Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска направи некои промени во владата, обидувајќи се да ја подобри нејзината позиција пред покраинските избори на кои крајнодесничарската партија АфД би можела да го освои својот прв федерален покраински премиер. Мерц ја искористи можноста делумно да ја реконструира владата откако еден од неговите блиски соработници, Јенс Шпан, се повлече од функцијата шеф на парламентарната група на партијата поради ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ден ...

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за доброто здравје, без оглед на возраста. Лошо преспиената ноќ веќе следниот ден не само што може да предизвика замор, намалена концентрација и полошо расположение, туку и посериозни последици со здравјето. Со стареењето се будиме порано од вообичаено. Тоа е природен процес поради внатрешниот биолошки часовник, но тоа не значи дека ни треба помалку сон, изјавија научниците. Според истражувањата, ...

Лепа Брена со емотивна објава и трогателна порака му го честиташе 64. роденден на својот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ, потсетувајќи се на нивната повеќе од три децении долга љубовна приказна. По повод 64. роденден на Слободан „Боба“ Живојиновиќ, Лепа Брена (65) на својот Инстаграм профил објави емотивна честитка која веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници. Покрај серијата фотографии што ги прикажуваат нивните заеднички ...

Четворица Палестинци и Израелец загинаа денеска во оружен инцидент на окупираниот Западен Брег на реката Јордан, соопштија израелски и палестински здравствени претставници. Израелската војска соопшти дека испратила сили во областа југозападно од палестинскиот град Наблус, по дојава за напад врз израелски цивили кои таму планинареле. Според израелската армија, Палестинец одзел оружје од припадник на локалните безбедносни сили и отворил оган ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, со цел да го означи почетокот на нов модел на соработка меѓу институциите и приватниот сектор, заснован на континуиран дијалог, стручни анализи и конкретни решенија. Визијата на оваа иницијатива е соживотот и одржливиот развој да се градат и преку економијата, преку обезбедување еднакви можности, ...

Машката јуниорска репрезентација за кошаркари до 18 години отпатува за Хрватска, каде што од денеска до 2 август ќе настапи на Европското првенство (ЕП), дивизијата Б, во Риека и Опатија. Ќе учествуваат 22 селекции, а трите првопласирани ќе обезбедат место во елитната дивизија А. – Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди, кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но тоа е составен ...

Денеска со првиот натпревар од воведното коло меѓу Тиквеш и Арсими од 17.00 часот на стадионот во Кавадарци почнува новата сезона 2026/27 во Првата македонска фудбалска лига. ФК Вардар како шампион кој својот прв меч ќе го има на домашен терен в сабота против Брегалница од Штип. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем од 36. кола, што бара прецизно планирање и почитување на однапред утврдениот календар. 1. коло, двојки Петок 17.00 ...

На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС и лидерот на партијата Венко Филипче дека, како што наведуваат, ја злоупотребуваат состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за ширење паника и собирање политички поени. Во партиското соопштение се тврди дека СДС продолжува со, како што велат, политиката на дезинформации и конструкции, наместо да понуди конкретни решенија за надминување на состојбата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче не покажуваат ...

Јавната администрација е еден од најважните столбови на функционална држава, а нејзината професионализација е клучен предуслов за европска Македонија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во интервју за Слободен печат. Министерот истакна дека Владата и Министерството за јавна администрација спроведуваат суштинска реформа на системот, чија цел е создавање модерна, ефикасна и професионална администрација ослободена од партиски ...

Иран извршил нов бран напади со дронови врз американски воени бази во земјите од Персискиот Залив, соопштуваат ирански медиуми повикувајќи се на воени извори. Според иранските власти, цел на нападите биле воздухопловната база Иса на југот на Бахреин и базата Мувафак Салти во централно-источен Јордан. Иранската војска соопшти дека во Бахреин биле гаѓани резервоари за гориво, складишта за опрема, хангари и објекти за сместување војници. Во ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „сериозна воена одмазда“ против Иран и неговите сојузници Хути кои нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската блокада ...

Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. ...

Состојки: 3 јајца 6 лажици кафеав шеќер 13 лажици масло 13 лажици млеко 9 лажици меко пченично брашно 9 лажици остро пченично брашно 1 прашок за печиво 30 г ванилин шеќер 1 кг свежи сливи шеќер во прав за наросување Подготовка: Сливите измијте ги, исечете ги на половина и отстранете ги семките. Измешајте го прашокот за печиво со двата вида брашно. Загрејте ја рерната на 200°C. Во длабок сад матете ги јајцата со кафеавиот шеќер и ванилиниот ...

Турскиот актер Бурак Оџивит, кој публиката го памети како легендарниот Бали-бег од серијата „Сулејман Величествениот“, со години е познат како еден од најпосакуваните мажи на малите екрани. Неговиот изглед и харизма освоија милиони женски обожаватели, но најновите фотографии од неговиот одмор покажуваат дека дури и еден од најголемите телевизиски заводници се менува со текот на времето. Актерот беше фотографиран од папараците за време на ...

Пред 69 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. За претседател на Президиумот Методија Андонов – Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на ...

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, – Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...

Реал Мадрид ги отфрла инфорѓациите на медиумите за наводен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Сити,Родри. Според весникот „Ас“, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, има намера да изгради стил на игра во кој нема да има место за Родри. И покрај ставот на „Лос Бланкос“, шпанскиот играч од средниот ред моментално е на трансфер пазарот. Манчестер Сити би можел да го продаде најдобриот фудабелер од Светското првенство во 2026 година ...

Според последните информации, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не смета веќе на Френки де Јонг и овој фудбалер може да го напушти „Камп Ноу“ уште ова лето. 29-годишниот играч за врска се наоѓа пред заминување. Наводно, односот меѓу Флик и Де Јонг целосно се нарушил, а германскиот стратег веќе го избришал од своите долгорочни планови. Барселона со неговата продажба би ослободила значителен простор во буџетот за плати, но и би обезбедила ...

Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...

Македонската билијард младинска репрезентација настапи на ЕП кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За првпат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Беа забележани две победи во квалификациската фаза, ...

Ватерполо репрезентацијата на Австралија направи големо изненадување на Светскиот куп откако по изведување на пенали го елиминираше светскиот првак Шпанија. Во регуларниот дел дуелот заврши нерешено 18:18, а по изведувањето на пенали Австралија победи со 5:3. Сигурна победа во четвртфиналето избори Италија која со 18:12 ја совлада Грузија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора со 14:13. Полуфиналето го обезбеди и Унгарија, со триумфот над ...

ОВЕН Денеска вашите односи со најблиските и познаниците ќе зависат најмногу од степенот на вашата толеранција, затоа бидете толерантни и не осудувајте. Денот е прекрасен за состаноци, потпишување договори и размена на идеи со пријатели и истомисленици, а не е исклучено да ви се даде можност да се впуштите во неочекувано интересна авантура. БИК Не чувствувајте вина што сте мрзеливи денеска, и доколку нешто не ви оди по ваш избор на работното ...

Светата великомаченичка Ефимија Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, ...

Американските вооружени сили соопштија дека синоќа ја спровеле 13-тата последователна ноќ на напади врз Иран, во услови на ескалација на конфликтот околу поморските трговски патишта на Блискиот Исток. Иранските медиуми изутринава објавија дека се регистрирани неколку експлозии низ државата. Според информации на властите во Иран, погодени биле цели во областите во близина на градовите Ахваз, Андимешк и Омидије во југозападната провинција ...

Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
5.66
23%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
30%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.93
25%
1021
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
5.78
24%
1016
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.91
26%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
31%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.2
26%
1012
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
5.34
20%
1013
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
4.12
21%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 31ᴼ
7.72
36%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
23%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
9.26
91%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Сребро

2099.49

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Паладиум

43596.41

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.39

Родиум

278907.73

Калај

55.56

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81