Се појавија првите детали за новиот телефон од серијата Honor 400 Honor се подготвува за претставување на новата серија модели со нумерички ознаки подоцна оваа година. Сега се појавија првите детали за телефонот Honor 400 Lite. Уредот се појави на Google Play Console со број на модел ABR-NX1, откривајќи ги клучните спецификации. Honor 400 Lite ќе има издолжен отвор за предната камера, што претходно беше резервирано само за Pro моделите. Се ...

Тим научници од два универзитета во Кина во лабораторија синтетизираше материјал потврд од дијамант. Кога јаглеродот е изложен на екстремна топлина и притисок во внатрешноста на Земјата, може да кристализира во дијаманти; најтврдиот (иако не нужно и најцврстиот) природен минерал на планетата. Во дијамантот, секој атом на јаглерод е поврзан со четири други атоми на јаглерод во тетраедарски распоред, но под вистинските околности, јаглеродот може ...

Oсновните модели на iPhone 17 ќе користат напреден екран, а тоа значи дека конечно ќе ја добијат ProMotion технологијата за висока фреквенција на освежување. Apple планира во сите претстојни модели на iPhone 17, вклучувајќи го и сè уште непотврдениот iPhone 17 Air, да го користи напредниот M14 OLED екран од Samsung. Според кинески извори на Weibo, ова ќе биде првпат по многу години сите модели на iPhone да имаат врвен екран, без разлика дали ...

Телекомуникациската компанија за првпат влегува во Топ 10 според независниот избор на Светската асоцијација за телепорт (WTA) во 2024 година Компанијата Vivacom, водечкиот телекомуникациски оператор во Бугарија, кој работи во рамките на United Group, доби уште едно престижно меѓународно признание. Во извештајот за најдобрите телепорт оператори за 2024 година („Top Teleport Operators 2024“), објавен од Светската асоцијација за телепорт (WTA), ...

Скопје и Куманово на крајот на јули оваа година ќе бидат домаќини на еден од најзначајните спортски настани за младите во Европа – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Илјадници млади спортисти од целиот континент ќе се натпреваруваат во духот на олимписките вредности, носејќи енергија, страст и спортски дух во срцето на Балканот. И покрај тоа што се работи за спортска манифестација, ЕМОФ претставува и платформа која преку ...

Првпат е создадена тродимензионална мапа на атмосферата на егзопланета, откривајќи неочекувани временски обрасци Тим астрономи за првпат успеа да ја мапира атмосферата на егзопланета во 3D модел, откривајќи неверојатни временски феномени што го менуваат нашето разбирање за климатските процеси на вонземјански светови. Егзотична планета со екстремни временски услови Планетата, позната како WASP-121b или Тилос, е оддалечена околу 900 светлосни ...

Компанијата Apple, во рамките на DSA законот, суспендираше повеќе од 135.000 апликации, кои се соочуваат со целосно отстранување од продавницата App Store. Европскиот закон за дигитални услуги (DSA) привремено стапи на сила уште во август 2023 година и воведе сет правила за онлајн платформите со цел заштита на потрошувачите. DSA стана применлив за сите онлајн платформи на 17 февруари 2024 година, а членовите 30 и 31 бараат од развивачите на ...

Новиот Nothing Phone 3A доби 50 MP перископ камера Компанијата Nothing објави видео во кое ја споредува камерата на својот претстојен модел Phone 3A со iPhone 16 Pro Max. Фокусот е на новата перископска камера од 50 MP, која е дел од триаголната конфигурација на камери на задната страна на уредот. Спецификации на камерата на Phone 3A Споредбени тестови со iPhone 16 Pro Max Во видеото се прикажани примери на фотографии снимени со двата уреди, ...

Apple денес го претстави iPhone 16e, својот најнов стартен модел во својата понуда паметни телефони. Овој уред го наследува iPhone SE од трета генерација, кој сега е укинат. iPhone 16e има поголем 6,1-инчен OLED екран, за разлика од 4,7-инчниот LCD екран на iPhone SE. Дисплејот има засек за Face ID, што значи дека Apple повеќе не продава ниту еден iPhone со Touch ID сензор за отпечатоци, означувајќи крај на една ера. iPhone 16e е опремен со A18 ...

Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (18 февруари) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Сликовницата е објавена по повод 100 години од ...

Со новата дигитална услуга Интернет банка, Комерцијална банка им овозможи на клиентите едноставно и без посета на шалтер да ги направат личните финансии достапни во секое време и од секое место Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство. Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на ...

На серверите на Samsung што управуваат со OTA (over-the-air) ажурирањата, откриена е верзија на софтвер за уред кој би можел да биде пристапниот Galaxy Z Flip FE. Samsung оваа година би можел да претстави подостапна верзија на претстојниот Galaxy Z Flip 7. Гласините за овој модел, кој неофицијално се нарекува Galaxy Z Flip FE, кружат веќе со месеци, а сега неговото постоење на некој начин го потврди и јужнокорејската компанија. Како што ...

Компанијата Humane денес ги информираше клиентите дека го прекинува производството на својот уред Ai Pin од 700 долари на крајот на февруари, при што уредот ќе биде укинат по помалку од една година по неговото лансирање во април 2024 година. Ai Pin ќе функционира до 12:00 часот по пацифичко време на 28 февруари, што е само 10 дена отсега. По тој момент, функциите на Ai Pin, како што се повикување, пораки, AI пребарувања и одговори, како и ...

Дали поседувате популарен Amazon Kindle е-читач и на него имате колекција омилени книги? Ви останува уште само една недела за да направите резервна копија на вашите книги на компјутер. Amazon без големи најави одлучи да укине една прилично корисна опција – преземање електронски книги од Kindle директно на компјутер. Оваа можност постоеше повеќе од десет години и беше корисна за оние кои сакаа да имаат сопствена архива на дигитални книги зачувана ...

Коментарите со говор на омраза, што секојдневно ги читаме на интернет, се навистина загрижувачки. Инфлуенсерите со години се борат со овој проблем. Македонски Телеком како нивни партнер во дигиталниот свет, создаде тоалетна хартија на која се испечатени најтоксичните коментари. Хартијата има една цел – да заврши во корпата за отпадоци. Оваа хартија стана оружје и симбол против омразата на интернет, а инфлуенсерите веќе неколку денови активно ...

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март. Оваа недела, од 18 – 20 февруари, на ФЛУ се одржува значајна ...

Најновото ажурирање на Windows 10 го воведува новиот Outlook, но многу корисници се незадоволни од неговите перформанси и ограничувања. По последното Patch Tuesday ажурирање, корисниците на Windows 10 забележаа дека им е инсталиран новиот Outlook клиент, кој ги заменува старите апликации Mail и Calendar. Сепак, наместо подобрување, овој потег предизвика бран негативни реакции – и тоа сосема оправдано. Корисниците на Reddit истакнуваат дека ...

Samsung е лидер на пазарот на премиум и ултра-големи телевизори, додека е пионер во ТВ иновациите со вештачка интелигенција. Samsung Electronics објави дека ја обезбеди својата позиција како глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред. Според компанијата за истражување на пазарот Omdia, Samsung во 2024 година постигна 28,3% пазарен удел на глобалниот ТВ пазар, задржувајќи го првото место што го држи уште од 2006 година. Овој континуиран ...

One UI 7 овозможува доделување на повеќе функции на копчето за вклучување на Galaxy S25 Samsung One UI 7 носи низа нови и корисни функции, вклучувајќи ги и проширените можности на копчето „Power“ на Galaxy S25. Ова копче сега може да отвора различни апликации и да извршува однапред зададени функции, правејќи го телефонот уште пофункционален и поприлагодлив за корисниците. Во споредба со претходната верзија One UI 6, каде што копчето за ...

Во строгиот центар на Загреб, во мај ќе биде отворен Музејот на историјата на видеоигрите. Во него ќе бидат претставени повеќе од 3.000 експонати коишто сведочат за еволуцијата на видеоигрите и цела таа гејмерска култура од 1960-тите до почетокот на ова илјадалетие. Хрватскиот Музеј ќе има три ката и ќе зафаќа повеќе од 800 квадратни метри, но точното место ќе биде објавено подоцна. Колекцијата е собирана скоро 30 години, со доста ретки, но и ...

Научниците веруваат дека забележале мала ѕвезда, веројатно со планета која ја следи, која „лета“ низ Млечниот Пат со неверојатна брзина Ова го прави овој најбрзиот планетарен систем некогаш виден. Сепак, сè уште постои неизвесност за вистинската природа на објектот што се движи пребрзо и неговиот придржуник. Во 2011 година, истражувачите индиректно забележаа пар мистериозни објекти на Млечниот Пат, преку феноменот познат како „микролеќи“ – форма ...

При тестирањето, истражувачите успеале да произведат доволно електрична енергија за напојување на светилка Моторите со внатрешно согорување во автомобилите можат да произведат многу енергија за напојување на овие возила, но тие се изненадувачки неефикасни во тоа. Имено, се проценува дека 3/4 од енергијата што ја создаваат се губи низ издувната цевка во форма на топлина. Но, што ако можеме да ја искористиме таа топлина и да ги направиме моторите ...

Според новите информации од германските медиуми, Volkswagen и Audi ќе ги одложат плановите за електрификација поради бавната транзиција кон електричните автомобили. Двете марки ќе ги обноват своите инвестиции во нови модели со мотори со внатрешно согорување. Транзицијата кон електрични автомобили е побавна отколку што се надеваа производителите. Како резултат на тоа, повеќето од нив одлучија да ги одложат своите планови за електрификација и да ...

Компанијата xAI на Елон Маск го претстави својот најнов модел на вештачка интелигенција, Grok 3, тврдејќи дека ги надминува понудите од OpenAI и кинескиот DeepSeek во раните тестови. Тестирањето вклучуваше стандардизирани задачи по математика, наука и програмирање „Многу сме возбудени што можеме да го претставиме Grok 3, за кој веруваме дека е за класа поспособен од Grok 2 и за многу краток временски период“, рече Маск за време на демонстрациите ...

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови. Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти. Тие може да изберат Потрошувачки кредит ...

По долго чекање, најпопуларниот музички стриминг сервис конечно ќе воведе висококвалитетен стриминг до крајот на 2025 година во рамките на пакетот Music Pro Сега веќе поминаа скоро четири години откако Spotify најави дека ќе премине на висококвалитетен стриминг. Тогаш изјавија дека ќе им испорачуваат музика на корисниците во квалитет на CD формат на сите кориснички уреди и звучници со поддршка за Spotify Connect, но тоа досега не се случи, и ...

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи. Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна за 12,6% на годишно ниво, а во второто полугодие ...

YouTube каналот Front Page Tech го откри наводниот дизајн на долгоочекуваниот модел на Apple – iPhone 17 Air, кој треба да биде претставен подоцна оваа година. Во видео објавено денеска, Front Page Tech сподели рендери што, според нив, го прикажуваат финалниот дизајн на iPhone 17 Air. Уредот се очекува да има ултра-тенка конструкција, со дебелина од само 5,5 мм на најтенкото место. Рендерите откриваат и нов бар за камерата, кој се протега преку ...

Како што се очекуваше, Huawei денеска го лансираше на меѓународно ниво својот паметен телефон со тројно преклопување – Mate XT Ultimate Design. Во Европа, цената на уредот изнесува 3.499 евра. Потсетуваме дека Mate XT Ultimate Design нуди дисплеј кој, во расклопена состојба, има дијагонала од 10,2 инчи и резолуција од 2232 x 3184 пиксели, но може да се користи и помал дел од него со дијагонала од 7,9 инчи. Во преклопена позиција, достапен е дел ...

Android флегшип моделите сè попопуларни и полека, но сигурно ја нарушуваат доминацијата на iPhone Според извештајот на Counterpoint Research, во 2024 година пазарот на скапи мобилни телефони продолжува да расте, а Android флегшип моделите стануваат сè попопуларни, намалувајќи ја разликата во продажбата во однос на iPhone. Гледајќи ја глобалната статистика, купувачите сè повеќе се одлучуваат за скапи мобилни телефони, а изборот не се ограничува ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
85%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.85
91%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
96%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Сребро

1876.20

Алуминиум

2.91

Злато

134976.58

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Платина

52864.82

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38