По долги подготовки, на 15 мај 2024, еден од најдобрите проекти за годинава го постеливме во храмот на уметноста резервиран за великаните на модерната и современа македонска ликовно-уметничка сцена, на наше и ваше големо задоволство. Бројната публика на самото отворање го маркира интересот за творештвото на Масин на највисокото ниво на скалата на почит и интерес за оригиналноста на Мирослав Масин како автор и како урбан лик. На самиот официјален ...

На ден 22.05.2024 година во пресрет на празникот 24Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во Музејот на Македонската борба за самостојност, се одржа поетскиот настан “Светот што лебди”. Настанот беше организиран од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје а го модерираше претседателката на здружението Катерина Митковска. “Светот што лебди” е според истоимената стихозбирка со хаику поезија на ...

Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“ ќе се одржи на 23 мај 2024 – Youth and Community Center, Гостивар, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. Како што веќе знаете, изминатите 12 месеци, во Гостивар спроведовме информативни сесии, фокус групи и низа обуки за зајакнување на капацитетите на воспитно – образовните институции и локалните власти со цел унапредување на правата на децата и нивно ...

52. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Гостува: СЛОВЕНЕЧКИ КАМЕРЕН МУЗИЧКИ ТЕАТАР, ЉУБЉАНА 28.5.2024- 20.00 часот „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го ...

Вториот квартал од програмските содржини на Националната галерија за 2024 поддржани од Министерството за култура, на сцена ја донесува ретроспективната изложба на Драган Верговски– Алпи, советник козерватор, современик на Борко Лазески и Димитар Кондовски. Отворањето е на 23 мај 2024 (четврток) во галерискиот простор на Чифте амам, во 20 часот. Изложбата ќе биде поставена во текот на еден месец и ќе трае до 23 јуни 2024 година. Драган ...

21 мај 2024 Скопје: Трка каква што ù доликува на една метропола се случи завчера во Скопје, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдобро од триатлнската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Главен спонзор на трката беше Стопанска лизинг АД Скопје. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, ...

21 мај 2024 година, во 20 часот Галерија КО-РА Во рамки на проектот „Цртај на македонски“ на Министерството за култура м-р Славица Танеска ја организира нејзината деветта самостојна изложба насоловена „МАКЕДОНСКА МИСЛА“.Самиот проект го афирмира македонскиот јазик и кириличното писмо преку ликовната уметност и дизајнот. Вусшност станува збор за типографски дизајни во кој се вметнуваат и илустрации. Текстовите се македонски народни мудрости ...

Локалната конференција во Кисела Вода се реализираше под мотото „Одлучувам, значи постојам“ од кое јасно се согледува нејзината цел. Таа е да се зајакнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво во контекст на унапредување на детските права преку вклучување на децата во процесот на одлучување. Учесници од јавните детски градинки беа стручни соработници, воспитувачи и негователи. Од општинските основни училишта учествуваа одделенски и ...

Скопје, мај 2914 година Неодамна се одржа промоција на новата книга на познатата македонска поетеса Марина Мијаковска, насловена “Свилени времиња”. Триумфална според пројавениот интерес на присутните, возбудлива по содржината на нејзината нежна поетска креација, овој пат ни претстави книга со стихови кои ги допираат чувствата и откриваат уште еден нејзин нов женски поглед на нештата, од поетските пластови во неа, кои еден по еден ни ги прикажува ...

На 15 мај 2024 во културниот дом во Кавадарци се одржа постхумна изложба на 20 слики со големата и во светски рамки реномирана ликовна уметница Андријана Мациев и промоција на два Алманаха со поезија и проза посветени на АН, односно пораки на живиот ангел небесен кои поетите ги преточија во пишан збор. Настан кој беше концепциски маестрално замислен и беспрекорно реализиран од нејзината мајка Јулија Мациевска, која накратко говореше за АН, ...

Учебната година Ателјето за цртање и сликање ќе ја заокружи со изложба на која со свои дела ќе се претстават учесници кои во текот на годината го посетуваа Ателјето и ги учеа ликовните вештини. На оваа изложба ќе се претстават 87 учесници, деца, млади и возрасни, посетители на Курсевите за цртање и сликање, Курсевите за апстрактно и интуитивно сликање, калиграфија. Ова е седма по ред учебна година на Ателјето. На свеченото отварање на сите ...

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. Сигурно си чул/а некој од постарите како вели: „Денес е лесно, со тоа телефоните во џебот, можете сѐ да снимате и одма на Инста“. Ама не е баш така. Отвори во галерија и биди искрен/а… Колку од твоите видеа имаат приказна? Кажуваат нешто што ќе го надживее и последниот модел ...

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница на 17 мај (петок) 2024, со почеток од 12:00 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“. Изложба претходно беше поставена во македонскиот КИЦ во Софија, каде што беше посетена од бројни љубители на уметноста и стручни лица. Поставувањето на „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ пред публиката во Виница е во склоп на Фестивалот на ...

По повод ден на Власите 23 Мај и Свети Кирил и Методиј 24 мај, ќе се организира свечено поетско соаре, насловено ,,Две во едно”. На 23 Мај 2024 година во 18 часот во голема сала во Домот “Кочо Рацин” Ко-ра, Скопје, Македонија, ќе се одржи поетско, музичка манифестација, со настап на врвни македонски поетеси и поети, кои овој пат својата чест и почитување ќе ги положат кон влашкиот народ. Организатор на настанот е ценета професор д-р Ванѓа ...

20 мај 2024 Мирисот на пролетта и тивкото доаѓање на летото вчера беа запечатени со цветни цртежи и разлеана магична песна во Струга и Охрид, во неколкуте настани кои со филмско темпо се случуваа во овие два града, и во кои спонтано уживаа неколку стотици граѓани, туристи, случајни минувачи. Имено, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции “Гороцвет” и Хорот на Ансамблот “Вања ...

“Преспански треперења 2024”, манифестација на поетско читање во чест на Свети Кирил и Методиј и промоција на збирка од група автори, ќе се одржи во дворот на црквата Св.Кирил и Методиј во с.Стење на 24 мај во 12 часот. Ќе се доделуваат благодарници за учество и збирка на секој учесник. Ќе има изложба со уметнички дела и икони од учесниците. Програмата ќе биде збогатена со музички точки од професионални музичари. Ќе се служи и црковно гравче од ...

17.05.2024 Пред повеќе години, познатата американска авангардна артистка Лори Андерсон, ќе каже: “Да зборуваш за музика, тоа е како да играш објаснувајќи архитектура”. Нема соодветни зборови да се опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана, одржан неодамна, тоа беше нешто многу, многу посебно. Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија и авионски стасаа до Скопје, та од таму, веднаш со автомобили тргнаа за ...

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите „Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да ...

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо, на Македонскиот керамичар Филип Фидановски. Изложбата ќе биде поставена во галеријата на КЕРАМЕИКОН К10, на улица Кукуљевиќева 10, Вараждин, ќе биде орворена на 18 мај 2024 година во 19 часот и ќе трае до 05 јуни 2024 година. После успешните претставувања на во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово ...

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Паоло Бресан од Италија диригира со ...

Отворање на студентска изложба од Факултетот за уметност и дизајн, Меѓународен Балкански Универзитет 9 Maj 2024 година во 19:00 Галерија МКЦ. Во галеријата на Младинскиот Културен Центар посетитетелите ќе имаат прилика да видат студентски дела изработени во традиционални медиуми како дел од работните задачи на Факултетот за Уметност и Дизајн. Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во ...

Уште 20 нови дигитални услуги на интернет страницата на општина Кисела Вода Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби, поставување директни прашања до градоначалникот, или до советниците се едни од 20те нови дигитални услуги што општината Кисела Вода ги воведе денеска. Овие услуги се достапни на новата општинска интернет страница https://opstinakiselavoda.gov.mk/ и со ова продолжува дигитализацијата на ...

На 8 јуни 2024 година во големата сала на Домот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи фестивалот “Распеано детство 2024”, со дваесеттина учесници од Македонија, но и гости од Србија и Бугарија. Директорот Драган Јаким по тој повод даде подетални информации во своето гостување на програмата на Македонската радио и телевизија . Фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД, носач на ...

Изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам, на 15.5.2024, во 20 часот. За комплексното творештво на Мирослав Масин, за естетичките категории и темите на интерес, пренесуваме дел од ставовите на авторите кои се осврнале на истото. „… ако примитивизмот е антирационалистичка и антиматеријалистичка филозофија, потрага по потеклото и апсолутите, по недопрената и ...

Софија Петковска, е родена во Скопје, каде и ден денес живее и работи. Оваа 32 годишна Скопјанка по професија е дипломиран педагог. Софија се занимава со пишување на рецензии за поетски збирки. Таа исто така е и писател и координатор на хуманитарниот проект со книга ТВОРИ- ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН. Софија е автор на поетската збирка ,,Поетски нежности” – поезија за возрасни и на детската книга ,,Едно слонче со црвено балонче”, а нејзини песни се ...

Младиот градоначалник на Кисела Вода Скопје, господинот Орце Ѓорѓиевски, кој со своите дела и организираност откако е на оваа функција целосно ја смена “плочата и песната” и успеа да влијае во позитивна насока, трансформација и промена на “мајндсетот” на целото општеството, денес напиша позитивен пост во чест на Меѓународниот ден на семејството, сподели со јавноста фотографија од своето семејство и цитат од Мајка Тереза. Ѓорѓиевски во јавност ...

Со звуците и стиховите од “ОДА НА РАДОСТА” со настап на ХМД “Кочо Рацин” со диригентката Ангелина Спасовска, беше одбележано свеченото отворање на манифестацијата, со мултимедијална групна изложба по повод 9 мај 2024 година, Денот на ЕУ Галерија “КО-РА” во салоните- сутерен ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје. Оваа манифестација обедини бројни учесници, истакнати уметници, професори, асистенти, сликари, скулптори, графичари, дизајнери, ...

Тирана, 12 мај 2024 фотографии и видеа, Герта Кордали Македонскиот Културно Информативен центар вчеравечер пред тиранската публика го претстави нашиот ,,Национален џез оркестар,, Веднаш после нивниот брилијантен настап, господинот Бесим Петрела, директор на Albania jazz fest,, возбуден од нивниот настап кажа: Ова се генијални, генијални музичари. Бескрајно благодарам на соработката со македонскиот центар, благодарам што овие прекрасни музичари ...

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот. Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. ...

Скопје, 14.05.2024 „Македоника литера“ неодамна го објави романот за деца „Леон во Стаклената Гора“ од босанско-хрватскиот писател Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Елена Саздовска. Овој сказновиден роман на Милениќ е вториот од трилогијата романи за деца во која главниот лик е Леон (1. Леон, ученикот на волшебникот; 2. Леон во Стаклената Гора; 3. Антадор, учителот на Леон). Книгата е напишана со едноставен, лесен и приемлив ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
8.23
69%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.37
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
11.32
90%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.34
93%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Кобалт

58.42