Летото сега е во полн ек, се релаксирате покрај вода, уживате во сонцето, но летниот период може да биде одличен и за планирање. Дури и кога седите на лежалка покрај море можете да работите на вашите нови соништа. Секоја сезона носи свеж воздух, желба за промени, здрави навики и нови цели. Доколку сакате есента како период по летото да ви ги донесе најубавите плодови, време е да се посветите на организацијата на вашето време уште сега. Дури и ...
Додека семките од чиа се попопуларни за употреба во рецепти како овесна каша или дури и пудинг, ленените семиња се состојка на која треба да почнете да обрнувате внимание. Без разлика дали го купувате цело или го мелете, доволно е да додавате само една лажица ленено семе во вашето секојдневно мени за да ги почувствувате неговите придобивки. Од подобрување на варењето и намалување на ризикот од болести до подобрување на когнитивната функција, ...
Добро познато правило е дека треба да пиете два литри вода дневно. Но, најновата студија ја побива оваа препорака. Па, затоа, колку вода навистина треба да се внесува дневно? Факт е дека е пожелно редовно да се внесува течност во нашето тело. Едно американско истражување покажало дека луѓето кои пијат премалку течности имаат 20 проценти поголеми шанси да умрат предвреме. Сепак, правилото за консумирање два литри вода дневно се чини дека веќе не ...
Меркур овој месец двапати ќе го промени знакот. Од 11-ти до 27-ми јули, ќе биде во прилично добра позиција во Лав, но астролозите забележуваат дека Меркур во Лав е донекаде непредвидлив. Подгответе се за тоа. Астролозите открија како тоа ќе влијае на хороскопските знаци и нивниот живот. Овен Овенот често се однесува каприциозно, но не можете да го обвинувате за тоа, бидејќи тоа е неговата огнена природа. Од 11-ти до 27-ми елементот оган ќе се ...
Иако недостатоците можеби изгледаат помалку возбудливо од доблестите на вашиот хороскопски знак, тие покажуваат колку моќна, а можеби дури и лековита може да биде темната страна ако сме свесни за неа. Прочитајте за вашата темна страна според вашиот хороскопски знак. Овен Овните се познати по својот огнен темперамент, љубомора и нетрпеливост. Овенот може да биде страстен водач, но и страстен борец. Овие особини добро им служат, но мора да ...
Многумина од нас мислат дека загриженоста е нормална ситуација во животот, па се водат од следните зборови – „Ако не се грижам, ќе се случи нешто лошо.“; „Ако бидам безгрижен/а, постои ризик потоа да бидам разочаран/а“. Така, стануваме зависни од грижи, се навикнуваме да се грижиме за сè и често создаваме негативни проекции во нашите глави за работи кои сè уште не се случиле. Наместо да се грижите, можете да ги искористите вашето време и ...
Иако шминката пред сè служи за прикривање на несовршеностите на лицето, тоа е само привремено решение. За да го намалите црвенилото на кожата пробајте некој од следните совети. Црвенилото на лицето се должи како резултат на повеќе работи – топлина, интензивен тренинг, зачинета храна, прекумерно изложување на сонце. Но, понекогаш, причината за постојаното црвенило може да биде розацеа, хронично воспалително заболување на кожата или хормонална ...
Слаткиот вкус на летото, доаѓа во форма на совршено смуди од лубеница со минимални калории. Прочитајте го нашиот рецепт во продолжение! Потребни состојки: Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер со ¼ шолја вода и измешајте, по потреба разредете со уште малку вода додека мешате. Истурете го сокот во чаша и украсете со замрзнати коцки лубеница или парчиња лимон. Откако го прочитавте денешниот рецепт за смуди со лубеница, можеби ...
Постојат видливи и помалку видливи причини за одолговлекувањето т.н. прокрастинација. Тоа може да се јави како резултат на претпоставката дека одредена активност е здодевна, комплицирана или вознемирувачка, доколку нема мотивација за насочување на вниманието. Освен тоа, голем број луѓе не знаат како да си го организираат времето, ниту ефективно да поставуваат цели, па во недостиг на време си ги одложуваат обврските. Ниската толеранција на ...
Иако некои врски завршуваат со само неколку зборови, чувството после раскинувањето може да го опише само оној кому навистина му било скршено срцето. Но, тоа може да ви донесе лекции кои ќе ви бидат корисни во текот на животот: 1. Не постои магичен начин веднаш да престанете да сакате некого Дури и ако направиле нешто страшно, нешто што ве прави сигурни дека никогаш повеќе нема да сакате да ги видите, ќе се изненадите кога ќе дознаете дека ...
Како што ни е познато, денот по утрото се познава. Изберете една од овие карти која крие порака за вас за денешниот ден. Препуштете се на интуицијата и дозволете една од овие карти да ви го разубави денот! Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете на кој начин можете да ја подобрите вашата иднина. Извор: sensa.mondo.rs Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ? ...
За време на транзитот на Марс во Девица од 10 јули до 27 август ќе бидеме со јасни намери во поглед на она што сакаме да го постигнеме. Освен тоа, повеќе внимание ќе им обратиме на здравјето, но и работните обврски. Тоа ќе ни овозможи да го организираме нашето секојдневие на подобар начин и така ќе ги намалиме стресот и напнатоста. Во спротивно, прекумерната работа и заморот може да доведат до недостаток на енергија, зголемување на нервозата, па ...
Сигурно има денови кога се чувствувате несигурно, се соочувате со предизвици, не сте расположени – оние денови кога треба да се изолирате од секого и од сè и да се посветите на себе. Има моменти во животот кога се чувствувате уморни и скептични за секоја одлука што ќе ја донесете и за секој чекор што го правите. Таквите чувства не треба да се кријат или потиснуваат, туку треба да дозволите да излезат од вас. Во деновите кога најмногу сакате да ...
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Љубов: Незаинтересираноста за љубовта е резултат на тоа што премногу време им посветувате на вашите пријатели. Оние кои се во долги врски ќе забележат дека малку се дистанцирале поради друштвото. Ништо не ве спречува да се обидете и да се поврзете одново. Кариера: Нема да бидете задоволни со приходите бидејќи мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе дојдат поради надворешни околности и ...
Тропските денови допрва доаѓаат, поради што треба дополнително да внимаваме на несаканите здравствени последици. Ниту оние кои немаат здравствени проблеми и се придржуваат до здрави животни навики не се имуни на пеколните жештини. Покрај заштита од сонце, носење лесна облека и внесување на доволни количества течности, постои и правило за омилениот пијалак на многумина. „Кафето во текот на летото лесно може да нè излаже“, посочува д-р Иван ...
Денес ви споделуваме рецепт за кремаста пита со ванила и вишни, за која сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство. Нејзиниот слатко-киселкаст вкус е вистинскиот погодок за летно уживање! Потребни сoстојки: За прв фил: За втор фил: Начин на подготовка: 1. Исчистете ги вишните, исцедете ја течноста што ја пуштаат и посипете со една лажица пченичен гриз. Сварете три пудинзи со вкус на ванила со млеко, според упатството на кесичката. 2. ...
Без разлика дали сакате благосостојба, повеќе пари, поуспешна кариера, посреќно или поголемо семејство, здравје, или можеби љубовна „бајка“, еве што треба да знаете за тоа како можете да го користите законот за привлекување врз основа на вашиот хороскопски знак! Овен Вашиот ентузијазам нема граници, а вашата храброст навистина може да ви помогне да издржите додека не ги исполните вашите цели. Сепак, можете да ги привлечете најдобрите работи во ...
Во текот на животот одново и одново се соочувате со разни подеми и падови. Има денови кога мислите дека работите тргнале наопаку, кога плановите не излегуваат баш онака како што сте замислиле. Токму во тие денови вашата волја и оптимизмот се подложени на тест – тогаш е важно да избегате од бездната на очајот и негативните мисли. Без разлика дали вие сте одговорни за неуспехот или се работи за околности, не барајте го виновникот туку обидете се ...
Денес ви споделуваме совети како да ја негувате и заштитите вашата кожа одвнатре за да блеска ова лето. Можете да направите мали промени во вашето дневно мени со цел кожата да потемнее рамномерно и без изгореници и да добие неодолива бронзена нијанса. Поради нивните уникатни нутритивни карактеристики, овие намирници можат да ја заштитат кожата од сонцето, а истовремено да забрзаат процесот на потемнување. Покрај морковите кои најчесто се ...
Дали знаевте дека позитивните мисли имаат неверојатна моќ врз вашето психофизичко здравје? Тие стануваат помоќни доколку гласно ги повториме испраќајќи ги до нашето тело и нашата потсвест. Изберете една карта од овие и добијте ја вашата порака со позитивни мисли кои ќе ви го разубават викендот! Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни. ...
Дали честопати се соочувате со истите проблеми во вашиот живот? Постојат предизвици на кои одново и одново се навраќате, како да сте заробени во маѓепсан круг од кој е тешко да се најде излез. Во такви моменти можеби дури и изгледа дека буквално ги „привлекувате“, но, всушност, често се работи за вашите мисли, перцепција и преземање или непреземање акција. Ова се најчестите навики кои придонесуваат за повторување на истите проблеми во вашиот ...
Можете ли да го замислите летото без кокос? Ако ви се допаѓа вкусот и мирисот на кокосот во комбинација со чоколадо, пробајте го овој рецепт за вегански и без глутен коцки од кокос. Потребни состојки: За темна кора: За светла кора: За глазура: Начин на подготовка: 1. Оставете ги урмите да отстојат во топла вода околу 20 минути. Потоа исчистете ги, додадете 7 лажици вода и добро сомелете ги. Додадете ги јаткастите плодови, овесната каша и ...
Градските паркови и зелените површини имаат бројни придобивки кои помагаат да се справите со топлината, го чуваат биолошкиот диверзитет и обезбедуваат чувство на мир во урбаните средини. Една неодамнешна студија открила дека пристапот до овие зелени површини, исто така, има позитивно влијание врз забавувањето на биолошкото стареење. Имено, луѓето кои редовно посетуваат вакви зелени површини се во просек биолошки две и пол години помлади во ...
Дали знаете кои се најчестите особини на луѓето родени во јули? Прочитајте во продолжение: 1. Тие се чувствителни Тие се страшно емотивни и најмала работа може да ги повреди. Поради ова, тие внимателно ги избираат своите партнери и друштво за да ја намалат потенцијалната опасност од кршење на срцето. Тие се недоверливи и им треба долго време да се опуштат и да стекнат доверба во партнерот, а кога тоа ќе се случи, тие целосно им се посветуваат. ...
Ретроградната фаза на Нептун се случува секоја година и трае околу половина година. Нептун е планетата на илузии, соништа и фантазии, а кога се движи ретроградно, ја губи својата моќ – што значи дека сите илузии што ги имавме ќе се срушат, оставајќи ни повеќе јасност до крајот на годината. Овој период всушност ќе ни овозможи да ги тргнеме розовите очила што ги носевме во првата половина од годината и ќе нè охрабрат да направиме промени таму каде ...
Џемот од кајсија е идеален за правење колачи, а и најдобрите кифлички се прават со него. Ние пронајдовме рецепт за џем кој ќе ве врати во детството. Без разлика дали ќе одлучите да направите џем или мармалад, важно е да изберете здрави и зрели плодови. Колку е позрело овошјето, толку е поголема содржината на овошни шеќери, па затоа ќе има помала потреба од додавање шеќер. Разликата помеѓу мармаладот и џемот е во тоа што во џемот се додава ...
Дали го поминувате целиот свој живот обидувајќи се да ги задоволите сите околу вас? Многу луѓе поради потребата да бидат прифатени се подготвени да се променат себеси, да се откажат од соништата, да го послушаат мислењето на околината и често ги жртвуваат своите потреби само за да им угодат на другите… Дали се пронаоѓате во овие зборови? Ако одговорот е „да“, време е за промена. Станува збор за луѓе кои се мотивирани од силната желба да бидат ...
Ако се чувствувате подуени дури и кога не сте јаделе, можно е вашиот организам да се соочува со недостаток на важен минерал… Често се случува надуеноста да се појави после оброк. Тоа обично значи дека сте консумирале одредени намирници кои не се најдобри за вашето тело. Понекогаш надуеноста може да укаже на одредени медицински состојби. Така, дури и ако сте подуени и кога не сте јаделе, најверојатно вашиот организам се соочува со недостаток на ...
Во текот на животот наидувате на различни предизвици и препреки, а многу од нив оставаат трага врз вас. Тоа придонесува и за зачестено присуство на стресот, особено доколку не сте подготвени за промени. Во такви случаи важно е да работите на издржливоста. Издржливоста е способност за оптимално прилагодување на неволјите, повредите или екстремниот стрес. Иако одредени фактори може да ги направат некои луѓе поотпорни од другите, издржливоста не е ...
Витаминот Д е особено важен за правилното функционирање на нервниот, мускулно-скелетниот и имунолошкиот систем и може лесно да се добие од храна и сончева светлина, но и покрај бројните додатоци, неговиот недостаток е сè уште чест проблем. Витаминот Д е еден од многуте витамини што му се потребни на нашето тело за да остане здраво. Има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на калциумот во крвта и коските и во градењето и одржувањето на ...