа во 1930 година Светската економија може да се соочи со крах сличен на Големата депресија од 1930-тите, освен ако САД не се откажат од плановите да воведат високи царини на увозот, предупреди висок функционер во Меѓународната стопанска комора. „Нашата длабока загриженост е дека ова може да биде почеток на надолна спирала што нè става на територијата на трговската војна од ...
Индустриското производство во Германија покажа привремени знаци на подобрување на почетокот на годината, додека извозот ја стартува годинава со намалување. Германската индустрија го зголеми производството на почетокот на годината, делумно благодарение на позитивниот развој во автомобилската индустрија. Во јануари, производството во производствените компании се зголеми за 2% во однос на истиот месец лани, објави Дестатис. Ова е најсилното ...
Најголемата македонска винарница Тиквеш изминатата 2024 година ги зголемила продажбите на домашниот пазар, но уште повеќе на странските пазари, при што успеала и да оствари и раст на профтабилноста. Податоците од објaвениот неконсолидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш изминатата 2024 година остварил приходи од продажба од 58,4 милиони евра, што е зголемување за 15% во однос на приходите од продажба остварени во ...
Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на ...
Исплатена првата транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите Денес, Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежни инвестиции, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства. Со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги ослободи производителите на автомобили од царините од 25 % за увоз од Канада и Мексико на еден месец, доколку тие се во согласност со постоечките правила за слободна трговија, објави во средата Белата куќа. Царините на Трамп се закануваат да донесат огромни проблеми за производителите на автомобили во сите три земји и голем удар за нивните синџири на снабдување, бидејќи тие многу често испраќаат делови ...
13 македонски винарници ќе се претстават на најпознатиот меѓународен саем за вино и жестоки пијалаци „ProWein 2025, кој ќе се одржи од 16 до 18 март во Дизелдорф, Германија. Под слоганот “Откриј го вкусот на утрешнината” годинава на најважниот настан од индустријата за вина и пијалоци своите производи ќе ги претстават изложувачи од над 60 земји од светот. На годинешното издание на „ProWein2025“ ќе учествуваат македонските винарници: „Тиквеш“, ...
Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ. „Од ...
Трговијата на мало се намали во еврозоната на почетокот на оваа година, при што падот во јануари означи четири месеци без раст на продажбата во овој сектор. Продажбата на мало се намалила за 0,3% во еврозоната и за 0,2% во Европската унија, во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година, објави денеска Евростат, што е послабо од прогнозите на економистите за благ пораст. Земји-членки со најзначајни зголемувања во продажбата на мало на ...
„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series: „Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената ...
Трговската војна меѓу САД и Кина оваа недела влезе во следниот круг. Пекинг сака да ја демонстрира својата сила. Но, исто така има дадено понуда, според сопствените изјави. Според нејзиниот министер за трговија, Кина е подготвена за трговскa војна со САД. „Принудата и уцената нема да функционираат во Кина и нема да ја заплашат Кина“, рече Ванг Вентао на прес-конференција на маргините на состанокот на Кинескиот народен конгрес во Пекинг. “Кина е ...
Светот влегува во нова ера на протекционизам и трговски војни САД со воведувањето на царините за увоз кон Канада и Мексико влегува во нова ера, која ќе се одрази врз целиот свет. Новите царини за увезената стока ставија крај на децениската слободна трговија меѓу трите земји и се закануваат да го нарушат работењето во многу индустрии. Но, исто така царините нагло го менуваат повеќе деценискиот проект на САД за проширување на слободната трговија ...
Производителот на челични производи Макстил објави дека минатата 2024 година остварил приходи од продажба од 135 милиони евра, што е речиси исто ниво како и претходната 2023 година. Неревидираните и неконсолидирани финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека речиси 92% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно од продажба на странски пазари. Вредноста на извозот на Макстил во 2024 година ...
Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји при Стопанската комора на Северна Македонија денеска избра ново раководство и ја усвои програмата за работа за 2025 година. За претседател на Клубот едногласно беше изгласан Гоце Марков од „Тиквеш“, а членовите се согласија на активности насочени кон јакнење на деловните врски со француските партнери. На седницата присуствуваа компаниите членки на Клубот, како и претседателот на ...
Бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани пораснат за 3,2%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со претходниот трет квартал, БДП бележи раст од 0,8%. Во четвртиот квартал од 2024 година, најоголем пораст е забележан во Градежништво од 13,2 %, Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности од 10,6 %. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги ...
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25% на увозот од Европската унија веројатно ќе ги наруши изгледите за раст во Централна Европа, предвидува S&P Global Ratings. Трамп минатата недела рече дека неговата администрација наскоро ќе ги објави царините за стоки од ЕУ, за која тој рече дека е создадена за да им наштети на САД. Европската комисија соопшти дека ќе реагира „цврсто и веднаш“ против бариерите ...
Изминатата 2024 година била успешна година за македонските извозници на македонски јаболка. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека лани на странските пазари биле продадени 87.733 тони во вредност од близу 24 милиони евра. Количински извозот на јаболка лани бил поголем за една третина или за 34,5% во споредба со 2023 година. Вредноста на извозот на јаболка лани бил поголем за близу 70%. Македонските јаболка лани се продавале ...
Европската унија (ЕУ) планира да воведе „реципрочни царински мерки“ за челик и алуминиум и ќе мора да „одговори“ и на други производи, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Португалија, реагирајќи на претстојното американско воведување царини од 25 % за европските производи. „Доколку се потврдат американските царини за челик и алуминиум, Европејците ќе одговорат и затоа ќе има реципрочни царини. Бидејќи ...
Овие измени имаат за цел да ја намалат бирократијата поврзана со Директивата за синџирот на снабдување, што индиректно влијае на помалите бизниси кои се се дел од синџирот на вредност на регулирана компанија. Европската комисија планира да ги ублажи правилата на Директивата за должно внимание за корпоративна одржливост (CSDDD) и Директивата за известување за корпоративна одржливост (CSRD) со цел да ја намали бирократијата. Овие измени имаат за ...
Фармацевтската компанија Алкалоид објави како ќе ја распредели ланската добивка во износ од 27,7 милиони евра.Според предлогот доставен за усвојување на Собранието на акционери, кое ќе се одржи на 1 април 2025 година, ќе бидат издвоени над 900 милиони евра за исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход и над 800 милиони денари а инвестиции. Управниот одбор предлага дивиденда за 2024 година од 630 денари бруто (567 денари нето) по ...
Доналд Трамп по втор пат се врати во Белата Куќа, како 47-ми претседател на САД со ветување дека во неговиот втор мандат ќе ја направи Америка повторно силна. „Од овој момент, падот на Америка заврши“, изјави Трамп, прогласувајќи ново „златно доба“ во кое тој вети да ја врати безбедноста на границите, да ги таргетира ривалските нации со високи царини и да го прошири домашното производство на енергија. Свеченоста за неговата инаугурација ја ...
Нова поддршка за малите бизниси од ПроКредит Банка ПроКредит Банка официјално ја претстави новата едукативна програма за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. „ПроКредит бизнис академија“ беше претставена на настанот кој се одржа вчера во Forza Fusion Bar, каде што претставници на медиумите и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со целосната програма и нејзините придобивки. Академијата е дел од пошироката ...
Ново поглавје во глобалниот раст на најголемиот македонски извозник на храна! Vincinni, бренд познат по врвните слатки задоволства, со гордост го најавува своето проширување во Мексико, отворајќи ново поглавје во својата глобална стратегија за раст. Оваа значајна пресвртница ги носи висококвалитетните Vincinni производи на пазар што ужива во богати вкусови и неодоливи производи. “Влезот на мексиканскиот пазар е возбудлив чекор за Vincinni. ...
Изминатата 2024 година е уште една успешна година за најуспешната македонска компанија “Алкалоид”. И покрај големите предизвици и неизвесноста во работењето, Алкалоид успеа годината да ја заврши со раст на продажбите, на извозот и вработувањата, како и на инвестициите во развој. Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека изминатата 2024 година остварила вкупни консолидирани приходи од продажба од 309 милиони евра, што е за 15% повеќе во ...
Добрите години во автомобилската индустрија завршија. Ефектите ги чувствува дури и премиум производителот Mercedes-Benz. Компанијата претстави значително полоши бројки за минатата 2024 година во споредба со 2023 година. Групацијата Mercedes-Benz објави дека го намалува производствениот капацитет во Германија и пренесува дел од производството во поевтини земји во Источна Европа бидејќи се бори со жестоката конкуренција и нееднаквата побарувачка ...