Германската деловна доверба се влоши на најлошото ниво од раните месеци на пандемијата поради зголемената загриженост дека рекордната инфлација и ограничените резерви на енергија од Русија ќе ја доведат најголемата европска економија во пад. Индексот на доверба објавен денеска од страна на Институтот Ifo со седиште во Минхен падна на 80,3 во јули од 85,8 во јуни. „Германија е на работ на рецесија“, рече претседателот на Ifo, Клеменс Фуест. ...

Хидроелектраната „Накра“ во Грузија, трета по ред од проектот на „Фероинвест“ за овој пазар, започна со производство на електрична енергија. ХЕ „Накра“ е со инсталирана моќност од 11,7 MW со предвидено годишно производство од 45 GWh електрична енергија. Заедно со претходните два проекти, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, пуштена е во работа опрема со инсталирана моќност од 20MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 82 GWh. „За ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,42% споредено со вчерашната одлука. Така, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2 денари и од полноќ ќе чинат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 96,50 денари; ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари. Се намалува и цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинства за 2,5 денари. Од полноќ тие ќе чинат: ЕУРОДИЗЕЛ ...

„Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. Во август повторно ќе побараме прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор се со цел да имаме ...

Многу македонски компании веќе подолго време се под огромен притисок заради високите трошоци на електричната енергија. Трошоците за енергија постојано се зголемуваат од 2020 година и буквално експлодираа од крајот на 2021 година, а растот продолжи и годинава поттикнат од војната во Украина.Очекувањата се дека цената на струјата ќе продолжи да расте и во есен и зима. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вчера ...

Во првите пет месеци годинава од Русија во Македонија се увезени стоки вредни 196 милиони долари, што е близу четири пати повеќе во споредба со истиот период од 2021 година. Колку за споредба, вредноста на увозот од Русија во текот на целата измината 2021 година изнесувала 176,4 милиони долари. Тоа значи дека во првите пет месеци од 2022 година за увоз на стоки од Русија сме платиле повеќе отколку во целата 2021 година. Причината за тоа се ...

Но, позитивниот тренд за меѓународната трговија наскоро може да заврши во услови на заострување на политиките и геополитичките судири. Вредноста на глобалната трговија се искачи на рекордни 7,7 трилиони долари во првиот квартал од 2022 година, што претставува зголемување од околу 1 трилиони долари во однос на првиот квартал од 2021 година, покажува најновиот извештајот Global Trade Update на УНКТАД . Растот, кој претставува пораст од околу ...

Отстранување на сите бариери за водење бизнис во регионот, како и меѓусебно признавање на дипломите, звањата и сертификатите, подобра инфраструктура и брзо преминување на границите ќе обезбедат поголема конкурентност на регионот, е заклучокот по денешната средба во компанијата „Костал“ во Охрид на претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија Бранко Азески и Марко Чадеж во рамки на Коморскиот инвестициски форум. – ...

Кога на глобално ниво, производството на електрична енергија од обновливи извори е со забрзано темпо, „Брако“ како компанија со најсовремен машински парк одговара на зголемениот интерес на западноевропските компании во доменот на енергетскиот сектор. „Градејќи стратешки деловни односи, ’Брако’ кон крајот на минатата година произведе три Пелтон турбини, а годинава работиме на шест нови, за скандинавскиот пазар. Сите испорачани турбини се веќе ...

Русија денеска го обновуи снабдувањето со гас преку главниот гасовод до Европа, Северен Тек 1, соопшти операторот на гасоводот, објавува Reuters. Снабдувањето продолжи по десетдневниот прекин заради ремонт и покрај загриженоста дека Москва ќе го искористи својот извоз на енергија за да возврати на притисокот на Западот поради инвазијата на Украина. Обновувањето на гасоводот Северен тек 1 со намален капацитет по 10-дневната пауза за одржување ...

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на ...

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат, а цената на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од понеделникот. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,5 денари и литар ќе чини 98,50 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за два ...

„Ми претставува огромна чест и задоволство што со потпишувањето на денешните договори меѓу ЈП ЖРСМ и фирмите изведувачи започнуваме еден мошне важен процес на ревитализација на неколку клучни делници со вкупна должина од 96 километри, по кои непречено и ефикасно ќе се одвива железничкиот сообраќај во земјава, а кој ќе придонесе за забрзан регионален и економски развој”, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан по повод ...

Европската унија планира денеска да ги измени своите санкции кон Москва со тоа што ќе дозволи одмрзнување на некои средства на водечките руски банки со цел да се олеснат тесните грла во глобалната трговија со храна и ѓубрива. Овој потег доаѓа во време на критики од африканските лидери за негативното влијание на санкциите врз трговијата, што може да го влоши недостигот главно предизвикан од руската инвазија на Украина и нејзината блокада на ...

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум во Охрид – дискусија за клучните прашања за опстанок на регионалната економија во 2022 година На 21 и 22 јули во Охрид, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во својство на копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, ќе биде домаќин на членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на шесте стопански комори од ...

Руски Газпром ги информирал клиентите во Европа дека не може да гарантира снабдување со гас поради „вонредни“ околности и „виша сила“, објавува Ројтерс. Во писмото на рускиот државен гасен гигант од 14 јули, се наведува дека ретроактивно прогласува виша сила за снабдување од 14 јуни. Веста доаѓа во период кога Северен тек 1, клучен гасовод што испорачува руски гас до Германија и пошироко, е подложен на годишно одржување, со цел да стартува ...

Џонсон Мети (Johnson Matthey) во понеделникот соопшти дека гради гигафабрика вредна 80 милиони фунти (95,08 милиони долари) со цел да го прошири производството на компоненти за водородни горивни ќелии во Велика Британија. Во фабриката ќе се произведуваат клучни компоненти за водородни горивни ќелии со цел да ја задоволи зголемената побарувачка од корисниците на тешки комерцијални возила во периодот на енергетска транзиција кој ќе следи. ...

Мате Римац, основачот и извршен директор на хрватскиот производител на електрични суперавтомобили Rimac Group, инвестираше во локалната иновативна агро-дигитална компанија Gruntek. Грунтек разви апликација која им овозможува на Хрватите да изнајмуваат градини во кои се одгледува органски зеленчук во нивна близина и да берат што е засадено таму. Локален тим фармери садат и одгледуваат зеленчук. Преку апликацијата, сопствениците можат да ја ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82%. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 101 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 103, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100 денари за литар. Со ...

Од Владата информираат дека согласно Договорот за примена на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли во делот на проток на стоки и патници со Република Србија на Табановце – Прешево кој беше воспоставен во септември 2019 година, комплетно се завршени дополнителните инфраструктурни активности и реконструкции и тоа: поставени се нови кабини за работа на граничните полиции и царинските службеници од двете земји, нови рампи и извршено ...

Во годината која носи многу предизвици, а во услови на воена криза која следеше веднаш по здравствената Алкалоид АД Скопје очекува да продолжи со компанискиот раст во сите сегменти. Таа е една од најуспешните македонски компании, а генералниот директор Живко Мукаетов во интервју за Bloomberg Adria вели дека имаат капацитет да ги исполнат проекциите и покрај новата реалност во која е глобалната економија. Алкалоид АД опстојува над 85 години, а ...

МЕА бара итна средба со Владата и Регулаторната комисија за енергетика за да се обезбеди сигурна и поевтина електрична енергија за стопанството за спас на економија и државата. Македонската енергетска асоцијација – МЕА при Стопанската комора на 13.7.2022 година одржа седница на која се разгледа енергетска состојба во моментот и состојбата со снабдување на енергенси за претстојната зимска сезона. Ставот на МЕА е дека согласно актуелната ...

Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 102,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар. Цената на дизелот останува непроменета 100 денари за литар и на Екстра лесното масло за домаќинство 98 денари ...

Производството на домати во ЕУ ќе се намали за 3% во 2022 година на 6,2 милиони тони Според последниот извештај на Европската комисија за краткорочните перспективи на земјоделските пазари во 2022 година, производството на свежи домати ќе се намали, додека увозот ќе се зголеми. Според неодамна објавениот документ, производството на свеж домат во ЕУ ќе опадне за 3% во 2022 година во однос на претходната година, на вкупно 6,2 милиони тони, ...

Кинеската економија порасна за 0,4% во вториот квартал година во однос на истиот период лани. Во однос на претходниот квартал, кинеската економија бележи пад од 2,6%, што укажува на остро забавување како последица пред се на строгата нулта Ковид политика на Кина и карантините кои беа спроведени заради растечкиот број на заразени со корона вирусот во земјата. Ова е прв квартален пад на кинеската економија од првиот квартал на 2020 година, ...

Европа регистрираше најмал број на нови патнички автомобили во месец јуни оваа година од 1996 година при што некои производители на автомобили забележаа пад на продажбата за речиси 50%, покажаа денеска објавените податоци од европската автомобилска асоцијација ACEA. Во ЕУ продажбата на нови автомобили во јуни паднаа за 15% во споредба со јуни минатата година, на 886.510 продадени автомобили. Ова претставува најмала продажба во јуни во ...

Германија ќе потроши милијарди евра буџетски пари за државни субвенции на германските компании со цел да спречи банкрот како резултат на високите трошоци за енергенси. Со државните субвенции, германската влада сака да избегне банкрот на компаниите кои трошат многу енергија. Енергетските компании кои треба да се справат со екстремните поскапувања на природниот гас и електричната енергија од петок можат да аплицираат за државни субвенции во ...

Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, на седницата одржана на 14.7.2022 година ( на денот кога во 1922 година е формирана првата коморска организација на нашата територија ), како највисок орган на Комората, ценејќи ги севкупниот амбиент создаден на меѓународен план, тешките регионални проблеми и слабостите во сопствената земја, и во контекст на постојаните кризи од 2008 година наваму, ја усвои ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕН ...

Шпанската влада ќе ги оданочи електроенергетската индустрија и банките со привремен данок на дополнителна добивка. Со овој потег Шпанија очекува да собере седум милијарди евра меѓу 2023 и 2024 година кои ќе се употребат за да им се помогне на граѓаните да се справат со зголемената инфлација. По оваа одлука, акциите на неколку шпански банки забележаа пад. Премиерот Педро Санчез во парламентот, во својот говор за состојбата на нацијата, рече ...

„За првпат во јуни ја поминавме границата од 15.000 вработени во зоните, што е за 1000 нови работни места само од почетокот на годинава. Ова се веќе првите ефекти од инвестициите кои ги постигнавме минатата година, а со кои се предвидува отворање на над 2700 работни места во следниве години. Успеавме да ја постигнеме и најголемата инвестиција во Зоните досега. Германската фармацевтска компанија Гересхајмер ќе вложи 126 млиони евра. Ова е само ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28