Ви споделуваме рецепт за торта која не само што е вкусна и освежителна туку е и идеална за оние кои постат. Потребни состојки: Начин на подготовка: За кора: Измешајте 230 грама мелени ореви, 230 грама мед, 230 грама шеќер, кисела вода, 3 штангли чоколадо, 3 кесички ванилин шеќер, масло, 18 лажици брашно и една кафена лажичка прашок за пециво. Истурете ја смесата во подмачкана тепсија и печете. Кога ќе биде готова кората, извадете ја од рерна и ...
Не смееме да заборавиме дека зголемувањето на температурата влијае не само на нашето тело туку и на нашето ментално здравје. Истражувањата покажале дека високите температури меѓу другото, силно влијаат и на нашите когнитивни способности и расположение. Како резултат на порастот на температурите, нашиот организам се соочува со покачени нивоа на кортизол, што од друга страна придонесува да бидеме раздразливи и немирни. Парасимпатичкиот нервен ...
Јогуртот е познат како еден од најефикасните препарати за третман на изгореници од сонце. Иако нема научни докази дека всушност го забрзува заздравувањето на изгорениците, секој човек кој доживеал изгореници во животот веднаш ќе каже дека јогуртот му помогнал да се справи со нив. На што се должи ова? Јогуртот е намирница која е позната со векови, а во Америка се здобил со популарност во педесеттите години на минатиот век кога бил прогласен за ...
Секој ден доживуваме разноразни емоции, некои ги искажуваме отворено, а некои ги чуваме во себе и потиснуваме. Меѓутоа, кога станува збор за длабоко вкоренети и скриени емоции, тие можат да крчкаат под површината. Можеби не сте ни свесни за емоциите кои се закопани длабоко во вас, а кои влијаат на квалитетот на вашиот живот, врски и цели. Според клиничкиот психолог д-р Никол Буркинс, постои една емоција која може да има долгорочно влијание врз ...
Постојат многу видови на ориз, а оваа храна е едно од клучните јадења на сечие мени. Се вклопува во секој оброк и лесно се подготвува. Белиот ориз е еден од најпопуларните видови храна во целиот свет, но рафинираниот ориз е со полоша репутација, бидејќи од него се отстранети голем дел од хранливите материи на зрното. Оризот често се нарекува лош јаглехидрат, има одредени несакани ефекти кои може да ве изненадат, но има и корисни ефекти врз ...
Долгите разговори со пријателите, непроспиените ноќи и постојаното прашување: „Зошто не успеа?“ – важно е воопшто да не се размислува на овие прашања по раскинувањето. Потоа, следува фазата на закрепнување во која полека учите да живеете без партнерот, да се смеете, да уживате во секој нов ден. Но, одеднаш една навечер пристигнува порака или повик од поранешниот партнер. Некои веднаш ќе го прекинат контактот, додека некои одново ќе ги ...
Негативните мисли понекогаш можат да бидат главните пречки на патот кон личен развој, професионалниот успех, спроведувањето на плановите. Постојат различни негативни мисли со кои се соочуваме, а сега ви пренесуваме дел од најчестите со кои сигурно и вие сте морале да се справувате во некој период од вашиот живот. Еве како би можеле да се справите со нив: 1. „Требаше порано да почнам, сега е доцна.“ Минатото не може да се смени. Нема подобро ...
Комуникацијата е нешто без кое не можеме бидејќи како општествени суштества предодредени сме да комуницираат со другите. Комуникацијата е особено важна во деловниот свет, кога не е важно само што е кажано туку и начинот на кој тоа се прави, тонот, изразите на лицето, гестовите…Сакаме да оставиме добар впечаток во деловното опкружување, да се претставиме како некој кој има знаење, кој е сигурен во себе, стабилен, кој има свое мислење и не се ...
Ви споделуваме едноставен рецепт за пита со туна, кој може да биде одличен појадок, ручек или вечера. Потребни состојки: Начин на подготовка: Одмрзнете го тестото и поделете го на два дела. Исцедете ја рибата од маслото и добро изгмечете ја. Сварете четири јајца, излупете ги и исечкајте ги, па измешајте со туна. Додадете две жолчки и павлака. Изматете ги белките во цврста пена, измешајте ја во претходно подготвената смеса, посолете и ...
Начинот на кој нашите родители/старатели и наставници се однесуваа со нас додека бевме мали, што тие мислат за нас, како се чувствуваме за себе преку нивниот однос со нас – врз сето тоа се базира нашето верување за тоа што заслужуваме или не заслужуваме во животот и кои сме. Меѓутоа, како возрасни треба да ги отфрлиме сите негативни уверувања за себе и да размислиме дали е навистина така или сме го прифатиле како наш идентитет што некој друг ни ...
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Оваа недела ќе биде полна со предизвици на работа. Ќе наидете на неочекувани препреки, но ќе ги совладате благодарение на упорноста. Очекувајте и средба со одреден познајник кој ќе ви помогне да решите одредени несогласувања. Бик Оваа недела ќе се фокусирате на финансиите. Важно е да бидете внимателни со своите трошоци и да не носите импулсивни одлуки. На личен план, најверојатно ќе имате ...
Ние го избираме патот по кој сакаме да одиме. Не можеме да останеме врзани за минатото, не можеме повеќе да чекориме по истиот пат и да паѓаме во исти или слични замки, ниту пак да се вртиме во круг и да се жалиме колку е тежок животот. Можеме да го сфатиме животот како тешко патување, но што друго можеме да направиме за што полесно да поминеме низ животните лавиринти и да стигнеме до целта не исцрпени, туку задоволни? Нема живот без сон, ниту ...
Ако не сте тип на личност која редовно појадува, но не можете да замислите подобар почеток на денот од оној со шолја кафе, не грижете се. Пиењето кафе на празен стомак не е лошо само по себе. Но, еве кога ќе се појави проблемот. „Постојат многу придобивки поврзани со консумирањето кафе кога станува збор за гастроинтестиналниот тракт“, вели гастроентерологот д-р Сунана Сохи. Кафето влијае на нивото на стомачната киселина на повеќе начини. Како ...
Од 27 август до 12 ноември, Марс преминува во знакот Вага и го насочува нашиот фокус на врските, партнерствата, на другите луѓе и на она што ни доаѓа од нив. Некои врски ќе се променат, ќе видиме работи кои досега сме ги занемарувале, ќе запознаеме нови луѓе, можеби дури и ќе ја прекинеме или занемариме врската која ни создава проблеми. Сега повеќе од кога било имаме можност да се видиме себеси во огледалото кое ни го држат другите луѓе. Она ...
Меркур е ретрограден до 15 септември, а тој сигурно ќе ги врати во нашите животи не само поранешните љубови, туку и ќе нè натера да ги преиспитаме плановите за иднината со оние кои се со нас сега. Бик Ретроградниот Меркур може да ве поттикне да му пишете на поранешниот партнер или тој да ве контактира и да ги разјасни сопствените чувства. Најверојатно, тој ќе се обиде да ве заведе или ќе ви помогне да промените нешто во вашиот живот. На пример, ...
Трети пат по ред ќе бидеме сведоци на ретроградното движење на Меркур оваа година и тоа од денес па сè до 15 септември, во знакот Девица. Бидејќи на Девицата ѝ треба план и добра организација, овој ретрограден Меркур може да предизвика немир и нервоза, особено кога станува збор за извршување на секојдневните задачи и начинот на кој работиме. Можете да очекувате дека ќе почнат некои работи, па ќе престанат или едноставно планот нема да ви успее. ...
Сонцето, нашата светлина, нашиот извор на живот на планетата Земја и главното небесно тело околу кое се движат сите останати во сончевата галаксија, на 23 август го започна својот транзит низ хороскопскиот знак Девица каде ќе остане цел месец. Со преминот на Сонцето во нов астролошки знак, автоматски се менуваат и енергиите на колективно ниво! Од активен принцип и бурни емоции, заедно со Сонцето преминуваме во пасивен принцип, воздржаност и ...
Современиот начин на живот носи многу предизвици и стрес. Разните ситуации на работа, семејните обврски, разните задачи, сето тоа влијае на вашето ментално здравје и расположение. Притисокот и стресот можат негативно да влијаат на вашето тело, ум и дух. Затоа е важно да се трудите секој ден да се намали нивото на стрес преку овие чекори: 1. Нека грижата за себе ви стане приоритет Исклучително е важно да се грижите за себе. Времето и грижата што ...
Дали сте импулсивни по природа? Дали честопати кажувате нешто без размислување, а потоа се каете? Импулсивноста, тенденцијата да се делува на непосредни импулси и желби без да се размисли за потенцијалните последици, е основен аспект на човековото однесување. Без разлика дали се работи за спонтано купување, импулсивна одлука или ненадеен емоционален излив, луѓето покажуваат различни степени на импулсивност во секојдневниот живот. Подготвени сте ...
Ерик Берн e канадски психијатар, познат по неговата теорија дека животот на секој човек е програмиран до петтата година, а потоа сите живееме според ова сценарио. Прочитајте дел од неговите цитати: „Сценариото е животен план кој постепено се развива, кој се формира во раното детство, главно под влијание на родителите. Овој психолошки импулс го турка човекот напред со голема сила кон неговата судбина, и многу често без оглед на неговиот отпор ...
Дали знаевте дека коријандерот може да ја прочисти водата? Прочитајте за неговите својства во продолжение! Во денешно време водата што ја пиеме е загадена со тешки метали и токсини. Кога ќе се земат предвид старите цевки низ кои оваа вода тече до нашите домаќинства, проблемот станува уште полош. Во таквата вода од чешма може да се најдат различни штетни и опасни материи, како што се флуор, жива, алуминиум, бакар и нитрати, како и хлор, кој се ...
Трауматската приврзаност е една од главните карактеристики на токсичните врски. Ова е генерално тешко да се препознае во врската, додека може да биде многу поочигледно за надворешните набљудувачи и е резултат на постојана манипулација во врската. Кога на почетокот на врската нашите стари рани ги поврзуваме со траумите на партнерот, чувствуваме длабока поврзаност со него и имаме чувство дека сме „дома“ затоа што наидуваме на слични искуства од ...
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Љубов: Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи желби, туку напротив, ќе бидете поскромни од вообичаено. Кариера: Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина, но има уште многу што треба да се направи. Сепак, ќе имате можност за напредок. Ќе бидат пофалени оние чија работа е од менаџерски карактер. Сите ќе имаат волја и енергија за работа. Бик ...
Попузнатиот руски психолог, Михаил Лабковски, инспирира со неговите цитати за животот, љубовните врски и храброста да се живее животот. Неговиот совет е насочен и кон синдромот на „одложена среќа“ кој е присутен кај многу луѓе. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ослабам; мојот живот ќе биде целосен кога ќе најдам партнер”; „мојот живот ќе биде одличен кога ќе ја променам работата”… Секој ден ја одложуваме среќата, наместо да се осврнеме на она што е ...
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела! Овен Љубов: Веројатно ќе ви биде малку здодевно бидејќи ништо нема да ги исполнува вашите љубовни очекувања деновиве. Не се разочарувајте, со мир и хумор можете доста успешно да ја одржувате вашата врска. Кариера: Атмосферата на работното место ќе се подобри. Можно е провокаторите да се префрлат на друго место, па на сите ќе им биде полесно. Бик Љубов: Животот што го живеете сега се одразува на ...
Понекогаш спротивностите навистина се привлекуваат, но астролозите не им предвидуваат среќна љубовна врска на овие хороскопски парови – тие едноставно не можат да бидат заедно. 1. Бик и Овен Оваа комбинација е како да се обидувате да комбинирате оган и вода – тоа е едноставно невозможно. Бикот сака стабилност и удобност, додека Овенот оди напред полн со енергија и желба за акција. Биковите често ќе чувствуваат дека Овенот постојано ги води ...
Некои од вас не можат да ѝ стават крај на токсичната врска што не е во ваш најдобар интерес од перспектива на вашата благосостојба, здравје и самодоверба. Понекогаш може да ви биде тешко да ја признаете оваа вистина, особено ако се чувствувате сами и без поддршка или сте опкружени со луѓе кои не ви посакуваат добро. Младата Месечина во Лав на 16 август е главниот астролошки настан во неделата. Сега е време да погледнете во себе и да знаете кои ...
Ретрограден Меркур секогаш доаѓа во нашите животи со една цел – да го преправиме она што не функционира добро и не е во корист на нашиот иден напредок. Овој пат Меркур ќе биде ретрограден во Девица од 20 август до 15 септември, во соѕвездието одговорно за работата, работните тимови, здравјето и технологијата. Во овој случај, неговата задача е да открие што тргнало наопаку во овие области од вашиот живот. Што се однесува до финансиите, ...
Според хороскопот, одредени планети носат среќа и просперитет доколку се дел од наталната карта на одреден знак. Така, Јупитер е една од оние планети кои се своевиден штит од сè „лошо“ особено доколку се најде во Стрелец. Што знаеме за Стрелецот и зошто ѕвездите го сакаат? Им припаѓа на огнените знаци, сака патувања, авантури, има немирен и љубопитен дух и има високи морални принципи. Родените во знакот Стрелец се енергични, отворени и ...
На сите оние кои сакаат чоколадо ќе им се допадне овој рецепт за торта – многу е сочен и мек и доволни ви се само 45 минути. Имајте на ум дека тортата може да биде уште повкусна ако ја премачкате со глазура. Потребни состојки: За глазурата: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. 2. Во поголем сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и шеќер и оставете го садот настрана. 3. Во посебен сад изматете ги ...