Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во шведскиот град Малме да се присуствува во домот на семејството на Борче и Лидија Ѓоргиевски- Ластун, е вистинско задоволство. Без посебно церемонии, но со многу срдечност, убав муабет и гостопримство ќе ве пречекаат и богато нагостаат и ќе се чувствувате како во сопствен дом. Бидејќи кај нив секогаш има полна куќа гости првата наша забелешка овој пат, по претходната посета пред десет години, сега беше дека нивниот дом е како неофицијална ...
Овогодишното јубилејно 45. издание на мултимедијалната манифестација „Скопско лето“ свечено ќе се отвори на 21.06.2024 година (петок), на Светскиот ден на музиката и Првиот ден на летото, со ексклузивен концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ, кој ќе го изведе проектот „Pianotron“ во Куршумли ан, со почеток од 20.30 часот. Билетите се во продажба „онлајн“ на ПИЈАНОТРОН – karti.com.mk , а истите ќе можат да се купат и пред ...
Скопје, 19 јуни 2024 година 22 концерта, седум театарски претстави, од кои три за деца, како и седум изложби и две промоции на книги, ќе биде програмата на годишното Скопско лето, беше најавено денес официјално на прес конференцијата. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност, која е организатор на манифестацијата, господинот Никола Глигоров, изјави дека минатата година имале буџет од 2 милиона денари од Град Скопје и 2 милиона денари од ...
Во вторник и среда, на 18 и 19 јуни 2024, во Струмица се одржува вториот Национален рурален парламент. Овој настан спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор кои заедно креираа препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот. Препораките ќе служат како основа ...
Утре, петок, 21 јуни 2026 година, во чест на Денот на Охридското Езеро во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на платото пред оваа установа од 11 часот ќе се одржи завршницата од поетско – музичкиот перформанс „Слушни го езерото“. Со свои творби ќе настапат десеттина поети од Охрид, Струга и Поградец- Албанија. На настанот ќе присуствуваат и директорките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Библиотеката „Митруш ...
19 јуни 2024, Скопје: Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“ распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-тина млади од сите шест земји од Западен Балкан. Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани ...
Во четврток на 20 јуни 2024 во 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Втората годишна средба на роднокрајни автори. Со гордост, како Библиотека најавуваме дека на овој настан ќе бидат промовирани: АЛМАНАХ со поетско- прозни творби од 41 роднокраен автор и ДВД издание РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ- АУДИО ЗАПИСИ 2024. Во ДВД- то се застапени шест автори: Мирко Томовски, Марина Икономова – Шокева, Марина Шикова- Димовска, Јордан Коцевски, Маја ...
Поминаа 13 години од оној 18 јуни во 2001 година, кога балканските простори остана абез една од најголемите рок ѕвезди Даворин Поповиќ од Сараево. Вечерва во негова чест во Сараево ќе свири Биг бенд. Даворин Поповиќ, фронтменот на легендарната рок- група “Индекси” е роден на денешен ден, 23 септември1946 година, почина на 18 јуни 2001 година во Сараево. Својата музичка кариера ја почнал во 1961 година во бендот “Пауци”, а во 1964 година станува ...
На 17 и 18 јуни 2024 година во преполната училница број 17 на Институтот за етнологија и антропологија се одржаа предавања, од страна професор Јуџи Јамада од Универзитетот Мие во Јапонија поврзано со стереотипот за нинџите. На првиот ден Амбасадорот на Јапонија, г-дин Оцука Казуја, го отвори предавањето со краток говор на македонски. Гостите потоа ја посетија и едукативната збирка на факултетот. Притоа на Амбасадорот официјално му подарија ...
Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Се работи за ремастирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго и е повеќе од потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и продискутираат делата на кинематографиите кои не ни се многу познати. Овие филмови се речиси непроценлив историски ...
На 23.06 во МКЦ ќе се одржи забава за поддршка на Небојша Додевски Грицко. Како и претходните две така и оваа година, “Сите за Грицко” е насловена хуманитарната забава, што ја организираат скопските рапери за заеднички направиме подобра и потопла зима за нивниот другар Грицко. Влезот е со донација, а исто така како и претходните забави ќе бидете во можност да си купите “мерџ“ “роба“ (музика маици стикери) од македонски и странски артисти. Сите ...
Студентската изложба и промоција на мултимедијални дела изработени од студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на ЕВРОПА- ФОН, во студиската 2023/24 година. Делата и проекциите Ве очекуваат во Домот на армијата на РС Македонија, а свеченото отворање е во среда, на 12.06.2024 година , со почеток во 20 часот. Плакатот за годинешното издание е изработен од студентката Јоана Симоновска. Посетете го мегданот каде ...
Утре (18 јуни 2024 година), Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Тоа е животот“. Дечињата ќе глумат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, а претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот е слободен. Станува збор за омнибус- претстава, работена по драмски текстови на Горан Стефановски, Оливера Николова и Киро Донев, а во режија на раководителот на ...
Битола 17.05.2024 ЈОУ Културен и информативен центар Битола, го продолжува континуитетот на презентирање на квалитетна културна понуда, која опфаќа музичко- сценски настани, изложби, филмска програма , промоции и други настани од јавен интерес. Програмската недела започнува веќе утре (18.06) со концерт на две млади надежни музички имиња кои произлегуваат од препознатливата школа на ДМУ Битола. Се работи за Јана Стојковска- пијано, класа на ...
Скопје, 17.06.2024 Родови стереотипи и дискриминација во медиумското известување за политичарките на изборите. Родовиот наратив е значително малку застапен во новинарските извештаи за претседателските и парламентарните избори заради неговата ниска застапеност и во реториката на говорниците и говорничките во кампањите. Самите медиуми речиси не анализираа теми за вклученоста на жените на изборите, особено за тие од етничките заедници, што ...
Скопје 17.06.2024 Нова песна излезе од студиото на “Водолија”, песна насловена “Небесен свод”. Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот на групата, Ристо Апостолов, како и снимањето и продукцијата. Уметничкото ликовно обликување на лирик- видеото го работеше Натали Николовска. Песната на познатиот рокер е сентиментална, нежна, топла и најверојатно посветена, и со оваа песна најавува и понатамошна музичка активност, да претпоставиме, во ...
Денес, на 17 јуни 2024, навршуваат точно пет години од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија. Неговиот првенец и дебитантски игран филм ЦРНО СЕМЕ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм („Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот фестивал; „Жар-птица“ за најдобар режисер на Московскиот ...
Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон Америка од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои “Дупер”, “Плутос Даутс”, “Фанк Шуи” и Дина Јашари. Во последните шест години, исто така споделува своја музика, поактивно оваа година, со што на 11. Јуни 2024 ...
16.06.2024 По повеќемесечно боледување, вчера згасна животот на почитуваниот Калче Магдевски, истакнат бизнисмен и деец од дијаспората, кој повеќе децении живееше во Америка. Тој беше прв претседател на Светскиот македонски конгрес во САД, член на ОМД и голем лобист во политичкиот живот за татковината, донатор и иницијатор во изградбата на Преспанскот Крст во родното преспанско село Подмочани (на фотосот со претседателот Борис Трајковски). ...
На 15.06.2024 година во големиот салон на Галерија “КО- РА” во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје се одржа VII Фестивал на поезија за деца” насловен “Стихувалки”- Скопје 2024, во организација на издавачката куќа ЕДУКА -МАК”. Автор на проектот е Ели Маказлиева. По повод завршната манифестација на проектот беше промовирано овогодишното издание на поетската збирка “Стихувалки 2024” во кое се претставени преку 90- тина селектирани творби по ...
Наградите ќе им бидат врачени вечерва на свечена церемонија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 19.30 часот, а во чест на наградените ќе настапат Добрила и Дориан дуо. Вечерва ќе биде соопштена и наградата од публика, што се воведе годинава, по пауза од повеќе години. 14 јуни 2024 година, Прилеп: Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на ...
„Диво месо“ на Албанскиот театар, штипската „Лекција“ и „Натчовек“ на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот * 13 јуни 2024, Прилеп: Три претстави се на програмата на претпоследниот ден на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ денеска. Албанскиот театар од Скопје во 17 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски. Улогите ги толкуваат: Бајруш Мјаку, Амернис ...
Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје. *** Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје кое е под мотото „Најдоброто од Франција“, покануваат на интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели денес и лауреат на ...
На 25 мај 2024 година, во Младинскиот Културен Центар се одржа концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно Уметнички Работници. Јубилејот беше одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 МАЈ“, која што всушност претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25.05.2021 година во Киното Фросина во МКЦ. Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и ...
По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, и по македонската премиера во текот на 2023 година, од 7 јуни, 20 часот проектот е претставен пред новосадската публика. Мултимедијалниот проект е поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад и ќе биде ...
На 15 јуни со почеток во 16:00 часот во кафе книжарата „Буква“ ќе биде промовирана книгата „Големиот скандал“ од Сања Трпковска во издание на издавачката куќа „Фуснота“. Промотор на книгата е Јулијана Величковска. Главен уредник на книгата е Драгана Евтимова Дизајн на корица изработи Сања Трпковска Извадоци од романот ќе чита: Владимир Петровиќ „ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ“ е роман за патувања, подароци, пасошки контроли, перничиња и плеј-листи за по пат. ...
По повод 100 години од раѓањето на Брандо во Кинотека: 17 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. ДА ЖИВЕЕ ЗАПАТА! (Viva Zapata, 1952) Режија: Елија Казан (Eliza Kazan) 18 ЈУНИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. КВЕМАДА – ОСТРОВОТ ВО ПЛАМЕН (Burn! / Queimada, 1969) Режија: Џило Понтекорво (Gillo Pontecorvo) 22 ЈУНИ (САБОТА) 20:00 ч. ЈУГОЗАПАДНО ОД СОНОРА (The Appaloosa, 1966) Режија: Сидни Џ. Фјури (Sidney J. Furie) Американски ловец, британски платеник и мексикански ...
Од шести до деветти јуни 2024 година се одржа познатиот бренд фестивал- Оффест со многу музика од разни страни на светот. Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2024, на 9 јуни, беше воедно и најбогата со концерни настапи. Имено, во Младинскиот културен центар, ги проследивме концертите на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ (VOLOSI) со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, ...
Свечената сала на Офицерскиот дом- КИЦ Битола, место на рекорден број концерти на класична музика. Само оваа недела во репрезентативната концертна сала на Офицерскиот дом, на програмата се дури пет концерти на класична музика. На 12 јуни 2014 година, го најавуваат концертно танго доживување „Танго приказна“ со камерниот состав „Агогик“ и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“. Концертната турнеја ТАНГО ПРИКАЗНА има за цел ...
11.6.2024, Скопје На 11 јуни 2024 година, се одржа промоција и конференција за медиуми на која беа промовирани Модули за мировно образование во средното образование. Станува збор за материјал е резултат на повеќегодишната работа на Детската амбасада МЕЃАШИ и бројни организации, институции и индивидуи, како дел од заложбите за градење на мирот, ненасилство и унапредување на процесот на учење за мир. Модулите може да ги погледнете овде ...