Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Иако се сметаше дека OnePlus Open 2 ќе биде претставен оваа година, раководителот на производи во компанијата потврди дека тоа сепак нема да се случи. OnePlus во октомври 2023 година го претстави својот прв преклопен телефон, OnePlus Open, кој всушност претставуваше глобална верзија на моделот Find N3 од Oppo. Бидејќи Oppo следната недела во Кина го претставува Find N5, се очекуваше дека OnePlus наскоро ќе го претстави Open 2 како глобална ...
PlayStation 5 за три месеци е продаден во 9,5 милиони примероци, приближувајќи се до продажбата на PS4 конзолите во истиот период. Последниот финансиски извештај на Sony покажува одлични резултати. Во периодот од октомври до декември минатата година, продадени се 9,5 милиони примероци од PlayStation 5, што го прави тоа тримесечје комерцијално најуспешно откако PS5 е лансиран на пазарот. Благодарение на рекордната продажба, вкупниот број ...
Apple и Google го вратија TikTok во продавниците и покрај законот што бара продажба на американскиот бизнис и ја забранува апликацијата на американскиот пазар. Нејасно е како ќе избегнат казни… Популарната платформа за споделување видеа, која привремено беше отстранета од продавниците на Apple и Google за американскиот пазар, повторно е достапна за американските корисници, пренесе ексклузивно Bloomberg. Apple и Google постапија во согласност со ...
Благодарение на напредниот Face ID систем, според извори од платформата Weibo, Apple планира да го редизајнира Dynamic Island на новиот iPhone 17 Pro Max модел. Сите шпекулации се вртат околу тоа дали iPhone 17 Pro Max ќе користи metalens за Face ID, што ќе ја намали големината и дебелината на уредот. Metalens технологија Потенцијалната примена на metalens технологијата претставува отстапување од традиционалните системи на леќи што се користат ...
Волјата на граѓаните уште еднаш пресуди! Во текот на 2024 година граѓаните селектираа 273.000 пластични шишиња и лименки во системот на повратни вендинг машини на Пакомак со цел донирање на средства за потребните на СОС Детското село. Хуманиот гест го препозна и самата компанија, која собраните шишиња и лименки ги претвори во денарска противвредност во износ од 120.000 денари и ги намени за истата цел, за потребите на СОС Детското село. ...
Пред претставувањето на новиот смартфон на преклопување Razr+ 2025, или Razr 60 Ultra како што ќе се нарекува за пазарите надвор од САД, Motorola пушти во продажба специјално ограничено издание на моделот Razr+ 2024 наречено Razr+ Paris Hilton Edition. Уредот доаѓа во ексклузивна Paris Pink боја, која е слична на стандардната Hot Pink нијанса, но има автограм од американската медиумска личност Парис Хилтон на задната страна, како и зборовите ...
Американците продолжуваат да покажуваат што сè можат со вештачката интелигенција и колку далеку напреднале. Тим научници од Калифорнија разви микророботи кои се наменети за терапевтски цели. Во глобалната битка за превласт во користењето на вештачката интелигенција нова точка за Американците е тоа што се создадени првите микророботи за испорака на лекови. Овие микророботи имаат големина слична на клетките, кои се движат од неколку микрометри до ...
Секој сака подароци. Нема ништо подобро од тоа да го направиш среќен оној што го сакаш. Но, доколку сте во дилема и не знаете што да им подарите на саканите, посетете ги Нептун продавниците или веб-страната на www.neptun.mk за да најдете голем број на производи по одлични цени, бројни попусти, оригинални подароци и супер идеи токму по повод 14 Февруари, Денот на вљубените. Овој убав, неформален празник е вистинско време за подарување, а во ...
Во објава на социјалните мрежи, Извршниот директор на Apple, Тим Кук најави претстојно лансирање на нов уред закажано за среда, 19 февруари. „Подгответе се да го запознаете најновиот член на семејството“, напиша тој, додавајќи го хаштагот #AppleLaunch. Објавата вклучува кратко видео со анимирано лого на Apple во круг. Кук не го откри точниот термин за лансирањето, ниту сподели други конкретни детали, па неговата објава останува мистерија. Сепак, ...
Huawei Band 10 се појави на сајт за сертификација, доаѓа во шест бои и со можни хардверски подобрувања Huawei се подготвува за претставување на својата следна генерација на фитнес-трекери – Band 10, кој, според најновите информации, ќе донесе проширена палета на бои. Неодамнешно протекување на информации на кинеските социјални мрежи сугерира дека уредот ќе биде достапен во шест бои, што е една повеќе во однос на неговиот претходник. Според ...
По повеќегодишни дебати и техничка анализа, Пекинг даде „зелено светло“ за изградба на истражувачки капацитет на длабоко море, кој би можел да го редефинира морското истражување, а истовремено да го зголеми геополитичкиот потпора на Кина во една од областите со најбогати ресурси во светот. Истражувачкиот објект ќе биде закотвен на 2.000 метри под површината на стратешки важното Јужно Кинеско Море, кое исто така е предмет на бројни територијални ...
Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника, е главна цел на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, кој денес беше отворен во просториите на Титан УСЈЕ. Се работи за целосно опремен центар со компјутери и најнови машини за 3Д печатење, кои ќе можат да ги користат учениците од основите училишта. ...
Иако Qualcomm Snapdragon 6 Gen 4 е наменет за смартфоните од понискиот ранг, може да се пофали со новата ARMv9 архитектура и фактот дека е произведен со 4-нанометарскиот процес на TSMC. Qualcomm го претстави Snapdragon 6 Gen 4, SoC наменет за телефони од понискиот ранг, кој носи значителни подобрувања во перформансите, енергетската ефикасност, AI функциите и камерите. Ова е првиот SoC од серијата Snapdragon 6 што е произведен со 4-нанометарскиот ...
Во свет каде што неизвесноста е единствената константа, успешните претприемачи се оние што знаат да се адаптираат, тестираат идеи и брзо донесуваат одлуки. Но, како да развиеш бизнис што навистина ги решава вистинските проблеми на пазарот? Како да го намалиш ризикот од неуспех, а истовремено да бидеш иновативен? Одговорот го нуди Design Thinking – методологија што ја користат компании како Airbnb, Google и IBM за создавање услуги и продукти кои ...
ПроКредит Банка ја претстави својата најнова услуга, Google Pay, уште едно дигитално решение што ги поедноставува секојдневните плаќања преку безбедна, брза и практична технологија. Со Google Pay, корисниците на Android уреди и паметни часовници можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Оваа услуга овозможува плаќања на сите продажни места со бесконтактни ПОС терминали, онлајн плаќања на веб страни или ...
Сведоци сме на интернет-револуција која од ден на ден доживува сѐ поголема експанзија во секој сегмент од општественото живеење, вклучувајќи го и доменот на трговијата. Наместо во традиционалната трговија и класичните физички продавници, сѐ поголем број на компании своите стоки и услуги почнуваат да ги нудат на интернет, а сѐ поголем број на потрошувачи потребните производи се одлучуваат да ги набават онлајн. Истражувањата покажуваат дека ...
Realme во ноември минатата година го претстави смартфонот GT 7 Pro, а сега го исполни своето ветување и на пазарот ја пласираше Racing Edition верзијата. Како и стандардниот модел, Realme GT 7 Pro Racing Edition е опремен со процесорот Snapdragon 8 Elite, но постојат разлики во камерата, екранот, меморијата и батеријата. Realme GT 7 Pro има три задни камери: главна од 50 MP, телефото од 50 MP и ултраширока од 8 MP, додека GT 7 Pro Racing Edition ...
Истражувачите од Државниот универзитет во Пенсилванија измислиле компактен термоелектричен генератор кој може да ја претвори топлината од издувните гасови од автомобилите, хеликоптерите и беспилотните летала во употреблива електрична енергија. Прототипот развиен од истражувачкиот тим постигна излезна моќност од 40 W, што е доволно за напојување на сијалица. Познато е дека ефикасноста на моторите со внатрешно согорување, кои обично ги напојуваат ...
Каде е правото место на хејтот? Во корпа за отпадоци! Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!? Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци. ...
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман ги откри плановите за GPT-4.5 и GPT-5, со неограничен бесплатен пристап за сите корисници ChatGPT е подготвен за нова еволуција! Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, денеска на својот X профил го објави планот за развој на новите модели, најавувајќи дека GPT-4.5 и GPT-5 наскоро ќе бидат лансирани, со неограничен бесплатен пристап и користење за сите корисници. Алтман призна дека тековните AI ...
Женското тело поминува низ многубројни фази – како во текот на животот, така и на месечно ниво. Од адолесценцијата и првата менструација, преку бременоста и мајчинството, па сè до зрелите години, телото постојано се менува – физички и психички. Секој период носи нови предизвици, но и нови можности за грижа и нега. Исхраната е сојузник на жената во секоја фаза, поддржувајќи го нејзиното здравје и благосостојба. Храната не е само гориво за телото ...
Апликацијата Apple TV+ повеќе не е ограничена само на телевизорите со Android TV или Google TV системите, и сега може да се користи и на мобилните телефони и таблет уреди со оперативниот систем Android. Сега корисниците можат да уживаат во апликацијата на своите мобилни уреди и таблети, заедно со стриминг сервисот Apple TV+, а достапен е и MLS Season Pass за Android мобилни телефони и таблети кои работат со Android 10 или понова верзија. Сè уште ...
Alibaba и Apple склучија партнерство што ќе овозможи продажба на iPhone во Кина со вештачка интелигенција прилагодена на кинескиот пазар. Ова е единствениот начин Apple да продава iPhone со AI во Кина, бидејќи не доби зелено светло од кинеските регулатори за користење на својот сопствен AI систем. Кинеската верзија на Apple Intelligence треба да го користи моделот Qwen на Alibaba, кој е дел од семејството јазични модели Tongyi Qianwen. Apple е ...
Apple и неговата компанија-ќерка Beats ги претставија Powerbeats Pro 2 со функција за следење на срцевиот ритам Beats, филијала на компанијата Apple, официјално го претстави Powerbeats Pro 2, нови целосно безжични слушалки дизајнирани за љубителите на спортот. Главната новина е интеграцијата на функцијата за следење на срцевиот ритам, карактеристика што сè уште не ја нуди ниту серијата AirPods. Powerbeats Pro 2 користи прецизни LED оптички ...
Apple во iOS 18.4 донесува значителни подобрувања за Siri. Виртуелниот асистент ќе може подобро да го разбере контекстот, да користи лични податоци и да препознава содржина на екранот. Бета верзијата ќе биде достапна за програмерите во наредните неколку дена, а јавната верзија се очекува во март или април. Apple наскоро ќе го претстави новото издание на оперативниот систем iOS 18.4 бета, со фокус на подобрување на виртуелниот асистент Siri. ...
Google подготвува значително подобрување на безбедноста за својот веб-прелистувач Chrome, кое автоматски ќе открива компромитирани лозинки и ќе генерира побезбедни замени. Според пишувањето на порталот Arstechnica, иако Google ја претставува оваа функција како “AI иновација”, точната улога на вештачката интелигенција во оваа функционалност сѐ уште не е целосно јасна. Наместо известување, автоматска промена Софтверскиот истражувач Leopeva64 прв ...
Шефот на YouTube, Нил Мохан откри интересен тренд: Американците сега повеќе гледаат YouTube на телевизори отколку на мобилни телефони, важна промена во 20-годишната историја на платформата и начинот на кој луѓето консумираат дигитален содржина. Извршниот директор на YouTube, Нил Мохан, објави дека телевизиските екрани ја надминаа мобилните уреди како примарна платформа за гледање YouTube содржина во САД. Оваа информација, објавена во годишното ...
Pixel 9a ќе биде достапен во четири бои, со почетна цена од 499 долари, носејќи подобрени камери, поголема батерија и Google Tensor G4 чипсет. Откако протекоа официјалните футроли за Pixel 9a, сега се откриени и првите слики од самиот телефон во четири бои: Obsidian (црна), Porcelain (бела), Iris (виолетова) и Peony (розова). Датум на излегување и цена Се очекува Pixel 9a официјално да биде претставен на 19 март, кога би требало да почнат и ...
Велика Британија и САД не потпишаа меѓународен договор за регулација на вештачката интелигенција (AI) на самитот во Париз, додека Франција, Кина и Индија ја поддржаа иницијативата, што ги истакна сè поизразените разлики во пристапите кон регулацијата на AI. Велика Британија и Соединетите Американски Држави не го потпишаа меѓународниот договор за вештачка интелигенција (AI) на глобалниот самит во Париз, додека бројни други земји, вклучувајќи ги ...
По повод Денот на вљубените, МТЕЛ подготви специјална промотивна понуда за сите нови корисници на mCONNECT постпејд пакетите кои ќе склучат договор на 24 месеци. Понудата вклучува одлични попусти и ексклузивни подароци! Промоцијата е достапна до 28 февруари 2025 година и важи за сите нови mCONNECT договори склучени во овој период. Како дел од оваа промотивна понуда, корисниците добиваат: 10% попуст на mCONNECT S, 15% на mCONNECT M и 20% на ...