Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она што денеска го видела, една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг. „Очекувам триесетгодишното изборно искуство да се повтори: пристојни, фер и демократски избори. Ја извршив мојата граѓанска обврска, верувам дека тоа ќе го сторат и другите граѓани. Посакувам она што денеска го ...

„Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам ...

Од податоците добиени од 3.167 избирачки места, односно 91,16 отсто од вкупниот број, до 15 часот гласале 31,16 отсто од гласачите или 515. 069, соопшти Државната изборна комисија. Најголема излезеност има во Берово, Богданци, Валандово, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чашка. Најмала излезеност има во Центар Жупа, Радовиш, ...

Во периодот од 20 до 27 октомври 2025 година, ѕвездите ветуваат динамична и интензивна седмица, обоена со силни астролошки аспекти што поттикнуваат личен раст, трансформација и нови почетоци. Конјункцијата на Меркур и Марс во Скорпија на 20 октомври ќе внесе искра во комуникацијата, ослободувајќи храброст, фокус и желба за вистина, но и предупредувајќи на импулсивни зборови и конфликти. Младата Месечина во Вага на 21 октомври поттикнува ...

Земањето повеќе додатоци во исхраната истовремено може да доведе до „конкуренција“ едни на други во дигестивниот систем, што ја намалува нивната апсорпција и ефикасност. Ваквите „антагонистички“ интеракции се особено чести кај минералите што користат слични патишта на апсорпција во цревата. Според Arbor Vitamins, земањето високи дози на калциум, цинк или магнезиум истовремено може да ја намали апсорпцијата на секој од нив. Исто така, според ...

Барселона ја победи Жирона со 2:1 во деветтото коло од Ла Лига со гол во последните моменти од натпреварот. Од 20-тата минута беше 1:1 и каталонското дерби беше блиску до нерешен крај, но во третата минута од судиското продолжение Роналд Араухо постигна гол за домашниот тим за голема прослава. Барселона поведе во 13-тата минута преку Педри, чиј низок удар од голот заврши во мрежата. Жирона одговори само седум минути подоцна, кога искусниот ...

Медиумската канцеларија во Газа го обвини Израел за кршење на примирјето со Хамас 47 пати откако стапи на сила на почетокот на октомври, при што загинаа 38 Палестинци, а други 143 беа повредени. „Овие прекршувања вклучуваат злосторства со директен оган врз цивили, намерно гранатирање и таргетирање, како и апсење на повеќе цивили, што ја одразува континуираната политика на агресија на окупаторските сили и покрај официјалниот крај на војната“, ...

Октомври е идеално време за ставање кисела зелка во буриња. Денес, многумина се одлучуваат за готова кисела зелка, бидејќи мислат дека постапката е премногу комплицирана и дека киселата зелка нема да излезе како што треба. Ако оваа година за прв пат ставате кисела зелка во буриња, или имате некое искуство, но не сте сигурни за точната мерка, можеби се прашувате колку сол всушност треба да ставите во водата и како правилно да подготвите расол. ...

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, ...

Авганистан и Пакистан се согласија за итен прекин на огнот на разговорите во Доха, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар. За време на разговорите што започнаа во саботата во Доха, „двете страни се согласија за итно прекин на огнот и воспоставување механизми за консолидирање на траен мир и стабилност“, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар во соопштение објавено на X во недела. Условите на договорот не беа ...

Дури и кога мислиме дека сме генерално здрави, има моменти кога нашето тело станува поранливо на инфекции. Колку често ќе се разболуваме зависи од широк спектар на биолошки, психолошки и животни фактори. Медицинските експерти од порталот Health објаснуваат дека имунолошкиот систем е подложен на различни влијанија кои можат да ја ослабат неговата заштитна улога, што доведува до чести настинки, грип или други инфекции. Стрес – тивок непријател ...

Навивачите на Баерн очигледно се спротивставија на можното враќање на Жером Боатенг, на натпреварот што заврши со победа на клубот од 2:1 (1:0) над Борусија Дортмунд во дербито, прикажувајќи јасни пораки со транспаренти. Тренерот Винсан Компани му понуди на светскиот шампион од 2014 година можност да тренира во Минхен на крајот на септември. Боатенг сака да стане тренер, веќе ја завршил својата Б-лиценца и планира да полага испит за А-лиценца ...

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19°C. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната ...

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа избирачко место, се гласа без уредот за биометриска идентификација, известија од ДИК. „Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа одлучивме на ова избирачко место ...

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем. На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани. Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако ...

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна. Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера. „Ги повикувам сите граѓани да ...

Овој ролат се подготвува од пилешко и зеленчук, а вкусот и изгледот ќе ве освојат „на прва“. Ќе ви бидат потребни околу 50 минути за да го подготвите ова вкусно јадење. Воодушевете го вашето семејство кога ќе го послужите овој ролат со свежа салата или тартар сос. Состојки: 800 гр мелени пилешки гради 400 гр замрзната мексиканска мешавина 4 јајца 150 мл млеко 2 парчиња леб копар Во видеото подолу погледнете како тече процесот на подготовка: ...

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. „Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило застава 101 со неготински регистарски ...

Роботско куче започна патроли на терен во кинескиот град Хангжу, како дел од пилот-проект за подобрување на градското управување преку напредни технологии, соопштија денеска локалните власти. Сребрено-сивиот робот моментално е во пробна фаза и се користи во подокругот Кингбо за откривање проблеми како што се нелегално паркирање и блокади на патиштата, изјави Ву Веи, заменик-шеф на локалниот тим за спроведување на законот. Роботот користи ...

На натпреварот од 9-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Реал Овиедо и Еспањол на стадионот на Реал Овиедо, играчите штрајкуваа со неиграње во знак на протест против одлуката на Ла Лига натпреварот од 17-то коло помеѓу Виљареал и Барселона да се игра во САД, поточно во Мајами, наместо во Шпанија. На почетокот на натпреварот, играчите решија да го покажат своето незадоволство од оваа одлука со тоа што не да играа првите 15-20 секунди, а ...

Висока авганистанска делегација денес отпатува во Доха на мировни преговори со Пакистан, изјави портпарол на авганистанската влада, откако земјите го продолжија прекинот на огнот во жестоките гранични судири. „Како што беше ветено, преговорите со пакистанската страна ќе се одржат денес во Доха“, изјави Забиула Муџахид во соопштението, додавајќи дека тимот од Кабул го предводеше министерот за одбрана Мула Мухамед Јакуб. Пакистанска делегација ...

По една деценија работа, истражувачите се поблиску од кога било до клучен пробив во трансплантацијата на бубрези - можноста за трансплантација на органи од донори со различни крвни групи, што би можело значително да го скрати времето на чекање и да спаси животи. Тим научници од Канада и Кина успеа да создаде „универзален“ бубрег кој, во теорија, може да го прифати секој пациент, објавува ScienceAlert. Нивниот тест орган преживеал и ...

Срцевиот удар е еден од најсмртоносните медицински настани - резултат на прекин на протокот на крв во срцето, што може да предизвика трајно оштетување на срцевиот мускул или смрт. Додека некои фактори на ризик, како што е генетиката, се надвор од наша контрола, кардиологот д-р Мохамед Ало откри дека има четири клучни промени во животниот стил што секој може да ги усвои за да го намали ризикот од срцев удар. Зборувајќи во видео на TikTok, д-р ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вчера одржа прес-конференција пред денешнииот натпревар Жирона. Покрај подготовките за натпреварот, најголемо внимание предизвикаа прашањата на новинарите за Ламин Јамал и неговото наводно доцнење на тренинг, што почна да се случува почесто, а едно такво доцнење беше забележано и пред дуелот со ПСЖ на почетокот на месецот. Гласините тврдеа дека Флик потоа планирал да го отстрани Јамал од тимот, но дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19°C. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16°C. До вторник ќе ...

Еден од неодамнешните потези на Михаел Шумахер се смета за „позитивен знак“ поврзан со неговото здравје, откри француски новинар. Сепак, легендата на Формула 1 сè уште не може да зборува и нема јавни индикации дека може да оди. Шумахер (56) имаше сериозна несреќа на скијање во 2013 година за време на семеен одмор во Мерибел, Франција, и оттогаш не е виден во јавноста, пишува Daily Mail. Информациите за здравјето на седумкратниот светски ...

УЕФА објави дека од сезоната 2027/2028 ќе воведе дополнителна новина во календарот на Лигата на шампионите. Сезоната ќе започне со домашен натпревар на бранителот на титулата во посебен термин. Средбата шампионот ќе ја игра во вторник, додека сите други натпревари од 1. коло ќе се играат во среда и четврток. УЕФА сака на овој начин да му даде посебено медиумско внимание, како што е случајот во американската професионална лига на американски ...

Италијанскиот тенисер би сакал да го игра познатиот Вил Смит во филм за неговиот живот. Американски актер на оваа идеја одговари со симпатична фотомонтажа. Откако Јаник Синер се искачи во редовите на тенисот, често се зборува за филм или документарец за него. Веќе се напишани книги, а веројатно ќе следат уште. Па зошто да не се направи скок на големото платно? Иако секако би било интересно да се види филм за животот на актуелниот светски број ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител, в недела (19 октомври), на денот на одржувањето на првиот круг од локалните избори, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите 7 канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Бакар

11.66