Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Четиринаесетгодишен охриѓанец завршил во Општата болница во Охрид откако консумирал алкохол во угостителски објект во градот. Полицијата поднесе кривична пријава против фирмата што го управува објектот и против сопственикот и управител Е.Н. од Охрид, поради сомнение за овозможување консумирање алкохол на дете. Според пријавата на СВР Охрид, при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори кај оператори со храна во Гостиварско, при што е утврдено дека се почитува забраната за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Како што информираат од АХВ, контролите биле извршени во угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производители и пакувачи на овошје и зеленчук, како и кај ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше принуден да го предаде натпреварот од второто коло на ИТФ-фјучерс турнирот во австриски Олерсбах и предвреме го заврши својот настап. Ивановски во второто коло се сретна со осмиот носител, Словенецот Бор Артнак, но не успеа да го доигра мечот. Артнак го доби првиот сет со 6-4, а при водство од 1-0 во вториот сет, македонскиот тенисер реши да се повлече поради физички проблеми. Со овој меч заврши и ...
Познати се прелиминарните квалификациски парови и составот на групите за обновеното натпреварување од 10 екипи, кое се враќа во новиот административен главен град на Египет, Египет, од 24 септември до 1 октомври 2026 година. Прелиминарен квалификациски натпревар 1: Лос Анџелес Хандбол Клуб (САД) – Замалек (Египет) Прелиминарен квалификациски натпревар 2: Сиднеј Уни (Австралија) – Веспрем (Унгарија). Актуелниот шампион и рекорден шесткратен ...
Министерството за здравство на Хрватска со цел да го заштити јавното здравје донесе одлука сите граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно во Шенген зоната мораат да извршат лекарски прегледи за откривање на акутни и хронично заразни болести и за утврдување на нивниот статус на вакцинација. Меѓу нив се државјани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Египет на кои им е одобрен привремен престој во ...
На 23.07.2026 во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар. -Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир ...
ЕВН упатува апел до граѓаните да не се приближуваат до паднатите проводници од невремето! -Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен. Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни. Ги повикуваме ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...
За две години се исплатени субвенции од над 15 милијарди денари кон земјоделците, зголемено е производството и намален е дефицитот кај увозот и извозот на земјоделски производи – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, како што рече, се постигнатите резултати во изминатите две години по, нагласи, катаклизмата што ја наследивме од владата на СДСМ и ДУИ, а на која сега се приклучи и политичката партија Левица. – Јас ги слушам од ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...
-Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен, истакна премиерот Христијан Мицкокси на денешното отворање на реконструираниот базен во Кавадарци.. -Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина ...
Министерството за здравство на Хрватска со цел да го заштити јавното здравје донесе одлука сите граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно во Шенген зоната мораат да извршат лекарски прегледи за откривање на акутни и хронично заразни болести и за утврдување на нивниот статус на вакцинација. Меѓу нив се државјани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Египет на кои им е одобрен привремен престој во ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, развојот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ја следат состојбата по новиот скок на цената на нафтата на светките берзи. -Како Влада донесовме мерка за намалување на дел од акцизите, за бензините и дизелот. За жал цената на берзите раст, денеска повторно се доближува до психолошката граница за 100 долари за барел. Воените дејства во Заливот се интензивираат, повторно очигледно не’ очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира, како Влада ќе ...
Најголемата брзина на ветер во Македонија од околу 150-155 км/час е официјално забележана во Штип во јули 2012 година, според податоците од УМХР. Последното силно невреме од 21 јули 2026 година достигна помала брзина (до 134 км/час во Штип и 130 км/час во Скопје и Струмица), што значи дека рекордот од 2012 година останува ненадминат. Пред два дена, силен ветер со брзина до 134 километри на час предизвика големи штети во повеќе делови од ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку ...
Општина Бутел денеска распиша јавен повик за доделување финансиски средства во вкупен износ од 4.000.000 денари за поддршка на спортските клубови кои функционираат на нејзина територија. Средствата се обезбедени од буџетот на општината и се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови. Право на учество имаат клубовите кои ќе ги исполнат критериумите и условите утврдени во јавниот повик. Од Општина Бутел посочуваат ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја испрати претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојуваше во официјална посета на Македонија. На претседателката Мурму, министерот и посака среќен пат. -На претседателката Мурму и искажав благодарност за оваа историска посета, која претставува значаен чекор во развојот на македонско-индиските односи и ќе даде поттик за нови можности за продлабочување на соработката и ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија. Заменик-министерот ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите и родовата еднаквост како клучни области за одржлив развој на државата. Министерот Велковски ги претстави приоритетите на Министерството, истакнувајќи дека посебно внимание е насочено кон креирање ...
Вивиен Џоли-Пит, ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поднесе барање за отстранување на презимето на нејзиниот татко, потврдувајќи ги шпекулациите дека и таа е во лоши односи со својот татко. Таа поднесе барање во Вишиот суд во Лос Анџелес за промена на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Маршелин Бертран е името на мајката на Анџелина Џоли, која почина во 2007 година по борба со рак на јајници и дојка. Во ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против сопственик и управител на едно правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според соопштението, првопријавениот С.З., како сопственик и управител на компанијата, со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за правното лице, неосновано присвоил трговска стока ...
Политичките процеси што денес се одвиваат во Социјалдемократскиот сојуз не претставуваат изненадување, туку задоцнета потврда на она на што ЗНАМ предупредуваше години наназад, дека СДСМ се оддалечи од сопствените вредности, ги напушти принципите врз кои беше создадена и стана затворена и заробена структура без јасна политичка визија. Во интервју за Слободен печат, Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, истакна ...
60 нови садници се засадени во Градскиот парк откако невремето проследено со оркански ветер направи пустош во зелената градска оаза. -Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе ...
Ситуацијата во Украина, регионални и меѓународни прашања, како и нормализација на условите за работа на дипломатските мисии на Русија и на САД, биле главните теми на разговорот на министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Марко Рубио одржан на маргините на самитот на АСЕАН во Манила. Според руското МНР, на средбата, што траела повеќе од половина час, Лавров го информирал Рубио за состојбата на линијата на раздвојување во Украина притоа ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, оствари успешна онлајн работна средба со градоначалникот на полскиот град Сохачев, Даниел Јањак. Разговорот мина во исклучително конструктивна атмосфера, со отворање на прашања за идни заеднички иницијативи и културна размена меѓу двете општини. Двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката во сферата на локалната самоуправа, ...