„Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа“ е темата на годинашниот Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ, што се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за финансии. Дискусијата можете да ги следите на следниот линк. Главен говорник на СЕФФ 2022 ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Неговото учество е обезбедено во соработка со Американската стопанска ...

Предизвиците со синџирот на снабдување продолжуваат да се влошуваат како последица на големите застои во пристаништата и доцнењата во испораките на пристаништата во Шангај и на други места во Кина поради строгите анти Ковид ограничувања. Овие фактори заедно со тековниот метеж во пристаништата на други места во светот, повторно ја зголемува побарувачката за контејнери далеку над капацитетот. Метежот на кинеските пристаништа се зголеми во март ...

Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии, IFAT во Минхен, Германија. На најиновативниот штанд ,подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените “грин машинс” возила и машини за чистење надворешни површини со специфични и ...

Извозот на македонски производи во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во првите три месеци годинава изнесувал 212 милиони евра, што е за 33% или за 53 милиони евра повеќе во споредба со истиот период. Увозот од земјите од Западен Балкан во истиот период растел побрзо, односно е поголем за 38,6% или за 71 милион евра, надминувајќи вредност од 256 милиони евра. Косово е втор најголем трговски ...

Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77% од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71%, додека под европскиот просек се С. Македонија со 57%, БиХ со 56% и Србија со 52%. Данокот на добивка како процент од комерцијалната добивка ...

За да се справат со влошените проблеми со водата, експертите во средата основаа нова глобална комисија за проучување на вредноста на водата во светот и изнаоѓање начини за обезбедување на снабдувањето. Работата на Глобалната комисија за економија на водата има за цел да понуди совети за управување со водите ширум светот, бидејќи климатските промени и уништувањето на шумите земаат сè поголем данок на резервите на вода и врнежи, изјави ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој презеде дополнителна моќ оваа недела со воведувањето на вонредна состојба, изјави дека големите компании, почнувајќи од енергетиката до авиокомпаниите, ќе мора да го префрлат својот „екстра профит“ за да го зајакнат државниот буџет. Банкарството, осигурувањето, енергетиката, трговските синџири, телекомуникациите и авиокомпаниите, се секторите во кои доминираат мултинационални фирми, а кои ќе ...

Индија одлучи да ја ограничи продажбата на шеќер на меѓународните пазари, само неколку дена откако го забрани извозот на пченица. Во соопштението објавено во средата, индиската влада рече дека ќе го ограничи извозот на шеќер на 10 милиони тони за сезоната што ќе трае до септември за да ги задржи цените на домашниот пазар под контрола. Од продавачите, исто така, беше побарано да побараат „конкретна дозвола“ од властите за каков ...

Повеќекратните закани за глобалната економија се на врвот на грижите на годинешните средби кои Светскиот економски форум (СЕФ) ги организира секоја година во Давос. Политичките и деловните лидери се среќаваат во услови на висока инфлација, која е на рекордно ниво во последните неколку декади и во услови на многу висок ризик од светска економска рецесија. Рекордните поскапувања ја поткопаа довербата на потрошувачите и ги разнишаа светските ...

Во првите три месеци годинава, извозот на германската машинска индустрија достигна 43,6 милијарди евра. Номинално, тој е поголем за само 0,4% во однос на првиот квартал од 2021 година, покажуваат податоците на Германското здружение VDMA. Додека извозно ориентираната германска машинска индустрија, една од клучните индустрии во земјата, порасна за 4,8% во првите два месеци од 2022 година, додека извозот падна за -6,2% во март. Деловните ...

Најновите ковид карантини и ограничувања во Кина имаат поголемо влијание врз глобалните синџири на снабдување отколку војната во Украина и ќе се почувствуваат дури и откако ќе бидат укинати, смета шефот на товарниот бизнис на Deutsche Post DHL Group. Кина ги обнови заклучувањата за Ковид-19 во главните центри во март и април, погодувајќи го производството и потрошувачката и зголемувајќи ги ризиците за делови од глобалната економија кои силно ...

Синоќа, како тема на денот, на телевизијата Euro news Србија, гостуваше претседателот Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), кадешто се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan“ форум Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе ...

Претседателот на СКСМ Бранко Азески, денеска (24.5.2022 година) во Белград ќе биде панелист на централниот панел на првиот „Open Balkan Forum“, кој ќе се одржи во хотелот Хилтон. Останати учесници на главниот панел ќе бидат српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, советничката на албанскиот премиер Еди Рама, Одета Барбулуши и претставници на Стопанските комори на Србија и Албанија. Целта ...

Започна со работа првата лабораторијата за производство и прототипирање ИНО ФАБ ЛАБ, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Во неа, под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, младите на возраст од 15 до 29 години ќе развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип. Клучната цел на оваа лабораторија е да се зајакне иновативната инфраструктура во земјава и да се подобрат ...

Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање на довербата во глобалниот систем, заснован на ...

Вкупната продажба на возила во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, во април падна за речиси 48% во однос на претходната година, бидејќи големите затворања и ограничуваења заради ширењето на Ковид 19 ги погодија фабриките и изложбените салони. Но, податоците покажуваат дека продажбата на електрични возила се зголемила, а кинеските брендови земаат поголем пазарен удел од светските ривали. Месечниот обем на продажби беше најнизок за ...

Германската фармацевтска индустрија предупредува дека ЕУ мора повторно да стане поатрактивна за фармацевтските компании бидејќи зголемената зависност од земји како Кина и Индија предизвикува проблеми. Во дебатата за тесните грла и тензичните синџири на снабдување со лекови, германската фармацевтска индустрија предупредува на растечката зависност од Кина и Индија. Активните состојки за иновативни биофармацевтски препарати, на пример, за ...

Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата. Ова се обезбедува со ребалансот на Буџетот, усвоен од Владата, а кој го презентираше во јавноста министерот за финансии Фатмир Бесими. Вкупните приходи со Ребалансот ...

“Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј”, се вели во писмениот демант од компанијата Фероинвест испратен до јавноста по повод лажните информациите објавени од ИРЛ. “Повеќе фирми во Р. Северна ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 47 седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2022 година е насочен кон повеќе цели како што се ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година, инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, ...

Вредноста на извозот на замрзнато овошје се зголеми на 6,7 милијарди долари во 2021 година, што е досегашен врв и веројатно ќе продолжи да се зголемува и во следните години. Вредноста на извозот на замрзнато овошје во последните 14 години се зголемувала со просечна стапка од 4,1%. Испорачаните, пак, количини на замрзнато овошје во странство во 2021 година се зголемиле за 2,3%, на 2,9 милиони тони, што е зголемување дванаесетта година по ...

Производните цени во Германија достигнаа ново рекордно ниво во април, зголемувајќи се за повеќе од 33%, најмногу поради растот на цените на енергијата, објави германската федерална статистичка служба Дестатис. Индексот на цените на производителите на индустриски производи во април скокна за 33,5% на годишно ниво, што е највисок раст во Германија досега, објави Дестатис. Во март зголемувањето изнесувало 30,9%. Цените на енергијата бележат ...

Извозот на македонски производи во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во првите три месеци годинава изнесувал 212 милиони евра, што е за 33% или за 53 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година. Увозот од земјите од Западен Балкан во истиот период растел побрзо, односно е поголем за 38,6% или за 71 милион евра, надминувајќи вредност од 256 милиони евра. Србија е најголем ...

Украина објави алармантно намалување на извозот на жито годинава, а цените на пченицата достигнаа рекордно високо ниво. Извозот на жито од Украина е намален за 64% досега во мај во споредба со истиот временски период минатата година, соопшти во четвртокот Министерството за земјоделство на земјата, објавува Интерфакс. Украина е позната како важна житница која обезбедува значителни количини на храна. Украина учествувала со 10% во глобалниот ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи е во дводневна посета на Копенхаген, Кралството Данска со цел промоција на инвестициските поволности во нашата земја, како и средби со нашата бизнис дијаспора во Данска, која може да биде вистински економски поттик за инвестиции во нашата земја. Во текот на денешниот ден вицепремиерот Битиќи оствари неколку ...

Американски професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинашната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за ...

Продолжува успешната соработка на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој, со проширување на кредитната линија со грант за дополнителни 2 милиона евра за поддршка на малите и средни претпријатија. ПроКредит Банка, како докажан партнер на бизнисот ќе ги искористи средствата од кредитната линија за своите клиенти, мали и средни претпријатија како поддршка за намалување на негативните ефекти врз бизнисот, предизвикани од Ковид ...

Војната во Украина го намалува економскиот раст и ја зголемува инфлацијата во земјите од Европската унија, покажуваат најновите податоци објавени од Европската комисија. Со оглед на фактот дека македонската економија е силно поврзана со економисијата на ЕУ, пред се со Германија, влошените прогнози и кризата на овие пазари силно ќе се одразат и врз македонската економија, особено врз македонските извозни компании, со оглед дека речиси 80% од ...

Острото забавување на кинеската економија предизвикано од нејзините строги нулта ковид правила и оддалечувањето на Пекинг од традиционалното потпирање на надворешната побарувачка потвораат сомнеж за тоа колку Кина ќе придонесе за идната глобална трговија и инвестиции. Додека Кина имаше неверојатно брзо закрепнување од првичниот пад на економијата за време на пандемијата, благодарение на зголемениот извоз и фабричкото производство, ...

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст,посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Платина

83354.78

Кобалт

64.04